MOЌНО, НАЈМОЌНО КОРТЕО на навивачите на Келн во Лондон: Натпреварот одложен (ВИДЕО)

Навивачите на Келн вечерва го опсадија Лондон. Повеќе од 15 000 навивачи на овој германски клуб направија моќно кортео низ англиската престолнина движејќи се кон стадионот “Емирати” каде со почеток од 21:00 часот требаше да започне натпреварот против Арсенал, од првото коло во групата Х на Лига Европа.

Меѓутоа, наместо фудбал Германците се судрија со полицијата сакајќи да влезат во стадионот, па започнале да прескокнуваат и туркаат барикади.

Резултатот од тоа е одложен натпревар, до 22:30 часот, за кога пишува дека ќе започне.

А/Г/

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.