MINT Fintech Group ги додели годишните признанија на традиционалната „Ноќ на оскарите“ (Фото галерија)

Успехот на една компанија не се мери само преку бројки, резултати и раст. Тој се мери и преку луѓето кои секојдневно ги создаваат тие резултати.

Токму затоа MINT Fintech Group  и оваа година ја организираше традиционалната „Ноќ на оскарите“, настан посветен на вработените кои со својата посветеност, професионалност, креативност и тимски дух оставиле значаен белег во работењето на компанијата во текот на 2025 година.

Во рамките на свеченоста беа доделени признанија во повеќе категории, а за Менаџер на годината беше прогласена Елена Матеска.

Годишните признанија за 2025 година ги добија:

* Елена Матеска – Менаџер на годината

* Ивана Талевска – Личност на годината во Back Office

* Виктор Дамчевски – Личност на годината во сектор Продажба

* Правна служба – New Star

* Александар Сирета – Креативна личност на годината

* Ангела Димовска – Минтист на годината

* Валдета Мусаи Фејзуловска – Минт Тимски играч

* Виолета Ѓорѓиевска – Омилена колешка на годината

Посебно место во програмата имаа и признанијата за работен јубилеј. Дијаманти за пет години лојалност, професионален развој и придонес во растот на компанијата добија Орхан Максудов, Ева Ружин, Јане Ангелевски, Анита Цветковска, Даниела Тодорова, Емилија Добрушевска, Васко Донески, Александар  Угриновски и Дијана Трајковска.

На настанот беше доделен и посебен Орден за храброст на Светлана Сотировска, признание кое симболизира сила, истрајност и личен пример што инспирира.

Од компанијата велат дека „Ноќ на оскарите“ претставува повеќе од традиција, таа е дел од корпоративната културана MINT и начин да се оддаде признание на луѓето кои стојат зад секој реализиран проект, секоја иновација и секој деловен успех.

„Компаниите можат да инвестираат во технологии, процеси и инфраструктура, но нивната вистинска вредност секогаш се луѓето. Затоа оваа вечер е посветена токму на нив, на оние кои секојдневно ја градат приказната на MINT“, истакнаа од компанијата.

Со повеќе од една деценија континуиран раст и развој, MINT Fintech Group продолжува да инвестира во својот најважен капитал – луѓето.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.