Meлем за очи: Сакате да израдувате некого? Купете од прекрасните букети на Cтojaн Златевcки (Фото)

Не секогаш се потребни скапи декорации, украси и аранжирања за да израдувате некого и да предизвикате насмевка на нечие лице.

Стојан Златевски ги продава најубавите букети во прилепската чаршија.

Ќе го препознаете по прекрасната плетена корпа со шарени букети од цвеќето Статица, кои се мелем за душа и паѓаат во очи на прв поглед.

Едноставно не можете да го одминете и да не купите барем едно букетче.

Столе речиси секојдневно е низ прилепската чаршија, а ние го начекавме отспротива на градскиот пазар.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.