Maлолетник возел “мерцедес” во Кривогаштани, двајца прилепчани управувале моторцикли без возачка

Извадоци од полицискиот билтен на МВР:

-На 26.07.2026 во 21:30 часот во с.Кривогаштани, општина Кривогаштани, полициски службеници лишија од слобода 16-годишен малолетник од с. Алданци, крушевско. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „мерцедес”, кое го управувал малолетникот, при што било констатирано било дека го управувал без да поседува возака дозвола.

-На 27.07.026 во 00:05 часот на ул.„Кузман Јосифоски” во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода М.Б.(39) од Прилеп. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од М.Б., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

-На 26.07.2026 во 11:00 часот на бул„Гоце Делчев“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Б.С.(35) од Прилеп. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мотоцикл со прилепски регистарски ознаки, управуван од Б.С., при што било констатирано дека го управувал без возачка дозвола.

По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.