Maeстрално! Момчето со ангелски глас од Прилеп одново ќе ве погоди со новата песна – Слушнете ја “Срце ми е како ракија”

Младиот прилепчанец со ангелски глас, Филип Николоски, повторно ја освои публиката со своето најново музичко остварување – „Срце ми е како ракија“, песна која веќе освојува на прво слушање, проследена со впечатлив официјален видео запис.

Станува збор за динамична и емотивна композиција во препознатлив боемски стил, во која се испреплетуваат темите на пријателството, музиката и животот без каење. Песната носи силна порака, да се живее со полно срце, со песна на усните и без товар од минатото.

„Срце ми е како ракија, гори, пее, не се крие… нема лоша судбина ако песна другар ти е“, е рефренот што лесно влегува во уво и долго останува таму, потсетувајќи дека вистинската среќа се крие во едноставните моменти.

Музиката, текстот и аранжманот се дело на Рубин Димкоски, кој заедно со Николоски го потпишува и текстот. Видео записот е реализиран од Фан Продукција, под режија на Зоран Пиловски, додека аудио продукцијата е изработена во Р Мјузик Студио.

Во проектот учествуваат и придружни вокали: Теди & Рубин, Даниел Павлоски и Јане Николоски, а авторот упатува благодарност до бројните соработници и поддржувачи, меѓу кои и Витаминка, Прилепска Пивара и Кај Кумата, кои помогнале во реализацијата.

Со ова издание, Николоски уште еднаш потврдува дека останува доследен на својот стил, искрен, народски и длабоко поврзан со публиката.

Погледнете го видео спотот на линкот:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.