Kaзнети 129 возачи во вчерашниот ден на подрачјето на СВР Битола

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

– На 13.04.2021 на подрачјето на СВР Битола биле извршени контроли во сообраќајот, при што биле откриени и санкционирани 129 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина, 11 возачи кои не поседувале возачка дозвола, две возила со истечена регистрација, пет возачи кои зборувале на мобилен телефон, двајца кои не користеле сигурносен појас и двајца кои извршиле неправилно престигнување.

Под дејство на алкохол бил еден возач и тој бил отстранет од сообраќај. За сите прекршоци издадени се соодветни налози.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.