Joвановиќ: Mojaта земja, во ceта нecpeќа од пандемиjaта, може да биде cpeќна со нашиот пpeмиep 3aeв!

Ненад Јовановиќ, апологет на СДСМ и гласен поддржувач на политиките на Зоран Заев, одушевен од настапот на премиерот во ТВ-дуелот на Канал 5 со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

– Во дебатата на Канал 5: Заев стабилен, аргументиран, одговорен, грижлив и емпатичен; Мицкоски збунет, безидеен, конфузен, профитерски настроен, типично за сите популисти кои рибарат со човечки души за бедни политички поени. Мојата земја, во сета несреќа од пандемијата, може да биде среќна со нашиот премиер Заев и неговата политика, напиша Јовановиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.