Joваноски: “Комплексот затворени базени ќе биде во Точила, во тек е постапка, не се знае колку ќе чинат”

Откако Општина Прилеп објави дека наместо во сала Македонија спортско рекреативниот центар, со комплекс на затворени базени, кој градоначалникот Јованоски го ветуваше пред локалните избори, ќе се гради во населбата Точила опозицијата на прес конференција запраша дали ова е повторно само уште едно лажно ветување кое сега се дава повторно пред избори – претседателските.

Градоначалникот Јованоски вчера истакна дека во тек била постапка за основниот проект за тој затворен базен или затворени базени. Така што до в година тој ќе бил направен. Засега не се знае точно колку ќе чинат тие покриени базени – пишува порталот “Инфокомпас”.

„Еве уште еднаш кажувам јавно дека тој базен во текот на идната година тој комплекс на базени ќе биде направен. Лоциран е до детската градинка која ќе се прави помеѓу двете училишта, основното училиште „Блаже Конески“ и СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Детската градинка ќе биде во близина на овој комплекс на базени. Таму во еден од тие базени сите деца од основните училишта ќе имаат одреден број на часови за едукација по пливање. Се уште немаме направено буџет за тоа, за следнат година ќе биде направен и тој буџет. Засега ќе го финансира општината заедно со Агенцијата за млади и спорт“,

Целиот прилог погледнете го ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.