JKП “Комуналец” Прилеп доби нов в.д. директор – досегашниот доби нов работен ангажман

Јавното комунално претпријатие “Комуналец” Прилеп доби нови вршител на должност.

На местото на досегашниот директор Ѕвонко Јованоски, именувана е Ирена Станковска, која зад себе има дваесет годишно работно искуство, а на оваа позиција доаѓа од раководното место во Секторот за финансии во Локалната самоуправа.

Според информациите, досегашниот директор Јованоски, ќе биде имануван за советник во Локалната самоуправа, во делот на координација со јавните претпријатија.

Тој на позицијата директор во ЈКП “Koмуналец” беше една година.

Јованоски во повеќе наврати преку прес-конференции информираше дека ЈКП “Koмуналец” кратко време станало пример во целата држава.

Засега нема информации ниту од општина Прилеп, ниту од јавното комунално претпријатие, зошто досегашниот директор е променет од позицијата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.