JA УНИШТИ ХИЛАРИ, НА РЕД Е ЕУ: Главниот советник во кампањата на Трамп сега ја советува Ле Пен како да ја освои власта

Опозициската партија во Франција, “Француски Национален фронт” денеска на Твитер го објави обраќањето на Стив Бенон на конгресот на партијата во Лил. Бенон кој беше главен советник во кампањата на Трамп им порачал на членовите на оваа француска партија дека победата е возможна и како може да се дојде до неа, пренесува европскиот портал “Политико”.

Бенон кој ја смисли забраната за влез во САД на патници од шестте муслимански земји и кој ја поддржува изградбата на ѕид на границата со Мексико, моментално се наоѓа на турнеја низ Европа, каде освен Франција ја посети и Италија за време на изборите минатиот викенд.

Поранешниот стратег на Белата куќа Стив Бенон на вчерашниот конгрес пружил силна поддршка на лидерката на француската опозиција Марин Ле Пен, порачувајќи му на конгресот на Националниот фронт “историјата е на наша страна”.

“Вие сте дел од светското движење кое е поголемо од Франција, од Италија”, рекол пред делегатите Бенон.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.