Heкои лyѓe нe знaaт како чoвeчки, нo нe знaaт и животинcки: Фотогpaфии од околината на Прилеп кои ce виcтинcка дилeма

Фотографиите се направени на планинскиот превој Слива на патот кон мариовско Витолиште

На самиот планински превој постои еден летниковец кој е омилено место за велосипедистите, кои тука одмараат и уживаат во чистиот воздух и природа.

На едно од дрвата е закачен интересен еколошки натпис: “Ако не знаеш како човечки, однесувај се животински. Животните не оставаат ѓубре”.

Но, по се изгледа некои луѓе не знаат како ниту човечки, ниту животински.

Иако е оставено едно буре за фрлање отпадоци, ѓубре има насекаде наоколу, па ова место кое треба да служи за одмор и е направено со многу ентузијазам е претворено во мини депонија.

Затоа фотографиите се вистинска дилема.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.