Eве кога започнува продажбата на билети за 60. издание на театарскиот фестивал “Војдан Чернодрински”

Десет дена пред почетокот на 60. јубилејно издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ од Прилеп, поради големиот интерес за фестивалот, дел од билетите ќе бидат пуштени во онлајн-продажба вo четврток (28 мај со почеток од 10:00 часот) преку системот karti.com.mk. Физичката продажба на билетите на билетарницата на Центарот за култура во Прилеп ќе започне в понеделник (1 јуни).

Електронската и физичката продажба на билети се ограничени на четири билета по лице за претстава.

За потребите на 60. МТФ „Војдан Чернодрински“, билетарницата во НУЦК „Марко Цепенков“ ќе работи од 10:00 – 14:00 и од 17:00 – 21:00 во периодот од 1 до 12 јуни.

Исто така, сакаме да ве известиме дека за дел од претставите што се на мала сцена или се играат на самата сцена во Центарот за култура „Марко Цепенков“ – Прилеп, ќе бидат пуштени само одреден број влезници во продажба.

Театар Комедија, кој беше селектиран со претставата „Ивона, принцезата на Бургунд“, одлучи да не учествува на фестивалот годинава.
Јубилејното издание на најстариот театарски фестивал во земјава ќе се реализира од 5 до 12 јуни на повеќе локации низ Прилеп.

Видео од програмата:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.