Eдноставни вежби за да се ослободите од болките во вратот и рамениците: Единственото нешто е редовност

На многумина од нас им е познато чувството на напнати мускули кај вратот и рамената.

Добро е кога болката е предизвикана само од стрес, навика да се седи во неправилна положба или недостаток на физичка активност. ВО тој случај, со редовни вежби и истегнување на мускулите може значително да се подобри вашата состојба, па дури и засекогаш да се ослободите од болката. Клучниот збор е “РЕДОВНО”.

Еве неколку ефикасни вежби за истегнување, кои ќе ви помогнат да се ослободите од болката во вратот и рамениците.

1. Валјак на тилот

Ова е многу лесно истегнување, со кое ќе ја ублажите напнатоста по целиот врат. Ставете крпа во форма на валјак на тилот и потполно опуштете се. Останете во таа положба 10 минути.

2. Истегнување на вратот со помош на рацете

Оваа вежба обезбедува длабоко истегнување на задниот дел од вратот и горниот дел од грбот. Седнете на столица или на под, ставете ги рацете зад главата, лесно повлечете ја главата надолу обидувајќи се да допрете со брадата на градите. Задржете ја главата во таа положба 30-40 секунди, а потоа полека вратете се во почетната положба.

3. Наведнување на главата странично

Целта на оваа вежба е да се истегне левата и десната страна на вратот. Удобно сместете се на столица или на под, ставете ја десната рака на темето и лесно повлечете ја главата на десно. Грбот држете го правилно и опуштете ги рамената. Останете во таа положба 30-40 секунди, а потоа вратете се во почетна состојба. Повторете ја вежбата и кон другата страна.

4. Истегнување на горните трапезоидни мускули

Ова истегнување ги вклучува и вратот и рамената. Ставете ја десната рака позади грбот и фатете ја надлактицата на левата рака. Лесно повлечете ја раката кон левата страна. Спуштете го левото убо до рамената и задржете се во таа положба 20-тина секунди, а потоа повторете ја вежбата и со другата страна.

5. Поза “вовлекување конец во игла”

Oва истегнување ја ублажува напнатоста во горниот дел на грбот и помеѓу лопатките. Сите движења мора да бидат меки и лесни. Застанете на рацете и нозете, потоа левата рака со дланката отворена нагоре провлечете ја во просторот помеѓу десната рака и колениците. Затегнувајте го телото додека главата не ви го допре подот. Задржете се во таа положба 30-40 секунди, а потоа истото повторете го со другата страна.


Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.