Ceга и официjaлно: Бojко Бopиcoв ги загyби избopите во Бyгapиja, еве кој колкy пpaтеници ocвои

Откако вчера соопшти дека сите гласачки ливчиња се преброени, а победник е партијата на Слави Трифонов „Има таков народ“ со 24,08 проценти од вкупниот број на гласови, денеска Централната изборна комисија ја објави и официјалната распределба на пратенички места.

Според резултатите објавени вчера, партијата „Има таков народ“ освои 24,08 проценти од гласовите, ГЕРБ-УДФ – 23,51 отсто, БСП – 13,39 отсто, „Демократска Бугарија“ – 12,64 отсто, Движење за права и слободи (ДПС) – 10,71 отсто, коалицијата „Исправи се! Мафијата надвор!“ – 5,01 проценти.

На гласањето во странство, најмногу гласови освои партијата „Има таков народ“ – со 35,64 проценти, следува „Демократска Бугарија“ со 18,64 отсто и ДПС – со 17,49 проценти.

Партијата „има таков народ“ на Слави Трифонов освои 65 пратенички места. Следува коалицијата ГЕРБ-УДФ, која ќе има 63 пратеници во новиот парламент. Третата политичка сила на изборите, коалицијата БСП за Бугарија, доби 36 пратеници.

Коалицијата „Демократска Бугарија – обединување“ („Да Бугарија“, ДСБ, „Зелено движење“) ќе брои 34 пратеници.

Движењето за права и слободи – ДПС, доби 29 места. И „„Исправи се! Мафијата надвор! ” – 13 пратенички места.

Вкупно на изборите гласале е 2. 766.426 гласачи. „Има таков народ“ освои 657.829 гласови, а втората „ГЕРБ – УДФ“ – 642.165 гласа.

Излезноста на овие избори беше рекордно ниска.






Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.