Во пресрет на Коледе и Божик, повеќе од педесет деца од сите основни училишта во градот, пристигнаа во Локалната самоуправа да го најават Христовото раѓање преку коледарска литија, со песна и веселба.
Топол пречек им приредија домаќините, а градоначалникот Ристески како татко на градот го испочитува редот и на сите гости им подари по две пакетчиња, едното божиќно полно со костени, ореви, јаболка и бонбони, а другото новогодишно.
Поворката тргна од црквата “Св. Кирил и Методиј”. Децата, пеејќи ја Божикната песна “Вечниот Бог”, посетија повеќе домови и институции во градот. Со возобновувањето на оваа традиција, според свештенослужителите, се зацврстува вербата во Бога и во наштата православна вера.
Градоначалникот Марјан Ристески на сите православи христијани им ги честита Божиќните празници со желба за многу здравје, радост и успеси.
Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари.
Музичката група High Start од Прилеп е одличен спој од петмина млади музичари, секој од нив супер талентиран. Петар Киселоски (вокал), Христијан Ристески (гитара), Филип Јездиќ (тапани), Дејан Трајкоски (клавиатури) и Александар Шилоски (бас), се дечките за кои веруваме дека им претстои светла музичка иднина заедно, и кои се вистинско освежување секаде каде ќе се појават.
Постојано со настапи во Прилеп, но и ширум државата, оставаат позитивна и расположена публика. Во изминатиот период се одлучија да ги изненадат своите слушатели со снимени 4 cover песни, кои излегоја пред неколку дена. Сето тоа е како најава за нивната прва авторска песна, која следува во блиска иднина. Видео преработката е на Христијан Конески, аудио на Александар Шилоски, а дечките се благодарни и на Илија Јанчулески (кларинер и сакс).
И овој Божиќ, хуманитарците при црковната општина „Свето Благовештение“, а со благослов на надлежниот архиереј, господин Петар, доделија помош до социјално загрозени семејства низ градот Прилеп. Доделени се точно 72 пакети со храна и хигиенски средства, како и парични средства за тешко болни лица и самохрани родители. Вкупната сума која беше доделена овој Божиќ изнесува околу (во пакети и пари) 150.000 денари. Воедно, им благодариме на сите хумани луѓе, кои дадоа свој скромен прилог во кутиите за донации за сиромашните семејства, кои беа поставени низ прилепските цркви, како и до сите фирми и стопанственици, кои ја потпомогнаа оваа Божиќна хуманитарна акција.
Вакви хуманитарни акции, од прилепските цркви, се организираат 10 години наназат, и тоа за Божиќ и за Велигден. Преку годината пак, инцидентно се помага на многу болни луѓе, кои треба под итно да одат на оперативни зафати, па им се покриваат оперативните трошоци, потребните лекови, транспорт или помагала. Исто така кога постои можност, се обезбедува и огревно дрво за неколку семејства, а често пати се плаќаат и сметки за струја на многу семејства во градот, на кои им е исклучена електричната енергија во домовите.
Како што велат од црквата, до сега не сакаа да се експонираат со ваквите добри дела кои ги чинат, но се принудени, со цел да се затворат злите усти на многумина, кои ја критикуваат црквата, како и работата на свештениците.
Оваа прилика ја користиме исто така да ги потсетиме верниците, дека во црквите во Прилеп се поставени дрвени кутии, во кои може да се донираат средства за сиромашните семејства, преку целата година.
Некои луѓе никогаш не страдаат од некое посериозно заболување.
И покрај истражувањата кои се спроведувани долги години лекарите се уште не можат да дефинираат зошто е ова вака.
Еве неколку изненадувачки навики кои можат да Ви помогнат во водењето поздрав живот.
1.Помал стрес
Истражувачите од Универитетот Дјук откриле дека стресот му штети на имунолошкиот систем и срцето.
Други студии укажуваат на тоа дека стресот ги зголемува шансите за добивање бактерија, или инфекција. Исто така има докази дека учењето техники на релаксација е од суштинско значење. Истражувањата покажале дека стресот е врвна здравствена грижа кај средношколците, како и дека истиот може да предизвика долгорочна штета ако децата не научат како да се справат со него.
Се разбира вежбањето е еден од најдобрите начини за ослободување од стресот. Студија спроведена од страна на Универзитетот во Јужна Калифорнија покажала дека енергичната прошетка низ песна може да ја намали тензијата во нивните тела за 20 отсто. Исхраната богата со овошје и зеленчук е исто така од суштинско значење, исто како и смеењето.
2.Јадат помалку
Истражувањата покажале дека животните кои јадат помалку живеат двојно подолго. Поновите истражувања покажале дека со ограничувањето на внесот на калории човекот има пониски здравствени проблеми во процесот на стареење, вклучувајќи ги и кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот и Алцхајмеровата болест. Учесниците во една студија кои јаделе 25 отто помалку од нивните вообичаени количини имале понизок холестерол, триглицериди и крвен притисок. Имајте на ум дека ограничувањето на калориите сепак може да биде опасно. Започнете со ограничување на едноставни шеќери и брашно и со лесни оброци збогатени со повеќе зелена салата.
3.Прегрнете ги бактериите
Истражувањта покажуваат дека преминот кон целосен стерилитет во модерно време не е здраво. Се чини дека на патот кон зголемување на имунитетот и на здравјето е веројатно некаде помеѓу нечистотијата на животната средина на нашите дедовци и хипер-чистотата на развиениот свет. Бактериите и нашите тела имаат симбиотски однос во кој нивното присуство помага на нашите системи да останат здрави и избалансирани. „Добрите” бактерии може да го подобри вашиот метаболизам, имунитетот и да се намали воспалението. Научниците од Универзитетот на Калифорнија, Сан Диего, покажаа дека колку повеќе бактерии имате на површината на кожата, толку подобро ќе се бори против воспалението. Така, одите надвор, имајте многу контакт со мајката природа и валкајте се!
4.Одлучете се за хербални лекови
Иако, здравјето базирано на растенија долго беше измејувано од Западната медицинска заедница, околу една четвртина од сите лекови кои се препишуваат на рецепт се добиени од растенија. Хербални лекови (растенија со лековити својства) се составен дел од традиционалната кинеска медицина, и она што го знаеме за способностите на растенијата да лекуваат е импресивено: Тие можат да го ублажат високиот крвен притисок, го стимулира нервниот систем, ги уништуваат бактериите и го зајакнуваат имунолошкиот систем. Но, не треба да се претрупате со суплементи – нешто како зелениот чај може да помогне за подобрување на имунитетот и вашето здравје. Комерцијалниот зелен чај неодамна беше ставен под оган поради неосновани здравствени барања, но истражувањата покажале дека антиоксидансите во зелениот чај наречени полифеноли имаат потенцијал да го забрзуваат метаболизмот, да согоруваат масти, да заштитат од болести на црниот дроб, имаат улога во контрола на шеќерот во крвта и го намалуваат ЛДЛ холестерол.
5.Дружењето нека ви биде приоритет
Истражувањата покажуваат дека луѓето со силни пријателства имаат тенденција да имаат подобар имунолошки систем и се со помала веројатност да потклекнат на заразни болести. Во 2008 година, истражувачи од Харвард откриле дека позитивните социјални врски можат да заштитат од губење на меморијата и другите когнитивни нарушувања. Во 1993 година, шведска студија за машки работници кои се изложени на зголемен ризик од срцеви заболувања, заклучи дека кај мажите со силна социјална поддршка е намален ризикот од кардиоваскуларни болести. И студија од 2009 година, направена во Њујорк, покажа дека оние со неколку пријатели биле со најголем ризик да страдаат од срцеви заболувања, депресија и анксиозност.
Изет Рамовиќ – Гринго од БиХ има 12 деца и четири жени. Сите живеат заедно и прославите за Нова Година во нивниот дом се многу весели.
Неговите сопруги изјавија дека сите тие го сакаат, но и дека се малку љубоморни една на друга.
„Ние сите го сакаме. Тој ми падна во срцето“ – изјави Розита, една од жените.
Видеото кој се појави на фејсбук предизвика поделени реакции во јавноста, додека едни изјавуваат дека домот на Гринго е повесел од многу други семејства, други го критикуваат ваквиот начин на живот.
Џон Вилс е единствениот човек кој успеал да се пробие до врвот на кинеската мафија, а при тоа не е Кинез.
Тој во моментов служи затворска казна, а неговиот живот е опишан во книгата „Белиот ѓавол“.
Се започнало кога тогаш 16-годишниот Џон работел како вратар во бостонскиот ноќен клуб, каде спасил од тепачка еден Азијат. Азијатот по случката му го оставил својот телефонски број во случај нешто да му затреба па да го побара.
Џон (44) чиј татко го напуштил откако неговата мајка починала, свртел на тој телефонски број надевајќи се на топол оброк и покрив над главата. Но откако го направил повикот, по него дошле две BMW-a и еден млад Кинез. По 10 години од тој ден, Џон станал вториот највлијателен човек во кинеската мафија. Во тие кругови бил познат како Бац Гуаи Џон или Белиот ѓавол.
ФБИ за него вели дека е единствениот белец кој успеал да се приближи до врвот на кинеската мафија, која по правило не се меша со други националности.
Џон пред да биде уапсен станал дел од 10-те најбарани лица бегалци кои ги бара ФБИ. Еден период тој бил дури втор на листата најбарани бегалци, веднаш зад Бин Ладен.
Сепак, бандата Пинг Он, на која Џон и’ се приклучил го увидела неговиот потенцијал, а тој набрзо научил да зборува кинески и тоа на два дијалекти.
Џон започнал како ситен доставувач, кој на повисоките членови на мафијата им служел за да со сигурност им бидат доставени парите кои ги чекаат. Но, неговата лојалност како личен телохранител на Бај Минг, кој високо котирал во мафијашкиот ланец, го донела до тоа да стане десна рака на шевот на кинеската мафија.
Тој станал дел од трговијата со дрога, обложувалници и проституција. Сепак, шверцувајќи кокаин, се префрлил на оксикодон кога во 2013 година бил уапсен поради шверц на 260.000 пилули во вредност од неколку милиони долари.
Тогаш бил изведен на суд, осомничен како организатор и водач на „огромни завери“ а за своите криминални дела осуден е на 20 години робија. Сепак, тој ни ден денес не се кае за ништо.
Единствено за што му е жал, како што вели тој, е што не може да ја гледа својата девојка Ан Нгујен и нејзината ќеркичка на чиј 9-ти роденден е уапсен.
Дваесет и пет годишната С.М. од Скопје вчера била киднапирана од врсник.
Како што денес информираат од полицијата, нејзината сестра пријавила околу 15:20 часот дека додека биле заедно ги пресретнал М.Ф. (25) од Скопје кој бил со автомобил.
Скопјанецот заканувајќи се со нож ја грабнал девојката околу и заминал во непознат правец.
Полицјата презема мерки за пронаоѓање на сторителот.
За себе вели дека не се чувствува како ѕвезда, иако настапува рамо до рамо со сите познати музички балкански имиња. Скоро и да нема слободно време, настапува ширум државата, Швајцарија, Италија, или како што вели – “Живеам во автомобил”. Aлен Хасанович, е златното откритие на Гранд продукција, а и свежа музичка енергија, која за среќа потекнва од нашите простори. Сите бевме со него за време на минатогодишните Ѕвезди на Гранд, го бодревме и ни возврати со прекрасни настапи. Со Ален разговаравме во ресторанот Гарден Лимитлес во Прилеп, прочитајте повеќе за неговите планови, желби, успеси.
Здраво Ален, добредојде на маркукуле.мк !
Како започна интересот за музиката, дали тоа се случи од мали нозе ?
Интересот за музика започна од кога бев мало дете. Тоа го наследив од мојот татко, кој е музичар и кој имал свој сон, но ете немал доволно услови и не успеал целосно да го оствари тоа што го замислил. Па ете јас со божја помош стигнав до таму каде што стигнав и се надевам дека ќе му го остварам неговиот сон.
Додека растеше, дали имаше други интереси или едноставно од секогаш целосно си и бил посветен на музиката?
До дека растев цело време ја сакав музиката, цело време слушав и свирев музика, од секогаш сум се гледал себеси како музичар, па ете полека го остварувам својот сон. Умеам исто така да музицирам на клавиатури, тоа го стекнав преку моето образование на Музичката академија во Скопје.
Од кого Ален добивал најмногу поддршка низ годините, кој е твојата најголема потпора, нешто што те турка напред?
Моја најголема потпора, се моето семејство, моите родители, посебно татко ми кој цело време е со мене, вложува во мене и му благодарам за тоа. Се надевам дека еден ден ќе му возвратам за тоа.
Кој ти беше првиот посериозен настап, првиот посериозен успех на сцената?
Сум настапувал на многу шоуа низ Македонија, првото такво беше Мојата Ѕвезда на Сител телевизија, потоа Македонски Идол, меѓутоа за Ѕвездите на Гранд не ни планирав да се пријавам, но по иницијатива на блиски пријатели и мојот татко, прифатив. Со тоа видов дека никогаш не треба да се откажувам.
Дали пријавувањето на Ѕвездите на Гранд се должи на немањето на перспектива во нашата држава, како што и се жалат многу естрадни уметници, или се работеше за нов предизвик?
За жал јас имав многу настапи низ нашата држава, но сето беше без поголем успех. Кај нас е тоа така, мораш да заминеш од дома, прво другите да те ценат и видат, па потоа и овде да го увидат истото. Но можам целосно да си ја објаснам причината за тоа, веројатно се работи за менталитет.
Беше ли разочаран поради тоа што не победи?
Не бев разочаран, сметам дека направив голем успех. Првичниот план ми беше да поминам барем еден круг, но како што поминуваше времето истото си го викав и за наредниот и за наредниот круг, и така стигнав до високото четврто место на крајот.
Имаме ли ние како држава потенцијал да изградиме една таква продукција како Гранд, постојат ли квалитетни музичари и луѓе кои би вложиле во нешто такво, грандиозно?
Сметам дека секоја држава, секоја нација може и има сила и квалитет да направи нешто такво од рангот на Гранд продукција, но мислам дека македонските музичари, посебно македонските продукциски куќи не се залагаат доволно. Јас не сакав да чекам повеќе нешто да се промени тука, не сакав да тапкам во место и затоа заминав, и верувам дека не згрешив.
Што доби и што добиваш до ден денес после настапите на Ѕвездите на Гранд, се исплатеше ли?
Се исплатеше во секој случај, добив пред се многу пријателства, ги запознав сите големи музички имиња, за кои сонував од мал некогаш да ги сретнам.
Патуваш многу често, настапуваш во последно време низ многу држави, каков е фидбекот на твоите настапи таму, каква публика оставаш и кои ти се најчестите дестинации?
Патувам често токму така, кога ќе ме прашаат каде живееш јас велам, живеам во автомобилот. Буквално се ми е во автомобилот, облека, обувки …. Најчести дестинации ми се секако Белград, каде ги снимаме емисиите на Гранд, Швајцарија, Италија, ќе се организира најверојатно и турнеја во Австралија, тука се и настапите ширум државата, така да сега за сега сум презадоволен.
Што има Ален сработено зад себе на музички план до сега?
Пред да се пријавам на Ѕвездите на Гранд, имав една песна која се вика “Kад си рекла мене иди”, македонската верзија е “Кога сфатив”, после тоа добив песна и од Гранд која се вика “Ајде ломи” која има многу добра гледаност. Во јануари ќе биде промовирана мојата нова песна, која е мое лично дело и се вика “Продала си љубав” , за која исто така се надевам дека ќе има добар одзив од публиката.
Што подготвуваш наредно во блиска иднина, албум, концерт можеби?
Како што кажав за сега чекам новата песна да излезе, спотот е веќе при крај за истата, за концерт е сеуште рано, бидејќи не се сметам за ѕвезда од тој калибар и сметам дека треба да помине време за такво нешто. Инаку како мои идоли и ѕвезди би ги издвоил Дино Мерлин, Здравко Чолиќ и Жељко Јоксимовиќ, ѕвезди во вистинска смисла на зборот, изведувачи од кои учам. Сепак најголем музички идол ми е Тоше Проески и се трудам да го следам неговиот пат и да постигнам барем половина од неговото дело.
Како си задоволен од домашната публика, домашната поддршка овде во Македонија и поконкретно како си задоволен од твоите Прилепчани?
Задоволен сум, секогаш ми ја даваат својата поддршка, сепак не знам зошто но ретко настапувам во Прилеп. Се надевав дека повеќе ќе настапувам тука, но ете за сега е така, ќе видиме во иднина
Умееме ли да цениме талент за музика, знаеме ли да ги цениме туѓите успеси?
До некаде да, но можеби не доволно. Овде ќе се надоврзам на тоа дали треба да се отвори продукција како Гранд во Македонија, и со тоа да се промовираат уште повеќе музичарите како мене, да се издигнат нашите имиња и настапи на едно повисоко ниво.
Aлен кој е патот до успехот?
Тежок е патот до успехот, треба многу да се работи. За себе не сметам дека сум достигнал голем успех, но да сум здрав и жив, да се здрави и живи луѓето што се покрај мене, со божја помош се надевам дека ќе го остварам својот успех, својот сон, а тоа е да направам некогаш концерт пред 100 000 публика.
Порака до читателите на маркукуле.мк
Читајте го порталот, затоа што се најдобри, благодарам за интервјуто, за пројавениот интерес и ветувам понатамошна соработка со вас.
Од почетокот на откупот до денеска се преземени 8.000 тонитутун со просечна цена од 185 денари за килограм.
Производителите соопштија дека откупот тече без проблеми и веројатно ќе заврши до 20 февруари. Се очекува и натамошно зголемување на просечната цена зашто високите берби се уште не се преземени.
– Тутунарите се задоволни, достигнуваме добра цена што не значи дека не може да биде повисока и очекуваме барем за два-три денари да порасне, рече претседателот на Сојузот тутунските здруженија на Македонија Данчо Милески.
Годинава, додаде Милески, има помалку тутун. Барањето на откупувачите од 25.700 тони не може да се постигне. До крајот на откупот може да се очекуваат уште 12.000 до 13.000 тони.
И во општина Крушево откупот е согласно предвидената динамика, а просечната цена 186 денари.
– До второстепената комисија засега нема приговори. Тутунарите очекуваат и натаму да расте просечната откупна цена зашто високоите берби се уште не се преземени. Општината произведува околу 1.650 тони тутун, а се откупени околу 40 отсто, истакна Илија Тодески, секретар на тутунското здружение „Братство“ од Крушево.
Во битолскиот регион досега се откупени половината од количествата тутун, а производителите се задоволни.
– Откупот е 50 проценти завршен. Тутунарите се задоволни од просечната цена, 180 до 190 денари за килограм. Нема гужви и чекање и навреме се предава тутунот, нагласи Перо Ничевски, претседател на тутунското здружение „Тутуноберачите“ од општина Могила.