дома блог страница 5468

ВИДЕО – Запознајте го Ајнштајн, папагалот кој зборува, знае да плаче како бебе и да лае како куче

212121

Сивите Африкански папагали се можеби најпаметните птици и животни на светот. Нивната способност да распознаваат боја, форма, броеви, материјали, како и да имитираат различни други звуци е навистина неверојатна. Многу научници се занимавале до сега со откривање на тоа, дали овие папагали навистина ги разбираат тие звуци или пак звуците ги научиле како резултат на повторувањето на истите од нивните сопственици.

Африканските сиви папагали можат да живеат повеќе од 30 години, и неверојатно силно се поврзуваат со нивните сопственици.

Погледнете го видеото за Ајнштајн, навистина ќе ве расположи.

А. Г.

Перфектен старт на сезоната за Џудо Клубот Пролетер – Прилеп

12625928_10208812152610771_2055130101_n

Успешен старт на новата натпреварувачка сезона и проверка на формата имаа младите прилепски џудисти, кои со грст медали се вратија од силниот меѓународен  турнир Патрида, во Солун, каде што учество зедоја натпреварувачи од  Русија, Украина, Турција, Србија, Бугарија, Црна Гора, Албанија, Молдавија, Кипар и Македонија. Ова беше одлична можност да се провери формата и да се стекни големо меѓународно искуство.

Пролетер вкупно  освои 11 медали од кои 6 златни и 5 бронзени.

Со златни меали се закитија : Галески Тадеј  27 кг, Петрески Мартин  30кг, Сара Павлоска 29кг,

Теодора Димеска 44кг, Јорданчо Ѓорѓиоски 50кг и Ангелов Борче 66кг.

Бронзени медали освоија: Марко Кироваков  31кг, Никола Спиркоски 24кг, Лука Петејчук 38кг, Дино Спиркоски 42кг, Михаил Стојаноски до 27 кг.

12606748_10208812152730774_245744098_n

12648145_10208812152650772_1978139070_n

ЏК Пролетер Прилеп упатува искрени честитки до сите кои зедоа учество и се стекнаа со големо искуство на овај голем Меѓународен турнир, а воедно им честита на добитниците на медали со желби за уште поголеми успеси во иднина.

12584052_10208812153890803_595909817_n

Да се наежите: Македонка сведочи за Баба Ванѓа: Не можевме да имаме деца, а тогаш Ванѓа го впери прстот кон мојот сопруг и рече…

vandza (1)

Баба Ванѓа била најпознатиот пророк на Балканот. Сите оделе кај неа, но обичните луѓе и биле наверните посетители. Таа вечно им давала надеж и им помагала во најтешките моменти во животот со благослов и со утешни зборови.

– Дојдовме пред вратата на куќата на Вањѓа, а глетката не изненади. Човек до човек. Некои дури седеа на земја бидејќи не можеа да го дочекаат својот ред за влез кај пророчицата па така се одмараа, се сеќава една Македонка која ја посетила Вањѓа во 70-тите.

Докторите и рекле дека никогаш нема да добие дете, но таа и нејзиниот сопруг никогаш не ја изгубиле надежта.

– Беше лето, а температурите беа високи, но и покрај тоа никој не сакаше да се тргне од пред вратата на пророчицата. Којзнае кога пак би добиле ваква прилика да бидат толку блзку до Вањѓа. Чекаа со часови, неки дури и преспиваа само за да ја видат, сведочи оваа жена.

Таа била упорна, нејзиниот сопруг не верувал во моќите на Баба Ванѓа.

– Тоа е глупост, не ми ѓпаѓа на памет да идам кај таа Бугарка, рекол нејзиниот сопруг, пишува 24sata.hr.

Но сепак отишле. Ваѓа била многу остра со оние кои не и верувале. излегла од куќата и им се обратила на парот:

– Го впери прстот кон мојот сопруг, а собраниот народ се заледи“ прераскажува оваа жена и продолува – Цел пат по мене пцуеше. Срам да тие. Зошто доаѓаше тука ако не ми веруваш? Одговорот на твоето прашање е : Не, нема да имате деца!

Нивната судбина навистина била зацрнета, тие никогаш немале деца.

Извор: 24sata.hr.

БРАКОТ СЕ КРЧКА: Весна Бејби и Џамбазов се впуштаат во брачна игра!

vesna-igotr-hitportal

Нашите популарни актери Весна Петрушевска и Игор Џамбазов започнаа брачна игра.

Бејби и Џамбаз пред пошироката јавност откриваат дека ќе станат брачна двојка ама само за претставата насловена „Брачна игра“.

Тие на своите профили на социјалните мрежи објавија фотогртафија за која појаснија дека е момент од првата проба за претставата, која ќе биде под режисерската палка на Тони Михајловски.

12541064_10208564404686364_4864119507903695663_n

Имено, се работи за дуо-драма која обработува сериозна тема преку комичен пристап, а е работена по текстот на Едвард Олби.

Кога ќе се спојат Игор, Весна и Тони, можеме само да очекуваме неповторливо театарско доживување, кое засега е во фаза на подготовки.

Груевски: Нова инвестиција, Van Hool отвора втора фабрика во Македонија!

gruevski-fabrika-640x386

Македонија продолжува напред! Нова инвестиција на Van Hool. Реномираната белгиска компанија отвора втора фабрика во Македонија во која ќе се произведуваат автобуси и за европскиот пазар, објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот ФБ профил.

-Во првата веќе се произведуваат автобуси за американскиот пазар. Условите со кои ги креиравме и добрата бизнис клима даваат резултат. Упорноста и пожртвуваноста на владиниот тим, пред се на Веле Самак кој ги донесе Van Hool во земјава и на Виктор Мизо кој ја договараше втората инвестиција, беа клучни за овој успех. Секако, своја заслуга имаат и потпретседателите на владата. Македонија од земја надвор од мапата на инвеститорите, стана земја која според добрата бизнис клима е 6-та во Европа и 12-та во светот. Практично, за оние кои бараат поконкурентни услови за работа, Македонија е прва во Европа имајќи предвид дека земјите пред нас на ранг листата на светска банка (Англија, Данска, Шведска, Норвешка и Финска) имаат високи трошоци за правење бизнис, напиша Груевски.

Тој нагласува дека инвестицијата е вредна над 15 милиони евра и ќе се вработат повеќе стотици луѓе.

-Аирлија! Е вака се сака својата држава!, заврши Груевски. 

ffb-van-hul

LADA NIVA ќе добие нова верзија во 2018год, радикално променета и осовремена

Lada-Niva-615x346

Познатата руска машина Лада Нива, ќе добие своја нова верзија во 2018 година. Рускиот теренец кој се произведува речиси 4 децении уште од 1977 година, е светски познат по својата издржливост и трајност. Имено фабриката планира оваа година да развие посовршена верзија на веќе постоечкиот модел, а новата верзија да излезе во есен 2018 година. Името на новата верзија ќе биде Niva 3, и ќе биде дизајниран во две верзии, со 3 и со 5 врати.

lada-niva-2015-7

4caa91e976d32e8c3f2908a2581e35b7

Карактеристично ќе биде и тоа што и двата модели ќе имаат доста голем багажник. Новиот модел ќе добие и посилен мотор според шпекулациите кои доаѓаат од рускиот произведувач. Сепак новиот модел нема да значи прекинување на производството на стариот. Аvto VAZ планира да ги произведува и продава двата модела истовремено.

А. Г.

Репертоар на театарот ,,Војдан Чернодрински,, Прилеп

VOLESBNIKOT OD OZ

Недела, 31.1.2016 – 11.00 часот

,,Волшебникот од Оз” – претстава за деца

3

Понеделник, 1.2.2016 – 19:30 часот

,,Ајнштајновите соништа” – режija Слободан Унковски

ВАКА ЌЕ ИМ „ТУРИМЕ“ ПЕПЕЛ НА ЕВН: Батерија која чува и произведува електрична енергија доволна за домот но и за продавање!

12

Младиот пронаоѓач од Чиле Мануел Мата измислил систем за самоодржливост на едно домаќинство, кое со неговиот изум може комплетно да се „откачи“ од електричната мрежа, во нашиот случај од ЕВН, а дополнително, електричната енергија која ќе остане неупотребена да можете да ја продадете.

Се работи за револуционерен систем на батерија и сончеви колектори. Имено, батеријата има огромен капацитет и е доволна да напојува цело домаќинство во текот на целиот ден, преку складирање на енергијата добиена од сончевите колектори, а онаа што ќе ви остане неискористена да ја продавате. Практично, според Мата, вашата куќа ќе стане електроцентрала.

Според него, батеријата која наскоро ќе излезе на пазарот ќе биде евтина, брзо исплатлива инвестиција за секое домаќинство, а откако ќе биде инсталирана во вашиот дом, ракувањето со овој систем е исклучително лесно бидејќи се е автоматизирано, и ќе можете да го контролирате дури и преку вашиот мобилен телефон, од секаде во светот.

Погледнете го видеото:

Алкохолен пијалок од кој нема мамурлак

pijalok

Северна Кореја тврди дека нивен научник открил моќен алкохолен пијалaк од коj потрошувачите немаат последици, па дури ни мамурлак.

Според „Пјонгјанг Тајмс“, експерти работеле на ова четири години, а еден од тајните делови на рецептот е тоа што шеќерот во пијалaкoт Koрјо е заменет со состојки од варен и запечен глутенски ориз. Резултатот е тоа дека пијалокот содржи меѓу 30 и 40 отсто алкохол и го ценат многу експерти како и конзументите кои сакаат вакви пијалаци, затоа што е многу вкусен и не предизвикува мамурлак. Заради неговите состојки кои важат за многу здрави, го сметаат за еликсир на животот.

Запечениот глутенски ориз содржи есенцијална аминокиселина, аноргански состојки и витамини кои му помагаат на телото брзо да ги растопи маснотите во телото и заради тоа тој е омилен пијалак на Ким Јонг. Исто така, пронаоѓачите тврдат дека ја подобрува здравствената состојба, брзо го отсранува заморот, дава сила и отвора апетит.

Koрјо има освоено серија признанија во индустријата на пијалаци и храна во Северна Кореја, како и медал за квалитет.

Облачно време со слаб дожд и ветер

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, во северните делови ќе има услови за проврнување на слаб дожд и снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер.

dozd

Температурата ќе се движи од еден до девет степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Ќе дува слаб умерен северен ветер.

Температурата ќе достигне до шест степени.

Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и потопло време, што ќе услови топење на снежната покривка.