дома блог страница 5458

Втора победа во пријателските натпревари Победа-Вардар Неготино 2-1(2-0)

12615217_10208579714754310_6023556163122938561_o

Денес напладне на теренот со вештачка трева, екипата на Победа во 4-тиот контролен натпревар ја забележа втората победа. Третолигашот Вардар од Неготино беше совладан со 2-1, полувреме 2-0. Во комбиниран состав без повредените играчи и неколку фудбалери кои стручниот штаб реши да ги одмoри, црвено-белите без многу напори стигнаа до втората победа во пријателските натпревари. Головите кои ги постигна Победа одат на душа на гостинскиот голман Ристов, кој најпрвин во 24-тата минута(за 1-0) ја испушти топката од раце, а во голот од гол линијата ја втурна Мирчески. Пет минути подоцна од 17-18 метри биеше Христијан Петрески по средината на голот, но на неспретниот Ристов топката му помина низ нозе и заврши зад неговиот грб за 2-0. Гостите намалија за конечни 2-1 во 60-тата минута по одличната соло акција на Шишков.

12640344_10208579715954340_1874102344770794238_o

12628569_10208579716914364_6283568853447595818_o

Победа:Јованоски, Богоески, Николоски, Колески, Велјаноски, Мегленски, Х.Петрески, Иваноски, Митрески, Мирчески и Гешоски. Во вторите 45 минути играа уште:Карчески, Дунимаглоски, Д.Котевски, Д.Котески и Тодороски. Утре следи слободен ден, а следната пријателска средба е в недела во Охрид со српскиот прволигаш Радник од Сурдулица.

Луѓето со нулта крвна група се навистина посебни

крв1

Ако имате 0 крвна група, вашето генетско наследство ви нуди можност да бидете јаки, продуктивни, да имате долг живот и да бидете оптимисти.

Крвната група 0 е првобитен тип на крв од нашите предци, кои биле лукави и агресивни предатори. Личностите кои ја поседуваат оваа крвна група играат важна улога во секое друштво, се до денешен ден.

Луѓето со 0 крвна група се способни за раководење, полни се со енергичност и способност на концентрација.

Но кога се под стрес, можат да станат лути, хиперактивни и импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на вежби, нездравите навики или повишеното ниво на стрес, ги прави осетливи на неповолни метаболички ефекти, вклучувајќи и отпорност на инсулин, смалена активност на штитните жлезди и склоност кон дебелеење.

Што е тоа што нултата крвна група ја прави единствена?

Луѓето со 0 крвна група имаат предиспозиции за одредени болести, како што е чиреви и дисфункција на штитните жлезди. Често имаат низок ниво на хормони на штитните жлезди и недостаток на јод.

Во Јапонија оваа крвна група веќе долго време се поврзува со одреден тип на личности. Таму дури на интервју за работа може да ви биде поставено прашањето за типот на вашата крвна група. Луѓето со 0 крвна група најчесто се опишуваат како одговорни, организирани, фокусирани, совесни и практични.

Се верува дека овие луѓе подобро се ориентираат и дека се подобри логичари, а исто така се смета дека нивните предци биле ловци, кои морале да посматраат и прецизно го проценуваат окружувањето, за да можеле да преживеат.

Подлежи на стрес

Поради прекумерен бес и хиперактивност, може да дојде до стрес. Луѓето со оваа крвна група се подложни на деструктивно однесување кога се премногу уморни, депресивни или кога им е досадно. Тогаш се подложни на коцкање или можат да се занимаваат со активности кои се подложни на адреналин, прекумерен ризик и импулсивност.

Избегнување на кофеин и алкохол

Кофеинот може да биде посебно штетен поради подигањето на адреналинот и нивото на норадреналин, кои се веќе и така високи во организмот кај луѓето со оваа крвна група

Вежбањето е одлично решение, затоа што има дејство на опуштање на целото тело. Повеќе од сите други крвни групи, нултата крвна група има потреба да биде физички активна, поради одржувањето на здравјето и емоционална стабилност. Редовната физичка активност е неопходна три до четири пати неделно.

Александар Георгиоски

Изложба на дела од 52 Меѓународна Струмичка ликовна колонија

3

Во четврток 04.02.2016 од 19 часот, во ликовниот салон на ЦК ,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе биде отворена изложба на дела од 52 Меѓународна Струмичка ликовна колонија.

2

На 52 колонија учествувале 18 автори од повеќе држави – Србија, Бугарија, Полска, Русија, Црна Гора, Македонија… Дел од уметниците кои биле фасцинирани од старата архитектура и тесните улички и сокаци во Струмица па инспирирајки се од тоа своите чуства ги пренесувале на своите платна, некои сликари сликале апстрактно, некои асоцијативно, секој со својот дух, секој со своите креации, што е и убавината на уметноста да се биде по различен. Ако уметноста е чувство, емоција, љубов, сето тоа се случува и постои во Мегународната Струмичка ликовна колонија.

1

Меѓународната Струмичка ликовна колонија е основана 1963 година и е една од најстарите колони не само во Македонија туку и на Балканот. За сите изминати години досега учествувале преку 1200 уметници од сите краеви на светот ,а фондот на колонијата досега располага со преку 2500 уметнички дела работени во најразлични техники,масло на платно,скулптури,мозаици,графики.Една од позначајните збирки на дела во колонијата се делата на осноположниците на македонското сликарство, почнувајки од Никола Мартиновски, Томо Владимирски, Димитар Пандилов, Вангел Коџоман, Вангел Наумовски, Петар Мазев, Димитар Кондовски,и уште многу други уметници кој придонеле за развојот не само на колонијата ,туку и за македонската ликовна сцена. Исто така Струмичката колонија поседува и посебна збирка на дела од најпознатите автори од поранешна Југославија кои исто така имат големо значење.Во 1993 година од страна на професорот Газанфер Бајрам и професорот Паоло Ракани познат мозаичар кој ни доаѓа од Италија е основана мозаичката работилница која е во склоп на колонијата. За сите овие 22 години откако постои студиото за мозаик се создадени повеке од 60 мозаици, а учесници  биле мозаичари од повеке држави, Италија, Украина, Србија, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Македонија,и е еднинствена колонија во која се работи техниката мозаик.

ФОТО+ВИДЕО: Малиот Јован е пример за хуманост – неговиот гест ќе ве трогне и инспирира

Јован Дукмеџиев од Скопје е вистински пример за несебичност и хуманост.

 

jovan-za-eli-640x360

Тој со својата гитара, во која е вљубен уште од мали нозе, свиреше на скопскиот плоштад и собра одлична сума на пари која ја донираше за лекување на малата Ели.

Ели е родена со многу ретка болест, тотален аганглионарен мега колон (нејзините црева не работат) што резултира со исклучително сериозни компликации и животозагрозувачка состојба.

Јован собра точно 8.774 денари кои веднаш ги донираше на сметката за лекување на Ели, со помош на неговата мајка.

-Идејата дојде спонтано, направивме транспарент и отидовме на плоштад додека беше убаво времето. Кога станавме тоа утро, му предложив на Јован дали сака да свири на плоштад и собраните парички да ги донираме за Ели за да се лекува во Америка. Тој само рече Yes, great idea, вели за Курир мајка му на 8-годишниот Јован.

1jovan-za-eli

Доколку и вие сакате да помогнете, може да донирате на следните сметки.

Да донираме на:

070/143-111 – само за корисниците на Телеком

077/143-775 – само за корисниците на ВИП

075/143-114 -само за корисниците на ОНЕ

Сметка за Ели:

-Денарска

300001000024155

Комерцијална банка

Елена Додевска

-Девизна

Dodevska Elena

IBAN: MK07300307063080823

BIC/SWIFT CODE: KOBSMK2X

KOMERCIJALNA BANKA

Да помогнеме сите ние Ели да го продолжи своето детство безгрижно, како што заслужува секое дете.

ВИДЕО: Бесценето- среќата на детето кое со кеса-дрес од Меси го освои светот

Авганистанската фудбалска федерација планира ќе организира средба меѓу Лионел Меси и пет годишниот Муртаза Ахмади, кој стана интернет сензација откако се појавија негови фотографии како носи импровизиран дрес од Меси направен од пластична кеса.

 

Murtaza-Ahmadi-640x384

Вчера се оствари една од желбите на малото момче, тој беше специјален гостин во младинскиот тим на Авганистан, каде што носеше дрес од својот идол Меси.

Имено, малиот љубител на ликот и делото на Лионел Меси пронајден е по големата потрага која ја покренаа Аргетинскиот фудбалски сојуз и менаџерите на Меси и за поклон доби вистински дрес од Меси од Барселона.
-Плачеше со денови зошто немаше дрес. Не можев да му купам зошто живееме во сиромашно село далеку од градот, а тогаш брат му му помогна да направи дрес од ќеса, открива таткото на детето.
– Ми беше тешко поради него зашто не можеше да добие дрес, па му направив дрес од ќеса. Вистински дрес, едноставно, не можеме да му купиме, изјави братчето на Муртаза, 15-годишниот Хомауоун.
Видеото кое беше објавено на Интернет ќе ве освои. На него ова мало слатко дете не може да ја сокрие среќата.

ТУРЦИЈА СЕ ЧЕПНА СО РУСИЈА, И КОЛАБИРАШЕ: Турската туристичка индустрија колабираше – 1.300 резорти се продаваат!

ruski_tenk_t90-2xeab6yu6nrimitvh58zr4

Главната воена опасност за Русија, но и за цела Европа низ текот на целата историја доаѓа од Запад. Затоа Москва ги засили своите воени потенцијали на Западот. Почна со обезбедување на можен „Западне фронт“. Во западниот воен округ во Русија, се формираше првата тенковска армија и наречена е – гардиска.

Во нејзиниот состав влегуваат: прочуената Кантемировска тенковска дивизија и Таманска мотострелачка дивизија како и низа други помали и поголеми сродни единици. Новоформираната армија приоритетно ќе ги добива најмодерните руски тенкови „Армата“. Засега располага со тенковите Т-72Б3 и Т-80 како и оклопни борбени возила БПМ-2.

Во својот арсенал ќе има преку 130 врсти на вооружување и воена техника.

Со армијата ќе командува Генерал Мајор Александар Чајко, а единицата во нејзиниот состав ќе има околу 1.500 боеви гаѓања и различни вежби само во текот на оваа година. Генерал Чајко на седницата со колегиумот на Министерството за одбрана на Русија веќе го доби и командното знаме.

Штабот на новоформираната Прва тенковска армија ќе се наоѓа во Подмосковскиот регион. Не е прецизирано точно каде.

Усвоена Националната стратегија за млади 2016-2025

Во текот на вчерашниот ден, од страна на Владата на Република Македонија беше усвoeна Националната стратегија за млади за периодот 2016-2025 година.
Процесот на креирање на втората Национална стратегија за млади беше воден од Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Програмата за развој на Обединети Нации (UNDP).

nacionalna-strategija-mladi-640x438

Креирањето на овој документ е резултат на работни групи во кои беа вклучени учесници-претставници на невладини организации, институции и млади луѓе кои заеднички дискутираа за деветте приоритетни области кои се содржани во стратегијата: младинско учество, локална младинска работа, младинско информирање, вработување, образование, култура, спорт, здравје и квалитет на живеење.
По креирањето на нацрт текстот, стратегијата беше презентирана во рамки на јавните дискусии низ Република Македонија, по што како завршен настан на крајот на 2015 година беше одржана голема јавна расправа, која опфати учество на повеќе од 100 учесници.
Процесот на изработка на оваа стратегија беше еден од најинклузивните и транспарентни процеси во изработка на еден стратешки документ со учество на повеќе од 500 заинтересирани претставници од засегнатите страни во младинскиот сектор.
Овој документ ќе придонесе за подобрување на состојбата на младите во рамки на деветте области, а во текот на 2016 година се очекува Агенцијата за млади и спорт во соработка со релевантните институции да изработи Акциски план за спроведување на активностите предвидени со стратегијата.

 

Граѓаните кои добија социјални станови пресреќни и благодарни на Владата и премиерот

Седумдесет и шест лица од социјално ранливите категории на граѓани од Прилеп и прилепско вчера станаа потенцијални добитници на социјални станови преку јавната распределба.

javna-raspredelba-stanovi-640x427

Прелиминарните добитници на становите не можеа да ги сокријат насмевките, но и солзите од среќа дека конечно ќе имаат покрив над главата. Пред се подобри услови за нивните деца. Истите велат дека се пресреќни, но и благодарни на Владата за овој проект и овозможената шанса за дом.

lica

-Самохран родител на четири малолетни деца сум. Благодарен до министерството, до градоначалникот, до премерот. Живееме под кирија само од додатокот за 4 дете од 11.000 денари, вели Наташа Цикуроска.

-Добитник сум на социјален стан. Благодаран на државата, на премиерот на сите. Пресреќен сум. Сакам да продолжи ова и сите што немаат услови да имаат покрив над главата, вели прилепчанецот Тоне Атанасовски кој со своето четиричлено семејство над 20 години се социјален случај.

-Чувството е прекрасно, уште не можам да поверувам. Самохрана мајка сум на две малолетни деца, живеам кај брат ми. Изненадена сум, уште не ми е верливо, вели Јулијана Дурланова.

За социјални станови во Центарот за социјални работи во Прилеп аплицирале вкупно 232 – ца граѓани од кои валидна документација доставиле 173 лица.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски потенцираше дека јавна распределба е прелиминарна и не е конечна. Тоа значи дека сите лица кои системот ќе ги исфрли како добитници на социјален стан, не значи дека ќе бидат и конечни добитници на станови.

-Почнувајќи од утре Комисијата составена од вработениво Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. Кај сите оние каде што фактичката состојба не одговора на приложените докумнети, ќе бидат исфрлени од листата и становите ќе бидат доделени на лица со ист или помал број на бодови доколку тие ги исполнуваат условите пропишани во огласот. По извршената контрола од страна на Комисијата, ќе се утврди конечната листа со добитници на социјални станови, рече Мисајловски.

Да ги убиеме сите комарци

komarci (1)

Слејт – Вашингтон

Сега е вистинско време од лицето на Земјата да ги уништиме бубалките кои пренесуваат болести.

– Нивото на алармантност е многу висока, рече шефот на Светската здравствена организација во четвртокот, опишувајќи ги раширувањето на вирусот Зика во светот. Како и што треба да биде: болеста која се чини дека кај луѓето предизвикува физички оштетувања при раѓање, може да погоди милиони луѓе во неколку десетици земји. А вирусот е можеби тргнат и кон САД. До петокот утрото, не повеќе од пет жители на Њујорк биле дијагностицирани како Зика позитивни.

Но њујорчаните, како и сите во САД, можат да здивнат заради два прости факти. Првуот е дека вирусот Зика не може лесно да се пренесе од еден на друг човек. Вториот е дека бубалките кои го пренесуваат вирусот – посебно два вида комарци, Aedes aegypti и Aedes albopictus – не се многу активни во зима и не претставуваат поголем ризик во заедници каде има силна светлина и еркондишни. Според комесарот во Њујоршкиот оддел за здравје „практично не постои ризик да се добие вирусот Зика во државата Њујорк во овој период“. И други експерти им велат на американците дека нема причина за паника.

Па што е тогаш ова што ме гори по лицето? И што тешко дишам? Тоа не е паника, верувајте ми. Тоа е повеќе бес. Бесен сум на оваа епидемија на Зика, која започна со немирните мали крвопии кои прават толкава штета. Но да се митингува против вирус нема никаква логика. Тоа нема никакви животински нагони, па не е ниту отелотворено живо суштество. Мојот бес е фокусиран на друга цел – не кон вирусот, туку кон векторот. Сопственик сум на специјален резервоар за летечки поткожни игли кои го пренесуваат овој патоген, бубачките кои прелетуваат од една во друга земја и шират биотерор онаму каде ќе слетаат. Лут сум им на комарците и време е да им приредиме пекол.

Кој ќе ми се спротивстави? Некои настани во последниве години – епидемите од денга (тропска грозница) и чикунгуња, продолжување на косењето на маларијата – досега не беа доволни за да се уништат комарците – тој осомничен бренд. Наместо тоа, овие душкачи и цицачи на крв, паразити, можат со сигурност да се насловат како најголеми зла во човековата историја.

Слушнете ја оваа статистика: болестите кои ги пренесуваат комарците секоја година убиваат стотици илјади луѓе. Од самата маларија умираат шест милиони луѓе секоја деценија, најмногу мали деца. И економските штети се истоветно високи, во висина од десетици милијарди долари секоја годна. Кога научниците ќе ја соберат вкупната сума од загуби предизвикана од само една болест пренесена од комарец (тропската грозница) во само една држава опседната од конарци (Бразил) излегува сума од 1,35 милијарди долари годишно, без оние една милијарда долари кои мораат да се потрошат за контрола на проширувањето на буви кои се инфицирани од денге.

Можеби сте помислиле дека новостите за епидемијата на Зика ќе го убедат човештвото да го уништат комарецот. Ни кажуваат дека научнците мораат упорно да работат во пронаоѓање на нова вакцина како да е тоа најдоборото решение за проблемот. Трката по лек за Зика може да трае со децении – а во меѓувреме ќе не остават да чекаме и да ги гледаме јатата зла со крилја кои лебдат во нашиот воздушен простор , и слетуваат на нашите обали. Непријателот пристигна на нашите граници. Е па сега не е време за мекичок одговор.

Време е да ги убиеме сите комарци. Време е за голем комароцид.

Вистина е дека се обидуваме да ги држиме бубачките под контрола. Ги прскаме нивните легла со пестициди. Кога бубалките се во фаза на ларви, можеме да ги задушиме со спреј од масло. Но секој од овие модели на војување остава простор за активизам и непокор. Хемикалиите може да дојдат до простори каде живее човекот, или пак да завршат друга непријатна работа, да убиваат животински видови кои Ние всушност ги сакаме. Службениците од јавното здравство имаат свои технократски начини да го опишат ова како колатерална загуба, загрижени заради проблеми како што се „истребување на возрасните препуштено на околностите“ и „нетаргетирана смртност од инсекти“.

И затоа ги бранат своите облози и прават се што можат за да го заштитат балансот помеѓу смртта на комарците и здравјето на екосистемот. Тие користат таканаречен „Интегрирано управување со комарците“, еуфемизам за изведување повеќе мали нешта одеднаш: откривање каде се излегуваат комарците, прскање врз нив со хемикалии, поправка на запуштените одводни канали и собирање на стари автомобилски гуми, пресушување на мочуришта. Сето тоа е сосема одговорно и безбедно. Некој ќе го нарече дури и еколошки коректно.

Но неодамнешноото ширење на вируси преку инсекти ме разубеди дека не можеме да ја добиеме војната само со раце во ракавици и врзани зад грб. Доста беше љубезност. Грозната ситуација на терен не бара интегрирано управување со комарците; бара „Програма за целосно уништување на комарците“. Еве и нешто друго: За првпат во човековата историја тој сон може да биде остварен. Постои подобар начин да се убијат комарците – нуклеарна опција – но се досега се плашевме да ја искористиме.

Опцијата за која размислувам постои уште од 30-ите години од минатиот век, кога еден човек по име Едвард Ниплинг доби идеа. Соочен со проблемот со смртоносните инсекти кои ја убиваат живата стока, сврдлестата мува, научниците од американското Министерство за земјоделие смислиле да ги свртат бубалките самите против себе. Со создавање и пуштање во етерот стерилни машки муви, за кои тој сметал дека би можеле да се вмешаат во излегувањето на сврдлестите муви и така да се намали нивната бројност. „Реакциите во јавноста биле од скептицизам до исмевање“, напишал тој подоцна. Но во 1953, Ниплинг искористил армиски рентген апарат за да стерилизира неколку муви и ги пуштил на островот Санибел на Флорида. Експериментот функционирал. Потоа го сторил истото на островот Курасао. По неколку месеци, Ниплинг ги исчистил сите сврдлести муви од островот – целосен масакр над сврдлестите муви. До 1959, оваа мува ја снемало од сите држави во југоистокот на земјата. Набрзо исчезнала и од целата територија на САД, и заради тоа Ниплинг ја добил Светската награда за храна за неговата работа и од Асоцијацијата на одгледувачи на жива стока бил именуван за член во Куќата на славните. Неговата „техника за стерилизирање на инсекти“ им се допаднала не само на ранчерите, туку и на еколозите. Во 1962, Рејчел Карсон ја објавила „Товката пролет“, нејзината прочуена теза против хемиската индуустрија. Во последната глава од таа книга наречена „Другите патишта“, Карсон истакнува некои од „новите, иновативни и креативни пристапи во проблемот на делењето на нашата Земја со други суштества“. Меѓу најважните е и методот на Ниплинг – „триумфална демонстрација за вредноста на научната креативност“, напишала таа, „со помош на основни истражувања, упорност и одлучност“.

Па зошто научниците не се обиделе да го искористат истиот пристап во борбата против комарците? Всушност, го направиле тоа. Проблемот е што комарците се прекревки за рентгенските зраци. Наместо да станат стерилни, бубалките умирале. Но во последниве години техниките за стерилизирање на бубачките повторно оживеаја. Еден научник, Лук Алфи, користи генетски инженеринг да создаде стерилни клетки на комарецот Aedes aegypti – оној вид кој го пренесува вирусот Зика, тропската грозница, и жолтата треска. Техниките на Алфи се многу интелигентни. Во бубалката има ген кој ги убива додека се во фаза на ларва, се додека не се најдат во близина на тетрациклин, општо користен антибиотик. Тоа значи дека е можно да се одгледаат голем број на комарци во лабораторија, но кога ќе бидат пуштени во дивината тие не можат да се репродуцираат.

Алфи ја основал Окситек, која е првата компанија која создава генетички модифицирани комарци како оружје. Од 2010 наваму, оваа фирма направила испитувања на терените во Бразил, на Кајманските острови, и во Панама. Третманот е отприлика вака: вработените во Окситек доаѓаат со комбе и возат со брзина од пет до 10 километри на час во областите кои се запоседнати од комарци. Со помош на калорифер без перки и преку пластична цевка се исфрлаат генетички модифицирани машки комарци, а потоа бубалките се парат со дивите женки. (На еден терен во Бразил, Окситек исфрлиле 800,000 машки комарци во една недела, и тоа цела недела). Според шефот на теренските операции во компанијата, Енди Мекими, секое од овие теренски евалуации резултирале барем со 90 проценти исчезнување на бројсноста на локалните комарци.

Службениците во САД сакаат да ги тестираат методите на Окситек. При еден обид за тестирање на Флорида, на ова се спротивставиле некои локални жители од страв дека ќе бидат лабораториски глувци во вакво франкенштајно-комарски експеримент. Окситек проценува дека нивната теника е ем со прецизни цели (се однесува само на еден вид комарци) и самоограничувачка (ако сопрете со ослободување на генетски модифицирани комарци тие брзо ќе исчезнат од екосистемот).

Изгледа дека и двете страни во оваа дебата се во грешка. Ризикот кој го носат комарците на Окистек изгледа многу мал, и во секој случај е помал во споредба со прскањето на стотици тони отрови. Но и таканаречената „коист“ од методот на Окситек – негфовата специфичност и краткотрајното дејствување – го сметаме како уште еден пример за претерана претпазливост во корист на комарците. Кога завршило разнесувањето на мапки комарци на теренот, Мекими ми кажа дека комарците „пак се вратиле“ по шест месеци. Можеби накратко биле потиснати, но не и збришани.

А зошто да не користиме алатки од биомедицината за да го зададеме конечниот, последен удар? Во 2007, Брус Хеј од калтеч излезе со уште попотентно оружје: двигател на гени.Неговиот метод треба да семенира кај леглата на комарци други одгледани во лабораторија кои имаат во себе „себични“ гени, кои треба да се шират и да ја убиваат конкуренцијата. Во теорија, ваквиот метод треба за неколку генерации да ги претвори дивите комарци и да го претвори секој локален организам со оние кои содржат генетски модифицирани (ГМ) ќелии. А тие ГМ ќелии треба да бидат и отпорни на паразитите на маларијата, или на вирусот Зика, или на било кој друг патоген кој го шират комарците. Или може да биде дизајниран да има посебна кревкост. Потоа модифицираните комарци би можеле сите одеднаш да умрат, како одговор на некој надворешен сигнал – можеби пораст на температурата, на преминот од зима во пролет.

Друга верзија од оваа истражувачка група на метод воден од гените, кој сеуште е во развој, има уште поразурнувачки потенцијал. Тоа е обратен метод од „Деца на мажите“: модифицираните комарци носат комплет од гени кои ги намалуваат икс-хромозомите во спермата. Тие можат да се репродууцираат, но сите нивни потомци ќе бидат машки. „Ова е прилично возбудлива идеја“, ми рече Хеј. „Кај секоја генерација, машките прават машки. Кога на крајот ќе снема женки, тоагш е крајот“.

Овие техники водени од гени се толку моќни – и толку разновидни во својот деструктивен потенцијал – што е многу тешко за научниците да ги тестираат, дури и на големи средини на отворено. Загриженоста е дека гените на себичност нема само да растурат редот кај локалната популација на комарци туку ќе се рашират и во други области, исто како што ГМ посеви избегаа во дивината. Лошо изведен експеримент може да ја десеткува глобалната популација, па дури да предизвика и сосема да исчезнат. Наместо да бидат убиени некои комарци Aedes aegypti на Флорида, би ги убиле насекаде низ светот. А тоа… и нема да биде толку лошо?

Ајде, само на миг да замислиме дека можеме целосно да ја убиеме целата популација на комарци – па дури и сите 3,500 видови комарци кои зујат на Земјата. Дали ќе биде пореметен глобалниот екосистем?

Најискрен одговор е дека никој со сигурност тоа не го знае. Сепак постојат малку докази дека се круцијална врска во некој ланец на исхрана, или дека нивното исчезнуавње нема да биде пополнето со нешто друго. Кога новинарот природњак Џенет Фанг напиша за овој експеримент во списанието Нејчр во 2010, таа заклучува дека „животот ќе продолжи како и претходно – па дури и поубаво“. И јас дојдив до истиот одговор кога го истражував истото прашање за текст кој беше објавен три години подоцна. „Не постои ланец на исхрана за кој знаеме дека комарците се неизбежна врска во тој круцијален процес“, ми рече еден експерт за контрола на комарците.

Се разбира, во минатото целосно уништивме многу животински видови, со нашата безобзирност кон светот на природата. Трагично е што повеќе ги немаме гулабите пешаци, или тасманискиот тигар, или квага. Но, небото (се уште) не се срушило. Екотрагедиите треба да се мерат заедно со сета корист – а користа од комароцидот може да биде огромна. Без разлика за ненамерните последици (а секогаш има ненамерни последици), елиминацијата на комарците може да спаси милијарди човечки животи и трилиони долари, и тоа во следните неколку децении. Тоа ќе стави крај на неописливото страдање кај насиромашните луѓе во светот.

Но тоа е најекстремното сценарио. Во секој случај, водените од гени методи функционираат само кај индивидуални видови, па ајде да замислиме дека можеме да уништиме само неколку легла на комарци – оние најнепријатните. Што ако можеме само да притиснеме копче и да уништиме нападни, смртоносни видови, како Aedes aegypti? Што е со одвратните комарци Anopheles кои ја пренесуваат маларијата и кои изгледа дека еволуирале во човечки паразити? Ако успеме да се ослободиме од овие одвратни бубалки, дали на сите нема да ни биде подобро? Никој не гризеше нокти од загришеност кога се ослободивме од детската парализа или говедска чума. Дали комарците треба да имаат посебен третман само затоа што се инсекти?

– Мислам дека малку си се оддалечил во проблемот, ми рече Брус Хеј кога му раскажав за моите размислувања за управување со комарците. „Не верувам дека луѓето ќе сакаат да го преземат тој чекор, дури и од принцип“. Ми рече дека и тој не е баш некој фан на Aedes или Anopheles. „Но може да се прекине кругот на инфекции преку логични мерки во јавното здравство“.

По ѓаволите. Му ја кажав истата идеја и на Лук Алфи, основачот на Окситек. „Прилично силно сум наколнет кон екологијата за лесно да ја прифатам идејата за целосна елиминација на некој животински вид“, ми рече тој. Покрај тоа, овие методи со двигатели на гени се се уште многу далеку од реализација. „Тоа се само лабораториски модели“. Но што ако тргнеме против само еден вид, како Anopheles, кои навлегуваат во човековиот организам и живеат само за да ја шират болеста? „Тоа не би било нелогично да се земе предвид“, рече конечно, откако веќе нападно почнав да го убедувам. Сега се што ни е потребно е да преведеме дека не=нелогичното размислување во акција за уништување на комарците.

Кифлички за почетници

kifli

Состојки:

500 гр. меко брашно

240 гр. младо сирење

2 јајца

100 мл масло

2 лаж. сол

1,5 кесичка пециво

1 жолчка

1 лаж масло

Подготовка:

Во вангла измешајте ги јајцата, солта, млекото, маслото додадете го сирењето а потоа со матење со миксерот со перки за тесто и со додавање на брашно и прашок за пециво, замесете го тестото. Тестото поделете го на четири дела. Секоја топка растегнете ја со сукало на површина со брашно, исечете ја на осум или повеќе триаголници (зависно од тоа дали сакате кифлите да бидат помали или поголеми) и завиткајте ги во кифли.

Наредете ги во подмачкана тавка или во тавка со хартија за печење, премачкајте ги со премаз кој е направен од жолчка со лажица масло, посипете со семки по желба, посолете по желба и печете на 200 степени.