дома блог страница 5457

Сите полудеа по овој рецепт – еве како да направите пица во филџан

pica (1)

За подготовка на овој едноставен рецепт не треба многу време. Проверете зошто за само неколку дена „пицата во чаша“ стана најбаран рецепт на Интернет. Потробни ви се само неколку минути и микробранова печка.

Сосотојки:

4 лажици брашно

сол

1 пакетче прашак за пециво

1 пакетле сода бикарбона

3 лажици млеко

1 лажица масилново или сончогледово масло

1 лажица сос од домати

неколку парчиња салама или чајна – по ваш избор

оригано или некој зачин кој вие го сакаате

Подготовка:

Во голем филџан ставете го брашното потоа додаете го пецивото, тоа добро измешајте го. Потоа додаете го млекото и маслото, повторно измешајте и тестото е готово.

Подлогата намачкајте ја со сосот од домати, па над неко ставете кашкавал. Потоа наредете ја саламата или чајната и сето тоа зачинете со оригано.

Подготвената пица ставете ја во микробранова и печете ја неколку минути.

Фејсбук го слави 12-иот роденден со пријатно изненадување за вас

Prijatelji_1000x0-650x396

Денес е вистински ден за да се сетите на сите пријатели – и на оние што и понатаму се во вашиот живот, како и на оние што со текот на годините сте ги заборавиле.

Животот природно не разделува од луѓето со кои што некогаш сме биле неразделни  – па токму затоа Фејсбук дене на својот 12-ти роденден реши на интересен начин да не потсети на некои интересни мигови што засекогаш останале забележани со фотографиите.

Инаку, Фејсбук бил основан пред точно 12 години на 4-ти февруари во 2004-тата година на Кембриџ. Марк Цукербег тој ден официјално ја пуштил во употреба социјалната мрежа, која била наменета за комуникација помеѓу студентите меѓусебно. Тогаш воопшто не ни сонувал дека таа социјална мрежа мошне брзо ќе стане глобална занимливост, која денес вреди повеќе од 245 милијарди долари.

За да го прослават овој ден со своите корисници, момците и девојките од Фејсбук подготвија интересно изненадување во вид на видео со кое што секој од нас може да ги прослави сопствените пријатели.

Фејсбук одлучи овој ден да не го нарече сопствен роденден, туку Ден на пријателите – а и вие можете да го прославите така што ќе направите видео со фотографии од вашите пријатели.

Фејсбук автоматски ќе ви избере фотографии, но доколку не ви се допаѓаат можете рачно да ги измените. Направете го вашето видео ОВДЕ.

Објавен огласот за помош на младите земјоделци

oglas (1)

Сите што сакаат да се занимаваат со земјоделска дејност, а што немаат наполнето 40 години, да поднесат апликации до Полатежната агенција за субвенции за млади фармери, апелира денеска заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски.

Костадиновски при посетата на земјоделецот Таки Георгиески од скопско Булачани, кој лани аплицирал и добил грант од 600.000 денари за насад за гоџи бери, информира дека огласот за субвенционирање млади фармери е објавен вчера.

– За оваа година обезбедени се средства за преку 100 апликации. Интересот е огромен. Во 2012-та имаше само тројца апликанти, додека во 2013, 14-та и 15-та година кога интересот беше најголем, одобрени беа 134 во износ од 1,2 милиона евра. До последниот оглас објавен вчера, поддршката изнесува 1,5 милиони евра за вкупно 170 млади земјоделци, истакна Кoстадиновски.

Земјоделецот Таки Георгиев појасни дека минатата година аплицирал и добил субвенции за млад земјоделец во висина од 10 илјади евра за гоџи бери. Финансиската олеснителна околност, односно субвенцијата од Министерството била пресудна за Георгиев да почне со овој бизнис.

Огласот за млади земјоделци ќе трае еден месец, а барањата се доставуваат електрински. За сите информации, младите земјоделци можат да се обратат во Агенцијата за поддршка и развој.

Заменик министерот Костадиновски во изјавата се осврна и на обвинувањата на дополнителнiот заменик министер Љупчо Николовски дека се доделувале земјоделско земјиште и субвенции на луѓе кои не се занимавале со земјоделство. Костадиновски му порача на Николовски да не ги манипулира јавноста и земјоделците во отсуство на, како што рече, какви било мерки или проекти.

Црковниот хор “Св. Петка” oд Прилеп организира аудиција за прием на нови членови

12642868_979364278766491_6254699239632592780_n

Црковниот хор “Св. Петка” oд Прилеп организира аудиција за прием на нови членови. Аудицијата ќе се одржи на 6 февруари 2016г. (сабота) во Музичкото училиште “Ордан Михајлоски – Оцка” во Прилеп, од 10 до 12 часот.

Турнир во баскет „Гоце Делчев“

12592034_827976297314685_1487530194_o

Од 5 до 7-ми Февруари во спортската сала на средното учичлиште „Ристе Ристески Ричко“, ќе се одржи турнир во баскет по повод 60 годишнината од формирањето на првиот кошаркарскиот клуб во градот „Гоце Делчев“.

По тој повод кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“ ги повикува сите заинтересирани да се пријават на овој турнир до 4 февруари. Според пропозициите на баскет турнирот екипите ќе бидат поделени во три возрасни категории. Првата за натпреварувачи до 18 години, од 19 до 40 години и над 40 години.

IMG_7783

Oва е само почеток на една баскет приказна која што Општина Прилеп ја започна со цел да го зголеми рејтингот на баскетот во градот како и водењето на здрав начин на живот во духот на баскетот. Се надеваме дека овој турнир ќе прерасне во традиција кој ќе се одржува секоја година. Пријавувањето е бесплатно, а за најдобрите три екипи од секоја возрасна категорија ќе бидат обезбедени награди.

Резултатите, групите и распоредот на натпревари ќе бидат објавени на Facebook страницата – Турнир во баскет „Гоце Делчев“.

Во Прилеп одбележани 144 години од раѓањето на „Гоце Делчев“

IMG_7682

Делегација од општина Прилеп, Советот на општина Прилеп и вработените во ОУ „Гоце Делчев“, денеска положија свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во ОУ „Гоце Делчев“. Со низа други активности денеска се одбележаа 144-години од раѓањето на македонскиот револуционер Гоце Делчев.

IMG_7703

IMG_7677

IMG_7694

Идеологот на македонската револуционерна борба е роден на 4 февруари 1872 година во Кукуш.

IMG_7770

IMG_7712

IMG_7718

IMG_7733

IMG_7742

IMG_7749

IMG_7754

Исчезнатото 2-годишно дете од Прилеп пронајдено мртво

Двегодишниот О.Н. од Прилеп рано изутрината е пронајден мртов во каналот со вода во прилепската населба Тризла.

kanal-640x360

Според основниот јавен обвинител Лидија Салатоска Илиоска, вчера родителите пријавиле дека исчезнало двегодишно дете од прилепската населба Тризла.

– Вчера околу 15.30 часот родителите на двегодишниот Омер пријавиле дека исчезнало нивното дете. Потрагата по детето траеше до утринските часови. Неговото безживотно тело од членови на семејството е пронајдено изутрината, околу 6.30 часот во каналот со вода што се протега од Марковите кули кон населбата Тризла. Било удавено и со лицето кон водата во каналот, изјави Салатоска Илиоска.

Јавниот обвинител побара да се изврши обдукција за да се утврдат причините за смртта на двегодишното дете.

Исчезна двегодишно дете во Прилеп

prilep-640x427

Вчера во 19,30 часот во ПС-Прилеп, С.А.(52) од Прилеп, пријавила дека истиот ден околу 15,00 часот од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот двегодишен внук.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

ФОТО – Излета камион на патот Прилеп – Градско

12666449_1164903043527328_971703182_n

Денеска околу 11 часот се случи сообраќајна незгода на патот Прилеп- Градско. Излетан е камион кај месноста Склештен мост. Според неофицијални информации нема повредени и причинета е само материјална штета.

Не е дојдено до прекин на сообраќајот и патничките возила се движат без застој по овој патен правец.

12647772_1164903120193987_285915416_n

Градоначалникот Ристески поканет на традиционалната прослава на Бакалите

IMG_7857

Домаќински со шише црно вино и ракија и оваа година бакалите го поканија градоначалникот Ристески да присуствува на празникот поврзан со бакалите.

IMG_7817

IMG_7814

Градоначалникот Ристески со особено задоволство истакна дека ова „Здружение на бакали“ е едно од најактивните во Република Македонија  и дека е горд што и тој потекнува од бакалско семејство. И покрај многуте работни обврски Градоначалникот Марјан Ристески секоја година практикува да ги посети прилепските бакали и да ја сподели нивната заедничка прослава.

IMG_7851

IMG_7833

IMG_7835