Сабота – 13.02.2016 – 19.30 часот
“ПРЕМИЕРА ВО….” – режија на Колe Ангеловски
Влезници на билетарницата од театарот. Резервации на телефон – 428 644 или 076 442 378
Повелете !
Откако нивните колеги од други области дојдоја до неверојатни заклучоци, и лингвистите од институтот “Фрањо Араповиќ” , најпосле го завршија долгогодишното истражување за јазиците на Јужните Словени.
– Хрватскиот и српскиот јазик не се два одвоени јазици, туку се само дијалекти на оригиналниот јазик кој го говореле Јужните Словени. Најблизок до тој оригинален јужнословенски јазик е Македонскиот, па така може да се речи дека македонски се говори во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, па и во Хрватска. Овие народи само развиле различни дијалекти, објаснуваат лингвистите .
– Нашите истражувања се без грешка. И јас некогаш сум мислела дека српскиот и хрватскиот јазик се два одвоени јазици, но сум грешела. Ова истражување и неговите заклучоци се непоборливи. Срвите и Хрватите говорат ист јазик, македонски, кратко прокоментирала Санда Хам.
Угледните лингвисти додале дека го утврдиле и тоа дека, бугарскиот јазик не е ист како македонскиот. Откриле дека при ширењето на старословенските племиња, во Бугарија веројатно отишол и еден Македонец со говорна мана, па словенизираните Бугари го прифатиле македонскиот јазик со говорна мана, кој и денес го говорат во малку модифицирана верзија.
Колку резултатите на ова истражување се уверливи покажува и тоа што, многу светски универзитети веќе наредниот ден од објавата на овие истражувања, ги преименувале катедрите за јужнословенски јазик во катедри за македонски јазик.
Aлександар Георгиоски
Патот кој води од Прилеп до населеното место Волково наскоро ќе добие асфалт во должина од 3.800 метри. Во тек се подготовките на овој инфраструктурен зафат, посочи градоначалникот Марјан Ристески во изјава дадена за локалното население.
Градоначалникот Ристески во изјавата посочи дека станува збор за инвестиција од 24.000.000 милиони денари, средства обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и општина Прилеп.
Со оваа реализација, која е од суштинско значење за стопанството ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните.
Од овие состојки ќе добиете 1 литар вкусна и мошне здрава и лековите смеса.
Намалувањето на хемоглобинот во крвта, независно од бројот на еритроцити, црвени крвни клетки го намалува капацитетот на крвта да го пренесува кислородот и доведува до анемија.
Во народната медицина постојат повеќе рецепти за зголемување на хемоглобинот во крвта.
Еден од нив е препорачан и од самите лекари, а исклучително е добар за зголемување на хемоглобинот, кревање на нивото на крвните клетки и за подобрување на комплетната крвна слика.
За подготовка на овој природен лек ќе ви биде потребно 200 мл мед, 200 гр ореви, 200 гр суво грозје, 200 мл сок од морков, 200 мл сок од цвекло и 2 лимона.
Измиете ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките. Измелете ги во машина за мелење месо и ставете ги во сад.
Додадете мед, сок од цвекло и од морков, па добро промешајте. На крајот додадете и ситно исечкани ореви и суво грозје и се добро соединете.
Ќе добиете едно литро вкусна и доста здрава лековита смеса. Чувајте ја во фридижер. Земајте три пати дневно по една супена лажица пред јадење.
Искусниот Жозе Мурињо порача дека ќе биде меѓу најдобрите, наводно неговите претставници веќе преговараат со Манчестер Јунајтед.
Мурињо во декември се пресели од Челзи и би можел да го заслужи местото во Јунајтед.
Холанѓанецот е со договор за до летото 2017-та година, како и да е „црвените ѓаволи“ пропуштија да ги постигнат успесите кои од нив се очекуваат.
„Секогаш ми е потребно натпреварување, ќе победувам меѓу најдобрите“, вели Мурињо.
Португалецот во декември претходната година по втор пат се пресели од „Стамфорд Бриџ“ бидејќи клубот претходно го водеше од 2004 до 2007-та година.
Во текот на кариерата досега Мурињо ги предводеше Бенфика, Порто, Интер и Реал Мадрид.
„Може да има семејство, пријатели, мирен живот кој го обожувам, потребен е и свој фудбал“, додава Мурињо.
„Да бидам потполно среќен мора да ги уживам сите нешта и затоа сум заљубен во фудбалот“, истакна Португалецот.
The Martian (МАРСОВЕЦОТ) :
Режисер : Ридли Скот
Главни улоги : Мет Дејмон, Џесика Частејн, Кристен Виг, Џеф Даниелс, Мајкл Пенја, Шон Бин, Кејт Мара, Себастиан Стан, Аксел Хени, Макензи Дејвис, Бенедикт Вонг, Доналд Глоувер, Чен Шу, Еди Ко, Чуетел Еџиофор и др.
Држава : САД, Велика Британија
Година : 2015
Времетраење : 141 минути
Резиме : За време на пилотирана мисија до Марс, после силна бура, астронаутот Марк Ватни (Мет Дејмон), е сметан за мртов и е изоставен од колегите. Но Ватни оживува и се наоѓа сосем сам на непријателската планета. Располагајќи само со мали резерви, тој треба да се ослони на својата генијалност, за да преживее и да најди начин да сигнализира на Земјата дека е жив. На растојание од милиони километри, НАСА и екипа од меѓународни учени работат неуморно, за да го вратат Марсовецот назад дома. Секој од нас го имал чувството дека е сам на овој свет. Но единствено Марк Ватни го опознава чувството да си сам на Марс.
The Last Witch Hunter (Последниот ловец на вештерки) :
Сценарист и режисер : Брек Ајзнер
Главни Улоги: Вин Дизел, Роуз Лесли, Илајџа Уд, Мајкл Кејн, Армани Џексон, Самара Ли и др.
Држава : САД, Кина, Канада
Година : 2015
Времетраење : 106 минути
Резиме : Светот ни крие многу тајни, и најневеројатната од нив е, дека меѓу нас сеуште живеат вештерки – злобни суштества со надприродни способности, решени да ја ослободат Црната смрт над светот. Во тек на векови со необичниот непријател се бореле цели армии на ловци на вештерки, вклучително и Колдер (Вин Дизел) – силен војник, кој успеал да ја убие семоќната кралица на вештерките и да погуби голем број од нејзините следбеници. Точно пред смртта, кралицата го проколнала со безсмртност. Денес Колдер е последниот преживеан од својот вид. Поминал векови во пронаоѓање вештерки, не престанувајќи да копнее по изгубените блиски. Без да претпоставува, тој сега е на пат да се соочи со најсериозниот предизвик во својот долг живот – кралицата е воскресната и очајно сака да се одмазди на убиецот.
The Man From U.N.C.L.E (Човекот од U.N.C.L.E) :
Режисер: Гај Ричи
Главни Улоги : Алисија Викандер, Џаред Харис, Хју Грант, Арми Хамер, Хенри Кавил, Елизабет Дебики и други
Држава : САД, Велика Британија
Година: 2015
Времетраење: 116 мин.
Резиме: Најновото aкционо продолжение на режисерот Гај Ричи, „Човекот од U.N.C.L.E.”, е свежо обновување, на популарниот телевизиски сериал од 1960-те, со учество на звездите Хенри Кавил во улогата на Наполеон Соло и Арми Хамер како Илја Курјакин. Дејствието се развива во почетокот на 1960г. во текот на Студената војна и е фокусирано врз динамиката во односите на шпионот на ЦИА Соло и агентот на КГБ Курјакин. Двајцата ги обединуваат способносите во заедничка мисија – да биде запрена таинствена меѓународна престапна организација решена да ја дестабилизира кревката рамнотежа на светските сили, распростанувајќи нуклеарни оружја и технологии. Единствената трага на екипата е ќерката на исчезнат германски научник, кој е клучот кон проникнување на престапната оганизација, и треба да побрзаат да го откријат за да спречат светска катастрофа.

Aнкетите на маркукуле.мк кои ги спроведуваме во изминатите месеци, се покажаја како дискутабилни теми, кои побудија интерес кај нашите читатели. Елаборирајќи актуелни теми, добиваме фидбек за интересите и размислувањата на граѓаните, за теми кои сите нас не засегаат.
Изминатиот период спроведовме анкета која гласеше: Што очекувате после најавените парламентарни избори во 2016 година, без разлика на тоа која политичка партија би победила на истите?
Од понудените одговори нашите читатели во најголем процент се изјаснија дека политичките кризи ќе бидат честа појава и во иднина. Следуваше одговорот дека овие избори ќе значат крај на политичките кризи во иднина. Како трето нешто што можеме да очекуваме е економски подем на државата, после изборите. А најмал број на граѓани сметаат дека изборите ќе помогнат да се реши проблемот со името.
Во наредниот период, имајќи во предвид дека се ближи крајот на откупот на тутунот, како една од главните економски гранки и индустриска култура што значи опстанок за голем број семејства, нашата анкета ќе гласи:
Дали овогодинешните цени за откуп на тутунот се рамноправни и со нив се почитува трудот на земјоделците?
1. Да, тутунарите го добија заслуженото
2. Не, тутунарите се оштетени
3. Секогаш може подобро
4. Добро е ако вака се продолжи и во иднина
[democracy id=”8″]
18 годишната Нада Мерхи и нејзиниот сопруг Хасан Јусеф, се венчаа во Сирискиот град Хомс и позираа во неговите рушени.
Нада и Хасан не сакаа да и дозволат на војната и стравот да им ги уништат спомените од денот кога се олучиле на заеднички живот.
Сакаа нивното венчање да биде потсетник дека љубовта е појака од војната.
Градот Хомс се наоѓа на западот Сирија и некад бил познат како главен град на револуцијата, зошто опстана и после пет години војна. Сепак неговите лузни се големи, за што сведочат и овие фотографии Џафар Мераја.
Погледнете го ова уникатно дело. Застава “стокец” со монтиран мотор од BMW и далеку поголеми тркала. Изгледа неверојатно и моќно. Во неа се крие шест-брзински BMW мотор со работна зафатнина од 2.500 кубни сантиметри и моќност од 192 коњски сили.
Погледнете го видеото и дознајте за што навистина се работи:
Александар Георгиоски