дома блог страница 5452

Што може Голф после 32. години? – Погледнете го видето и дознајте зошто е најдобриот автомобил на Балканот

golf (1)

Квалитетот на овој автомобил говори за себе поради што неговите сопственици често велат дека е незаменлив.

За тоа сведочи и видетото кое се појави на фејсбук пред неколку дена на кое Босанци ги покжауваат можностите на нивниот 30-годишен миленик.

Тие на магистралниот пат во Зеница направиле тест за да покажат дека тој е надобриот автомобил, па возеа во трета брзина и достигнаа брзина од 180 километри на час.

Со овој тест си го докажаа своето тврдење.

Исповест на хрватска моделка: Како се омажив за 25 години постар милјардер

melita-1-612x396

Мелита Фабечич е модел и хрватски Мис Универзум за 2013 година, а Олександр Онишенко е бизнисмен, поранешен заменик-министер за кризни ситуации на Украина, член на парламентот, сопственик на модна агенција и на фудбалскиот клуб Арсенал Киев.

Вистина е, се чувствувам како во бајка, среќна сум и заљубена. Мојот сопруг и јас се сретнавме  неколку месеци пред тоа, сепак, венчавката се одржа на брзина, речиси невозможно брзо. Венчавката во било која институција бара време па така, листата на чекање во Киев е толку голема што треба два месеци однапред да земете термин, ако барате одреден датум. А ние нашата венчавка ја организиравме во малку повеќе од една недела. Не можам да кажам дека тоа беше љубов на прв поглед, но може да се каже дека во запознавањето навистина имаше нешто и дека мојата искреност го освои, раскажува поранешната Мелита Фабечиќ (21), која пред неколку дена се омажи за 25 години постариот украински милијардер Олександр Романович Онишенко.

onishenko

Менува презиме

Новопечената госпоѓа Онишенко, која сега веќе го менува презимето на документите, е победничка на хрватскиот Мис Универзум за 2013 и модел кој поседува неверојатна сличност со Хрватска Адријана Лима. Избраникот на нејзиното срце е наводен миленик на поранешниот украински премиер Виктор Јанукович, кому во мандатот од 2007-2014 му беше помошник-министер за вонредни ситуации, а актуелно е заменик е во парламентот, сопственик на модна агенција и сопственик на фудбалскиот клуб Арсенал Киев, што го купи пред две години. Фудбалот е неговата нова играчка, или хоби со кое се занимава наместо со јавање. Тој со јавање се занимаваа со години, а се натпреварувал и на Олимписките игри во 2008 и 2012.

Јас не сум тип на девојка која ја прилагодува вистината на другите. Јас имам свои мислења и ставови. Всушност, нему девојките  не му одолеваат, додека од друга страна јас не бев толку импресионирана на прв поглед, да речеме, поради парите, и ова е една од главните вредности што таков човек како го цени кај млада девојка, знам. Мојот сопруг и јас се сретнавме на едно од патувањата. Добив можност да видам еден од коњичките клубови, да ги запознаам Олимписките јавачи и најдобро обучените коњи во светот. Во странство јавањето мошне се цени и ако знаеш да јаваш веднаш си „едно ниво погоре“. Се покажав како вешта и сите ги импресионирав. Воочив дека сите ме посматраат, па Олександр ми пријде и ми даде комплимент дека изгледам мошне грациозно, дека ми одговара неговиот коњ кој по природа е многу див, за што јас незнаев. Потоа се почегува дека сум успеала да направам чудо, да го скротам коњот што само тој успева да го контролира. Тоа беше нашето запознавање. Воглавно, ме освои со одлучноста, ставот и одбрабеноста. Просидбата беше мошне романтична, ме праша на хрватски јазик дали сакам да се омажам за него и навистина околу тој чин мошне се потруди, а за мене тоа беше голем шок, пишува оваа девојка од Загреб.

Мајката не присуствувала

На венчавката во Киев не присуствуваа нејзините родители и семејството. Иако тој претходно беше во врска со други познати жени, како што е Мартина Хингис, наследничката на престижниот синџир хотели Парис Хилтон и украинската манекенка Снејана Онопко, како и во брак со Мис Украина, Ксенија Кузменко, него го бие глас дека е повлечен и скромен човек кој не сака беспотребно да ги троши парите. За тајната венчавка се дознало кога таа на социјалните мрежи се пофали со лист и фотографија во неговите прегратки.

Моите роднини и пријатели ќе бидат поканети на прославата што ја подготвуваме за пролет, јас се сомневам дека тоа ќе биде во Киев и во Загреб, сеуште ги разгледуваме локациите. Свадбата не беше во Православната Црква, како во Хрватска тоа беше погрешно пренесено. Нему овој чин многу му значи, па пред венчавката во Киев ме запозна со сите, ме однесе во црква, се прекрсти и ми ја покажа околината. Ми рече дека ова е навистина мој избор, тој би сакал да одиме по тој пат, но, исто така, истакна дека ме прифатил таква каква што сум. Моите блиски го запознаа, бидејќи пред свадбата тој дојде со мене во Хрватска. Пријатно беа изненадени од него и неговата пристапност како и од за мене и за сите што ги сакам. Знаат каква сум и дека за ништо не би направила лош избор. Јас го запознав и неговиот син единец со кого тој многу се гордее. Веднаш ме претстави како негова сопруга. Моето име сега е Мелита Онишенко. Имам доста планови, а во овој миг ми е најважно да работам на себе си, многу да учам и да сер надоградувам. И понатаму имам своја визија, цели, поради што на бракот гледам само како на плус затоа што покрај себе имам личност која ми е потпора во се, поради која сакам да бидам подобра, бидејќи тој навива за мене. Нема толку да се фокусирам на моделинг. Мојот сопруг и јас одлично се разбираме и имаме слични погледи на се. Убаво ми е додека сум со него и навистина сакам да му бидам оаза на мирот и на поддршката, да бидам во се со него и покрај него. Тој запознал многу девојки, топ модели, мисици, како и спортистки, угледни дами, па сигурно ми ласка што од сите нив ме избра баш мене и баш јас сум таа посебна за него, открива Мелита.

 

Струмичанец го снимал сексот со малолетничка, видеото го пратил на татко ѝ

pornografija-470x396

Триесетдневен притвор заработи струмичанец, откако снимил порнографско видео со малолетничка, а истото го објавил на совијалните мрежи, па дури го пратил и до таткото на девојчето.

Основното јавно обвинителство – Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение за сторено кривично дело – Производство и дистрибуција на детска порнографија.

Осомничениот, со својот мобилен телефон, без согласност снимал малолетно лице додека воделе љубов. Притоа, снимените клипови ги направил достапни преку средства за масовна комуникација: Фејсбук, Месинџер и Инстаграм, а фотографиите и видеата со порнографска содржина ги испраќал и до таткото на оштетената, како и до други лица.

Поради опасност од бегство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка во Основен суд – Струмица поднесе барање и за определување на мерка Притвор.

По спроведената постапка, судијата определи мерка Притвор во траење од 30 дена.​

Страшна сообраќајка пред Велес: Настрада семејство со две бебиња

policija111

Пет лица, меѓу кои две малолетни деца се тешко повредени во сообраќајка несреќа која вчера попладне се случила на магистралниот пат Штип-Велес.

Oд полицијата информираат дека 34 годишниот А.И. од Делчево управувајќи „Ауди А4“, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во несреќата тешко повреден е возачот и четворицата сопатници, неговата сопруга А.И.(30), педесет годишната Д.И. и две малолетни деца, од кои момче родено 2015 година и девојче родено 2014 година.

Поради сериозноста на повредите, по укажаната лекарска помош во општата болница во Велес, сите се пренесени во Клиничкиот центар во Скопје. На местото на несреќата извршен е увид.

Не си играјте со судбината – Совети и предупредувња за 2016. година!

horoskop-640x396

Во 2016. година, според зборовите на Сузан Милер, една од водечките светски астролози, секој знак мора да биде свесен за некои клучни можности.

Овен

Ова е година кога конечно треба редовно да одите во теретана или да трчате маратон.  2016. е иделна година за лицата родени во овој знак да се посветат на своето здравје и да се доведат во форма која ја посакуваат. Ако имаат здравствени проблеми, решете ги до сепстември. На претставниците на овој знак во втората половина од годината им се најавуваат брачни понуди. Се на се’, ако сте Овен, ова ќе биде одлична година за остварување на зацртаните цели.

Бик

За Биковите во 2016. клучно е дека оваа година ќе биде во знакот на љубовта. Ако сте во брак, вашата љубов ќе стане посилна и подлабока. Може да се случи да добиете принова.

Близнаци

Оваа година е идеална за реновирање, но и за изнаоѓање нова куќа или стан.  По 9.септември ве очекува напредок на љубовен план. Овој знак може да очекува голема поддршка од семејството.

Рак

Раковите ќе почнат да комуницираат на сосема нов начин. Ако се прашувате што значи тоа, Сузан дава јасни примери: На пример, ако работите со пишани извештаи во некоја фирма, годинава од вас ќе се бара да работите нешто сосема друго. Првата половина од годината е во фокусот на работата, а втората во фокусот на семејството.

Лав

Оваа година ќе ви донесе многу пари, но не треба да очекувате тоа да се случи само од себе – барајте зголемување на плата! Годинава е најдобар период да заработите повеќе пари, па важно е на тој план да преземете активна улога.

Девица

Кога се во прашање Девиците, оваа година е посветена на активен социјален живот и движење. Фокусирајте се на запознавање нови луѓе, затоа што годинава ќе ви донесе познанства со важни и влијателни луѓе. Мора да бидете подготвени во својот живот да примате нови луѓе и да имате подготвн одговор кога нешто ќе ве прашаат…

Вага 

За Вагите е пресудна втората половина од годината, кога ќе им се склопат сите коцки. Ако сте чекале работите да тргнат на подобро, Сузан препорачува само да продолжите и да бидете повитивни, бидејќи во втората половин од годината животот ќе ви стане подобар од кога било.

Шкорпија

Оваа година ќе биде одлична за започнување на неверојатни пријателства. Шкорпиите, инаку, преферираат да останат дома и ги заморува зборување, но 2016. ќе биде година на богат социјален живот. Во втората половина ќе се ослободите од сите непотребни работи во својот живот.

Стрелец

Стрелците годинава ќе ги постават темелите за подобра иднина. Оваа година ве очекува голем напредок во кариерата, ако на тој аспект од животот се фокусирате до 9.септември, а после тоа фокусот ќе се префрли на љубовен план…

Јарец

Јарците оваа година им носи одлична можност да поработат на своето образование, со можност за бесплатна школарина или стипендиј. Ако сакате да запишете мастер или докторски студии, оваа е совршена година за тоа. Ако не сакате да продолжите со школување, 2016. е  вистинска година да одите на некое патување од своите сониша.

Водолија

За Водолиите оваа година значи „пари,пари, пари“!. Но, под тиепари, не се мисли зголемување на платата, туку на работи како што се поволни кредити, добивка во игри на среќа.

Риби

Кога се во прашање Рибите, ова е година за брак. Ако не сте во врска, фокусирајте се на остварување квалитетни деловни односи. Во втората половина од годината, ве очекува прилив на пари и споредни проекти.

Победа и Тетекс ремизираа во Охрид

12654601_10208616100863940_8444694405396997483_n

Фудбалерите на Победа денес во Охрид го одиграа 5-тиот пријателски натпревар во подготвителниот период. Дуелот со второлигашот Тетекс заврши без победник 1-1, резултат остварен по првите 45 минути. Во отворена игра од двете страни се одигра натпревар кој наликуваше на првенствен. Актерите на теренот не се штедеја во текот на сите 90 минути сакајќи да се надигруваат, но и да се наметнат кај своите тренери за место во почетните постави на своите екипи. Победа дојде во водство во 15-тата минута кога по слободниот удар на Мегленски, дебитантот Даноски со глава го совлада Силјаноски. Во првиот дел Победа беше поорганизирана, стоеше подобро на теренот и беше поконкретна и поопасна по противничкиот гол. Карчески го имаше потегот на овој дел од средбата кога со силен удар од 25 метри го погоди местото каде се спојуваат стативата и пречката. Тетекс израмни во 40-ттата минута од случаен автогол, кога по центаршутот на Божиновски топката удри во ногата на Колески и го изненади Манчевски, завршувајќи во небранетата мрежа.

12671928_10208616103023994_2339416150714596716_o

До одморот уште една шанса за Победа, но Силјаноски со пад во нозе го спречи Карчески од изгледна позиција. Во вторите 45 минути двајцата тренери Крстески и Михајлов извршија повеќе замени давајќи им шанса на сите играчи од клупата. Во 55-тата минуита убава шанса за младиот Иваноски кој во пад биеше од тешка позиција, но неговиот удар беше изблокиран. Прилепчани до крајот креираа уште две ситуации: во 74-тата минута ветувачка акција -контра 3 на 2 преку Мирчески без реализација и убава ,,штикла,, повторно на Мирчески, по нафрлањето од аголот топката беше изблокирана во корнер.

12719202_10208616101863965_8553151094999436993_o

Победа-Тетекс 1-1(1-1)

Победа:Манчевски, Талески, Крстески, Колески, Ристевски, Мегленски, Наумоски, Дунимаглоски, Карчески, Даноски и Гешоски. Уште играа:Јованоски, Богоески, Иваноски, Петрески, Тодороски, Тошески, Димитриоски, Здравески и Мирчески. Не настапија недоволно опоравениот Шаркоски и повредените:Котески, Велјаноски и Николоски.

Тетекс:Силјаноски, Тошевски, Атанаскоски, Стојковски, Стојчевски, Најдовски, Стојаноски, Бујчевски, Крстевски, Демир и Божиновски. Уште играа:Димовски, Попзлатанов, Иванов, Петров, Чаволи, Митревски, Додевски и Ибраими.Не настапија:Блажевски, Идризи, и Јовановски.

Градовите на духови во Кина. Футуристичка архитектура и модерен изглед, но не живее речиси никој

03_unborncities_no07-1024x819

Канагбаши округот на Ордос во Кина е урбан град кој се протега на огромно пространство, исполнет со блескави згради, футуристичка архитектура и паркови. Иако се работи за модерен град, во него не живее речиси никој. Тој е еден од многуте празни “градови на духови” во Кина. Овие градови ги изградила владата на Кина, за да ја урбанизира државата, но луѓето не можат да се населат во нив бидејќи не можат да си го дозволат тоа.

06_unborncities_no01-1024x820

1_unborncities_no02-1024x819

Кина има изградено стотици вакви градови во последните 3 декади, со план во нив да вдоми 250 милиони жители, дури шест пати повеќе од популацијата во Калифорнија на пример.

10_unborncities_no46-818x1024

07_unborncities_no15-819x1024

Новоизградените градови имаат за цел да ги покажат високите достигнувања на локалните политичари. Но многу од луѓето не сакаат да живеат во нешто што изгледа мртво. Скоро секогаш овие нови градови имаат огромен недостаток на работни места и развиена трговија, што е неопходно за да се живее во нив.

17_unborncities_no35-819x1024

12_unborncities_no18-1024x819

Во Кангбаши, владата се послужила со административни трикови, релоцирајќи многу бирократски институции и училишта, потоа обидувајќи се да убедат што поголем број на луѓе од околните села да се преселат таму. Но тоа не дало голем успех. Од планираните 500 000 жители, таму живеат помалце од 10 000.

n7Tksbn

China_Ordos_Kangbashi-19

“Градови и окрузи изградени без побарувачката или потреба резултираше со тоа што некои кинески научници го нарекуваат, буквално, ” ѕидови без пазари “, вели  Вилијам Хурст, професор по политички науки во Соединетите Американски Држави .

Aлександар Георгиоски

Интервју разговор со Александар Митрик (основач на Room313, организатор на настани, промотер и ДЈ)

image001

Техно колективот Room313, кои својата приказна ја започнаа од организирање журки во студентска соба, дебитираа со настап во клубот Вортекс, Зиген (Германија), со кој ја започнаа соработката со германскиот техно состав “Phonophil”.  Настанот се одржа на 05.02.2016, во кој со техно сет се претстави еден од основачите на Room313, Александар Митрик.

Ајде накратко за оние кои незнаат, од каде љубовта за електронската музика, поточното техното, кажетени нешто околу почетоците на оваа организација?

Митрик: Од како знам за мене сум пораснат со добра музика за која е виновна сестрами, таа ме научи да слушам и да уживам во музиката. Сум поминал низ многу стилови на музика, но техното ми остави поинаков впечаток. Љубовта највероватно се роди од енергјата со која зрачат овие техно настани, нивната слика како изгледаат и колку е полн со позитивна енергија подиумот на кој неможе да има некој кој не танцува. Поради љубовта кон техното, баскултурата и неможност да присуствуваме на сите настани од студентски причини, започнавме сами да организираме настани во Соба 313, студентски дом Кузман.

image002

По неколку настани од приватен карактер, интересот за овој настан се прошири и немањето на доволно простор не натера да побараме локал каде што ќе можеме слободно да се изразиме. Го добивме Капан Ан, и се започна од тука. Атмосферата и посетеноста која постепено се наголемуваше, не тераше да стануваме се попрофесионални во нашите настапи, и досега сме задоволни до каде стигна сето ова.

Кои се останатите членови од оваа организација и дали соработувате со некој од македонските артисти кои дејствуваат на ова поле?

Митрик: Room313 колективот се состои 4 членови, тоа сме Јас – Александар Митрикески (Mitrik), Љупчо Тодороски (LTX), Александар Самарџиски (Samardziski) и Дарко Илиески(Mamlyoo).

Се составивме највероватно поради тоа што сите имаме иста пасија – техното, ја следиме таа сцена и сакаме таа музика да ја пренесиме кон публиката. Секако дека имаме соработка со македонски артисти, бидејќи голем дел од нашите настани се пополнети со гостувања. Сме имале гостување на доста македонски артисти кои пуштаат техно, ние ги промовираме нив, а тие нас. Сета оваа организација се шири задоволително брзо, позитивните коментари се секогаш добредојдени и ни даваат енергија и мотив да продолжиме во нашата мисија.

image003

Дали за да се оформи ваква организација е потребна скапа опрема и дали опремата игра важна улога во успехот на еден ДЈ?

Митрик: Не е многу битно каква опрема имаш, битно е што можеш да направиш преку неа, а најбитно од се е да се има идеја!!! Некои мислат дека најдобар ДЈ е тој што пушта на грамофони и ја презентира својата музика преку плочи. Моето мислење за тоа е дека нема најдобар ДЈ, секој си има свој најдобар ДЈ што го слуша со затворени очи, верува во неговиот избор на музика и не му е битно како го прави тој звук, кој преку добар саунд систем звучи совршено. Пуштањето на музика на плочи е хоби, скапо хоби! Што да прават тие кои не можат да ја презентираат музиката на тој начин, а сакаат да презентираат квалитетна музика?! Значи не е се до опремата за да се изведи ваков настан, таа зависи од ДЈот. Многу битна улога има саунд системот во собата на настанот, тука играат улога парите – колку повеќе, толку подобар!

Како дојде до соработката со германски техно колектив, дали може да ни кажете нешто повеќе за нив?

Митрик: Минатото лето, со уште тројца пријатели го посетив градот Зиген, во кој случајно налетавме на забава организирана од “Phonophil”. Уште во првиот контакт со внатрешната атмосфера во клубот осетив дека се работи за слична организација како Room313. Се запознав со основачите од таа екипа и добивме до знаење дека имаме иста мисија и шириме иста култура и музика. Дојдовме до идеа да правиме соработка, ние да ги претставиме на македонската публика, а тие нас на германската. По 6 месеци таа идеа се реализира. Како гостин со техно сет се претставив пред нивната публика, а ДЈ пултот го делев со домаќините Big White, Craxx и Clavus, кои се добро познати на технољубителите во тој град.

image004

Дали има разлика помеѓу атмосферата на настаните кај нас и настаните во Германија?

Митрик: Иако техното кое го презентираме ние е инспирирано од Берлинската андерграунд сцена и музиката што најчесто ја пуштаме е од германски артисти, не би можел да кажам дека публиката во Македонија помалку се забавува од таа таму, зборувам за нашите забави. Но чувството што сум одлетал далеку од дома специјално за да ја споделам мојата музичка библиотека на гласен саунд систем, е бесценето! Немам коментар за тоа како бев примен и претставен од нивна страна.

Кои се следните планови на Room313, дали да очекуваме поголеми настани во иднина?

Митрик: Room 313 продолжува со своите резиденцијални настани во клубот Капан Ан, како и настаните кои повремено ги имаме во другите градови. Од особена важност ни е да ја развиеме оваа сцена во Прилеп, бидејќи поголемиот дел во составот сме од Прилеп. Имаме се повеќе и повеќе подршка од Прилепчани и се надеваме во скоро време ќе се најде целосно соодветен локал од кој гласноста нема да пречи на никој и во кој ќе можеме слободно да се забавуваме до раните утрински часови. Ќе ги напоменам пак Phonophil, бидејќи зборуваме за планови во иднина, овој пат ќе имаме гостување од нивна страна. Ќе се обидеме да им организираме турнеа во повеќе градови низ Македонија. Нивната сериозност кон музиката и начинот на кој можат да се изјаснат преку неа, мора да ја осетат сите фанови на Room313 настаните. Оваа прилика ќе ја искористам и да дадам отворена соработка, доколку има некој заинтересиран и има идеа и место во било кој град, слободно нека не контактира  да реализираме настан заедно со германската екипа.

https://www.youtube.com/channel/UCuyJO5eTBHCLWjlmzlr9UFw

https://www.facebook.com/room313sk

Во редовен сообраќај новиот воз на Македонски железници

nov-voz-soobrakaj

Македонски железници Транспорт  денеска  пушти во редовен сообраќај нов електромоторен патнички воз, првиот од шесте нови патнички воза што ги набави од кинеската компанија ЦРРЦ.

Новиот воз сообраќа на линиите Велес-Скопје и Скопје Велес, како и Скопје-Табановце и Табановце – Скопје.

Возот е со капацитет за 200 патници, со електронска табла за управување, камери наместо ретровизори, монитори за кабината на машиновозачот, климатизирани вагони, електронски дисплеи за означување на станиците, вакуум-тоалети…Изработен е согласно техничките стандарди за интероперабилност на ЕУ.

Од кинеската компанија МЖ набави два електромоторни и четири воза на дизел погон од кои првиот се очекува да пристигне во текот на неделава, потврди директорот на МЖ Транспорт Никола Костов.

Инвестицијата во обновата на возниот парк на Железницата изнесува 25 милиони евра, обезбеди преку Европската банка за обнова и развој. Претходно како дел од проектот беа набавени нови 150 товарни вагони, инвестиција од 13 милиони евра. Со новите шест воза ќе бидат покриени околу 60 проценти  од линиите во патничкиот сообраќај.