дома блог страница 5451

ГАЛЕРИЈА: Вториот модерен воз пристигнува кон Македонија

Пристигнува вториот воз од Кина.

 

nov-voz-3kina-640x360

Фотографиите до кои дојде Курир се направени на солунското пристаниште од каде возот ќе биде транспортиран во Македонија.

Предвидено e следната недела да пристигне во земјава. Првично ќе сообраќа на релација Скопје-Битола.

Станува збор за дизел моторна гарнитура.

Следните 4 пристигнуваат сукцесивно, по два. Најдоцна до месец април сите ќе бидат во Македонија.

nov-voz-2kina-640x360 nov-voz-8kina-640x360 nov-voz-kina-640x360

Како во хорор-филм: Прилепчанец го мумифицирал телото на мртвата сестра

Обдукцијата треба да покаже кога точно и како починала 49-годишната прилепчанка Милка Наумоска чие тело вчера попладнето беше пронајдено во нејзиниот семеен дом на улицата „Браќа Ламески“ бр. 1, соопштуваат од прилепското Основно јавно обвинителство.

prilep-kuka-zrtva-640x356

Според обвинителот Маријана Илиеска, полицијата вчера попладнето околу 17 часот го нашла мумифицираното тело на жената, откако соседите пријавиле дека се шири непријатна миризба. Телото го чувал братот, 50-годишниот Јане Наумоски. И братот и сестрата имале психичка попреченост.

Според Гоце Јонзоски, раководител на службата за итна медицинска помош, жената била мртва повеќе од една година.

– Според првичната проценка, таа била веќе почината повеќе од една година. Била чувана во посебна просторија, била прскана со средства против мушички, покривана со неколку ќебиња. Буквално, телото било мумифицирано и личело на мумија, како што гледаме во египетските филмови, вели Јонзоски.

Јане и Милка Наумоски живееле сами, откако пред три години починал нивниот татко.

Основниот јавен обвинител побара обдукција со која треба да се утврди како и кога настанала смртта на 49-годишната прилепчанка.

Победниците на турнирот во баскет на средба со Градоначалникот Ристески

IMG_8657

Градоначалникот Марјан Ристески денеска во својот кабинет оствари средба со победниците на турнирот „Гоце Делчев. Турнирот, се организираше по повод 60- годишнината од формирањето на првиот кошаркарски клуб во градот „Гоце Делчев“.

IMG_8620

IMG_8593

IMG_8603

Градоначалникот Ристески посочи дека општина Прилеп планира да направи традиционален турнир во баскет кој ќе се случува двапати во годината еднаш по повод раѓањето на Гоце Делчев, а вториот во летниот период кога ќе заврши учебната година. Турнирот побуди голем интерес, а учество земаат, 40 екипи кои беа поделени во три возрасни категории.

IMG_8644

IMG_8621

IMG_8641

Кошаркарскиот клуб „Марфил Спорт“ им се заблагодари на организаторите и подржувачите на настанот и вети дека во иднина овој турнир ќе прерасне во традиција, кој ќе се одржува секоја година.

IMG_8654

IMG_8645

IMG_8651

ВИДЕО – Колку неверојатно изгледа Македонија низ очите на странците

1

Уште еден доказ за тоа колку треба да ја цениме и сакаме нашата држава е токму ова видео. Mateusz Kanownik, студент по кинематографија, неодамна со своето друштво биле во посета на Македонија. Своите доживувања и одлична забава ги пренесуваат преку ова видео. Посетата на Охрид и Скопје и дел од убавините на Македонија ги пренесуваат преку три минутно видео кое ќе ви го направи денот поубав.

Погледнете и уживајте во тоа што со зборови не може да се опише:

3

2

 

Aлександар Георгиоски

Пирло опиша се: Вака одбив понуда од 40 милиони долари, неколку ферарија и приватен авион

ANDREA-PIRLO-WALLPAPER-HD-6

Легендата на италијанскиот фудбал Андреа Пирло, во својата книга откри како додека играл за Јувентус одбил понуда од еден катарски клуб.

Пирло наведе како течел разговорот со неговиот менаџер Тулио.

“Андреа те бараат оние од Катар”

“Ти си луд. Ни во сон”

“И Гвардиола играше таму”

“Кога играше беше на залезот на кариерата”

“Во ред, но заради бонтон би требало да се состанеш со нив”

Пирло потоа објаснува како течел состанокот со претставниците од катарскиот клуб.

“Здраво договорот е спремен”

“Добар ден и на вас. Драго ми е што се запознавме”

“Нашиот дрес одлично ќе ти прилега”

“Јас сум Андреа Пирло, драго ми е …”

“Не мораш одма да се одлучиш, имаш неколку минути да размислиш”

Пирло потоа наведил дека катарските претставници му нуделе автомобили на поклон.

“Ќе ни биде драго ако би прифатил неколку Ферарија на поклон”

“Неколку?”

“А ако ти недостасува Италија, секогаш ќе имаш на располагање приватен авион да одиш до татковината”

“Но…”

“Договорот е спремен. Се работи за четиригодишен договор и 40 милиони долари. Знаеш, тоа се 40 милиони долари за 4 години. Тоа е 10 милиони по сезона. Не можеме да претеруваме, криза е.”

Пирло признава дека очите за миг му светнале, но вели дека одлучил да ги прекине преговорите.

 “Благодарам во секој случај, но не можам. Во случај да го променам мислењето ќе ви се јавам по неколку години”

Богатите шеици потоа се одлучиле да ја повишат понудата.

“11 милиони?”

“Tулио, си одиме.”

“12 милиони?”

“ Tулио !….”

“13…..? ”

Пирло потоа објаснува како својот збунет менаџер го фатил за рака и го изнесол од хотелот.

“За миг погледнав на часовникот и видов дека е 21:21, два пати часовникот го покажуваше мојот среќен број. 21 е роден мојот татко, на 21 се оженив, на 21 дебитирав во Серија А, 21 е мојот број. Како судбината да ми проговори: Добро одлучи”- oпишува Пирло.

Александар Георгиоски

Нов покрив во подрачното училиште во Старо Лагово

IMG_8284

Подрачното ОУ „Круме Волнароски“ доби нов покрив. Извршена е замена на стариот покрив со нов. Вредноста на оваа инвестиција чини еден милион денари средства обезбедени од Локалната самоуправа.

IMG_8306

IMG_8278

IMG_8290

Градоначалникот Марјан Ристески посочи дека Локалната самоуправа и понатаму ќе продолжи да инвестира во образованието. Според директорот на училиштето Дејан Бунтески како идни проекти ги најави:  уредување и заградување на дворот и парк со реквизити за децата.

IMG_8356

IMG_8315

IMG_8323

IMG_8325

IMG_8335

IMG_8340

IMG_8346

IMG_8354

ФОТО: Најголемата тајна на поранешна Југославија- Бункерот на Тито вреден 6 милијарди долари

Бункерот на Тито во Коњиц, граден е во тајност помеѓу 1952 и 1979 година е најдобро чуваната тајна во поранешна Југославија.

1212

Бункерот е изграден со цел тука да скријат Тито и неговите 350 најблиску службеници во случај на атомска катастрофа. Овој импозантен простор, бетонска масовна конструкција, лежи на околу 6500 метри квадратен простор и се наоѓа на околу 300 метри длабочина под површина на земјата.

Овој објект наликува на лавиринт е изграден со намера доколку дојде до атомска војна тој да функционира како центар на воени операции и скривница за претседателот Тито, неговото семејство и најблиските соработници. До деведесеттите години изградбата (во која се инвестирани 4,6 милијарди американски долари) и постоењето на овој бункер беше најстрого чувана воена тајна.

Објектот, во народот познат како бункерот на Тито, се состои од три дела. Првиот е видлив и се вика маскирен дел, а се состои од три објекти: надзорна резиденција, објект за потесно осигурување на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито и објект во кој требало да биде сместен персоналот за техничка поддршка.

Кога ќе се помине низ ходникот на првата куќа, се отвораат три тешки метални врати со дебелина од 1,20 метри, зад кои се наоѓа тунел кој ве води до срцето на атомската скривница на длабочина од 280 метри и должина од 202 метри. Тунели го поврзуваат маскирниот дел со третиот дела на објектот атомска скривница која може да издржи нуклеарен удар со јачина од 20 килотони. Ѕидовите на тунелот се изработени рачно од дрво. Целиот објект го осветлуваат 6 000 неонки.

Третиот дел од објектот е во облик на потковица и тоа е нај заштитениот дел, бидејќи во него се наоѓаат систем за заштита, противпожарен систем, систем за заштита од нуклеарен удар, клима…Поделен е на 12 блокови. Најзначајни се блоковите 6 (комуникации), 8 (Титовиот блок), 9 (белите дробови на објектот – клима), 10 (цистерни за нафта) и 11 (вода).

6 5 4 3 2 1

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

amsm

Сообраќајот на патниот правец Градско – Прилеп е нормализиран и се одвива непречено, соопшти Авто мото сојузот на Македонија.

Овој патен правец беше во прекин од 10:05 часот поради сообраќајна несреќа.

Тешка сообраќајка пред Прилеп: Патот од Градско целосно блокиран

soobrakajka_policiska_lenta-640x420

Тешка сообраќајна несреќа утрово околу 10 часот се случила на патот Градско – Прилеп.

„Според информација добиена од ДЦС МВР, од 10:05 часот,магистралниот пат А1, Градско-Прилеп, поради случена сообраќајна незгода целосно е во прекин.“ – информираат од АМСМ

Се уште немаме информации за евентуални жртви.

Пронајден распаднат женски труп во куќа во Прилеп

policija-1

Распаднат женски труп вчера попладнето е пронајден во куќа на улицата „Браќа Ламески 1“ во Прилеп. Според основниот јавен обвинител Маријана Илиеска, станува збор за 49 годишната прилепчанка Милка Наумоска.

– Соседите почувствувале непријатна миризба и повикале полиција. Полицијата го нашла распаднатиот труп и според првичните сознанија, жената била мртва околу една година. Живеела со братот, но се смета дека тој бил со нарушено психичко здравје, изјави Илиеска.

Обвинителството побара обдукција за да се утврди причината за смртта, а истрагата треба да покаже што се случило.