дома блог страница 5450

Премиера на филмот „Обожение“

obozenie

,,Обожение,, е играниот филм кој во петок 12.02.2016 и сабота 13.02.2016 премиерно од 19:00 часот ќе се прикажува во Кино Мис Стон. Филмот е дипломски проект на двајцата режисери Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов од Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА – Скопје, кој е работен во форма на триптих составен од деловите Катарза, Созерцание и Воздигање. Филмот ги следи приказните на ликови кои борејќи се со егзистенцијата ја оживуваат изгубената духовност во нив и луѓето околу нив.

„Обожение“ е филм во времетраење од 75 минути и е несомнено голем и амбициозен проект на двајцата уметници. Создаден без никаков буџет, неговата реализација била огромен подвиг за авторите и за целата екипа на филмот која ја сочинуваат актери од Битолскиот и од Прилепскиот театар. Идејата на авторите се родила по нивниот 5 дневен престој во еден манастир во околината на Битола, каде ги ставиле на хартија нивните сценарија. Целиот предпродукциски процес се одвивал се до самото лето, по што започнува периодот на самата продукција и снимањето на филмот што се одвивал во околината на Прилеп и Битола. Одлуката за реализирање на снимањето таму е поради, технички и продукциски причини, но и поради изобилието на прекрасна природа, планини, манастири што беа потребни за доловување на самата приказна на филмот.

Реализацијата на филмот “Обожение” покажува дека не постојат граници и дека кога ќе се сретнат добрата идеја и вистински талентираната екипа, резултатите се секогаш многу големи. Желбата на Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш е “Обожение” да стигне до многу луѓе како еден вид на порака.

“И според онаа добро позната сликарска естетика, триптихот представува една слика низ три равноправни и автономни сликарски целини. Така и филмскиот триптих на Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш ја прикажува и покажува човековата трагика на времево што го живееме во сета нејзина морална, етичка и естетска димензија: Така Сувото дрво ќе процвета, Македонското сонце ќе изгуби дел од своите зраци што пропаднале зад темните планини и Христос по којзнае кој пат ќе биде предаден, понижен и распнат одново – вели во рецензијата професорот м-р Владимир Георгиевски, академски сликар.

Музиката на филмот содржи авторски композиции, кои се дело на големиот македонски композитор и музичар Горан Трајкоски. Во главните улоги се: Петар Горко, Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Аневска, Катерина Чакмакоска – Клинческа, Митко Апостоловски, Владимир Ѓорѓијоски, Соња Михајлова, Милан Секулоски, Михајло Миленкоски, Димитар Црцороски и Марио Марковски. Кинематографи на филмот се: Панче Пренџов и Влатко Џикоски; Маска и шминка Сашо Мартиновски, а продуценти на проектот се самите автори Кирил Каракаш и Светислав Подлешанов. Претходно проекции на филмот имаше во Битола, а на 19 и 20 февруари и во Кинотека на Македонија, а ќе учествува и на многу престижни фестивали низ светот.

ВИДЕО: Маж фатен на дело, изневерената сопруга ја фрли љубовницата од мост!

Драматично и неверојатно, жена го фати својот сопруг на дело, љубовницата заврши во река.

ljubovnica-kotek-640x398

Непознатата млада Бразилка е претепана од изневерената сопруга , а на крајот и фрлена од мост во река.

За среќа љубовницата на крајот завршила само со ситни повреди.

Нова надворешна столарија во подрачното училиште во Ново Лагово

IMG_8358

Подрачното ОУ „Круме Волнароски“ во населеното место Ново Лагово доби нова надворешна столарија.  Со овој проект,  добиеме многу подобро и потопло училиште за нашите ученици, а воедно добивме и енергетска ефикасност и заштеда на енергетските ресурси, посочи директорот на училиштето Дејан Бунтески кој како идни проекти ги најави:  уредување и заградување на дворот и парк со реквизити за учениците. Оваа инвестиција чини шеесет илјади денари средстава обезбедени од Локалната самоуправа.

IMG_8393

IMG_8360

IMG_8367

IMG_8370

IMG_8372

IMG_8374

IMG_8379

IMG_8381

IMG_8383

IMG_8388

95% од луѓето грешат- пробајте вие да одговорите на овие три прашања од Пауло Коелјо

Со денешната технологија, се повеќе сме склони кон заборавање на работите. Токму за таа цел, бразилскиот писател Пауло Коелјо на својот блог објави тест за утврдување на деменција, кој се состои од три прашања.

Paulo-Koeljo-f-620x330

Решавањето на тестот, кој 95 отсто од луѓето го решаваат грешно, ќе ви покаже дали треба посериозно да се зафатите со ментални вежби и загатки кои го вежбаат мозокот.

1.Што ставаме во тостер?

toster-640x613

Oдговор:

Леб. Понекогаш поради брзање, грешно се одговара дури и на најпростото прашање. Доколку одговоривте „тост“, треба да се замислите.

2. Речете свила на англиски (silk) пет пати. Потоа, спелувајте го зборот свила (ес-ај-ел-кеј). И сега, одговоренте на англиски- што пијат кравите?

krava-1

Oдговор:

Кравите пијат вода. Ако одговоривте млеко (milk), мозокот повторно ви кикснал на ова прашање.

3. Баз користење на дигитрон, решете го овој проблем:

Возите автобус од Лондон до Милфор Хејвен во Велс. Во Лондон 17 луѓе влегуваат во автобусот.

Во Ридинг шест слегуваат, а девет нови патници се качуваат. Во Свиндон слегуваат двајца, а влегуваат четири нови патници. Единаесет патници слегуваат во Кардиф, но 16 нови се качуваат, Во Свенсеј слегуваат тројца, а петмина влегуваат во автобусот. Во Кармартен шестмина слегуваат, а три лица се качуваат. Стигнувате во Милфорд Хејвен.

avtobus-1-640x433

Без гледање горе, кажете колку години има возачот на автобусот?

Oдговор:

Зарем заборавивте кога сте родени? Вие го возите автобусот, ви текнува? Доколку мозокот повторно си игра со вас, само сетете се дека дури 95 отсто од луѓето паѓаат на овој тест.

 

СНОУДЕН ГО ШОКИРАШЕ СВЕТОТ: Осама Бин Ладен е жив и живее на Бахамите! (ФОТО+ВИДЕО)

Поранешниот разузнавач на ЦИА, Едвард Сноуден истакнал дека поседува докази кои покажуваат дека Осама Бин Ладен не е убиен во 2011 година во пакистан и дека е жив и во добра здраствена состојба.

 

osama

Во интервју за московска Трибина, тој тврди дека Бин Ладен живее на Бахамите и е платен од ЦИА.

-Поседувам документи кои потврдуваат дека Бин Ладен се уште е на платениот список на ЦИА и заработува по 100 илјади долари месечно, а му се префрлаат по пат внатрешни организации. Моментално немам информации кај се наоѓа сега, но во 2013 живееше во вила заедно со неговите 5 жени и со децата, вели Соуден за рускиот весник.

Сноуден продолжува да тврди дека убиството на Бин Ладен било оркестрирано од страна на ЦИА.

-Бин Ладен беше агент на ЦИА долго време. Го режирал неговото убиство со помош на пакистанските тајни служби. Од моментот кога се мисли дека е ликвидиран, никој не истражува за него и е најлесен начин за да исчезне. Без брада и војничка униформа никој не го препознава, истакна Сноуден за московскиот весник Трибина.

Вкусна чоколадна торта која не се пече (ВИДЕО)

coko_tortaaa-650x396

Рецепт за евтина, крцкава и вкусна чоколадна торта. Овој колач не се пече, лесно се подготвува, готов е за миг, а е погоден за сите ситуации кога имате ненајавени гости.

Состојки:

280 грама чоколадо за готвење;

250 грама ореви;

50 грама суво грозје;

Околу 20 бисквити со средна големина;

150 грама путер.

Подготовка:

Најпрво, ситно исецкајте ги оревите, потоа здробете ги бисквитите и измешајте ги со оревите. На крај додадете и суво грозје и добро измешајте ја целата смеса.

Чоколадото за готвење стопете го на пареа. Кога ќе биде готово, додадете путер и почекајте се да се стопи и да се соедини. Чоколадото и путерот додадете го на сувите состојки и се добро промешајте.

Добиената смеса потоа ја преместувате во кружен калап обложен со фолија, порамнете се со лажица.

Колачот се остава во фрижидер да се олади и да се стегне. По два часа десертот е готов. Исечете го колачот на ситни парчиња и сервирајте.

Деталното упатство за подготовка можете да го погледнете во приложеното видео:

Стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“

Стартува Караванот „Купи куќа, купи стан“ во рамки на кој низ 30 општини низ Македонија ќе се одржат презентации за проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“.

kupi-kuka-640x344

Презентации ќе се одржат во 17 часот во театарот во Гевгелија, Домот на културата во Валандово и во општината во Дојран.

Караванот секоја недела ќе посетува по повеќе општини меѓу кои Велес, Свети Николе, Пробиштип, Охрид, Струга, Ресен, Битола, Демир Хисар, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.

Покрај ова, граѓаните за овие два проекта може да се информираат и во подрачните канцеларии „Купи куќа, купи стан“ кои се наоѓаат во подрачните единици на Управата за имотно правни работи, додека во Неготино, Демир Хисар, Делчево и Крушево во подрачните единици на Управата за јавни приходи.

 

Пред да заспиете морате да се помолите – еве зошто

ewogkawoepgkeophkte

Апостолот рекол: „Секогаш радувајте се. Молете се постојано. За сѐ благодарете“. Меѓутоа,  подготвени сте да прашате дали е неопходно да се молиме постојано и дали воопшто е можна оваа заповед, а јас според можностите ќе се потрудам да го поддржам реченото. Молитвата е барање, кое благочестивите Му го упатуваат на Бога. Меѓутоа, тоа барање не е ограничено на зборовите. Затоа што, ние не мислиме дека треба Бог да Го потсетуваме со зборови: Тој знае што ни е од полза и кога ние тоа не го бараме. Значи, што велиме? Ние во молитвата не треба да создаваме зборови, туку расположение во душата и добродетелни дела. Тие треба да нѐ следат целиот наш живот, јакнејќи ја молитвата. Зашто е речено: „Ако, значи, јадете, или пиете, или што друго и да правите, сето тоа правете го во Божја слава“. Доколку седиш – моли се, доколку вкусуваш леб – заблагодари Му на Оној што ти го дал, доколку со вино ја крепиш слабоста на телото – спомни си за Оној што ти го дал за да го развесели твоето срце и да ти ја олесни болеста. Ако заминало немањето храна, нека не престанува размислувањето за Добродетелот. Облекуваш ли наметка, заблагодари Му се на Оној што ти ја дал. Облекуваш ли плашт, удвои ја љубовта кон Бога, Кој ни дал удобни наметки и за зима и за лето, кои го чуваат нашето тело и ја покриваат нашата грдотија. Дали помина денот? Заблагодари Му се на Оној што ни го подари сонцето за да ги извршуваме дневните работи и Кој ни го дал огнот за осветлување во ноќта и за извршување на останатите животни потреби. Ноќта нека ги поттикне и другите поводи за молитва. Кога ќе погледнеш во небото и ќе фрлиш поглед на убавината на ѕвездите, помоли Му се на Владиката на сѐ видливо и невидливо и поклони Му се на најголемиот Уметник – Бог, Кој „со мудрост создал сѐ“. Кога ќе видиш дека сета жива природа е обземена со сон, повторно поклони Му се на Оној што со посредство на спиењето нѐ ослободува од непрестајноста на трудот, после малиот одмор воспоставувајќи ја крепоста на нашите сили.

Но, немој да дозволиш половина од животот бесполезно да ти мине во нечувствителноста која ја донесува спиењето. Напротив, ноќното време подели го за спиење и молитва. И самото спиење нека ти биде поучување во благочестивоста. Бидејќи, сништата по природа се одблесок на дневните грижи. Ние, имено, по нужност сонуваме за она со што се занимаваме. На тој начин непрестајно ќе се молиш, т.е. молитвата нема да ја извршуваш само со зборови. Со целата животна настроеност треба да Му се приближуваш на Бог, за твојот живот да биде непрекината и непрестајна молитва. Освен тоа, речено е: „Благодарете за сѐ“.

Свети Василиј Велики

ВИДЕО – Зошто фиќото држи цена во Босна?

untitled

За ова босанско фиќо нема зима. Ниту снег до колена не го спречува да јуриша. Затоа во Босна Застава 750 се држи добро на пазарот и добро се снаоѓа низ екстремно зимски услови на патот.

Не заборавајте утре да понесете чадор- еве какво време не` очекува

Времето во Македонија утре ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено попладне. Врнежите позастапени ќе бидат во западните делови, каде на планините кон крајот на денот ќе преминат во снег.

dozd

На места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и ретки грмежи. Во крајните западни делови се очекува да наврнат и над 20 л/м2. Утре ќе дува засилен ветер од јужен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 0 до 8, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен повремено силен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе се искачи до 12 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и со умерен јужен ветер.