дома блог страница 5449

Времето се расипа: Што ќе се случува за викендот?

vremeoblacijpguyk76i67ij67i67 (1)

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во западните и северните делови. Ќе дува слаб, а на повисоките места умерен ветер, претежно од западен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од еден до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. На повеќе места ќе дува умерен повремено и засилен јужен ветер.

Шест турски воени авиони упаднаа во Грција

Најмалку 6 турски воени авиони утрово упаднале во воздушниот простор на Грција, објавуваат грчките медиуми повикувајќи се на воени извори. Според информациите, најмалку два од авионите биле вооружени.

avioni-voeni

Грчките медиуми јавуваат дека формацијата од шест авиони на турската армија влегла во воздушниот простор на североистокот на Егејското Море без дозвола од официјална Атина.
Инцидентите на грчкото небо зачестија со оглед на фактот дека Турција не признава дека зоната од околу десетина километри над островите во Егејското Море и припаѓа на Грција.

Турската армија е десетта најсилна армија во светот и поседува повеќе од 1000 борбени авиони од кои 300 повеќенаменски ловци кои ги произведува по американска лиценца.

ВИДЕО – Неверојатна руска машина за која не постои препрека

untitled

Оваа руска машина не знае за препреки. Се движи во најекстремни услови. Поминува преку замрзнато езеро без да потоне, едноставно незапирлива и моќна.

Оваа машина тежи 1300 кг., достигнува брзина од 45км на час и вреди 50 000 долари.

Погледнете ….

Северина во Африка: Плажа, бикини и „жешки“ коментари (ФОТО)

2-3-522x396

Таа со сопругот ужива во Африка, поточно во Занзибар, и секојдневно за своите фанови објавува фтотографии од патувањата.

Кога Северина ќе објави фотографија во бикини, на социјалните мрежи врие од „жешки“ коментари… Таа со сопругот ужива во Африка, поточно во Занзибар, и секојдневно за своите фанови објавува фтотографии од патувањата.

Една од фотографиите кои предизвикаа најмногу внимание е онаа на која Севе е во бикини, на плажа.

8

3-2

4-1

5-1

6

7

ВИДЕО – Вака се прави целосна генералка на мотор

3232

Забрзани 3 ипол минути за совршена генералка на мотор. Погледнете за каква мајсторија се работи. Како изгледаше, а како излезе на крајот.

Изложба на дела од Кичевската ликовна колонија

3

Во петок 12.2.2016 во 19 часот во ликовниот салон на ЦК ќе биде отворена изложба на дела од меѓународната Кичевска ликовна колонија. Ќе бидат изложени творби од 19 автори учесници на 22 издание на колонијата од земјата и од Бугарија, Србија, Црна Гора, Казахстан, Малезија, Албанија, Кипар…

1

Меѓу делата се наоѓаат и творби од еминентите македонски автори Жарко Јакимовски, Васко Ташковски, Слободна Милошески, Емил Шулајкоски, Ѓорѓи Чулаковски- Ѓото, Решат Амети, Христина Зафировска и др.

-Имаме можност да видиме различни светови и индивидуални пристапи при утврдувањето на своите ликовни образци. Секој од  творците преку изборот на својот ,,личен говор,, се обидуваат да воспостават една нова врска меѓу духот и сопственото време,  да ни ја откријат вистината и од онаа страна што ни е малку позната. Тоа беше комуникација и нова визуелна размена на искуства. Сето тоа ќе го разбереме не само ако го сакаме, туку и ако самостојно ги разоткриеме нивните скриени концепти и пораки и знаења. Твроештвото е слобода на мислата, сублимат на духовната слобода. Времето што застанало на нивните платна и скулптури не  е само време на уметникот, туку и наше време – ќе забележи Жарко Јакимовски.

2

Европско Првенство во Лимасол-Кипар донесе нов медал за незаменливите ПРИЛЕПЧАНКИ

9 (1)

На 43 то Европско Првенство за кадети/јуниори до 21 година, кое се одржа во Лимасол-Кипар, карате репрезентативците од Прилеп повторно освоија медал од елитно натпреварување. Ката тимот на Македонија во состав близначките Маријана и Мишела Димоски и Киријана Камческа го потврдија својот квалитет и на европското првенство во Кипар. Во неполни три месеци по освојувањето на сребрениот медал од Светското Првенство во Ноември 2015 Џакарта-Индонезија, освоија и злато на Балканското Првенство во Дубровник во Декември 2015, а веднаш на стартот на 2016 на ЕП во Лимасол-Кипар, каде настапија најдобрите млади каратисти од 48 европски земји, освоија бронзен медал.

2

1

Иако имаа тежок ждреб во група каде беа фаворитите Германија, Шпанија, Словачка, македонскиот ката тим во прво коло ја елиминира Германија, со што по втор пат германската репрезентација доживеа пораз по оној од СП Џакарта, каде исто така беа елиминирани од македонскиот тим. Русија во меѓувреме ја победи фаворизираната Словачка, а македонскиот тим потоа убедливо ја совлада Русија со 4-1. Во оваа група во мечот за финале со тимот на Шпанија нашите девојки настапија силно мотивирани и самоуверени, посебно што истиот овој тим на Шпанија го победија на СП Џакарта во прво коло, кој до тој момент беа актуелни светски шампиони.

6

4

5

Во меч во кој убедливо нашите девојки без подобри од Шпанија загубивме тесно со 3-2, со одлука на судиите која наиде на негодување во салата, но и кај многу тренери на репрезентации, бидејки очигледна беше пристрасноста на дел судиите ( судеше судија од Португалија кој е Шпанец ). Видна беше разочараноста на девојките за одземената победа со Шпанија, но и финале на европско првенство. Само пред два месеца на светско првенство со судии од Азија, Океанија, Америка, Африка, надвор од европското лоби издвојувавме чисти победи над најслините репрезентации, истите две и на ова ЕП, Германија, Шпанија, Иран … Во мечот за бронза девојките извојуваа победа над тимот на Белорусија, но наместо да се радуваат очигледна беше нивната разочараност. Во другата група во финале влезе Италија, која загуби од тимот на Шпанија. Шампион на Европа стана Шпанија, втора Италија, а финалистите од светското првенство во Џакарта, Македонија и Франција се трети, без медали останаа фаворизираните тимови на Германија, Турција, Словачка.

7

8

Но сепак освоената бронза на ЕП е потврда на врвниот квалитет на овој препознатлив македонски ката тим, во кој покрај близначките Мишела и Маријана заедно со Киријана, Искра во јуниорска кункуренција и близначките со Пуликсенија Јованоска во сениорска конкуренција, за неполни три години имаат освоено сребрен медал на светско првенство Џакарта 2015, две бронзи од европски првенства Лисабон 2014 и Лимасол 2016, злато на Карате Оне Премиер Лига Истанбул 2015, како и бронза на Премиер Лига 2014 и многу балкански шампионски титули.

Победа со трет триумф во подготвителниот период, Новаци – Победа 1-3(1-1)

12697063_10208630253017735_6538512829945789951_o

Фудбалерите на Победа ја забележаа третата победа во подготвителниот период. Попладнево на игралиштето во Логоварди го совладаа тимот на Новаци со 3-1(1-1). Во натпревар кој се играше на нерамен терен и со силен ветер, прилепчани ја оправдаа улогата на фаворит и разликата во квалитет, а крајот резултураше со очекуван триумф. Но според оценката на стручниот штаб ова не беше очекувано издание на прилепчани, особено на не играчите кои настапија во првите 45 минути. Во глобала прилепчани постигнаа 3 гола, но имаа шанси за уште трипати по толку, но и еден неоправдано поништен гол на Крстески(поради непостоечки офсајд). Се изнапромашуваа Даноски во првото и Здравески во второто полувреме, кои не искористија по 3 убави шанси. Домаќините први поведоа во 9-тата минута, по грешката на Крстески и лошо вратената топка која ја пресече Талевски и ја затресе мрежата на Јованоски. Потоа Гешоски биеше силно крај голот по што следеа 3-те шанси на Даноски, од кои најубава беше онаа во 24-тата минута, кога во соло продор нанижа неколку противнички играчи, го мина и голманот, но откосо биеше само во стативата. Израмувањето за Победа стигна во 42-та минута, кога по упатената топка од Даноски таа го удри во рака Степановски по што судијата покажа на белата точка.

12697030_10208630258137863_7661310549914582028_o

Следеја протести и навреди на негова адреса од Степановски кој беше исклучен со право на замена, а Гешоски беше сигурен од белата точка за 1-1. Во вторите 45 минути уште подоминантна игра и шанси, но и голови за Победа. Во 53-тата минута младиот Иваноски центрираше по левата страна, топката удри во некој од домашните одбрамбени фудбалери и го изненади Симјановски, завршувајќи во мрежата за водство на Победа од 1-2. Во 68-та минута во шанса Иваноски, но спаси Симјановски со пад во нозете. Во наредната минута младиот напаѓач на Победа беше поприсебен и пласира во голот завршувајќи добар контранапад на својот тим. До крајот прилепчани пропуштија уште неколку убави шанси за зголемување на водството.

12719322_10208630253897757_4319901512108508023_o

Победа: Јованоски, Талески, Крстески, Колески, Ристевски, Мегленски, Наумоски, Дунимаглоски, Карчески, Даноски и Гешоски. Во вторите 45 минути играа: Котевски, Богоески, Тошески, Велјаноски, Димитриоски, Иваноски, Петрески, Дунимаглоски, Здравески, Мирчески и Тодороски.

Денес не настапија:Манчевски, Шаркоски,Котески, Николоски и Митрески.

Следна проверка на формата за Победа е во недела 14-ти февруари, со учеството на 18-от меморијален турнир ,,Вуко Каров,, во Кавадарци и натпревари по 45 минути со Тиквеш и Љубанци.

ФОТО – ЕКСКЛУЗИВНО пристигна вториот модерен воз во Македонија

12665824_10206004400004227_1843534635_n

Втората модерна гарнитура на Македонски железници денеска пристигна во Скопје. Откако во текот на вчерашниот ден беше донесена на Солунското пристаниште, денеска експресно е транспортирана до Скопје. Се работи за гарнитура која ќе сообраќа на релација Скопје- Битола. Наредните возови од Кина ќе пристигнат сукцесивно најдоцна до месец април.

12735751_10206004447925425_1003812543_n

12696246_10206004399964226_462004954_n

ПРОДОЛЖУВА ГРАДЕЖНАТА ЕКСПАНЗИЈА ВО КРИВОГАШТАНИ

1

Во моментов во општина Кривогаштани активно се извршуваат градежни активности на две локации каде што и покрај променливите временски услови без прекин се изведува атмосферската канализација на улица Никола Карев во Кривогаштани по чија реализација целосно ќе се асфалтира и ќе се изградат тротоарски патеки на истата. Во истиот проект ќе се асфалтира и улица во н.м Славеј како и улицата Македонски Просветители од центарот на Кривогаштани каде што е предвиден современ кружен тек, до градинката Весело Штркче и кракот на истата улица од повеќенаменското игралиште што кој ќе ги поврзи улиците Никола Карев и Македонски Просветители со што ќе се добие една урбана функционална целина поткрепена со тротоарска патека од двете страни на коловозот каде што дозволуваат условите односно постои јавна површина.

Исто така моментално се одвиваат градежните активности на новата спортска сала во дворот на ОУ Манчу Матак во Кривогаштани, чија реализација се очекува да биде готова во текот на оваа година со што ќе се стави на користење на учениците и спортистите.

За десетина дена започнува изградбата на канализационите мрежи во Крушеани и Славеј каде што е предвидена и пречистителна станица со средства од АФПЗРР.

Оваа година општината ќе реализира уште голем број на капитални инфраструктурни објекти со кои самата општина ќе стане препознатлива по своите модерни карактеристики. Самиот центар на општината ќе добие 30 метарски Јарбол, нова фасада на целата општинска зграда заедно со кино салата и надградбата над истата, како и модерен зелен и млечен пазар со паркинг и промена на уличното осветлување со нови лед светилки.

2 3 4 5