дома блог страница 5448

ВИДЕО: Нов тежок удар од Москва за Анкара

kurdi-moskva-640x396

Курдите од сирискиот регион, познат како западен Курдистан или Рожава, вчера свечено отвориле своја неофицијална дипломатска мисија во руската престолнина Москва, јавува руската телевизија „РТ“, пренесува Нетпрес.

На отворањето присутна била и Синам Мохамад, европски претставник на регионот.

Новоотворената дипломатска канцеларија е посветена на „сите оние мајки и родители, кои ги загубиле своите чеда во херојската борба за западен Курдистан, рекла Мохамад.

Според неа, неофицијална дипломатската мисија во Москва ќе игра суштинска улога во зацврстувањето на руско-курдските односи.

Канцеларијата официјално ќе работи како невладина организација бидејќи според руските закони неможе да има дипломатско претставништво на регион.

Курдите го сочинуваат најголемото етничко малцинство во Сирија, а околу 250.000 од нив моментно живеат во Русија.

Отпочнувањето со работа на оваа неофицијална дипломатска мисија на Курдите е нов и сериозен удар спрема Турција, земја која со години води политика насочена против Курдите, како на својата сопствена територија така и во други држави.

Основното подрачно училиште во Кадино Село со нови инвестиции

9

Основното подрачно училиште во населеното место Кадино Село доби нови санитарни јазли. Инвестицијата е од 600.000 илјади денари средства обезбедени од ЕЛС Прилеп. Во ова подрачно училиште досега е инвестирано во промена на дограмата, подовите, кровната конструкција, училниците. Градоначалникот Марјан Ристески при посетата посочи дека Општина Прилеп и понатаму ќе продолжи со инвестициите во образованието и подобрување на условите за работа во училиштата како во градот така и во населените места.

1 2 3 4 5 6 7 8 10 11

Извршен атентат врз Башар Асад

basar-asad

Најмалку четири лица загинале во атентат врз сирискиот претседател Башар Асад, додека тој одел на погреб на неговата мајка

Најмалку четири лица загинале при напад на конвој возила, во кој се наоѓал сирискиот претседатек Башар Асад, во близина на Кардаха, Латакија. Вооружениот напад бил извршен од радикални исламисти, со ракетен систем од типот „Град“.

Според првичните информации, Асад одел на погреб на својата мајка, во моментот кога бил направен обидот за атентат врз него во кој биле убиени четири лица, пишува израелскиот весник „Jerusalem Post“, повикувајќи се на сопствени извори во Сирија, пренесува Нетпрес. Во нападот, Башар Асад сепак минал неповреден.

Радикалната религиозна група „Ахрар ал Шам“ е осомничена дека го извршила атентатот врз престедателот на Сирија, во понеделникот во Кардаха, Латакија, кое е родно место на Башар Асад.

Израелскиот весник објавува дека и покрај тоа што токму во тој дел на Сирија има стационирани бројни руски воени трупи, сепак припадниците на „Ахрар ал Шам“ успеале успешно да извршат напад, но неуспешен атентат врз Башар Асад.

Инаку, Енисе Махлиф, мајката на сирискиот претседател, починала во саботата на 86-годишна возраст.

Сообраќајка на патот Кавадарци-Прилеп

amsm

Поради сообраќајна несреќа од 14:30 часот во целосен прекин е сообраќајот на магистралниот пат Кавадарци-Прилеп, кај тунелот во близина на село Фариш.

Оваа информација ја соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

Спортот и семејните вредности

1

Во присуство на директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и градоначалникот Марјан Ристески, пред голем број директори, родители и ученици денеска започна реализација на проектот „Спортот и семејните вредности“. Основна намена на проектот е да се промовира спортот преку семејните вредности и да се стимулираат граѓаните преку спортот и спортските активности да се дружат повеќе меѓусебно, да се зајакнат врските во семејството во насока на поддршка на демографските политики. Денеска учениците од основните училишта се натпреваруваа во: штафета со топки, штафетно пресоблекување на дрес, штафетно подавање на топка под нозе – над глава, куглање и фудбал.
Проектот е во организација на Агенција за млади и спорт, Сојуз на спортски федерации на Македонија и локалните самоуправи во Р. Македонија

2 3 4 5 6 7 8 9 10 11

Ехо Патува: Прилеп

5992-eho-patuva-prilep-960x600-1

Како и минатата година, така и оваа, со селекција од својата програма, Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ ќе се дружи со вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија.

Започнуваме со Прилеп!
Во соработка со Општина Прилеп, на 17ти февруари (Среда), со почеток во 18 часот во киното „Мис Стон“ во Центар за култура „Марко Цепенков“, ќе бидат прикажани следните филмови:

18:00 МАЛИТЕ НЕШТА – САД, 2014, Дарси Турен, 47’

18:47 ПРВА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА – Македонија, 2015, Горан Вучиќ/Кирил Шентевски, 38’

19:25 ОПЕРАЦИЈА МОФАТ – Англија, 2015, Џен Рендал/Клер Џејн Картер, 24’

ПАУЗА

20:05 Аматерско видео од Конкурс за Најдобро аматерско видео

20:10 СЛОБОДА НА 2 ТРКАЛА – Македонија, 2015, Игор Д. Јовановски, 18’

20:28 МЕТАНОЈА – САД, 2014, Џим Ајкман, 80’ (добитникот на главната награда на ЕХО фестивалот 2015’та)

ВЛЕЗ СЛОБОДЕН

Од денеска поевтинува лебот

leb-640x320

Ќе поевтини лебот во Скопје најави мелничко-пекарската индустрија.

Цената на лебот ќе се намали за два до пет денари зависно од грамажата.

Причината за поевтинувањето е во евтиното српско брашно кое се увезува на пазарот, објаснуваат од групацијата на мелничари и пекари кои апелираа до владата за субвенции од 2,5 денари по откупен килограм за се амортизираат загубите од, како што велат, скапата домашна пченица.

Покрај мелничарите, со свое барање настапија и земјоделците, кои побараа по 2 денари од килограм пченица.

Од министерството за земјоделство велат дека се во комуникација со мелничката индустрија и земјоделците за ова прашање.

Одржани се неколку состаноци и се разгледуваат можни решенија на барањата.

Ова се најголемите должници во Македонија – погледнете ја листата

paridenari8 (1)

УЈП ја објави втората листа на должници за 2016 година за долгови доспеани до 31.10.2015 година и неплатени до 31.03.2016 година.

На листата се најдоа имиња на физички и правни лица за долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Физичките лица и самостојни вршителите на дејност, кои се најдоа на втората листа на должници, имаат долг повисок од 120.000 денари, додека кај правните лица долгот е над 300.000 денари

Листата погледнете ја тука.

Неповратна финансиска помош од државата за младите земјоделци

На младите земјоделци кои сакаат да почнат сопствен бизнис државата ќе им помогне со неповратна финансиска помош до 600 илјади денари. На огласот може да се јават фармери до 40 години.

zemjodelci (1)

Секој млад земјоделец кој почнува сопствен бизнис може да побара државна финансиска поддршка до 600 илјади денари.

Треба да има деловен план и да е индивидуален земјоделeц или трговец поединец не подолго од 18 месеци.

Барателот треба да има средно земјоделско образование или обука, да ги почитува добрите земјоделски практики и мерките за заштита на природата и животните.

По одобрувањето парите се исплаќаат најмногу на три рати.

Досега со оваа мерка се финансирани земјоделските бизниси на 170 млади фармери.

Огласот ќе трае до 3-ти март,а аплицирањето е исклучиво електронски.

„Егзит“ прогласен за најдобар европски фестивал

egzit

Фестивалот “Егзит” кој се одржува на Петроварадинската тврдина кај Нови Сад, е прогласен за најдобар европски фестивал за 2016 година од страна на европската туристичка организација “Најдобри европски дестинации”, која ова признание го доделува во соработка со Европската комисија.

„Егзит“ ги претрка фестивалите „Сикрет гарден“ од Англија, „Тумороуленд“ од Белгија, унгарскиот „Сигет“.
„Најдобри европски дестинации” е организација за промоција на европската култура и туризам, чие членство го сочинуваат 355 туристички организации од Европа.