дома блог страница 5447

Проект на Здружението “Рома Перспектив” во соработка со OOУ “Добре Јованоски”

20160212_120910 (Copy)

Здружението за перспективна интеграција и развој „Рома Перспектив“ од Прилеп во соработка со ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп го реализира проектот за „Туторска поддршка за учениците Роми“ кој проект ќе трае и во наредните две години. Голем дел од учениците на кои им е потреба дополнителна настава се вклучени во овој проект и работат со тутори кои им го олеснуваат совладувањето на наставниот материјал.

[Best_Wordpress_Gallery id=”144″ gal_title=”ROMA_DOBRE”]

За таа цел, на 116-те ученици кои се вклучени во овој проект денес им беше доделен бесплатен ученички прибор (блок, водени боици, линиари, дрвени боички, тетратки, режалки, моливи, шестари итн..). Овој проект и оваа денешна акција беше позитивно прифатена од сите ученици, но и од присутните родители. Се надеваме дека и во иднина ќе продолжат ваквите соработки кои помагаат за целокупниот образовно-воспитен процес во ООУ „Добре Јованоски“ Прилеп.

Благодарност до Рома Перспектив.

Хилари Клинтон: Благодарение на мене, Србите се почестени со бомби !

07DONORS-web-tmagArticle-v3

Вашингтон – Хилари Клинтон за време на едно интервју за американски магазин, појасни како го наговорила својот сопруг, тогашниот претседател на САД, Бил Клинтон, да ја бомбардира СР Југославија. Хилари рекла дека за време на еден телефонски разговор со Бил, на сите начини се обидувала да го наговори на тоа. Тој на почетокот се противел, бил загрижен бидејќи се плашел од реакцијата на НАТО и од ескалација на настаните. Меѓутоа успеала да го убеди дека тоа е исправно и дека на крајот од 20 век, САД не може да дозволи злосторства и убивање на невин народ.

Измеѓу другото затоа постои НАТО, да ги брани нашите интереси во светот, додала Хилари на крајот од разговорот. Веќе следниот ден американските бомбандери, под ознаките на НАТО, започнале воздушни напади на тогашната СР Југославија, што доведе до страдање на невин народ, но и до разрушување на инфраструктура. Како и дали Хилари Клинтон може да спие, знаејќи за пеколот кој го предизвикала?

Aлександар Георгиоски

ПАПАТА ФРАЊО: Само Путин може да ги заштити христијаните

papata

Папата Фрањо смета дека рускиот претседател Владимир Путин е единствената личност која моментално може да го заштити христијанството ширум светот пишуваат француските медиуми.

Папата сака да го замоли рускиот претседател за помош, наведува весникот, коментирајќи ја неодамна реализираната средба на папата со рускиот патријарх Кирил.

Според францускиот весник, папата смета дека треба да се поддржи Русија во спасувањето на христијанството во сите региони каде што истото е загрозено.
Папата се надева дека ќе воспостави и контакт со официјален Пекинг, па да се воспостават дипломатски односи на релација Ватикан-Кина.
Неговиот план е со сирискиот претседател Башар Ал Асад, со иранскиот лидер Руханиј и со кинеската влада да работи во помагање на христијаните во оние места каде што се загрозени.

ВИДЕО: Kaролина Гочева го запеа Гиш во Еден на Еден!

Оваа сабота ќе гледаме ново супер издание на Еден на Еден. Гости кај Жаре ќе бидат едни од најдобрите македонски музички амбасадори во светот – Дуке Бојаџиев и Каролина Гочева, кои ќе го промовираат концертот “Дуке и пријателите”.

karolina-6-640x319

Според најавата, покрај вообичаеното зезање од Жаре и неговиот монолог, ќе добиеме и многу интересни приказни од животот и кариерата на Дуке и Каролина, а богами ќе има и пеење.

Ја гледаме новата Еден на Еден оваа сабота на Телма во 19:15ч.

Редовно користите Вибер, но овие трикови не сте ги знаеле!

Вибер е апликација која одамна ја освои љубовта на клиентите, но не се сите запознаени со нејзините функции.

viber-640x420

Ако сте заинтересирани како да ја подобрите работата на оваа апликација, еве како може да го направите тоа.

1.Сокријте ја информацијата дека сте биле активни

Влезете во „Settings“ и исклучете го статусот „Online“. Дури и да влезете на Вибер за тоа нема никој да знае.

2.Сокријте дека сте ја виделе пораката

Доколку не сакате да дознаат дека сте ја прочитале пораката, повторно влезете во „Settings“ изберете ја опцијата „Notifications“ и отстранете ја опцијата „Show message preview“.

3.Не оптеретувајте ја меморијата на телефонот

Гласовните пораки од разговорите на Вибер автоматски се зачувани во телефонот. Не оптеретувајте ја меморијата, затоа најдобро е да ги избришете. Влезете во „Settings“ – „Media“ и кликнете „Delete voice messages“.

4.Тргнете ја сликата од вашиот профил за непознати корисници

Ако не скаате вашата слика да ја гледаат сите корисници на Вибер, повторно влезете во „Settings“, а потоа „Privacy“ и отстранете ги корисниците кои се на вашата листа, а не сакате да ја гледаат сликата.

5.Ставете лозинка

Ако не сакате некојда ви ги прочита пораките, можете да ставите Вибер лозинка. Самата апликација нема таква опција, но со помош на App Store ќе ја инсталирате за неколју минути.

Десет проблеми кои укажуваат на слабо срце, а сите ги игнорираат

Сексуални проблеми, `рчење и крвавење на непцата се проблеми кои повеќето луѓе ги доживуваат барем еднаш во животот и обично не обрнуваат внимание на нив.

srcev-udar-zena

Луѓето обично ги игнорираат овие проблеми. Тие не ни претпоставуваат дека тоа се симптоми на најопасниот убиец на светот, пишува британски „Дејли мејл“.

Кардиологот Џон Ервин открива дека кога артериите почнуваат да попуштаат, симптомите почнуваат да се манифестираат во целото тело.

Ова се симптоми на болести на срцето кои повеќето луѓе не ги забележуваат додека не стане предоцна.

Сексуални проблеми
Многумина мислат дека проблемите во сексот се одраз на психички бариери, а често тоа е точно. Меѓутоа, посебно кај мажите, ова укажува на слаб проток на крвта, карактеристично за болести на срцето. Ако забележите некои од овие симптоми обратете се кај лекар.

`Рчење и слип апнеа
Оваа појава звучи иритантно, но може да биде и смртоносна. `Рчењето може да укажува на кратки прекини на дишењето во сон, кои се сигнал дека постојат психолошки или физички проблеми во организмот кои не се решени.
`Рчењето може да биде знак и за премногу силни отчукувања на срцето кои можат да бидат показател за срцеви проблеми.

Крвавење на непцата
Крвавењето на непцата може да биде последица на сериозна инфекција, пародентоза која може да ја уништи дури и коската на вилицата. Оваа инфекција може да се прошири и да направи жаришта ширум телото. Оваа инфекција значително го зголемува ризикот од срцев удар.

Стегање и болка во лопатките
Многу луѓе се чувствуваат како слон да им седи на градите за време на срцевиот напад. Освен тоа, повеќето луѓе пред да доживеат инфаркт чувствуваат болка во вратот, стегање околу рамениците и пецкање во рацете.

Отекување на екстремитетите
Отекување на рацете и нозете е нормален процес, тој се случува дури и повеќе пати во текот на денот за време на физички активности. Сепак, ако го забележите отекувањето при мирување, или ако отокот не се намалува, постои можност да имате затнување во артериите кое предизвикува отоци.

Проблеми со варењето, киселини и ждригавица
– Многу луѓе доаѓаат во Ургентниот центар мислејќи дека имаат срцеви проблеми, а всушност, имаат киселини во желудникот и ждригавица. Сепак, доколку чувството на печење во градите е проследено со борба за воздух, вртоглавица и чувство на слабост, веднаш јавете се кај лекар – советува доктор Ервин.

Сексапилната Стојне Николова во новиот спот повикува:Љуби ме..!

stojne-nikolova-640x426

Распослана на постела, сексапилната Стојне Николова во новиот спот повикува:„Љуби ме..!

По фотографиите, динамитната македонска „џепна фолк Венера“ на Фејсбук постираше и тизер од 35 секунди од новото видео, во кое очигледно ќе има што да се види, зашто симпатичната струмичанка зрачи со сексапил.

Впрочем, погледнете и уверете се.

Ќе се преговара за К-15 и во јавниот сектор

zivko-mitrevski

Околу 10 до 15 проценти од компаниите не ја исполниле законската обврска и на работниците не им исплатиле регрес за годишен одмор, познат како К-15, покажуваат анализите на Сојузот на синдикатите на Македонија.

– Сакам да укажам на фактот дека ССМ успеа да го задржи ова право да биде задолжително, а таму каде што имаше проблеми заедно со синдикатите се утврдуваше дали тие проблеми се реални, кои во одредени гранкови синдикати придонесоа да дојде и до намалување на висината на регресот за годишен одмор. Но морам да ви кажам дека тоа беше исклучително мал број на претпријатија, изјави денеска претседателот на ССМ, Живко Митревски.

Одговарајќи на новинарско прашање, Митрески посочи дека предвидена е затворска казна од 6 месеци до една година доколку работодавачот не исплати регрес за годишен одмор или доколку го исплати, а потоа побара од работникот да го врати назад.

– Имаме регистрирани случаи кај неколку работодавачи кои вршеле ваков притисок, но заедно со гранковите синдикати овозможиле да се вклучиме во посредувањата. Четирите случаи кои што беа благодарение на нашата интервенција се реализирани, рече Митревски.

Тој најави дека преговорите за К-15 во јавниот сектор ќе започнат веднаш штом биде формирана нова влада по изборите.

Инаку, ССМ почнува со реализација на проектот за сигурни работни места која ќе се реализира со низа мерки.

Ова се 10 најстресни професии во 2016

Иако сите чувствуваме стрес на работа, едно неодамна спроведено истражување ги сумираше најстресните работни места за оваа година.

stresna-profesija

Логично, најстресни кариери имаат луѓето кои секојдневно го ставаат својот живот “на коцка“.

Исто така фактори кои влијаат на стресот на работа се патување до работното место, рокови, конкуренција, околина, опасност, физички барања и слично.

Високото ниво на стрес како резултат е добиено во случај кога горенаведените услови се главен дел од работата, средно ниво доколку се мал дел од работата, а на листата не се работните места во кои не постојат вакви услови.

Со оглед на тоа, создадена е листата на 10 најстресни професии за 2016 година и таа изгледа вака:

1. Вработени во армијата
2. Пожарникари
3. Пилоти
4. Полицајци
5. Координатор на настани
6. Односи со јавност
7. Радиски и телевизиски водители
8. Членови на управа
9. Новинари
10. Таксисти.

,,Мојот град и знаменитостите во него”, образовна тема за учениците од ОУ “Добре Јованоски”

12669442_1558411671136088_6950277698610060272_n

Учениците од вторите одделенија во рамите на темата ,,Мојот град и знаменитостите во него”, денес ги посетија знаменитостите и објектите, научија повеќе за минатото на град Прилeп. Ги посетија поштата, потоа на плоштадот ,,Методија Андонов Ченто” спомениците на Методија Андонов Ченто,Александар III Македонски, споменикот на Кралот Марко, участакот, Градскиот часовник и многу други убавини кои го красат нашиот град. Учениците беа импресионирани од убавините во Прилеп.

12733607_1558411687802753_436438365413169777_n

12669436_1558411564469432_2019289544556105417_n

12717630_1558411734469415_3368905151764684455_n

12717771_1558411674469421_3342776445074786575_n

12729177_1558411747802747_2399208070385887248_n