дома блог страница 5444

Се случи чудо во Манастирот Острог

ostrog1 (1)

Непосакувано девојче го спасиле добри луѓе.

Вера е родена 1960 година како четврто, непланирано и непосакувано дете во семејство од Суботица. Татко својата новородената ќеркичка ја оставил на пруга посакувајќи ја нејзината смрт. Но еден добар човек по име Бранко го слушнал нејзиниот глас и ја спасил. Бранко и неговата сопруга Нада потоа ја посвоиле малата.

По два месеци, приметиле дека малечката има проблеми со видот, и ја однеле на лекар кој ги потврдил нивните сомнежи. Потоа ја носеле по болници но лекарите немале лек за нејзината болест.

По некое време одлучиле девојчето да го однесат во Mанастирот Остог, со препорака на луѓе кои доживеале чудни здраствени подобрувања. Tаму верниците се молеле за таа побрзо да оздрави.

Една ноќ Вера слушнала ангел кој ја повикал кај себе. Девојчето се разбудило од сонот, отворила очи и вриснала гледајќи светлост.

Потоа останала со родителите уште неколку денови во Манастирот, најпрво почнала да гледа како низ магла, а на крај целосно да прогледа.

Градоначалникот Ристески ги закрои лозите во месноста Склештен мост

IMG_9569

Денес православните христијани го слават свети Трифун, денот кога се пие вино и се слави плодноста на лозите. Свети Трифун (или кај народот познат како Трипун) е заштитник на лозарите и затоа денеска се пие вино, се посакува среќа и плодност на почвата, вековна традиција на славење на овој празник.

Градоначалникот Марјан Ристески со неколкумина свои соработници денеска беше на закројување во месноста Склештен мост.

IMG_9539

IMG_9508

IMG_9509

IMG_9515

IMG_9524

IMG_9536

На прославата за Свети Трифун, градоначалникот Ристески, кој многупати досега, ја покажа широкоградоста и го подели домаќинлакот со неколку сограѓани за одржуање на традицијата посака годината да биде родна, лозарите да наберат квалитетно грозје и многу здравје. По црковната церемонија и закројувањето на лозјата, со здравица се посака бериќетна година.

IMG_9675

IMG_9577

IMG_9578

IMG_9582

IMG_9591

IMG_9613

IMG_9636

IMG_9649

IMG_9662

Ноќен живот Прилеп – Caffe Virus & Art Caffe – 13.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”148″ gal_title=”NokenzivotPrilep_13022016″]

Синот на Аркан открива: Цеца беше во врска со многу политичари и спортисти

svetlana-ceca-raznatovic-vojin-raznatovic-1455408413-844459-38280-1-650x396

Светлана Цеца Ражнатовиќ (42) била во врска со многу познати поличари и спортисти, меѓу кои и Петар Каписода, тврди Војин Ражнатовиќ.
Синот на Жељко Ражнатовиќ Аркан вели дека маќеата ќе ја остави да ужива во љубовта со 16 години помладиот манекен Александар дури кога ќе го смени презимето. Тврди дека Цеца има бурен љубовен живот.

-Своевремено се забавуваше со еден познат НБА кошаркар, а Петар Каписода го држеше во станчето на Коњарник. Меѓутоа, маченикот на крај побегна од неа во Црна Гора. Денеска веројатно го крие момчето зошто мора да ја одржува улогата на напатена вдовица, но беше навредливо бидејќи го откри на денот кога нејзиниот сопруг беше убиен. Неутешна вдовица е сепак клучен дел од нејзиниот имиџ, вели Војин.

naslovna-14022016-1455408575-844461

Избегале додека ја тепале мајка им со палки – драма на патот Прилеп – Скопје

policijalenta20145 (1)

Во петокот околу 21 часот  додека 59-годишната Љ.Т. од Скопје била со нејзините синови со кои одела од Прилеп кон Скопје, со автомобил Мерцедес со холандска ознака, пред бензинска ги пресретнал друг автомобил Мерцедес со прилепска регистрација, и се паркирало пред нивното возило. Од возилото излегло машко лице и непозната жена која му се спротиставувала да направи драма. Откако си продолжиле по патот, ги пресретнало комбе кое ги удрило одзади, а потоа се паркирало пред нив и од него излегле насилници кои тргнале кон нив, но еден од синовите на Љ.Т. го свртел возилото кон Прилеп. За жал, комбето ги престигнало и удрило повторно, по што се превртеле. Насилниците излегле со палки и се приближиле до возилото. Двајцата синови избегале, а мајката која останала сама била нападната. Тие ја тепале по што паднала во безсознание.

Таа била префрлена во Медицинскиот Центар во Прилеп.

Полицијата трага по насилниците.

Хорор! – Извршен атентат на познат политичар

belgrad (1)

Хорор во Белград, извршен атентат на Воислав Шешељ.

Во вечерните часови во Белград настанало вистински хорор. На српскиот политичар Воислав Шешељ бу бил извршен атентат, станарите се во паника а полицијата трага по причинителот. Сеуште нема детални информаци како сето ова се случило.

sesel

Денес се слави Св. Трифун- маченик за верата и покровител на земјоделците

Денеска се слават Светиот маченик Трифун, Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, како и Преподобен Петар Галатиски.

trifun

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови. Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана. Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите. Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа. Но тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив

Во времето на царот Септимиј Север ги фрлија во затвор зашто беа христијани. Света Перпетуа беше по потекло благородничка и таа ги храбреше другите затвореници да не се исплашат да пострадаат за Христа. На сон виде лествица од земјата до небото, сета начичкана со остри ножеви, јадици, клинци и други смртоносни оружја. А на дното од лествицата лежеше страшна змија. И виде како Сатир прв претрча низ лествицата до врвот неповреден, па од врвот ѝ довикна: „Перпетуа, ајде, те чекам! Но чувај се од змијата!“ Охрабрена од ова Перпетуа застана на главата од змијата како на прво скалило, па брзо редум истрча до врвот. И кога се искачи на врвот, влезе во небесата и ги виде прекрасните дворци небесни и беше многу радосна. Кога им го раскажа овој сон, затворениците растолкуваа дека наскоро им претстои смрт, и тоа прво на Сатир, коешто набрзо и се исполни. Прво го убија Сатир, а потоа Перпетуа и другите редум. Примија од Господ вечна награда во царството на светлината. Пострадаа сите за Христа во 202 или 203 година.

Преподобен Петар Галатиски

Во својата седма година го напушти родителскиот дом заради Христа и се повлече во пустина. Овде со пост и молитва толку се восоврши што правеше многу чуда со силата на Духот Божји. Околу 429 година се пресели во вечното Христово Царство во деведесет и деветтата година од животот.

 

Maсовна тепачка пред ресторан Гурман во центарот на Прилеп

349540-masovna-tepachka-vo-centarot-na-skopje-rakometari-se-ispotepale-pred-silbo (1)

Вечерва се случи масовна тепачка пред ресторанот Гурман во центарот на Прилеп. Причините за насилството не се сеуште познати. Од очевидци дознаваме дека приведени се неколку лица на распит во полициска станица, како и тоа дека во тепачката учествувале поголем број на лица.

Полицијата работи на расчистување на настанот и на утврдување на вистинските причини за настанатата состојба.

Повеќе информации во текот на денот.

ВИДЕО: Погледнете што ни се случува во мозокот кога некој ни се допаѓа

Сте се прашале ли што точно ви се случува во мозокот во мигот кога запознавате личност која ви се допаѓа?

 

mozok5

Еве како нашиот мозок реагира кога ќе излеземе на состанок со некој нов: Она што е интересно е како левата страна на нашиот мозок функционира кога се во прашање одлуките и акциите кои треба да ги преземете. Како што е познато, левата страна на нашиот мозок е одговорна за нашата рационалност, ни овозможува да ја користиме логиката и да ги планираме работите однапред.

Од друга страна, десната страна на нашиот мозок е одговорна за нашите емоции и креативноста.

Не е добро ниту пак возможно да се определите ниту за едната ниту за другата страна во смисла да и дадете предност, а токму поради тоа балансот е тоа што на сите ние потребно и  е вистинскиот пат кон успехот.

Откриена кобна грешка во нагодувањата на ајфоните (ВИДЕО)

Доколку поради некоја причина сакате да си играте со нагодувањата на датумот на вашиот Ајфон телефон, немојте да одите во „предалечно минато“, бидејќи би можеле да останете без својот уред, предупредува лондонскиот весник „Гардијан“.

ajfon

Имено, според весникот, во уредите со 64-битен процесот и со иОС 8 и 9 е откреина необична грешка, која може да нанесе непоправливи оштетувања на вашиот Ајфон, Ајпад или Ајпод Тач.

Ако во нагодувањата на уредите поставите некој датум од „подаленото минато“, на пример 1 јануари 1970 година, тогаш тие ќе се блокираат и засега не е пронајден начин за нивно ресетирање.

Грешката ја открил еден корисник, кој го снимил целиот случај и видеото го објавил на Редит.