[Best_Wordpress_Gallery id=”147″ gal_title=”Саботнокафе_13.02.2016″]
Врачени нови решенија за легализација во општина Прилеп
Градоначалникот Марјан Ристески, денеска додели нови решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот. Градоначалникот Ристески уште еднаш ги потсети на големиот бенефит што граѓаните го добиваат со Законот за легализација.
„До 31 март да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок. Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за достава на елаборати е до крајот на годинава“, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава.
Официјалните информации говорат дека постапувањето по барањата за легализирање на дивоградбите продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика, по што Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.
Груевски: Намалување за 50 % на партиципацијата за студентите кои имаат просек повисок од 8,5
Втората, од седумте мерки за млади кои денеска ги најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е промена на студентски статус.
-Преку овој проект на студентите кои се запишале со кофинансирање, ќе им се овозможи да им се намали партиципацијата, учеството за 50 посто, доколку го постигнат планираниот просек со што ќе заштедат половина од сумата за студирање. Имено, останувајќи доследни на реформите со кои се предвидуваат бројни стимулации и награди за најдобрите студенти, предвидуваме проект преку кој секој студент запишан на некои од државните универзитети, рече Груевски.
Секој студент кој се запишал во квотата со кофинансирање, врз основа на што плаќал сума од 400 евра на годишно ниво, доколку по втора завршена студиска година на прв циклус на студии, практично по положувањето на сите дотогашни испити оствари просек над 8,5 по автоматизам да биде префрлен на државна квота и да плаќа за 50% понизок надомест во преостанатиот период на студирање, односно 200 евра на годишно ниво.
-Овие студенти ќе останат во државна квота се додека го одржуваат својот просечен успех над 8,5 просечна оценка. Така постигнатиот успех дополнително ќе го ефектуираат, а ќе се потикнат и сите останати студенти. Ова ќе биде значителен стимул за студентите кои ќе вложат труд и ќе бидат посветени на образовниот процес, додаде Груевски.
Овој проект ќе биде реализиран од септември 2017-тата година, а ќе биде стимул за секој студент да научи повеќе, односно да има повеќе знаење и со тоа да заштеди повеќе свои средства или на своите родители.
-Да потсетам за време на претходните влади се плаќаа поголеми средства за партиципација. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја намали партиципацијата на факултетите која некаде достигнуваше дури до 1400 евра и сето тоа го намали на 200 евра односно на 400 евра за оние кои што се со кофинансирање, односно партиципација.
Ноќен живот Прилеп – The Gallery House Pub & Take 5
[Best_Wordpress_Gallery id=”146″ gal_title=”NokenzivotPrilep_take5IrskiPub”]
15 луди нешта за нас Македонците низ очите на натурализиран Холаѓанец
Има нешто поразлично за нас Македонците, што не одделува од сите други народи. Не секогаш тоа се позитивни работи и нешта кои оставаат позитивен впечаток. Еве 15 нешта кои се навистина луди и во кои секој еден од нас ќе се пронајде, а ги пронашол и еден Холаѓанец кој живее во Македонија и кој сликовито ги објаснува преку својот блог на интернет.
Живеам тука скоро една ипол година, а ги познавам Македонците повеќе од 5 години, можам да кажам дека постојат неколку нешта кои ме зачудуваат. Всушност веќе ги научив овие нешта и повеќе не ме чудат. Па еве ги тие 15 нешта кои беа чудни за мене кога започнав да учам за Македонија и Македонците.
- Македонците користат Ракија за се ! Тука мислам на пиење. Тоа е исто како вашиот нос да застане за миг, или како да ве каснал комарец со секоја голтка. Дури се користи за чистење на прозорците на автомобилите.
2. Македонците секогаш ќе прашаат -“колку пари кошта тоа”?. Имаш нов часовник? Ооо колку те чинеше? Нов автомобил? Колку чини? Се чини дека ова е многу важно прашање овде.
3. Главното прашање на денот е: Што има за ручек или вечера? Исто така тие сакаат постојано да зборуваат за храна.
4. Поради некоја причина речиси е нормално да се има теписи секаде, и тие доаѓаат во сите форми и големини. Дури и во кујната можете да најдете теписи.
5. Сите имаат прекар, кој дури и не звучи како нивното име. Но Македонците не се креативни кога се зборува за имињата. Најчестото име е Александар и Ана. Па да, мора да има прекари за во случај да не му се обратите на погрешниот Александар … J
6. Секогаш се жалат за тоа дека немаат доволно пари, но сите кафетерии се секогаш полни.
7. Промаја, е провев во куќата, според постарите генерации оваа појава може со сигурност да ве разболе, дури и да ве убие, па чувајте ги прозорците и вратите затворени.
8. Не разбираат кога ќе им речеш: “Полн сум”. Особено бабите во оваа земја, ќе ве наполнат со толку многу храна и не признаваат не за одговор.
9. Целосно се променуваат кога ќе влезат во автомобил. Македонците во глобала се многу љубезни луѓе, но возат како да сакаат за извршат самоубиство.
10. Тротоарите се користат за паркирање на автомобили наместо за пешачење. Дури и полукружното свртување и возење во рикверц на булеварите е возможно во Македонија.
11. Никогаш не послужуваат со торта на почетокот на роденденски забави. Овде тортата се служи последна и откако гостите ќе ја изедат си одат дома. Во Холандија тоа е обратно.
12. Кога Македонците ќе те поканат да им појдеш на гости, секогаш носи разни грицки, благи работи, дури и кога одиш кај твоите пријатели во домот. Тоа е како непишано правило на благодарност за нивното гостопримство.
13. Бирек со јогурт е најдобриот доручек според Македонците.
14. Не бидете изненадени кога ќе забележите дека постарата популација разбира Шпански јазик. Имаат изгледано толку многу ТВ серии, па го научиле јазикот. Во денешно време се чини дека сите гледаат Турски ТВ серии, кои се сериозно лошо синхронизирани.
15. Скоро 40% од македонската популација ги троши последните пари на обложување. Можете да пронајдете дури 800 обложувалници…. Што е навистина лудо за 2 милиони луѓе кои живеат тука!
Александар Георгиоски
ЖЕШКО ФОТО: Каролина, Марјана, Елена и Сани со деколте до папок
Холивудските ѕвезди, па и дамите од српската естрада често можеме да ги видиме во креации со ултра длабоко деколте.
Од Кендал Џенер до Јелена Карлеуша, овие дами знаат дека сексапилот скокотка, па така често ги интригираат фановите со провокативни фустани, кошули, палта.
Но во последно време за смели креации се почесто се одлучуваат и македонските ѕвезди.
Во една пригода Каролина Гочева ја видовме со палто со длабоко деколте, во друга Марјана со фустан кој не се заборава, во трета Елена Ристеска со подеднакво смела тоалета, а на фолкерката Сани овој тип на фустани и се омилени. Тие знаат која е вистинската доза на сексапил и како сето тоа да биде провокативно, но вкусно.
Еве некои од нивните највпечатливи изданија.
Извор: Курир
Ноќен живот Прилеп – Caffe Virus – 12.02.2016
[Best_Wordpress_Gallery id=”145″ gal_title=”NokenzivotPrilep_12022016″]
Дожд и ветер- еве какво време не` очекува во наредните денови
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер. Повеќе врнежи ќе има во западните делови, а температурата ќе се движи од 4 до 14 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен дожд и засилен јужен ветер.
Температурата ќе достигне до 13 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и умерен до засилен јужен ветер.
Повеќе врнежи ќе има утре во западните делови, каде локално се очекува да наврнат над 20 л/м2. До среда температурите ќе бидат во постепен пораст.
Потона „Титаник“: Судот го отфрли барањето за притвор на 8 лица
Основниот суд Скопје 1, рано утринава по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осум лица, како што бараше Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева.
Пресс24 дознава дека целиот предмет на Јанева бил прилично слаб и само врз основа на сомнителни искази на четири лица, се инсистирало изрекување на притвор за осуммина, иако за тоа не постоело никакво логично обрзаложение.
Апсурдот да биде поголем, кога гневот на тимот на Катица Јанева кулминирал, нивниот настап бил толку вулгарен што единствениот градоначалник Македонец во Албанија, Едмонд Темелко, бил брутално напаѓан заради тоа што имал македонска партија во соседната држава и постоела опасност тој да ги повика Македонците да гласале за ВМРО-ДПМНЕ.
Присутните се чуделе на ваквите испади на СЈО со аргумент дека и Заев повикува граѓаните да гласаат за СДСМ и американскиот претседател Барак Обама повикувал на изборите во САД да се гласа за него и дека тоа е дел од работата на секој политичар.
Овој зачин лекува повеќе од 150 тегоби: Направете моќен лек против настинка и грип
Медицинските својства на овој зачин постепено се разоткриваа во текот на вековите, но веќе одамна е потврдиено дека силно влијае против воспаленијата.
Овој зачин е познат во целиот свет, благодарение на неговите повеќекратни лековити својства. Ако случајно го видите бројот E100 на етикетата на производот, без страв. Ова е природната боја куркумин!
Куркумата е растение од семејството ѓумбири. Главно расте во Јужна Азија. Од нејзиниот корен се подготвува зачин со впечатлива жолта боја, која се должи на состојката куркумин.
Лековитите својства на куркумата
Куркумата е еден од најмоќните природни лекови. Активната лековита состојка во куркумата се нарекува куркумин. Лековитите својства на овој зачин постепено се откривале во текот на вековите, а одамна е утврдено дека куркумата делува силно против воспаленијата. Потврден е корисниот ефект на куркумата за многу болести, од рак до Алцхајмеровата болест. Во ајурведската медицина, куркумата одамна е позната како билка која го зајакнува и храни телото.
Куркума се користи за да:
– Зајакнување на варењето на храната
– Обвовување на цревната флора
– Намалување на надуеност
– Чистење на црниот дроб и жолчката
– Нормализација на менструацијата
– Намалување на воспалението кај артритис
– Чистење на крвта
– Стимулирање на метаболизмот
– Проблеми со кожата
– Заболувања на респираторниот систем
– Против габички и бактерии
– Против цревни паразити
Според хранливите вредности, куркумата е богат извор на железо, манган, витамин Б6, диететски влакна и калиум. Резултатите од голем број студии покажуваат дека е ефикасна во лекување на артритис, дерматитис и егзем, треска, инфекции, чиреви, камења во бубрезите и жолчката.
Лек против грип и настинка
Овој природен антибиотик има силно анти-воспалително дејствите, освен она што го зајакнува имунолошкиот систем, ги убива бактериите и предизвикувачите на болест. Не предизвикува несакани ефекти за варењето и цревната микрофлора и е сосема безбедна за употреба.
Куркумата содржи куркумин, полифенол, активна состојка која има преку 150 терапевтски својства. Со конзумација на мед и куркума го подобрувате варењето на храната и го зголемувате бројот на добрите бактерии во цревата.
Состојки: 100 гр мед, 1 лажичка куркума во прав
Измешајте ги двете состојки додека целосно не се соединат и истурете ги во чиста тегла. Веднаш штом ќе се забележат првите симптоми на настинка или грип, се земе лекот на следниот начин:
Прв ден: Земете половина лажичка од лекот на секој час.
Втор ден: Земете половина лажичка на секои два часа.
Трет ден: Земете половина лажичка три пати на ден.
Пожелно е лекот да не се голта веднаш, туку да го оставите во устата додека не се раствори. Многумина велат дека по три дена од земањето на овој лек сите симптоми исчезнуваат, но заради полесни конзумирање можете да го додадете во топло млеко или чај.














































