дома блог страница 5443

По трет пат се одржа “Гимназиската седенка”

12744621_1154750151202055_7531716213454963087_n

14.02 е термин кој, веќе традиционално, е резервиран за гимназијалците кои преку убав збор, дружба и музика го чествуваат Св.Трифун. Така беше и оваа година. Третото издание на оваа поетско-музичка дружба се одржа под отворено небо, во Вила Димкар, а таму задоволството да се присуствува беше заедничко, како и од гостите така и од сите кои беа инволвирани во овој настан.

12715267_1154750291202041_6121372136823450808_n

1936306_1154750507868686_2268168360322676797_n

12705737_1154750791201991_3885174886059558466_n

Ред  убава поезија, ред квалитетна македонска музика надополнети со топол чај, вино, печени костени, логорски оган беа само дел од настанот кој покажа дека гимназијалците се способни да донесат нова свежина и да го издигнат нивото на квалитетни настани на многу високо ниво. ”Гимназиската седенка” како што беше наречен настанот донесе емоции и убави моменти кои нема да се заборават.

12741986_1154750227868714_7120364679769629507_n

12715352_1154750377868699_3015181330949322149_n

12715436_1154750617868675_3638379776570542021_n

12733618_1154750717868665_3170504133218223355_n

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Нова снимка од последните моменти на Гадафи

moamer-el-gadafi-gadafi-libija-sirt-1454542189-837885-650x396

Британскиот„(Би-Би-Си) објави репортажа на новинарот Габријел Гејтаус, досега најчиста снимка од последните моменти на животот на либискиот лидер Моамер ел Гадафи. Во прилогот под наслов „Лов на златниот пиштол на Гадфи“, известувачот дошол до видео-запис на кој уште еднаш е прикажан полковникот Гадфи, кого заробен во приколка го држи разлутена група борци на либискта опозиција.

На фотографијата се гледа Гадфи, кој очигледно е тешко претепан. Околу него е неконтролирана група вооружени припадници на опозицијата. Во снимката се гледа млад човек кој во раката држи златен пиштол, од кој што водачот на револуцијата не се одвојува.

Во 14 минутната репортажа се зборува за тоталниот распад на Либија и анархијата која завладеала.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – ВОЗНЕМИРУВАЧКА СНИМКА!

Лето во февруари: Температурата ќе се искачи до 22 степени

soncevo1-520x311

Според најавите температурата денес ќе се искачи до 22 степени.

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и потопло со сончеви периоди. Во западните делови со услови за локален дожд.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзината до 80 километри на час. Наместа особено во западните делови на земја ќе има и појава на нестабилна облачност со пороен дожд и ретки грмежи.

Дневните температури ќе се движат од 11 до 22 степена.

До среда времето ќе биде стабилно, суво и доста топло за овој период од годината.

УНИКАТ БЕБЕ: Има белег на челото во форма на срце (ФОТО)

1bebe-srce

Иако веќе објавивме, денеска ќе ве потсетиме, бидејќи токму на овој ден е „зачната“ оваа прекрасна животна приказна.

Џејд и Лијам се горди родители на малата Попи-Реј, која има уникатен белег на челото.

Таа се родила со црвен белег во форма на срце на челото, а уште поневеројатно е тоа што е родена на Денот на вљубените.

bebe-srce

-Ова е прекрасна коинциденција, поради тоа Денот на вљубените ќе ни биде уште поубав, велат нејзините родители.

Докторите велат дека овој вид белези се честа појава кај новороденчињата и исчезнуваат неколку месеци по раѓањето.

Меѓутоа, вистинска реткост е некој од белезите да има форма, особено во вид на срце.

ВИДЕО: Со трубачи, калаш и топовски удар отидоа по невестата

svadba (1)

На ЈуТјуб се појави снимка од свадба каде на паркигот пред салата во текот на веселбата сватовите активираа цел арсенал оружје.

Звуците на трубите беа бледи во однос на пиштолите, неколку шаржери од калашников , па и топовски удар.

Оваа свадба за која зборува целиот регион се одржа во Дугопоље кај Сплит, а слична ситуација имаше и во Белград, само што тука главен актер беше невестата.

Инаку дамата во бело на воодушевување од гостите испразни два шаржери од пиштол:

ПАНИКА: Во продажба портокали заразени со ХИВ позитивна крв

На интернет деновиве се прошири вознемирувачка вест дека Царинската служба на Алжир открила големо количество портокали, увезени од Либија, во кои била вбризгана ХИВ позитивна крв.

portokal-hiv-640x639

Ако се потврдат индиции ова би било уште една погубна стратегија на џихадистите во Либија под чија контрола е поголем дел од оваа земја кон своите неистомисленици каде и да се во светот.

Поради веста почна да се шири паника меѓу луѓето, но иако Македонија не увезува портокали од земјите зафатени со војна, сепак проверете пред конзумирање.

Победа го освои 18-ттиот ,,Вуко Каров,,

12711103_10208659734114744_566464692261409038_o

Попладнево во Кавдарци се одиграа натпреварите на 18-ттото издание на Меморијалниот фудбалски турнир ,,Вуко Каров,, кој се игра по италијански систем. Победник на турнирот е прилепска Победа која забележа две победи без примен гол. Победа во првиот и најквалитетен натпревар на тунрирот го совладаа второлигашот Љубанци со 1-0, со голот на Здравески(24), а преку Дунимаглоски пропушти уште две убави шанси и за поубедлив триумф. Во решавачкиот меч за 1-то место прилепчани супериорно славеа над домашниот третолигаш Тиквеш со 3-0, со головите на Карчески (15), Дунимаглоски(24) и Иваноски(35). Инаку во првиот меч на отворањето на турнирот Тиквеш беше подобар од Љубанци со 1-0 со голот на Чеков. Жирито за најдобар играч на турнирот го прогласи стоперот на Победа Валентин Колевски, а најдобар стрелец е Чеков од Тиквеш. Организаторот додели пехари на трите екипи како и на најдобрите поединци. Последната генералка пред стартот на пролетната полусезона (на 27-ми февруари со Гостивар во Охрид), Победа ќе ја има следната сабота на 20-тти февруари против Велазерими во Прилеп.
10675606_10208659736114794_8501563215962339998_n
12694837_10208659735554780_7431623555482691258_o
12716398_10208659737194821_1282465712579625321_o

Нека не ве лаже сонцето: Подгответе се за снег

20131220094455resized

Нека не ве лаже сонцето. Повторно периодов следува снег.

t1uyk67i67ij76i67i67ytj56uj56u56u5trhg45y54eyh54y54y4ytj56u56u5

Галерија – Пица ресторан Garden Limitless одлична дестинација за гурмански помин

DSCN7704 Markukule.mk

И овој викенд за љубителите на вкусната храна, модерниот и топол амбиент и одличната послуга, помина во вистинска забава, насмеани лица и супер расположение.

Персоналот на пица ресторан Garden Limitless се погрижија по којзнае кој пат своите гости да ги одржат будни и задоволни.

Ви пренесуваме дел од атмосферата и ве каниме да ги посетите.

Повелете нема да зажалите !

12736449_10207170472594579_1667398690_n

12714028_10207170468154468_680256009_n

12736201_10207170467994464_2146383109_n

Во пресрет на Државното првенство, Џудо клуб СЕИШИН активно се подготвува за нови успеси

grupna

 Во пресрет на новата натпреварувачка сезона 2016 во џудо спортот, Џудо Клубот СЕИШИН- Прилеп активно работи на програмата за соодветни припреми на своите членови.

Имено дел од членовите на СЕИШИН- Прилеп кои треба да земат учество на Државното Првенство за СЕНИОРИ-КИ зедоа учество на заедничкиот тренинг со членовите на Џудо Клубот „Гемиџии“-Велес.

На овој заеднички подготвителен тренинг се разменија искуства од техничко-тактички аспект а исто така се реализираа и контролни борби помеѓу членовите на двата клуба. Домаќини беа Џудо Клуб „Гемиџии“- Велес, а активностите се одвиваа на 13.02.2016 сабота, во Будо Центарот во Велес, каде клубот „Гемиџии“ ги обавува тренажните активности во одлични услови, со посебна сала за џудо тренинг, сауни, фитнес центар и теретана.

 Договорено е следниот пат домаќини да бидат од клубот „СЕИШИН“ – Прилеп.

Државното Првенство за СЕНИОРИ-КИ е закажано за 28.02.2016 во Кавадарци во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и Џудо Клубот „Кожувчанка“-Кавадарци.

borbi 2