дома блог страница 5442

Започнува шампионското лудило во Лигата на шампиони

uefa-chamipions-league-2014-2015

Започнуваат осминафиналните натпревари од Лигата на шампиони. Вечерва први ќе отворат Бенфика како домаќин на Зенит и Парис Сен Жермен како домаќин на непрепознатливиот оваа сезона Челзи.

Дали ќе може Бенфика да се справи со суперквалитетната екипа и супериорна за време на групната фаза, руски Зенит, останува да видиме во вториот по внимание, но не и по квалитет меч оваа вечер.

Во дуелот помеѓу веќе познататите противници кои се сретнаја и минатата година за време на нокаут рундите ќе биде интересно да се види дали Челзи е исто така ранлив и во Лигата на шампионите, знаејќи како лошо игра во Англиската Премиер лига оваа сезона. Кога сме кај ПСЖ,французите веќе ја имаат обезбедено круната во домашното првенство, со неверојатна бодова разлика и постигнати голови. Далеку помотивирани и поорганизирани оваа сезона, французите нема никој да го чуди доколку имаат шанса и за висок пласман.

Во текот пак на утрешната вечер ќе се сретнат Рома со Реал Мадрид и Гент со Волфсбург, а Лигата на шампиони продолжува наредната недела кога се сретнуваат Јувентус со Баер Минхен, Арсенал со Барселона и ПСВ со Атлетико Мадрид.

Навистина возбудливи натпревари на повидок. Уживајте во шампионското лудило.

Александар Георгиоски

ФОТО – Пожар во зградата на ЕВН во центарот на Скопје

elem-zgrada-640x618

Густ чад се издигна од плоштадот Македонија.

Неофицијално, се работи за пожар во погорните катови  на објектот на ЕВН /ЕЛЕМ на плоштадот Македонија во Скопје.

Ово период се изведуваат градежни работи на зградата. Според неофицијалните информации, пожарот избувнал на третиот кат на зградата на скопскиот плоштад.

pozar-elem

Пожарникарите се на терен и го изгасија пожарот. Противпожарни екипи интервенираа со шест возила и со водени топови успеаја да го исгаснат пожарот.

Вработените се навреме евакуирани, а во моментов нема чад во зградата.

Од СВР Скопје информираа дека пожарот бил пријавен во 9:45 часот.

Засега нема информации за поведени и за причинетата материјална штета.

Германија бара занаетчии: Плата и до 2.500 евра месечно

5000evra1

Добра работа во Германија. Така може да се нарече овој оглас за бравари. Се нуди плата до 2.500 евра за месец дена, пишуваБ92.

Неделно се работи по 35 часа, а се плаќа и патот до Германија, па дури и здравственото и пензиското осигурување. Дека Германците имаат потреба од бравари покажуваат и огласите објавени во хрватските портали за вработување.

Платата во случајот на браварите е од 1.500 до 2.500 евра месечно. Значи, тоа се однесува на 35 работни часа неделно, но влегува во можните прековремени часови што се плаќаат до 25 отсто повеќе, појаснува Никша Демовиќ за порталот Посао.хр за РТЛ.

Празниците и неделите се платени за 50 до 100 отсто повеќе.

Германските работодавачи дури и ги покриваат трошоците за превоз до Германија, им плаќаат образование, курсеви по германски јазик, сертификати за извршување на работата, како и голем број други бенефити. Во тоа се вбројува дури и пријавата за здравствено и пензиско осигурување во германскиот здравствен систем, појаснува Демовиќ.

 

Почнува манифестацијата „Снежен град“

snezen-grad

Детската манифестација „Снежен град“ ќе се одржи од денеска до 21. февруари на Попова Шапка.

Манфестацијата е во организација на Детскиот културен центар „Карпош – Скопје“.

На 21 февруари, пак, ќе биде организиран Карван – посета на Снежниот Град во вид на еднодневен излет.

Учесници – градители на Снежниот град се ученици од основни училишта од повеќе градови од Македонија – Скопје, Гевгелија, Виница, Тетово…

На 21 февруари напладне градителите ќе го предадат клучот од Снежниот град на посетителите што на симболичен начин претставува отворање на овој град за сите заинтересирани.

Бар кој лебди на вода (ФОТО+ВИДЕО)

BAR-650x396

Барот  „Облак 9” се наоѓа на Фиџи и буквално лебди во кристално чистата, енергично сината вода.

Cloud 9” (Облак 9) е платформа од два ката со интернационално опремен бар и Италијанска пицерија на дрва опкружен со тиркизни води и живописни погледи.

BAR1-654x317

BAR2-654x435

ВИДЕО – Во Унгарскиот парламент отстранети и фрлени од прозорец знамиња на Европската Унија

2121212121

Парламентарните претставници на унгарската националистичка партија, отстраниле две знамиња на Европската Унија од унгарскиот парламент и ги фрлиле низ прозор во дворот на парламентот.

Причина за овој перформанс бил владиниот закон со кој се овозможува стекнување на сопственост над земјоделските земјишта во Унгарија  од страна на странци.

Чинот на тргање на знамињата се случил за време на расправата за новиот закон.

Претставниците на националистичката партија во Унгарија, кои имаат 47 пратеници во парламентот, знамето на Европската Унија го нарекуваат “симбол на колонијализмот” и тврдат дека не постои закон кој обврзува да се истакнува тоа знаме.

Aлександар Георгиоски

Интервју со Д-р Виктор Ѓорѓиески претседател на Националната асоцијација на престижни академски граѓани

2

НАЦИОНАЛНАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРЕСТИЖНИ АКАДЕМСКИ ГРАЃАНИ е првата асоцијација во Македонија кој има за цел да ги промовира и вмрежи најуспешните студенти од сите професии и универзитети и да им помогне да го искористат во целост својот потенцијал преку развојот на креативноста, иновативноста и претприемачките вештини.

Ексклузивно за маркукуле.мк разговараме со д-р Виктор Ѓорѓиески – претседател на НАПАГ.

Добродојдовте на нашиот портал !

Што Ве поттикна да основате асоцијација од овој тип во нашата држава?

Два моменти беа пресудни при раѓањето на идејата за формирање на НАПАГ. Прво, за време на моите студии во САД, ја имав таа привилегија да членувам во една престижна Асоцијација од овој тип. Тоа, во голема мера го збогати моето CV и ми помогна многу во развојот на професионалната кариера веднаш по дипломирањето, како на пример да бидам дел од првата генерација во Школата за млади лидери на Претседателот Иванов, да ја извршувам позицијата на економски промотор во Њу Јорк итн. Мотивот за пренесување на овие позитивни искуства и во Р.Македонија беше клучен, но не и единствен за основањето на оваа Асоцијација. Имено, покрај престижот и признанието за досегашните академски постигнувања, заедно со потпретседателот Д-р Игор Андреев ја почуствувавме потребата, дека токму сега е моментот да се собере на едно место квалитетниот интелектуален капитал со кој располага Р.Македонија. Најдобрите македонски студенти од сите професии, според нас, имаат огромни развојни потенцијали, но за истите да бидат во целост искористени потребно е тие да се надградат со една нова креативна и претприемачка енергија, што всушност ја претставува и мисијата на НАПАГ.

4681733CF38EE6E31DD1545F3ECAB34C

Колку членови брои НАПАГ и како студентите може да пристапат односно да се зачленат во асоцијацијата?

Во моментот НАПАГ има околу 200 активни членови. За членство во НАПАГ можат да аплицираат студентите од прв, втор и трет циклус студии на сите факултети во Република Македонија кои ги исполнуваат следниве два услови: (1) имаат просек над 8.50, и (2) имаат комплетирано најмалку два семестари од нивните студии. Тоа можат да го направат преку официјалната веб страна www.napag.mk, официјалниот FB профил или со испраќање на емаил на [email protected].

12108250_1071675692845487_8909564113606174246_n

Дали студентите се заинтересирани да бидат дел од НАПАГ. Колку сте задоволни од соработката со Студентските Парламенти со кои имате склучено меморандуми за соработка?

Еден од првите чекори во градењето на асоцијацијата беше токму вмрежувањето со студентските парламенти, кои се комплементарни организации на нашата. Имено, до денес, имаме потпишано меморандуми за соработка со студентските парламенти од сите државни и приватни универзитети во Република Македонија (со исклучок на универзитетот МИТ), така што иако сеуште не сме имале некоја позначајна соработка, задоволни сме од поддршката која што ја добивме од нивна страна при градењето на мрежата студенти на НАПАГ, при што особено би ја истакнал соработката со студентскиот парламент при УКЛО. Инаку, заинтересираноста на студентите за членство во НАПАГ, особено се зголеми откако започна реализацијата на тримесечните сертифицирани академии Life Tools Academy, за кои имаше голем одзив, со оглед на огромното задоволство на селектираните учесници.

Кои активности/проекти ги реализиравте во изминатиот период?

За да ја изградиме мрежата од преку 200 членови, 9 почесни членови, 15 студентски организации од Македонија и 5 студентски организации од Косово, 21 компании -„креатори на сонот“, како и 18 други компании – партнери, во изминатите две години реализиравме голем број на активности кои ќе морам да ги набројам:

  • 4 свечени настани за доделување сертификати за членство во НАПАГ
  • 4 тримесечни сертифицирани академии Life Tools Academy, со групи од по 10 најуспешни студенти од разни струки
  • 5 свечени настани за доделување ваучери за посета на академиите
  • 1 свечен настан за доделување ваучер за покривање на трошоците за Work&Travel програмата во САД
  • Добиена награда за за Најуспешна иновативна платформа за социјално претприемништво во Битола
  • Членство во Советот на Европа
  • Добиена регионална лиценца за спроведување на официјалното меѓународно истражување на STUBRAND
  • 8 изданија на весникот Напагник, од кои пет на македонски јазик, две на албански и едно на англиски
  • околу 10 медиумски гостувања и околу 10 објавени статии и колумни
  • преку 30 објавени интервјуа со успешни претприемачи, научници и уметници

Секако дека имаше и многу други настани кои не ги споменав, меѓутоа од сето ова можете лесно да заклучите дека ние веруваме во мисијата на НАПАГ и напорно работиме на нејзината реализација.

DSC_5994

DSC_0646

Како што напоменавте голем број на успешни компании и институции овозможија македонските студенти да посетуваат обуки организирани од Ваша страна? Колку компаниите и институциите во нашата држава се спремни за соработка и да инвестираат во младите?

Морам да бидам искрен, ние сме презадоволни од досегашната соработка со компаниите и личностите кои преку стипендирање на тримесечните сертифицирани академии Life Tools Academy, препознаа можност да им помогнат на најуспешните студенти да се стекнат со неопходните практични вештини од областите на креативноста, иновативноста и интрапретприемништвото. Сепак, и покрај позитивните искуства со нашите донатори, со оглед на фактот што НАПАГ е еден од првите примери на социјално претприемништво во Р.Македонија, можам да кажам дека свеста за овој вид поддршка на младите сеуште не е на потребното ниво бидејќи голем дел од македонските претприемачи не ја препознаваат доволно потребата за вложување во најдобрите студенти кои во иднина се и нивни потенцијални вработени. Всушност, со жалење ќе констатирам дека значителен е бројот на оние кои не успеваат да разберат дека со „одливот на мозоци“ се намалува и бројот на квалитетни човечки ресурси во Р.Македонија, а негативните ефекти од тоа, покрај целото општество, во иднина најмногу ќе се одрази токму врз растот и развојот на нивните компании. Затоа, една од најзначајните работи со кои ние од НАПАГ се боревме во изминатиот период беше и сеуште е токму подигање на свеста кај сопствениците и менаџерите на компаниите за значењето на вложувањето во развојот и задржувањето на квалитетните и креативни човечки ресурси.

DSCN6285

Кои се Вашите тековни активности?

Моментално НАПАГ е фокусиран на градење на својата интернационална мрежа и се шири на пазарите во Косово и Албанија.

Што можат да очекуваат студентите во иднина од НАПАГ?

Како и до сега, НАПАГ и во иднина ќе претставува мост помеѓу студентите и компаниите и ќе им помага на најуспешните студенти полесно да дојдат до посакуваното работно место и да си и реализираат своите лични и кариерни цели. На студентите можеме да им ветиме дека и во иднина НАПАГ ќе биде симбол на квалитетни и креативни човечки ресурси, а нивното членство во Асоцијацијата ќе додава голема вредност во нивното CV.

napag - dodeluvanje sertifikati

Ваша порака за студентите, за младите луѓе кои се иднината на нашата држава?

Правете го тоа што ве прави среќни до онаа граница додека не повредите некого.

Ви благодариме на одвоеното време !

logo_NAPAG_krajno

Видео – Снимка од дрон над Аушвиц, за миг ќе ви ја заледи крфта и ќе ви го одземе здивот

121212121

Најголемиот концентрационен логор на нацистичка Германија Аушвиц и ден денес потсетува на мрачното минато, голготата и смртта на илјадници невини луѓе. Преку оваа снимка направена од дрон може да се види дека ова место сеуште зрачи со негативна енергија и сеуште се чувствува смртта и крикот на сите погубени луѓе.

Инаку Аушвиц е изграден во 1940 година, а ослободен е 5 години подоцна од сојузничките сили.

Погледнете навистина ќе ви ја заледи крфта….

Александар Георгиоски

Видео – Она што го направи Меси при изведувањето на овој пенал ќе ве воодушеви

1212121

При вчерашниот натпревар од шпанската Премиера, екипата на Барселона ја победи Селта Виго со резултат 6:1. Но она што остави впечаток на новото голгетерско шоу на триото Меси, Нејмар и Суарез, е токму начинот на изведување на овој удар од белата точка.

Погледнете како Меси и Суарез го изведоја овој удар за водство на Барселона од 4:1 во тој момент.

 

Aлександар Георгиоски

САМО ЗА ДЕВОЈКИ: Идниот сопруг ќе ви биде како првата личност што ја сретнавте денеска!

Svekji-Crkva-3-640x368

Идниот сопруг на младите девојки, по изглед и карактер ќе биде таков како што била првата личност која ја сретнале денеска наутро. Ова е најинтересно од сите верувања за денешниот ден Сретение Господово.

Еден од обичаите на Сретение е задолжително да се палат свеќи, бидејќи се верува дека пламенот од свеќата ја штити куќата од громови и други несреќи, но и дека има волшебна моќ.

Според овој ден се проценува колку уште останало до пролет. Се верува дека денешниот ден укажува колку уште ќе трае зимата, а тоа зависи од тоа дали мечката на Сретение ќе излезе од својата пештера и ќе си ја види сенката.

Празникот Сретение се слави од 554. година како спомен на денот кога Богородица за првпат го вовела во храмот новородениот Исус за да му го посвети на Бога. Сретение е еден од најсвечените настани во литургијата, една од најмилозвучните молитви, а овој празник во времето на царот Јустинијан е прогласен за молитва за да престанат големите несреќи и молба до Бога земјотресите и болестите да исчезнат.