Доцна вечерва до нашата редакција пристигнаја фотографии кои покажуваат пожар на Селечка Планина над Прилеп. Вчудовидувачки е како во зимски период планината се запалила. Пожарот може да се види дека е во најгорните предели на планината и е релативно разгорен. Се надеваме дека брзо ќе биде локализиран и нема да се дозволи негово проширување и големо уништување на шумската флора и фауна.
Откако ќе го прочитате ова веќе никогаш нема да земете монета која ќе најдете на улица
Кога ќе видите монета на улица сигурно си викате „среќа“ и ја земате и складирате во паричникот, мислејќи дека ќе ви донесе уште пари.
Според источните суеверија тоа не е така. Според нив штом монетата е изгубена, тоа значи дека и претходниот сопственик имал лоша среќа со парите. Доколку ја земеме монетата, со нејзе ќе ја земеме и лошата карма. Само ако милионер ја загубил можеме да ја земеме, но тоа нема како да го знаеме.
Има уште многу суеверија и знаци за монетите. Ако не сакаме само да даваме пари, тогаш кога тоа ќе го правиме не треба да го гледаме човекот во очи. Лоша карма претставувало и раситнувањето на пари. Доколку ви требаат ситни пари едноставно купете си нешто со парата, со што ќе ја раситните. За да не се нарушува енергијата на размена на парите, секогаш треба да земаме со левата и да даваме со десната рака.
Лесни и брзо пари не треба да држиме дома. Колку и да не ви се верува, нивната енергија лошо ќе влијае на вас финансиски. Овие брзи и лесни пари треба да ги потрошите што побрзо.
Нешто интересно – никогаш не седете на масата за вечерање ако таа не е сервирана! Седењето на празна маса по зајдисонце значи празен паричник. Не треба да чуваме на масата ништо празно, како чаши, чинии, шишиња и сл. Со други зборови – не треба да има ништо празно покрај вас за да ви е полна банкарска сметка.
Ова е најсебичниот хороскопски знак на планетата!
И покрај тоа што е голем пријател, добар човек, како партнер е ужасен затоа што мисли само на себе.
И покрај тоа што важи за најдобра, најпозитивна личност и најголем пријател, овој Хороскопски знак е многу себичен во интимните односи. Секогаш прво ќе мисли како да ги задоволи сопствените потреби и ќе се грижи само за своите чувства.
Дали е добар избор за партнер? Заклучете од следните редови.
Станува збор за стрелец!
Стрелецот секогаш сам себе си си е на прво место. Ќе ви се заколнат на вечна љубов и посветеност, но припадниците на овој знак, постојано ќе гледаат што е она што ним им одговара и како ситуацијата да ја свртат во сопствена корист.
Ако направите грешка, очекувајте дека ќе „ви соли памет“, но никако немојте да се обидувате да го направите истото во обратна ситуација, бидејќи Стрелецот тоа ќе го доживее како една од најдлабоките емоционални навреди.
ВИДЕО – НАЈДОБРО ИЗВЕДЕНИОТ ПЕНАЛ НА СИТЕ ВРЕМИЊА
Изминатиот викенд Меси и Суарез од Барселона можеби го изведоја еден од најуникатните пенали до сега во фудбалот. При тоа бидејќи се работеше за Барселона, начинот на изведување на пеналот предизвика низа рекации и коментари на сите сајтови и медиуми. Се постави прашањето дали воопшто некогаш постои друг таков удар од белата точка што исто така е интересен како споменатиот.
Ние ви го предлагаме следното видео. Погледнете ова е далеку подобро !
ФОТО: Има само 6 години, а IQ колку Ајнштајн и Стивен Хокинг
Шервин Сараби има само шест години, а навистина натпросечна интелигенција.
Неговата мајка Аманда вели дека Шервин многу сака да учи и дека омилен предмет му е математика.
Маликот Шервин има коефициент на интелигенција колку Стивен Хокинг и Алберт Ајнштајн, односно над 160.
-Отсекогаш ја сакав математиката, особено алгебра. Тешко е да објаснам зошто толку многу ја сакам математиката, но тоа отсекогаш ми доаѓаше само по себе, вели тој.
Тој обожава да оди на училиште и да го надградува своето знаење.
Молба до сите хумани граѓани
До нашата редакција стигна молба за помош на социјално загрозено семејство од нашата општина. Се работи за семејството Соколоски од Прилеп на кои им се потребни финансиски средства поради тешката финансиска состојба.
Под иницијатива на Младинската организација при СОУ “Ѓорче Петров”- Прилеп се организира хуманитарна акција за собирање на потребните финансиски средства за семејството Соколоски и други семејства кои се исто така во тешка финансиска состојба.
Ве замолуваме да ја покажете вашата хуманост со донирање на финансиски средства кои ќе бидат наменети за покуќнина, храна, облека и друго.
Средствата можат да се донираат на :
жиро сметка: 200002981031443
Стопанска Банка АД Скопје
На име : Васе Соколоска
Ви благодариме !
Со почит
Младинска организација при
СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп
Младински Совет Прилеп испраќа 16 млади на стручно образование за млади во земјите од ЕУ
Подобрување на вработливоста на младите луѓе и побрза транзиција од образование кон пазарот на трудот е основна цел на двонеделната посета на 4 Европски земји од страна за 16 млади, штотуку завршени среднисти, од Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ од Прилеп.
Во наредниот период 16 млади од Прилеп ќе имаат можност да учат и се стекнат со практична работа на работно место во Грција, Хрватска, Португалија и Англија. За време на практичната настава учесниците ќе ги развијат своите вештини во полето на Маркетинг менаџмент, Сметководство преку методи кои што се користат во неформалното учење и практична работа во Центри за стручно образование и Бизнис компании во Европските држави.
Проектот „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ има за цел да ја поттикне синергија помеѓу формалното и неформалното образование и вработувањето на младите промовирајќи ги неформалните образовни институции како место за практична настава стекната во формалните образовни системи.
Миле Димкоски – координатор на проектот: “Преку овој проект ќе влијаеме на младите луѓе уште повеќе да станат свесни за потребата од стекнување на практични искуства и стекнување на вештини кои побрзо ќе ги донесат до пазарот на трудот. Со практичната работа во избраните Европски центри за стручно образование и бизнис компании овие млади ќе ги надградат своите способности и знаења за професионален и кариерен развој.“
За време на престојот во Европските држави покрај практичната работа младите ќе имаат можност да се запознаат со нивни врсници но и културата и знаменитостите на државите преку викенд екскурзии. „Ние можеме и ние ќе го направиме тоа“ е мултилатерален проект изработен со учество на 4 партнери, поддржан од ЕУ програмата Еразмус + и Националната агенција за образовни програми и мобилност.
32-ца основци заминаа на Снежен град
Традиционалната детска манифестација „Снежен град“ годинава ќе се одржи од 18 до 22 февруари на Попова Шапка. 32 ученици од основните училишта од Прилеп, Долнени и Кривогаштани, денеска заминаа за Попова Шапка. Како што соопштија организаторите, Снежниот град ќе го градат деца, ученици од повеќе училишта од Скопје и други градови на Републикава.
Распоредени во екипи од по десетина деца со свој ментор тие ќе го изградат својот град кој што на 22 февруари со свечено отворање во 11,00 часот ќе го предадат на посетителите со што почнува вториот дел на манифестацијата, Снежниот караван кој што ќе се одвива до 28 февруари.
Градоначалникот Марјан Ристески, заедно со градоначалниците на општините Кривогаштани и Долнени, Тони Заткоски и Боше Милошески денеска ги поздравија учениците и им посакаа среќен пат и добар престој.
Во рамките на манифестацијата ќе се одржат и бројни други активности од креативно-рекреативен карактер, како избор на Снежна убавица, спортски игри, пинг понг, билијард, рачен фудбал и пикадо, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и диско-забава за учесниците на Снежниот град.
ВИДЕО: Кога ќе снема струја наполнете го телефонот со помош на лимон, еве како
Ако снема струја или не сте близу до извор на електрична енергија не ќе можевте ништо да сторите ако телефонот ви остане празен. Кога ќе го погледнете ова видео, ќе научите дека има алтернативен начин за полнење на мобилниот телефон, а потребен ви е само лимон. Нема да верувате, ама така е.
Сокот од лимон делува како електролит за две метални електроди кои обично се направени од никел и бакар. Доколку електродите на полначот ви се направени од магнезиум и бакар тогаш треба помалку лимон тогаш ќе ви треба помалку лимон зошто се создава поголем напон.
Вардарки против Букурешт за трето место на табелата
Вечерва од 18:00 часот ЖРК Вардар му гостува на незгодниот Букурешт . Ова е директен дуел за третото место на табелата и за обезбедување полесен противник во понатамошните четвртфинални натпревари. Знаејќи дека вардарки тешко ја обезбедија победата во првиот меч против Букурешт, буквално во последната минута, ова ќе биде тежок и напорен натпревар. Од таборот на Вардар тврдат дека се подготвени уште повеќе и дека се мотивирани од претходната висока победа против Савехоф.
Ни останува да им посакаме среќа на нашите девојки и да ги бодриме.






















































