дома блог страница 5440

Вознемирувачко ВИДЕО – Украински дилер на дрога измачуван до смрт од руски милитант

1212121

На бруталното видео кое се појави деновиве на Јутјуб се гледа како украински локален дилер на дрога е измачуван до смрт од страна на руски милитант. Човекот е врзан, камшикуван и моли за својот живот. Видеото е со англиски превод, па можете да ја разберете комуникацијата. Погледнете колку брутално изгледа сето тоа.

 

Александар Георгиоски

Хабитат Македонија и општина Прилеп потпишаа меморандум за соработка

IMG_0111

Хабитат Македонија го спроведуваат проектот „Воспоставување на Регистар на станбени згради и станови и Регистар на управители на станбени згради за секторот домување во Македонија“. По тој повод, Хабитат Македонија и општина Прилеп потпишаа Mеморандум за соработка каде е нагласен заедничкиот интерес за воспоставување Регистар на станбени згради и Регистар на управители на станбени згради како и да обезбедат совети во подобрување на квалитетот на  домувањето во колективни станбени згради.

IMG_0113

IMG_0089

Проектот претставува тригодишна иницијатива за подигнување на јавната свест за квалитетно домување во колективни станбени згради, значењето на енергетската ефикасност и управувањето со колективните станбени згради во Република Македонија.

Во рамките на овој проект се предвидуваат активности за поддршка на општините за формирање на Регистар на станбени згради и станови и Регистар на управители, согласно член 112, став 2 од Законот за домување.

IMG_0138

IMG_0127

IMG_0135

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски- Иџе денеска во Прилеп

IMG_0023

Денеска во салата на ЦК „Марко Цепенков“ беше оддржано предавање од страна на македонскиот автомобилист Игор Стефановски- Иџе за тоа како треба да се однесуваме во сообраќајот. На предавањата беше посочено: кога и каде смее да се поминува улица, што значи црвеното, а што зеленото светло на семафорот, најмалите во градинките беа споменати како треба да се однесуваат како учесници во сообраќајот.

IMG_9818

IMG_0027

IMG_0037

IMG_9783

IMG_9816

„Децата уште од намала возраст се учесници во сообраќајот како пешаци и како велосипедисти. Иако родителите вршат надзор, тие можат да се соочат со опасности, затоа се организираат ваквите едукативни предавања“, посочи автомобилист Игор Стефановски- Иџе денеска во Прилеп.
Градоначалникот Марјан Ристески ги поздрави присутните и им порача да внимаваат какви учесници се во сообраќајот.

IMG_9960

IMG_9963

IMG_9965

IMG_9966

IMG_9967

IMG_9977

IMG_9980

IMG_9990

IMG_9997

IMG_9999

IMG_9887

IMG_9893

IMG_9911

IMG_9921

IMG_9939

IMG_9944

Скандал во струмичките болници: Им давал мобилни, за да му јавуваат кога некој ќе почине

1111111111

СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицата И.Н. (40) од Прилеп, Љ.Ѓ. (41) од Струмица, Т.Н. (43) од с.Василево, струмичко, М.Т. (58) од с.Костурино, струмичко, Л.Б. (62) од с.Босилово, струмичко, А.Г. (50), С.Ш. (42), В.В. (53), К.П. (54), М.Т. (52), В.К. (57), К.Д. (56), Т.Г. (56), Р.Ј. (48), К.П. (54) и Т.В. (50), сите од Струмица, постои постоење основи на сомнение дека прво и второ пријавените сториле кривично дело неовластено давање на подароци, додека пак останатите пријавени сториле кривично дело неовластено примање на подароци.

Првопријавениот, како вработен во погребалниот оператор ДПТУ „ИГОР и Б Интернационал“ ДООЕЛ-Струмица, во договор со второпријавениот како сопственик и управител на наведениот правен субјект и на правниот субјект ДПТУ „Атила Интернационал Груп“ ДООЕЛ-СТРУМИЦА, во текот на 2015 и 2016 година, со цел остварување на противправна корист, во повеќе наврати им давал подарок-парични средства, мобилни телефони и друга корист на останатите пријавени.

Тие како вработени во ЈЗУ„Здравствен Дом“ – Струмица и ЈЗУ „Општа Болница“ им овозможувале на првопријавените приоритетно јавување и превземање на оператори и производители на погребална опрема на подрачјето на Општина Струмица.

ВИДЕО – Ни 43 години не можат да го спречат Шекил Онил да изведе силно закуцување

untitled

Легендата Шекил Онил наполни 43 години, но и тие се премалце за познатиот Шек да забие како во старите добри денови. Изминатиот викенд за време на “NBA ALL STAR” , Шек и Баркли се обложија. Доколку Шекил забие, Баркли оди на лизгање во Торонто, или обратно. Погледнете како за малце Шек ќе го разбиеше кошот…

Александар Георгиоски

ВИДЕО – Во слободно време Путин се дружи со леопарди

12121

Познато е дека рускиот претседател Владимир Путин е голем љубител на животните. Дури и ова “мало маче” се скротува во неговите раце и ужива во неговото друштво. Видеото е од посета на Путин на рехабилитационен центар за леопарди  во Националниот парк Сочи. Путин влегол во кафезот и излегол неповреден, иако многу од новинарите излегувале со многу гребнатини од дивите животни.

Погледнете….

 

Александар Георгиоски

НЕВЕРОЈАТНА ГЛЕТКА: Како од Вселената изгледа невреме со грмотевици на Земјата (ВИДЕО)

neverojatna-gletka

Британскиот астронаут и тест пилот Тимоти Пик, кој се наоѓа во Меѓународната вселенска станица, на Твитер објави видео на кое е прикано како од Вселената изгледа невреме со грмотевици на Земјата.

– Неверојатно е колку многу грмотевици може да ја погодат нашата планета за толку кусо време, напиша Тимоти под снимката.

На видеото се прикажани невремиња снимени од МВС на потегот од Северна Америка преку Турција до Русија.

Медитеранскo пире од компир

pire-kompir

Со додавање на маслиново масло и арома на жалфија, пирето од компир се претвора во магичен медитерански прилог! Во следниот рецепт погледнете што треба да додадете во водата за готвење, за вкусот на компирот да биде единствен.

Состојки:

350 мл млеко

50 мл маслиново масло

50 грама путер

2 мали лажички сечкани листови жалфија

1 кг компир

5 чешниња лук

Крупна сол

Подготовка:

Ставете го компирот во студена вода заедно со лукот, посолете го и сварете го на тиво огин. Исцедете и излупете го компирот, па измешајте го со миксер.

Во мало тенџере згрејте млеко, масло, путер и жалфија и оставете да отстои десетина минути па процедената течност полека додадете ја во компирот и матете додека не добиете кремасто пире. Ако е потребно додадете уште малку млеко.

 

Груевски на ФБ: Започнува реализацијата на новата инвестиција која ќе вработи 300 лица

gruevski-hajtek

По кратка пауза, нова инвестиција! Првата домашна компанија Хај Тек Асембли Центар денес го поставува камен-темелникот во Технолошко индустриската развојна зона Скопје1. Со ова започнува реализацијата на проектот со кој ќе се отворат 300 нови работни места, напиша претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на својот ФБ профил.

– Инвестицијата од вкупно 20 милиони евра ќе се одвива во две фази, односно, 6 милиони евра ќе бидат инвестирани во првата, а дополнителни 14 милиони евра во втората фаза. Производствениот погон од вкупно 5.400 м2 кој почнува да се гради денес, ќе биде функционален уште во текот на оваа година.Хај-тек е компанија која е добавувач на голем број светски компании од автомобилскиот сектор. Произведува електронски печатени плочи како основа на која се вградуваат компоненти од типот на микропроцесори, отпорници, кондензатори и транзистори. Производите од компанијата во целост ќе бидат наменети за странските пазари, во најголем дел тие ќе се извезуваат во Германија, Скандинавските земји, Швајцарија и Велика Британија, напиша Груевски.

Одлуката на компанијата е доказ дека поволностите кои се нудат во ТИРЗ за странските компании, поточно компаниите основани со странски капитал во целост важат и за домашните компании, односно постои рамноправност помеѓу странските и домашните инвеститори во однос на инвестирање во ТИРЗ, заклучи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

ВИДЕО: „Македонско девојче“ го воодушеви светот

makedonsko-devojce-1

Приказната за „Македонско девојче“, осамна на словенечката телевизија ПОП ТВ.

Песната доби нов аранжаман, токму на 50-тиот роденден на дамата за која оригинално е направена. Оваа верзија го воодушеви светот, па големи медиуми истата ја пренесуваат.

Продукција и организација направи Зоран Росоманов. Композитор и тектописец на песната е Јонче Христовски.

Се изведе под диригентската палка на Бисера Чадловска, аранжман Васко Атанасовски и музички продуцент, Будимка Имери.