ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА ЉУПЧО ПРЕНЏОВ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ
Официјално потврдена генералката: Победа – Влазрими в сабота на Градски
Во сабота на 20.02.2016, прилепска Победа ќе одигра пријателски меч со Влазрими на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп. Почетокот на натпреварот е закажан од 14 часот, а влезот е слободен. Терминот е фиксиран затоа што и првото пролетно коло на 27-ми ќе се игра со почеток од 14 часот, а во тој термин Победа ќе биде домаќин на Гостивар во Охрид. Раководството на Победа реши за саботниот меч со Велазерими влезот на Градскиот стадион да биде слободен и со тоа да им овозможи на поголем број љубители на фудбалот да го следат својот тим на прилепскиот храм на фудбалот, на кој официјален фудбалски меч црвено-белите немаат одиграно од 3-ти октомври и средбата со Македонија која беше прекината. Од казната на ФФМ од 7 натпревари Победа одработи 3, а за пролетната полусезона остануваат уште 4 натпревари од казната. Од вториот круг преостануваат дуелите како домаќин со Гостивар, гостувањата на Љубанци и Македонија ЃП во Скопје и како домаќин на Еуромилк. Во подготвителниот период Победа одигра 8 натпревари со биланс 5 победи (Младост Царев Двор 1-0, Вардар Неготино 2-1, Новаци 3-1, Љубанци 1-0 и Тиквеш 3-0) и 3 нерешени натпревари (Младост Лучани 0-0, Металург 1-1 и Тетекс 1-1).
Прв контролен натпревар за РК Прилеп
Денеска во спортската сала во СОУ Ристе Ристески – Ричко, со почеток од 19:00 часот, екипата на РК Прилеп ќе го одигра првиот контролен натпревар со Пелистер, пред почетокот на втората полусезона од домашното првенство.
Битолчани оваа сезона два пати се поразени и на домашен и на гостински терен. Очекуваме домашната екипа да го потврди квалитетот и на овој пријателски натпревар и да продолжи во ист ритам како и во првиот дел од сезоната.
Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ започна од Прилеп
Планинскиот Филмски Фестивал „Ехо“ за сите вљубениците во планините и планинските спортови во неколку градови во Македонија и оваа година, на големото платно ќе прикажат неколку свои филмови од богатата програма.
„Ехо“ фестивалот своето патување, го започна од Прилеп. Во соработка со Општина Прилеп, синоќа, од 18 часот, во киното „Мис Стон“ во Центар за култура „Марко Цепенков“, беа прикажани филмовите: МАЛИТЕ НЕШТА – САД, 2014, Дарси Турен, 47’ ПРВА МАКЕДОНСКА ТРАНСВЕРЗАЛА – Македонија, 2015, Горан Вучиќ/Кирил Шентевски, 38’ ОПЕРАЦИЈА МОФАТ – Англија, 2015, Џен Рендал/Клер Џејн Картер, 24’ и аматерско видео од конкурс за најдобро аматерско видео: СЛОБОДА НА 2 ТРКАЛА – Македонија, 2015, Игор Д. Јовановски, 18’ МЕТАНОЈА – САД, 2014, Џим Ајкман, 80’, кој филм е и добитникот на главната награда на „ЕХО“ фестивалот за 2015 година.
ВИДЕО: Хаос во Истанбул – турските навивачи го каменуваа автобусот на руските фудбалери
Големата тензија која владее помеѓу Турција и Русија, предизвикана од политичката ситуација, во голема мера се пресели и во спортот.
Пред натпреварот од шеснаесетина-финалето во Лига Европа навивачите на Фенербахче со камења го гаѓале автобусот кој ги превезувал фудбалерите на Локомотив Москва.
Домашните навивачи не биле спречени ни од фактот што овој дуел беше прогласен за натпревар од висок ризик и што во градот владееа зголемени мерки на безбедност.
Неколку турски хулигани се пробиле до автобусот на руската екипа и фрлале камења. За среќа, не дошло до потешки инциденти, а полицијата успеа да уапси неколку хулигани.
Фенербахче успеа да ја реши утакмицата во своја корист со резултат 2:0, а реваншот е за две недели во Москва.
Витаминска салата – Го чисти организмот и ги намалува масните наслаги
Основните компоненти на салатата (зеленчук и зелје) го збогатуваат организмот со витамини и минерали, а се исполнети со влакна. Благодарение на тоа, ова здраво јадење придонесува за ефикасното чистење на цревата. Со самото тоа, поради исфрлањето на фекалните наслаги се намалува и телесната тежина.
Но тоа не е се. Со оглед на тоа што некои состојки на оваа салата се нискокалорични, со заменувањето на еден оброк со оваа салата (да речеме вечерата) можеме да се ослободиме од масните наслаги. На тој начин резултатот од кознумирањето на вкусната и корисна салата е исчистен организам и корегирана телесна тежина.
Рецепт:
За подготовка на оваа салата ќе ви биде потребно: зелка, цвекло, морков, зелје, сок од лимон и масло.
Подготовка:
Изрендајте зелка, цвекло и морков во сооднос 3:1:1.
Додадете зачински билки по ваш вкус (магданос, целер и сл). Изгмечете го зеленчукот да пуѓти сок. Додадете малки сок од лимон. По желба за попикантен вкус можете да додадете и истолчено чешне лук.
Зачинете со помала количина растително масло. Нема потреба да ја посолите салатата, ако неможете да се откажете од солениот вкус користете соја сос.
Не разбуди дожд: Ќе има ли сонце викендов?
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со локален дожд особено во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен и северозападен.
Утринската температура ќе се движи од пет од 12, а дневната од 13 до 17 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен југоисточен ветер, кој доцна попладнето ќе го смени правецот во северозападен.
Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.
Во петок ќе има преодно стабилизирање, а во сабота ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа во наредните денови ќе преовладува стабилно и релативно топло време.
Прилепскиот театар одбележува 66 години од формирањето
Театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп денеска одбележува 66 години од формирањето.
Во рамки на одбележувањето на годишнината вечер ќе биде изведена претставата „Кирил и Методиј, who are you“ од Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски. Посетителите ќе можат претставата да ја гледаат бесплатно, со тоа што влезници ќе можат да подигнат од билетарницата на театарот.
Претставата светска премиера имаше во Букурешт, беше прикажана на Ескпонто, а праиzведба имаше на Охридско лето. Посетителите ќе ги израдуваме бидејќи
– Претставата утревечер им ја посветуваме и на актерите од нашиот театар Блаже Алексоски и Благоја Сприкоски Џумерко, кои починаа меѓу две годишнини. Првиот беше еден од основоположниците на театарот и даде голем придонес за неговиот развој не само како актер, туку и како режисер, додека вториот со години беше еден од водечките актери во ансамблот, вели директорот на театарот, Тони Чатлески.
Завесата на Театарот „Војдан Чернодрински“ првпат се крена на 18 февруари 1950 година со изведбата на претставата „Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски. Низ годините колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денеска е ансамбл со актери кои суверено владеат на сцената. Досега се поставени над 350 премиери, одиграни се околу 8.000 претстави, кои ги гледале речиси два милиони посетители.
Моментално во театарот се поставуваат две претстави „Хамлет од Долна Мрдуша, општина Блатуша“, во режија на Кирил Петрески и „Обѕрни се во гневот“ во режија на Кристина Димитрова.
Капитенот Лазаров инспирација каде и да се појави
Мало детенце се потрудило да научи малку македонски и да напише транспарент преку кој го побара потпишаниот дрес на Кире Лазаров. Скромно напишаното “Лазаров ми ја дадете вашата потпишан кошула ве молиме”, беше повеќе од доволно Кире да му го поклони неговиот дрес. Капитенот е инспирација за сите ширум светот и го сакаат и почитуваат од најмало до најголемо. Секоја чест за детето.
А.Г.
Маркукуле предлог ТВ серија – НАРКОС
Серија од популарниот американски тв сервис Netflix. Раскажана е вистинската приказна за почетоците и растот на пазарот со кокаин на американскиот пазар. Се работи за животот на најпознатиот и најголемиот нарко дилер од Колумбија Пабло Ескобар. Приказната е многу возбудлива и е преставена на интересен начин со нарација, амбиентот е возбудлив и егзотичен поради локациите како и поради периодот во кој се случуваат настаните. Дејството се случува во раните 90-ти во Колумбија.
10 епизоди кои ќе сакате да ги изгледате во еден здив и ќе ве навлечат да уживате во одлична криминална сторија од речиси исто толку часови.
Ќе видите како Ескобар се пресметувал со неистомислениците, политичарите и како си изградил сам сопствен затвор со казино, свои чувари, а власта морала сето тоа да го трпи и да го дозволи.
Целиот серијал го краси неверојатна изведба на бразилскиот актер Вагнер Мура, кој доста впечатливо го пренесува оригиналниот лик на Пабло Ескобар.
Година : 2015
Епизоди: 10
Времетраење: 50мин.
Жанр: биографија, криминал, драма
Главни улоги: Вагнер Мура, Бојд Холбрук, Педро Паскал



















































