Маркукуле предлог ТВ серија – НАРКОС

narcos-netflix

Серија од популарниот американски тв сервис Netflix. Раскажана е вистинската приказна за почетоците и растот на пазарот со кокаин на американскиот пазар. Се работи за животот на најпознатиот и најголемиот нарко дилер од Колумбија Пабло Ескобар. Приказната е многу возбудлива и е преставена на интересен начин со нарација, амбиентот е возбудлив и егзотичен поради локациите како и поради периодот во кој се случуваат настаните. Дејството се случува во раните 90-ти во Колумбија.

10 епизоди кои ќе сакате да ги изгледате во еден здив и ќе ве навлечат да уживате во одлична криминална сторија од речиси исто толку часови.

Ќе видите како Ескобар се пресметувал со неистомислениците, политичарите и како си изградил сам сопствен затвор со казино, свои чувари, а власта морала сето тоа да го трпи и да го дозволи.

Целиот серијал го краси неверојатна изведба на бразилскиот актер Вагнер Мура, кој доста впечатливо го пренесува оригиналниот лик на Пабло Ескобар.

Година : 2015

Епизоди: 10

Времетраење: 50мин.

Жанр: биографија, криминал, драма

Главни улоги: Вагнер Мура, Бојд Холбрук, Педро Паскал

narcos

28NARCOS1-master675

narco_s1_002_h




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.