дома блог страница 5438

ФОТО: Село со духови во Грција каде никој не живее – погледнете што се случило и како изгледа од близу

ropoto-selo (1)

Некогашно село со полно живописни ликови, сега е празно и морничаво бидејќи сите жители ги напуштија своите домови. Повеќето куќи и други објекти се срушиле додек пак некои уште се одржуваат во животот. Целиот терен и понатаму тоне.

Повеќе од 300 семејства морале да се отселат поради померувањето на земјата, а тоа што најмногу ги разочара е недостаок од било каква реакција на власта. Никаква помош не им обезбедиле на жителите.

ropoto-selo1 ropoto-selo2

ФОТО: Во Австралија пронајдено чудовиште на брегот на локално езеро

sustestvo-riba

На брегот на езерото Маскара во Австралија е пронајдено суштество кое изгледа како чудовиште од праисторијата, со заби остри како жилет.

Итан Типер наишол на овој „монструм“, како што го нарекуваат тамошните медиуми, а фотографиите ги објавил на социјалните мрежи.

Тој се надева дека некој ќе успее да го идентификува ова суштество, кое има тело на крокодил и глава слична на делфин.

Но наскоро се појавил експерт со цврсто објаснување за потеклото на животното.

Марк Мак-Гатер вели дека станува збор за штука-јагула.

-Ова е првпат да го видам суштеството во живо. Досега сум го гледал само во книги. Овие суштества можат да бидат многу опасни поради екстремно острите заби, изјавил тој.

Инаку, Марк вели дека оваа штука-јагула сигурно е многу стара, бидејќи била долга преку метар и пол.

ФОТО: Се мажела 66 пати, а причината ќе ве воодушеви

Најголем број девојчиња сонуваат за една совршена венчавка. Сепак има исклучоци, кога сонот се претвора во реалност повторувана дури 66 пати.

vencavka3

Таков е случајот на 32-годишната Лиза Гант од Англија, која до сега се омажила дури 66 пати!

Но, не избрзувајте, не станува збор за 66 различни мажи, туку 66 венчавки со еден ист маж.

Причината е неверојатна, имено оваа двојка со години патувала по светот со желба секој пат да се венчаат во различна земја, почитувајќи ги локалните обичаи.

vencavka

Фотографиите од своите венчавки ги објавуваат на нивниот блог „2 People 1 Life”.

Целта им е, кога ќе ги посетат сите земји кои планирале да ги видат, да донесат конечна одлука за тоа во која од нив ќе ја одржат нивната официјална венчавка.

vencavka6

vencavka2

vencavka5

Тоа ќе биде земјата која оставила најсилен впечаток врз нив, нивната 67-ма венчавка ќе биде во Нов Зеланд.

vencavka9

vencavka10

vencavka7

vencavka8

ФОТО – На прв поглед ќе помислите дека се работи за нешто необично, но тоа се само сенки

34

Не е се како што изгледа! Овие фотографии се направени во вистинскиот момент и се доказ за тоа. Сенката на нив прикажува сосема друга приказна за тоа што навистина се случува. Приказната е некогаш подобра од реалноста, некогаш многу лоша, но она што е важно да се сфати е следното: Не е се онака како што изгледа !

162 19 24 44 53 63 83 93 102 112 132 142 152

Александар Георгиоски

Прилеп: Си се возел со внукот – му впериле пушка

policiskamarica1 (1)

49-годишниот М.Г. од Прилеп заработи кривична пријава. Додека Г.П. се движел со неговото возило во Прилеп, заедно со неговиот внук, поминал покрај куќата на пријавениот кој вперил ловна пушка кон него.

Потоа му рекол дека има среќа што не е сам.

ГРОЗОМОРНО: Србинка си го искасапила новороденчето и им го фрлила на кучиња

Искасапеното тело на детето го фрлила покрај напуштената куќа, каде потоа е пронајдено без рака, нога и вилица.

bebe-nodzinja

Против 17-годишната Р.Џ. од село Биљача кај Бујановац е поднесена кривична пријава откако истрагата потврдила дека по породувањето со нож го убила бебето и го фрлила покрај напуштената куќа.

Телото на новороденчето кое е пронајдено на 11 јануари, го распарчиле кучиња скитници.

-Р.Џ. е осомничена дека свиреп начин до смрт го избодела своето новородено девојче. Искасапеното тело на детето го фрлила покрај напуштената куќа, каде потоа е пронајдено без рака, нога и вилица. Овие сомневања се поткрепени со наоди на вештаци и докази, велат од обвинителството во Врање.

Чедоморката и нејзините родители негирале дека таа е вмешана во смртта на бебето. Мештаните од Биљача велат дека низ селото се зборувало дека малолетната девојка забременила од момче што ја оставило.

Целосна ренесанса во OOУ “Блаже Конески” во Прилеп

image005 (Copy)

Во комплетно завршна фаза е промената на дограмата во централното училиште во висина од 3.500 000 денари со поддршка и на иницијатива на Локалната самоуправа на општина Прилеп со градоначалникот г-н Марјан Ристески. Старата железна дограма на целото училиште е сменетa со нова ПВЦ дограма. Подобрена е во значителна мера топлотната и звучната изолација на училиштето, како и самиот надворешен естетски изглед. Напоредно со тоа, училиштето успешно аплицираше до УСАИД за обнова на фасадата во централното училиште, во висина од 1.200 000 денари, повторно со кофинансирање на Локалната самоуправа на општина Прилеп.

За училиштето во Варош предвидено е партерно уредување на училиштниот двор во пролетно-летниот период, преку проект изработен од ЈП за Пуп во висина од 2.500 000 денари, проект кој ќе се реализира во две фази.

Училиштето аплицираше и до амбасадата на Р.Германија во Р.Македонија за набавка на надгледни средства за потребите на наставата. Исто така во тек е тендер од сопствени приходи за обнова на внатрешни ѕидови по ходници во централното училиште, за да се покрие и обнови фасадната цигла, во висина од  300.000 денари.

Постојано се врши подобрување на условите за работа на училиштата како во централното училиште, така и во подрачното училиште во населбата Варош, со поддршка на тимот на локалната самоуправа
Од 2008 год. година па наваму реалиизрани се 7 капитални проекти од голема вредност за ООУ “Блаже Конески”.

2008 год. – 1.800 000 денари за промена на кров во училиштето во Варош и реконструкција на санитариите.

2009 год. – промена на подовите во централното училиште со помош од УСАИД во висина од 2.000 000 денари.

2010 год. – повторно со помош од УСАИД извршена е дислокација на котларата со промена на начинот на греење од тврдо во течно, во вредност од 4.000 000 денари.

image001 (Copy)

2011 год. – реконструкција на паркот во централното училиште.

image002

2012 – оградување на централното училиште. Средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп, во висина од 2.000 000 денари.

image003 (Copy)

2013 год. со средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп, во висина од 1.900 000 денари се реконструира училиштето во Варош. Притоа променети се подови, зидови, тавани, фасада, дограма и се намести централно парно греење во висина од 450.000 денари.

image004 (Copy)

2014 год. – со средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп во висина од 2.000 000 денари, се реконструираа санитариите во централното училиште.

2015 год- промена на дограмата во висина од 3.500 000 денари, средства од Локалната самоуправа на општина Прилеп.

Локалната Самоуправа ги препознава потребите на училиштата, ги прифаќа, доделува средства и реализира. Резултатите се очигледни.

ФОТО – Најуникатното чаше за пиење ракија

12204719_10206556958377107_1351521601_n

Oва е можеби најуникатното чаше за пиење ракија. Поделено е на неколку категории. Пронајдете каде припаѓате и со кој дел од скалата можете да се носите.

Урнебесно ВИДЕО – Бебево го запознава братот близнак на неговиот татко

untitled

Како изгледа кога мало бебе ќе го запознае братот близнак на својот татко. Детенцево е во страшна забуна, мислејќи дека и двајцата му се татковци.

Погледнете, ова е вистинска комедија …

 

Александар Георгиоски

Груевски промовираше 7 нови значајни мерки за младите лица

mladi-merki-gruevski-640x353

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денес промовираше 7 значајни мерки за младите.

Првата од нив е наменета за младите кои доаѓаат од самохрани или еднородителски семејства.

-Ќе ја намалиме партиципацијата за 50 отсто за студентите од самохрани и еднородителски семејства. ВМРО-ДПМНЕ континуирано води грижа сите граѓани да имаат еднаков пристап до високото образование. Социјалниот статус не треба да биде пречка за реализација на амбицијата и за стекнување на факултетска диплома. Предвидуваме намалување на партиципацијата за 50 проценти за сите студенти од прва до четврта година на државните факултети, кои се деца на самохрани родители, односно потекнуваат од еднородителско семејство во кое вкупните приходи се под износот на нето минималната плата утврдена во земјата, рече Груевски.

За оваа мерка Владата секоја година ќе носи одлука за квоти за секој факултет. Мерката ќе почне да се реализира од септември 2017-тата, во соработка со МОН и МТСП.

Владата на Република Македонија согласно законот за високо образование досега ги ослободи од партиципација дечињата од социјално ранливите категории и децата без родители.

Средствата за партиципацијата се покриваат од Буџетот на Република Македонија.

Најавувајќи ја втората мерка потенцира дека влогот во математичките познавања како основа на речиси сите природни науки придонесува кон продуцирање на кадри со изразени когнитивни способности, информатичко-аналитички вештини, логичко размислување и решавање предизвици.

-Никогаш математиката сама за себе не била цел туку суштинска алатка за постигнување други цели и отворање на значителни можности. По примерот на многу земји предвидуваме отворање на специјализирана национална математичка гимназија, која ќе нуди образование по посебни наставни планови и програми креирани и одобрени од Биро за развивање на образованието и поддршка од Природно-математичкиот факултет и МАНУ, кои ќе бидат дел од вонредниот наставен кадар и поддршка на редовниот, истакна тој.

Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број на места во секоја учебна година. По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците кои ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови.

Гимназијата ќе биде опремена со компјутерски лаборатории за изучување на математика и други сродни области,а ќе се изучува и напредна математика.

Ќе се гради нов отворен базен во комплексот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.

-Согласно потребите на СЦБТ, согласно на тоа што таму постои аква-парк кој одлично функционира, базенот ќе биде дополнителна нова понуда. Трошоците за изградба се 740.000 евра. Почеток на градба е предвиден за 2018-та година. Со ова, заедно со проектот за затворени тениски игралишта и затворена гимнастичка сала, како и постоечките, ќе се добие современ центар за рекреација за скопјани и сите други граѓани кои доаѓаат тука, заклучи Груевски.

Во Охрид ќе се гради нов Конгресен центар, замислен да биде еден од најрепрезентативните конгресни центри во Европа, одлично место за сите видови настани изведен по највисоки стандарди.

Изградбата на центарот денеска ја најави Никола Груевски, при своето обраќање во кое најави и низа други проекти во корист на младите лица во земјата.

-На Охрид како туристички центар, но и на Македонија и недостасува ваков простор со врвно опремени сали, ресторан и паркинг. Конгресниот центар ќе претставува современо место за организирање на голем број младински и конференциски настани, годишни собранија, концерти, конференции на меѓународни асоцијации, корпоративни конференции и различни гала вечери. Предвидени се содржини за 3-4 мултифункционални сали за саемски изложби, состаноци и слично, со капацитет до 150 луѓе, голема сала за најмалку 1000 луѓе, 5-6 помали за билатерални средби, односно капацитет од околу 1500 лица кои во исто време ќе може да присуствуваат во центарот. Ќе има и соодветен ресторан, опрема, аудио и видео контролна соба, интернет, звучна изолација и сите елементи потребни за ваков модерен и современ центар кој најмногу ќе биде користен од младите лица, потенцираше Груевски.

Објектот ќе започне да се гради во првата половина на 2017 година откако ќе бидат преземени подготвителни активности за вцртување во деталниот урбанистички план на Охрид, изработка на проекти и избор на изведувач.

Проектот ќе чини 10 милиони евра, а Конгресниот центар ќе биде лоциран на само 15 минути од аеродромот во Охрид, во населбата Даљан.

Пазарот на труд има потреба од кадри од техничките факултети, а поради дефицитот, ВМРО-ДПМНЕ промовира нова мерка за стимулација за упис на овие факултети.

-Популаризацијата на техничките науки кои се дефицитарни е дел од пошироката стратегија за целокупен економски и индустриски развој на Република Македонија. Кадри недостасуваат на пазарот на трудот. Затоа во академска 2017-та и-2018-та ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно. Условот е да не презапишуваат предмети, рече Груевски.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, ова ќе придонесе да се стимулираат што повеќе млади да се запишат на техничките факултети.

Груевски денеска како дел од бројните нови проекти го јанави и возобновувањето на Учителската школа во Скопје.

-Ова предвидува реизградба на зградата на некогашната педагошка образовна установа, а која целосно беше уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Планирано е да се опфати во програмата за инфрастурктурни инвестиции на МОН и Министерството за култура во 2017 година. Потоа ќе биде просторно решение за некоја од државните високообразовни установи која во моментот нема свои простории, а младите ќе учат во технички напредни простории и во современи услови, а град Скопје ќе добие репрезентативен проект, потенцираше тој.

Изградба на современи и подвижни бини за настани и манифестации на плоштадите. Ова е еден од седумте нови проекти наменети за младите лица кои денес ги најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

-Во овој проект е превидено градот Скопје по теркот на современите метрополи да изгради вкупно 6 функционални и подвижни бини со цел зголемување на културната и забавната понуда на младите. Ќе бидат опфатени 6 различни плоштади:плоштад Македонија, плоштадот Филип Втори, плоштадот Мајка Тереза, плоштадот Пресвета Богородица кој за месец-два ќе биде целосно завршен, плоштадот Скендербег и плоштадот ВМРО, рече Груевски.

Тој потенцира дека согласно планот за активности на надлежните институции, на овие места ќе има најмалку два пати неделно различни младински настани од културен, едукативен, концертен карактер.

-Ќе се потрудиме да има речиси секој ден во различно време настани на сите овие плоштади користејќи ги овие бини. До самите бини ќе има донесена електрична инсталација за да можат да бидат приклучени сите електрични уреди кои се потребни за тие кои ќе прават одреден настан на самата бина. Нивната функција ќе биде анимација на младите и овозможување на корисен простор и збиралиште на младите. Бините ќе бидат монтажни, подвижни и соодветно декоративно уредени во просторот. Првите две бини ќе бидат поставени оваа година, на плоштадот ВМРО ако успешно се завршат подготовките ќе биде готов мај-јуни, а втората на плоштадот Мајка Тереза, најдоцна до крајот на оваа година. Потоа во периодот што следи ќе се постават и преостанатите 4 бини, рече Груевски.