дома блог страница 5436

ОД ОВОЈ ВИКЕНД НОЌЕН ЖИВОТ ОД КРУШЕВО НА МАРКУКУЛЕ.МК

[Best_Wordpress_Gallery id=”151″ gal_title=”Krusevo_NokenZivot”]

Маркукуле.мк станува најпопуларен портал и во Крушево. Нашите фотографи и дописници од таму ќе ве информираат за туристичката понуда, ноќниот живот, саботното кафе и се она што ќе се случува во Република Крушево. Верувајте не е ни малку здодевно меѓу весели и насмеани млади луѓе, кои се покажаја како одлични домаќини и уште подобри за друштво за ноќен живот.

Нашата мисија полека, но сигурно се остварува. Целта да ги покријаме збиднувањата, случувањата и да помогнеме во афирмацијата на Пелагонискиот регион, ја реализираме со забрзано темпо.

Победа со триумф ги заврши подготовките, Победа – Велазерими 1-0(0-0)

12748150_10208701128909588_727224680840129313_o

Попладнево на Градскиот стадион, Победа во генералната проба славеше со 1-0 над второлигашот Велазерими од Кичево со 1-0, полувреме 0-0. Тоа беше солидна фудбалска престава по лош и нерамен терен која во еден дел се одигра и по силен дожд. Победа беше подобар противник во текот на сите 90 минути. Прилепчани агресивно влегоја во натпреварот и веќе во првите 10 минути создадоа 3 изгледни прилики за гол. Во 2-та минута обидот на Карчески од 7-8 метри е блокиран, во 6-тата минута Мирчески на 1-ва статива бие непрецизно крај голот, а во 10-тата минута повторно обид на Мирчески чиј удар со глава заврши покрај голот на Незири. Во 20-тата минута центаршутот на Мирчески не стигна до Дунимаглоски, спречи гостинскиот голман.

12733646_10208701129189595_8048214970148037515_n

Во првиот дел гостите единствено се заканија во 38-та минута преку Мурат, кој биеше откосо од мртов агол, но внимателен и сигурен беше Манчевски. Во вториот дел одново сигурна и игра со посед на домаќините во чии редови беа извршени неколку замени. Во 59-тата минута обид на Наумоски крај голот по избиената топка на гостинскиот голман Зердески. Водството на Победа дојде во 67-та минута кога по центаршутот на Дунимаглоски највисок во скокот беше нововлезениот Котески, кој со глава го матираше немоќниот Зердески. До крајот малубројните гледачи не видоа возбудувања. Победа ја имаше контролата врз играта и случувањата на теренот, со доминантен посед на топка кој не дозволи во ниеден момент да биде загрозен голот на Манчевски. Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите играчи на кои смета за пролетната полусезона, која започнува в сабота со натпреварот против Гостивар во Охрид.

12705715_10208701137349799_7522471452464969536_n

12764632_10208701131429651_7456197117845469982_o

12764730_10208701138189820_6756917770037632257_o

ПОБЕДА: Манчевски, Талески, Крстески(Димитриоски), Колески, Ристевски(котески), Мегленски(Петрески), Наумоски, Карчески(Здравески), Дунимаглоски(Иваноски), Мирчески(Шаркоски) и Гешоски(николоски).

ВЕЛАЗЕРИМИ: Незири, Сулимани, Цуцули, Балажи, Сејдини, Иљази, Алиу, Ибраими, Зекири, Османи и Адили.Играа уште:Зердески, Имери, Јагодини, Фејза и Рушај. Главен судија:Кирил Смоквоски. Помошници:Иле Мишески и Илчо Јорданоски.

Саботно кафе Прилеп – 20.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”150″ gal_title=”SabotnoKafe_20022016″]

Посетете го супер модерниот млечен ресторан на Жито Прилеп. Вкусете прекрасни бели печива, бурек и уживајте во прекрасниот, топол и пријатен амбиент.

Врачени нови 50 решенија за легализација

IMG_0323

Доделувањето решенија за веќе легализираните дивоградби продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика. Денеска беа доделени 50 нови решенија за легализација, со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.

IMG_0276

IMG_0279

IMG_0289

Градоначалникот Марјан Ристески, истакна дека доста значајно за општината е спроведувањето на Законот за легализација на дивоградбите, преку кој Владата на РМ, на сите граѓани им овозможи историска шанса за стекнување на правна и легална сопственост на нивните домови.
Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.

IMG_0316

IMG_0302

IMG_0308

IMG_0312

IMG_0314

Ноќен живот Прилеп – Caffe Virus & Jazz club Take 5 – 19.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”149″ gal_title=”NokenzivotPrilep_19022016″]

Лавови предизвикаа паника во Најроби

lavovi

Во кениската престолнина Најроби е прогласена вонредна состојба, откако „повеќе лавови“ во текот на минатата ноќ побегнале од блискиот Национален парк и се упатиле кон градот.

Локалните медиуми јавуваат дека една лавица заедно со нејзните две лавчиња, биле уловена и враатени во шумата, а за два други лава се верува дека самите се вратиле во Паркот.

Стравувањето за безбеноста на луѓето го предизвикува немањето точна инфромација колку лавови побегнале од Паркот и сега талкаат низ најблиското опкружување на Најроби.

– Лавовите се опасни диви животни и немојте сами да им се спротивставувате доколку ги сретнете или ви се најдат на патот, објави во своето предупредување до населението претставникот на кениската Агенција за диви животни, Пол Удото.

Сведоци за медиумите изјавиле дека утринава виделе два лава како се шетаат во кенискиот главен град во близина на границата на Националниот парк.

Се проценува дека во Националниот парк има околу 30 лавови, кои живеат на простор од 17 квадратни километри.

Децата од социјалниот клуб Порака изработија прекрасни изработки

12736025_10207213498430198_1649806784_n

Децата од социјалниот клуб Порака од Прилеп изработија прекрасни рачни изработки, кои денеска ги продаваат на плоштадот “Методија Андонов – Ченто” во центарот на Прилеп. Нивната работилница е насловена како Предосмомартовска и побуди огромен интерес кај граѓаните, кои со задоволство купија од нивните творби. Овој клуб на лица со интелектуална попреченост значи премногу за сите лица со ваква попреченост и редовно собира на едно место, давајќи им притоа сигурност и вредност во општеството.

12769586_10207213500630253_2102334374_n

12665650_10207213500790257_1993410960_n

12735613_10207213500350246_606842185_n

12735725_10207213498230193_891663378_n

12735847_10207213500430248_94828142_n

12736280_10207213500710255_56878020_n

12736347_10207213500190242_13620882_n

12767711_10207213500550251_1550687040_n

Правите ли разлика меѓу љубов и приврзаност?

Има огромна разлика меѓу заљубеност и приврзаност и најчесто на почеток од врска навистина не знаеме да ги разликуваме овие работи. Заљубеноста е она кон кое сите тежиме, приврзаноста е моментална привлечност која не влече како магнетско поле кон другата личност.

race-640x379

Зошто тогаш толку ги мешаме? Која е разликата меѓу заљубување и приврзаност и како да ги разликуваме овие две? Денес ви даваме одговор на вашите прашања!

1 . Љубовта е страствена, приврзаноста е апатична

Љубовта и заљубеноста се полни со страст, полни со чувства. Кога се работи за љубов, тогаш секоја емоција ја чувствуваме подлабоко, добрите, но и лошите. Кај приврзаноста имаме апатичност. Да, кај приврзаноста имаме привид на чувства, но кога ќе спласне првичната еуфорија, останува рамнодушноста.

2. Љубовта е несебична, приврзаноста е нарцисоидна

Кога сме искрено заљубени, навистина се грижиме за другиот, се обидуваме да го направиме среќен и искрено внимаваме на туѓите чувства. Кога се работи за приврзаност, тогаш личноста се грижи само како таа се чувствува во врската, што таа сака, што таа мисли и не и е баш грижа за тоа што чувствува и мисли партнерот. Приврзаноста ја краси себичноста, а заљубеноста несебичноста.

3. Љубовта е тешка, приврзаноста е тешка кога не сте заедно

За љубов е потребен труд, напорна работа. Љубовта е тешка, особено кога е вистинска. Треба да се поминат многу препреки и многу проблеми. А кај приврзаноста, тешкотијата е само кога партнерите се одвоени. Приврзаноста ја одликува еуфорија која предизвикува на човек премногу да му недостасува партнерот, но од друга страна се работи за површни емоции кои не одат подлабоко и затоа е во принцип лесно да се одржува.

4. Љубовта ве ослободува, приврзаноста е посесивна

Љубовта прави да се чувствувате како да имате крилја, а приврзаноста сака да ви ги скрати крилјата. Приврзаноста прави да сакате да го заробите другиот во кафез, а љубовта дава поддршка и сигурност и слобода да живеете со полни гради. Приврзаноста ве влече надолу, додека пак љубовта ве крева нагоре и ви дава сила и поттик да го освоите светот.

5. Љубовта ве просветлува, приврзаноста сака моќ

Љубовта нема суета, љубовта ве учи на нови лекции за животот, љубовта ве просветлува. Приврзаноста е суетна, приврзаноста сака да има моќ над другиот, да го држи во шака, да го држи потчинет. Љубовта ќе ве направи помудри, приврзаноста ќе ви ги заслепи очите по лудата желба за доминација и его.

Измамете ја диетата: Совршен колач од три состојки без шеќер и брашно (ВИДЕО)

Една од најлошите работи кога сте на диета е тоа што целосно се откажувате од благото. Наместо тоа треба да јадете овошје, здрави маснотии и протеини.

malini5

Рецептата за колач кој можете да го направите од сите дозволени состојки стана вистински хит на интернетот. Овој колач има совршена комбинација на благ и кисел вкус поради малините кои се додаваат, а по желба малините можете да ги замените со јагоди, вишна, боровинки или било кое овошје кое го имате при рака.

Потребни состојки: 2 презреани банани, 4 јајца, малини, јагоди или некое друго овошје по избор.

Подготовка: Бананите згмечете ги со виљушка, а јајцата изматете ги и измешајте ги со бананите. Тоа е целото тесто. Калапите за мафини малку премачкајте ги, па у секој додадете неколку малини. Потоа врз нив налејте го „тестото“ и печете на 190 степени околу 12 минути.

ВИДЕО: Како странците ја доживуваат Шар Планина

sar-planina

Екипа на Montem adventure productions ја посети Македонија и се искачи на највисониот врв на Шар Планина – Титов Врв (2.747) метри.

Чудесен ден со штотуку паднат снег, сонце и силен ветер. Еден од најчудесните погледи со оглед на тоа што врвот е релативно низок, пишува во објаснувањето на видеото од посетата на Шар Планина.

На Шар планина има многу езера, а и повеќе врвови со надморска висина над 2.000 метри, како и пространи пасишта.

Сето ова покрива површина од околу 1.600 квадратни километри, што ја прави трета планина по површина на Балканот.