дома блог страница 5437

ВИДЕО – Игор Џамбазов настапи на Златна Бубамара и ја расплака целата публика

Untitled-132

Единствениот македонски шоумен настапи на Златна Бубамара на популарноста и како и секогаш беше уникатен. Во негов стил ја преработи “My way” oд Френк Синатра и ја расплака целата публика. Џамбазов го раскажа својот живот преку преработена македонска верзија на песната, на која никој не остана рамнодушен. Затоа сите бевме со него и во најтешките мигови, се молевме за неговото здравје и го поддржувавме.

Погледнете….

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Убиен навивач на Спартак во Москва

Поради убиство на Антон Феоктистов, навивач на Спартак од Москва, кој трагично настрадал во август минатата година, на 12 години е осуден, Мансоур Иснаилџахов.

spartak-ubistvo

Ноќта пред натпреварот помеѓу Кирил Совјетов и Спартак, во еден клуб по кратка тепачка е убиен навивачот на московски Спартак.

Денеска за прв пат во јавноста е пуштена вонземирувачката снимка кога несреќниот Мансоур искрвавел до смрт откако со нож му бил пресечен вратот.

Предупредуваме дека видеото е со вознемирувачка содржина:

Дали сте ја прочитале легендата за преубавата Преспа и настанокот на Преспанското Езеро?

5 (1)

Eдна од стотиците македонски легенди и преданија на македонскиот народ е онаа за преубавата девојка Преспа и за настанокот на Преспанското Езеро. Имагинацијата на нашиот народ е огромна, а овие легенди ја добиле својата вредност низ историјата, пренесувајќи се од генерација на генерација.

Приказната гласи вака:

На местото на денешното убаво Преспанско Езеро, според легендата се простирало широко плодородно поле. Во близината на ридот имало седум кладенчиња, кои никогаш не замрзнувале. Нивните бистри води биле гордост за цела долина. Навечер кладенчињата со чепови (цифуни) се затварале. Во тоа време, две племиња, непрестано војувале за убавата долина. Ќерката на кнезот од едното племе Преспа, била многу убава. Таа секоја вечер одела под ридот, до кладенчињата, по вода. Еднаш, кај кладенчињата Преспа го видела синот на кнезот од другото племе. Нивните погледи се сретнале. Срцата им затрепериле. Се родила љубов. Оттогаш, младите почнале скришум да се сретнуваат. Една вечер, младиот син на кнезот кој се викал Лабид, ја чекал убавицата недалеку од кладенчињата. Таа стрчала, намерно ги извадила седумте чепа од кладенчињата и водата бликнала на долж и шир по долината. Кога ја видел младичот, со неколку скока ѝ го попречил патот и се нашле лице в лице. Се фатиле за раце и тргнале кон ридот. Се качиле на врвот. Се прегрнале и паднале во љубовна игра. Шумолењето на водата и љубовната игра ги успала двајцата млади. Кога се разбудиле, во раните зори, пред нивните очи светнало едно сиво-зеленикаво езеро. Дотогаш, стражарите на двете племиња ги известиле своите кнезови за покачувањето на нивото на водите и тие, племињата тргнале на пат , едното тргнало на југ, а другото се населувало во полите на Галичица. Лабид ја прегрнал Преспа и бакнувајќи ја, и рекол: “Сега нема за што да војуваат нашите племиња!“ Младите стапиле во брак, а настанатото езеро, во чест на убавицата се нарекло Преспанското Езеро, додека пак населбата околу него го добила името Преспа

На Заев и Шекеринска не им се допаднаа скечевите за СДСМ, па ја напуштија Златна Буба Мара на популарноста

zaev-sekerinska-spasovski

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, и неговата партиска колешка Радмила Шекеринска, вчеравечер, си заминаа од шоуто Златна Буба Мара на популарноста, додека водителот Сашко Коцев на бината кажуваше скечеви за нивната партија.

Додека во скечевите актерот Коцев го исмеваше случајот со корупцискиот скандал на Заев и Специјалната јавна обвинителка, лидерот на СДСМ стана од своето место во централниот партер и ја напушти скопската Метрополис арена. Многу кусо време по него, си заимна и Радмила Шекеринска, која инаку на манифестацијата дојде со својот сопруг, Божидар Јанковски. И двајцата излегоа од салата минувајќи пред бината.

До крајот на шоуто останаа присутни другите членови на највисокото раководство на партијата – Оливер Спасовски, Фросина Ременски, Весна Бендевска, Рената Десковска и Дамјан Манчевски.

Извор: Нетпрес

ВИДЕО: Хаос во Москва – евакуирани 10.000 луѓе

moskva-1 (1)

Повеќе од 10.000 луѓе денеска се евакуирани од продавници и маркети во Москва поради закана за бомба.

 

Евакуиран бил „ГУМ“, како и Трговскиот центар „Гаргарински“ кој се наоѓа недалеку од фреквентната метро станица „Ленински проспект“, пренесува руски „Спутник“. Извор од руската служба за итни интервенции соопштил дека биле евакуирани уште неколку трговски центри во Москва.

Полицијата добила и дојава за бомба во зданието на комплексот на администрацијата на претседателот на Русија која што е сместена во центарот на Москва.

Подоцна било утврдено дека станува збор за лажна пријава.

Идентификуван е и пронајден човекот кој се јавил и се заканувал. Се покажало дека станува збор за граѓанин со психијатриска дијагноза на шизофренија.

 

Новата верзија на Peugeot 2008 за 2016 година, освежен и обновен

55077509856c57d6955c45170104038_v4_big

Од појавата на моделот 2008, поминаа 3 години и дојде време за првиот редизајн.

Стилските промени во споредба со верзијата од 2013 година се минимални. Дизајнерите ги преобликувале предната маска и во нејзината средина го сместиле амблемот на брендот.

Автомобилот доби нова додатна заштита на долните изложени делови на каросеријата.

4920086956c57d68c8b2e832526917_v4_big

Освежениот Пежо 2008 ќе биде достапен во 5 бензин и 6 дизел варијанти. Сите бензин мотори се троцилиндарски, со зафатнина од 1.2 литри. Потрошувачката на бензин верзијата е 4,4 литри/100км.

За дизел опцијата одбрани се 1.6 литарски мотори, кои се стандардно поврзани со петтостепениот мануелен мењач. На овој модел потрошувачката му е 3,6 литри/100км.

60423508156c57d6938a91255299566_v4_big

Пежо 2008 за 2016, опремен е со систем за автоматско кочење при возење во град со мала брзина, доколку процени дека ударот во друг автомобил е неизбежен

119432167256c57d69755c4686045960_v4_big

Рестилизираниот Пежо 2008 својата премиера ќе ја има на саем во Женева на први март, а во продажба се очекува во првата половина на годината.

Александар Георгиоски

Мурињо сепак потпиша за Манчестер Јунајтед

murinjo-1

Жозе Мурињо потпиша пред-договор со Манчестер Јунајтед, јавува Дејли Експрес, повикувајќи се на информациите објавени на порталот Фудбал инсајдер.

Порталот тврди дека Мурињо по шест недели преговори ставил потпис на тригодишниот договор вреден 48 милиони британски фунти.

Според извори од клубот, Мурињо ќе се сели на Олд Трафорд ова лето, но не порано од тоа Засега се зборува дека поранешниот тренер на Челзи ќе заработува околу 308.000 фунти неделно.

Инаку Јунајтед под водство на Ван Гал стекна репутација на бавна неатрактивна игра, а изминатата сезона евидентни беа големиот број загубени натпревари. Синоќа Јунајсотед загуби 2-1 од данскиот клуб Мидтијаланд во европската лига, а надежта за вбројување меѓу четирите најдобри екипи во финишот на лигата е се понеизвесен.

Во моментов постојат надежи дека Мурињо ќе го врати Јунајтед на стариот познат пат и ќе ги поправи грешките на Ван Гал.

ВИДЕО – Американец решил да фаќа Русинки во руски автобус, потоа се случи нешто

121

Oвој Американец заборавил за миг дека не се наоѓа во неговата земја со “мед и млеко”. Додека се возел во руски автобус се одлучил недолично да се однесува кон Русинките. Погледнете како си помина и одлучете дали паметно постапи.

Моментот е кон крајот на видеото .

 

Aлександар Георгиоски

Мало чудо на природата: Има 14 месеци а веќе е професионалец за сноуборд

snoubord (1)

14-месечната Слоан Хендресон е најмалата која знае да „ вози“ сноуборд, наинтересно од се е што таа е потполно опуштена.

Погледнете…

Билка што ја лекува ќелавоста

ruzmarin-1

Старите Грци и Римјани ја нарекуваа „ros maris“ или „морска роса“, а оваа билка по своите лековити својства е позната уште во древните времиња и била посветена на божицата Афродита. Кај нас е позната како рузмарин.

Во времето кога демнела чумата, луѓето носеле гранчиња рузмарин за да се заштитат од заразата.

Во средновековните книги поради горчливите материи што ги содржи ова растение се препорачувало кај тегобите со варењето. Тој бил познат по неговиот закрепнувачки ефект што го има врз крвотокот. Се препорачувал по тешки болести и за закрепнување на срцето во староста, најчесто во облик на вино од рузмарин.

Новите истражувања покажуваат дека ова растение е силен антиоксиданс што го забавува процесот на стареењето.

Рузмаринот содржи флавиноиди што ја поттикнуваат циркулацијата, ги зајакнуваат капиларите и го подобруваат протокот на крв во вените, а тоа ја објаснува традиционалната употреба на рузмарин за подобрување на помнењето и концентрацијата, потоа против главоболка, како и за поттикнување на растот на косата. Рузмаринот делува смирувачки на варењето па се препишува за проблеми со цревата, како што се проблеми со варењето, грчеви во желудникот и затвор. Истражувањата покажаа дека екстрактот од рузмарин го засилува лачењето на жолч, а тоа е важно за варење на мастите.

Второто истражување, обвјавено во 1995-тата покажа дека тоа растение е диуретик и дека го ослободува црниот дроб од отровните материи. Рузмаринот е ефикасно противвоспалително сретство. Има антибактериско дејство и поволно дејствва на искашлувањето оа може да се употреби и за лекување на инфекции на бронхиите, ушите, носот и грлото. Освен тоа, тој е ефикасно средтсво за зајакнување кај општиот замор.

За надворешна употреба маслото од рузмарин се разблажува со неутрално масло, како што е сончогледовото масло, па се употребува за втриување кај болките во мускулите, ишијасот и ревматичните тегоби. Ако во водата за бањање додадете чај од рузмарин тоа ќе ви помогне при ублажување на ревматизмот.

Екстрактот од рузмарин ја поттикнува циркулацијата на темето па се наноси на кожата од темето како сретство за спречување на прераната ќелавост. Исто така ефикасна е и за лекување првут.