Растопената чоколадна топка стана вистински хит на Интернет. Погледнете во продолжение како се подготвува.
[Best_Wordpress_Gallery id=”153″ gal_title=”NokenzivotPrilep_KALIPSO”]
Во животот на секоја жена барем еднаш и се случило да сфати дека погледот на нејзиниот драг залутал кај друга жена. Голем дел од нив веднаш ќе се навредат и налутат, сфаќајки го тоа како непочитување, многу и ги загрижува помислата дека партнерот ќе ги изневери, но всушност, во голем број на случаи не е во прашање ни едното, ниту пак другото.
Ова се трите причини зошто мажите гледаат други жени:
1. Тестерон
Погледнот кон друга жена главно е инстинктивна реакција. Тестеронот влијае на нивниот мозок така што го запазува потенцијалниот плен, па нивните очи еднослтавно одлутуваат во тој правец. Дури подоцна сфаќаат што направиле, но тогаш обично е готово, веќе погледнале а вие сте збеснале.
2. Естетика
Исто како што и жените сакаат да гледаат убави работи, така и мажите уживаат во гледката на убави жени. Тоа не значи дека тој не ве сака, туку веќе дека се држи до старата изрека „Очите се за гледање“.
3. Љубомора
Можеби ќе ви звучи чудно, но мажите кои не се чувствуваат доволно привлечно, ќе посака да бидете љубоморни, како и да се увери дека чувствувате нешто за него. Затоа намерно гледа други жени пред вас, привлекува внимание и ужива во вашата љубомора.
[Best_Wordpress_Gallery id=”152″ gal_title=”NokenzivotPrilep_20022016″]
Повеќекратниот светски првак во снукер, „Ракетата“ Рони О’Саливан забележа дека постои голема сличност меѓу српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и актерот Роберт де Ниро во младоста.
Тој на Твитер објави фотографија од холивудската ѕвезда и напиша: „Младиот Де Ниро е ист како Новак Ѓоковиќ!“
Инаку, Де Ниро е голем обожавател на Ѓоковиќ. Во 2007 година на УС Опен, кога Новак го освои својот прв гренд слем трофеј, Де Ниро навиваше за српскиот тенисер и тоа од неговата ложа.
Верувале или не, пациент во Русија се разбудил среде операција и отишол на пиво!
Овој пациент избегал од сопствената операција барајќи пиво, а на себе носел само болнички чаршав.
Сестрите пред операцијата одбивале да му дадат пиво, па тој се разбудил среде операција, ги откинал од себе инфузијата и другите апарати на кои бил приклучен и избегал од болницата.
Кога се појавил во продавница, не сакале да го услужат и веднаш викнале полиција, која го вратила во болницата
Полицијата најави санкции за медицинскиот персонал во болницата, бидејќи дозволиле да се случи ваква бизарна случка.
Не е познато од што бил опериран човекот.

Златната статуетка „Оскар”, која се доделува како признание за најдобрите од Американската академија за филмски науки и уметности, првпат по 30 години е редизајнирана за овогодинешното 88. издание на церемонијата.
Статуетките сега повеќе ќе наликуваат на првичниот дизајн од 30-тите години на минатиот век. Оваа помала козметичка промена доаѓа со промената на производителот на наградите.
Њујоршката компанија Polich Tallix Fine Art Foundry го презеде производството на статуетките од компанијата R.S. Owens од Чикаго, која ги произведуваше статуетките од 1982 година.
Новиот производител го обнови суптилниот изглед на изворната скулптура користејќи се со бронзен калап од 1929 година, кога беше првото доделување на „Оскарите“.
За изработка на 50 статуетки се потребни три месеци.
Инаку, мерките остануваат исти. Оскарот е висок 34 сантиметри и тежок 3,85 килограми.
Годинешната церемонија е закажана за следната недела, 28 февруари, на добро познатото место – театарот „Долби“ во Лос Анџелес.
Неделно утро:
Жената го зема бебето и почнува да му зборува:
Ах шо си ми ти сладок, се наспа, се најаде, си поигра, сега ќе се покакаш и пак ќе спијаш.
А мажот од WC дофрла:
Па шо ми е галје, недела е !