Утрово околу 3 часот по полноќ, на улицата „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп, едно лице го загуби животот. Се работи за лицето Рубинчо Димоски, кој бил совозач во автомобилот.
Незгодата настанала кога автомобилот „фолксваген поло“ удрил во метална конструкција за тутун, при што од ударот Рубинчо Димоски се здобил со посекотини околу вратот, и на пат до болница искрварил и починал.
Возачот е неповреден.
Јавен обвинител наредил обдукција на телото, со цел да се откријат причините за смртта на лицето.
Сите нутриционисти ќе се сложат со тврдењата дека морковот е многу здрав. Богат е со витамин А,К и Б8, калиум, бакар, магнезиум и железо. Меѓутоа големите својства што ги има морковот потекнуваат од неговото богатство на бета каротен и влакна.
Свежиот морков може да се купи во текот на целата година, не е скап, а можете да го јадете свеж, а и како додаток во исхраната.
Еве на кој начин јадењето морков еднаш дневно влијае на вашето здравје.
1.Го подобрува видот
2.Штити од рак
3.Спречува развој на кардиоваскуларни заболувања
4. Влијае позитивно на вашето орално здравје
5. Го штити здравјето на црниот дроб
6. Ја чува кожата
7. Го подобрува варењето
8. Штити од мозочен удар
9. Го регулира нивото на шеќер во крвта
10. Ги одложува знаците на стареење
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, а во западните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 21 степен.
Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Во вторник кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста и слаб дожд. Локални врнежите од дожд ќе има и во среда кои ќе условат пад на дневните температури за околу 3 до 5 степени.
Луѓето кога ќе доживеат срцев удар, најчесто се беспомошни. Лицето чие срце отчукува неправилно и почнува да се чувствува лошо, има само околу 10 секунди пред да ја изгуби свеста.
Меѓутоа, можете да си помогнете самите така што ќе кашлате енергично и без прекин. Длабоко вдишите секој пат пред да искашлате. Кашлањето мора да биде длабоко и продолжено, како кога искашлувате секрет од белите дробови.
Вдишувањето и кашлањето мора да се повторува секои две секунди без престан, додека не стигне помош, или додека не почувствувате дека срцето повтрорно отчукува во правилен ритам.
Длабокот дишење внесува кислород во белите дробови, а движењата кои ги предизвикува кашлицата доведува до притискање на срцето и одржување на циркулацијата. На овој начин, жртвите на срцевиот удар можат да стигнат до болница.
Тринаесет повредени лица од кои две пренесени во Ургентниот центар во Скопје е билансот од тепачката која вчера се случи кај Сретков мост меѓу навивачи на Будуќност и Шкендија.
Од МВР информираат дека инцидентот се случил кога 10-тина автобуси со навивачи на Шкендија се движеле со Кичево по што едниот запрел во близина на мостот. Од спротивна насока се движеле два автобуси со црногорски регистерски ознаки во кои се превезувале навивачи на Будуќност. Во тој момент навивачите на Шкендија со разни предмети и камења почнале да фрлаат кон двата автобуси, по што истите застанале, а тепачката почнала.
Информациите од МВР говорат дека повредени се 11 навивачи на Будуќност, а на повреди се пожалиле и двајца од навивачите на Шкендија. На сите им е укажана лекарска помош во гостиварската болница додека двајца навивачи на црногорскиот клуб се пренесени во Ургентен центар во Скопје поради убодни рани најверојатно од нож. Неофицијално, на едното лице му биле нанесени три убодни рани во пределот на грбот, додека второто лице имало расекотини во пределот на главата.
[Best_Wordpress_Gallery id=”154″ gal_title=”Крушево_Ноќен20022016″]
Два руски камиони и еден автомобил „Цитроен“ со прилепски регистерски ознаки се судриле попладнево на местото Ленички мост на патот кон Плетвар, информираат од СВР Битола.
Според првичните информации повредени се лица кои се превезувале во автомобилот. Нивната бројка не е позната, но првично сите се наоѓаат надвор од животна опасност.
Од СВР Битола додаваат дека увидот се уште трае од страна на полициски екипи од прилепската полициска станица во присуство во јавен обвинител.
Поради несреќа сообраќајот е во прекин во двата правци.
ФОТО: Ѕид на сообраќајниот срам
Градоначалникот Марјан Ристески беше домакин, на традиционалниот заеднички ручек што се случи денеска во манастирот „Св. Димитрија“ во нaселеното место Селце.
Градоначалникот Ристески го честита празникот посакувајќи многу здравје и среќа, а со задоволство истакна дека ова „Здружение на бакали“ е едно од најактивните во Република Македонија и дека е горд што и тој потекнува од бакалско семејство.