дома блог страница 5433

Куќа на фудбалот“ нов проект на ФФМ

ffm-640x294

За да ја приближи возбудата од фудбалските терени ширум земјава до секој љубител на македонскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) почнува со проектот наречен „Куќа на фудбалот“.

– Македонскиот фудбал го следиме, читаме по весници, кликаме вести на портали, го разговараме, а тоа значи дека фудбалот во Македонија е актуелен и го сакаме. Суштината на емисијата ќе биде да се доближи македонскиот фудбал до публиката, да се дискутира за него, да се даде критика кога е потребно или пак, некој заслужен позитивен коментар.” – изјави Златко Андоновски, портпарол на ФФМ.

Емисија ќе се реализира во скај студио во ФФМ со поглед кон терените во комплексот „Куќа на фудбалот“. Концептот на емисијата ќе биде сличен на европските интерактивни дебатни емисии за анализа на фудбалските натпревари по секое одиграно коло во македонската Прва лига и второлигашката конкуренција.

Овозможено е он-лајн следење во живо на пет саботни натпревари од втората лига и пет неделни натпревари од првата лига преку посебната платформа на ФФМ: tv.ffm.com.

Секој понеделник во рамки на емисијата во која ќе се прави преглед на колото, натпреварите ќе бидат анализирани, дебатирани и оценувани од стручен агол од страна на гости инволвирани во различни аспекти на фудбалската игра.

– Во Македонија досега не постоеше емисија од ваков карактер и со ваков концепт каде што ќе се даде простор да се изнесе мислење за случувањата во спортот кај нас и поради тоа сигурни сме дека ќе има позитивен одѕив и ќе биде позитивно оценета и прифатена од јавноста и од фудбалските експерти, додава Андоновски.

Првата емисија ќе биде емитувана вечерва по вестите на телевизија Канал 5, а прв гостин е претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

Викиликс: НСА прислушувала разговори на Бан, Меркел и други светски лидери

vikiliks-640x294

Викиликс објави материјали со докази дека Агенцијата за национална безбедност на САД прислушкувала разговори на генералниот секретар на ОН, германскиот канцелар и други светски лидери.

На сајтот е објавен список со документи, дел од нив со назнака – строго доверливо.

Според Викиликс, Агенцијата прислушкувала разговори меѓу Бан и Меркел посветени на промените на климата, дискусии на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони. Прислушкувани се и разговори меѓу министри за трговија од ЕУ и Јапонија за тајни „црвени линии“ на нивните страни во преговорите под закрила на СТО.

Интернет порталот објави и детали за приватна средба меѓу Берлускони, Меркел и поранешниот француски претседател Никола Сакрози.

– Покажавме како лични средби на Бан биле прислушкувани од една држава чија единствена цел е да ги заштити своите најголеми нафтени компании, коментираше основачот на Викиликс, Џулијан Асанж.

– Ќе биде интересно да ја видиме реакцијата на ОН бидејќи штом генералниот секретар може да е цел, тогаш во опасност се сите – од светски лидери до оние кои ги чистат улиците, додава тој. Документите се од периодот 2007-2011 година.

Сончево време со температура до 21 степен

soncevo-1-640x320

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло за овој период од годината. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта ќе има и слаб локален дожд. Преку денот ќе дува слаб јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од 17 до 23 степени.

Во Скопјe сончево и топло со слаб јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Од среда следува период на променливо облачно време со повремен локален дожд, а дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.

ФИНАЛЕ ЗА РИКАЛОСКИ

?????????????

20160221_162837

На првиот турнир Здравје Радово во младинска конкуренција кој се бодува за влез во младинска репрезентација на Македонија, пингпонгарите на Младост96 oд Прилеп, Александар Рикалоски и Дамјан Стојчев, постигнаа одлични резултати. Александар Рикалоски стигна до финалето, но не успеа да го совлада одличниот играч на ППК “Универзитет Гоце Делчев”, Петар Костовски, додека пак Дамјан Стојчев беше петти. Успехот е уште поголем ако се знае дека Стојчев сеуште е пионер, а Рикалоски ја игра првата младинска сезона. До финалето Рикалоски стигна со претходни пет победи. Во 1/4 финалето победен беше Глигоров од ППК “Ѓорче Петров”, а во 1/2 финале подобар беше од Костадиноски од ППК “Гоце Делчев” од Штип. И двајцата беа лански репрезентативци во младинци,и беа победени со ист резултат од 4-3. Овој успех покажа дека ППК Младост96 и оваа година во поединечните првенства ќе атакува кон шампионски титули и свои претставници во репрезентацијата на Македонија. За потсетување на екипното младинско првенство за сезона 2015/16, ППК Младост96 беше вице шампион.

Најновото ХИТ видео, Британец се мачи со канта ѓубре во замрзнат двор

12121

Ова е најголемиот хит што се појави деновиве. Британецот Alun Miles се мачи со кантата за ѓубре по замрзнатиот двор. Човекот оди напред назат и никако да го изнесе ѓубрето надвор од дворот. За целото тоа време неговата сопруга го снима од прозорец. На крајот успева некако да излезе од дворот и да стигне до ѓубреџиите.

Погледнете ….

 

Aлександар Георгиоски

Министерот без ресор Неждет Мустафа во работна посета на општина Прилеп

IMG_0644

Денеска во работна посета на општина Прилеп беше присутен министерот без ресор Неждет Мустафа кој оствари средба со градоначалникот Марјан Ристески. Министерот без ресор Неждет Мустафа кој воедно е и национален координатор на Декадата и Стратегијата за Роми, разговараше со градоначалникот за тековните и идни проекти поврзани со општина Прилеп.

IMG_0524

IMG_0527

IMG_0573

Министерот, зедно со градоначалникот Ристески направија увид на градежните работи околу изградбата на Џамијата, за инфраструктурата во населбата Тризла, за добивање на нова канализациона мрежа. Градоначалникот Ристески посочи дека локалната самоуправа во континуитет инвестира во оваа населба во подобрување на патната инфраструктура, осветлувањето, поставување на бекатон плочки, наскоро жителите ќе добијат и нова спортска сала, се со цел за подобрување на условите на живеење на граѓаните од ромска националност, а со истата динамика ќе продолжи и понатаму.

IMG_0599

IMG_0642

IMG_0576

IMG_0592

Вода, сокови, пиво, на ред е вино од „КОЖУВЧАНКА“, Интервју со Митко Јанчев, генерален менаџер

445555E05ADC8B4AAD9FB4226D248BA8

„Следна инвестиција поврзана со проширување на бизнисот на компанијата со други производи би била имплементирање производство за вино и вински производи“, вели Митко Јанчев, генерален менаџер на „Кожувчанка“.

Минатата година обележавте јубилеј 20 години на пазарот. Која е тајната со која „Кожувчанка“ ги привлече своите купувачи?

„Кожувчанка“ во далечната 1995 година се појави на македонскиот пазар како прва приватна компанија за производство на вода. Во тогашни услови, тежината да се биде дел од пазарот и да се земе дел од колачот на тогашниот маркет беше огромна, доволен е фактот дека бевме непознати за купувачите. Од самото започнување со производство и работа, вложивме многу труд околу квалитетот на производите, го негувавме секој наш комитент, воведувавме иновации и спроведувавме најразлични акции кои допираа до крајните потрошувачи. Истото е дел од нашата политика и денес, незапирливи сме во градењето квалитетно производство со најсовремена технологија, тоа го потврдува и широкиот спектар на признанија и сертификати во поглед на квалитетот и производството, комитентите длабоко ги систематизиравме и спроведовме посебна политика која знае да негува и притоа да ги наградува подеднакво сите, се’ уште тенденцијата крајниот потрошувач да биде оној кај кој ќе отиде нашата акција е цел која е неизоставен дел од нашата политика, и секако, се разбира, горди сме на најшироката дистрибутивна мрежа во Македонија која безрезервно го опслужува и негува секој територијален сегмент од пазарот, па дури и онаму каде што сите други заборавиле.

Во палетата имате повеќе производи, води, сокови и пиво. Имате ли планови за зголемување на производството или за проширување на бизнисот и со други производи?

Ако ги изоставиме иновациите врз постојните брендови кои одат во поглед на промена на амбалажата на ладниот чај „синалко“ и нејзино одделување од палатата производи на „Синалко“ и инвестицијата во стаклена амбалажа наменета за ХОРЕКА на „Кожувчанка“ и „Изворска“, следна инвестиција поврзана со проширување на бизнисот со други производи би била имплементирање производство за вино и вински производи.

359EF0B5F8BCF3468A13B137C3847D80

Какви се потрошувачките навики на македонскиот купувач, кои производи на „Кожувчанка“ се најбарани на пазарот?

Во глобала, најновите трендови би требало да говорат за современиот начин на купување во кој и македонскиот купувач би требало да купува од каталог и изборот за производите кој ќе ги купи да го прави сам. Можеби во централните градски подрачја можеме цврсто да се држиме до тој тренд, но сепак се’ уште поголем процент од потрошувачката им припаѓа на малопродажбата, каде што директна улога имаат менаџерите во маркетот кои знаат да го продаваат она што тие сакаат да биде продадено. „Кожувчанка ДОО“ во својата палета на производи има шест брендови, минерална газирана вода „кожувчанка“,природна негазирана вода „изворска“,газираните сокови „синалко“,негазирани сокови „синета“, енергетскиот пијалак „енерџи-С“ и како наш најнов бренд „наше македонско пиво“. Секој од брендовите си го има пронајдено своето место на пазарот и слободно можеме да кажеме дека секој од нив има добар „маркет шеар“ од целокупниот пазар. Се’ уште „кожувчанка“ е бренд-лидер во нашата палета на производи, но 2015 година беше година во која „изворска“ значително и’ се приближи, а токму овие два бренда беа акцентирани во изминативе две години каде што секој од нив беше ребрендиран со назначени маркетинг-вложувања. Горди сме на процесот на ребрендирање, кој беше успешно завршен и уште поуспешно прифатен од целиот пазар, што всушност беше и причина што линијата на побарувачка за овие два производи одеше во драстична нагорна линија. Светски познатиот бренд „Синалко“ кој изминатава година го славеше својот 110. Роденден, е бренд на кој оваа година значително ќе се работи на маркетиншки план, но и со активности кои ќе ја осигураат позицијата на самиот бренд во поглед на продажбата која и сега е на завидно ниво.

„Кожувчанка“ е семеен бизнис. Кои се предностите, а кои недостатоците кога членови од семејството се и колеги од работа?

Да се има бизнис во кој фамилијарните односи преминуваат во професионални односи, би рекол дека има повеќе предности од недостатоци, се разбира доколку секој ги познава своите ингеренции и овластувања и дејствува во согласност со нив. Во едно сме сигурни, а тоа е дека секој ја сака компанијата како своја, а тоа е мисија на секој работодавец.

Имате ли планови за извоз и на кои пазари?

„Кожувчанка ДОО“ е овластен производител за „Синалко“ во Македонија и од 2015 година и за пазарот на Црна Гора, тука немаме простор за извоз затоа што станува збор за бренд кој се работи по лиценца. Што се однесува за извоз на водите, ние секогаш имаме тенденција тие да бидат наша главна алатка за извоз, секојдневно добиваме понуди и сме отворени за секој пазар кој е заинтересиран за пласман на нашите води.

„Македонското пиво“ е еден од последните производи на „Кожувчанка“, колку пивото си го најде своето место на пазарот, со оглед на конкуренцијата, и што ќе преземете за поголем пласман?

И пред да почнеме со производство на пиво бевме свесни во каква инвестиција се впуштавме, а уште посвесни за каква категорија на производ станува збор. Да се смени навиката за пиење на едно пиво со друго е како да го смените матичниот лекар или заболекар, станува збор за макотрпен процес на промена на навиката на потрошувачот, во кој долгорочните планови и стратегии околу овој бренд се неразделен дел од успехот на самото пиво. „Наше македонско пиво“ се’ уште го бара своето место на пазарот, но ние сме презадоволни од текот на настаните до сега. Важно е што „наше македонско пиво“ денес може да се најде во секој продажен маркет.

„Кожувчанка“ е вода која извира во чиста еколошка средина на Кожув Планина. Како компанија дава свој придонес за заштита на околината во процесот на производство. Неодамна компанијата инвестирање во еколошко шише на водата „изворска“, а сега најавувате и нова инвестиција во делот на втиснување на датумот на производство и рокот на траење. Станува збор за инвестиции од светски тренд, колку тие му значат на македонскиот потрошувач?

Како новитет во производството во поглед на заштита на околината и тенденцијата да бидеме општествено одговорна компанија, имплементираме нов ласер со кој датумот за производство ќе се гравира на самата амбалажа, при што се исфрла мастилото како начин на обележување. Овие иновации се согласуваме дека се светски тренд, но суштината, сепак, не е да се следи трендот, туку грижата за потрошувачите и околината, која потрошувачите знаат да ја препознаат, а тоа го покажаа и зголемените бројки на продажба на негазирана вода „изворска“. Во најразлични пригоди при средбите, потрошувачите директно или индиректно ни покажуваат дека „изворска“ ја сметаат како поттик за еколошка свест и навистина го применуваат она еколошкото кое амбалажата на „изворска“ го носи со себе, а тоа е ребрестиот дизајн кој е лесен за рециклирање, како и 30 отсто помалку користената пластика.

Извор : Утрински Весник

Промовирани нови мерки на Агенцијата за вработување

IMG_0210

Со сет мерки Владата ќе поттикнува изградба на приватни детски градинки и домови за стари лица, а со законски измени ќе овозможи овие домови да можат да ги користат и странски државјани.

IMG_0204

„Градежното земјиште за оваа намена ќе има почетна цена од 1 евро за метар квадратен, а цените на комуналиите за такви објекти да биде намалена за 95 проценти, односно коефициентот за уредување на градежно земјиште да биде изедначен со коефициентот кој е предвиден за објекти од типот на угостителски туристички објекти, комплекси и одморалишта. Исто така ќе се стимулираат правните лица кои сакаат да инвестираат во градинки и приватни домови за стари лица да ги искористат поволните кредитни линии преку Македонската банка за поддршка на развојот, посочи градоначалникот Марјан Ристески во своето обраќање.

IMG_0207

„Со цел да овозможиме непосредна и директна комуникација отворен е кол центар на телефонскиот број 15505 каде сите потенцијални инвеститори можат да се обратат. Тоа можат да го направат и на email адресата: [email protected], посочи раководителот на подрачното одделение Филип Димитриески.

На прес конференцијата беше посочено дека ќе се формира посебен тим кој ќе ги координира активностите, а ќе биде формирана и листа на слободни и подготвени локации на градежно земјиште во градот, со намена изградба на приватни градинки или старски домови, како и листа на стари и неискористени објекти кои ќе можат да се продадат и преадаптираат за оваа намена.

ВИДЕО – Дали утринската гимнастика значи здравје со ваква инструкторка?

untitled

Бразилската фитнес инструкторка со сигурност ќе ве убеди дека утринската гимнастика значи здравје за вашето тело. Кој не би сакал да вложи напор и да се разгиба покрај ваква инструкторка?

Што мислите вие, дали вреди? Погледнете го видеото…

 

А.Г.

Повеќе населби во градот ќе добијат ново улично осветлување

IMG_0234

Општина Прилеп информираше дека повеќе населби во градот ќе добијат ново улично осветлување. Изградба на јавно осветлување ќе биде поставено на три нови локации и тоа на ул. ,,Петар Ацев“ со должина од 380 метри при што ќе бидат поставени 12 столба со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 380 000 денари.

IMG_0221

IMG_0228

IMG_0231

IMG_0238

Целосно осветлување и  на кругот во градинката во Тризла, при што ќе бидат поставени 16 канделабри со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од 450 000 денари. Исто така во кругот околу зградите во населба Вишне, на ул. ,,Наум Наумоски Борче,, ќе бидат поставени 8 канделабри со модерни енергетски ефикасни светилки и инвестиција од  350 000 денари. Изградбата е согласно програмата за комунално уредување на општина Прилеп и средствата се обезбедени од Буџетот на општината.

IMG_0250

IMG_0241

IMG_0248