дома блог страница 5425

Чупе на денот – Lina Shekhovtsova

lina-shekhovtsova-ls-16

478002

images

Lina-Shekhovtsova10

Свечена академија по повод патрониот празник на СОЕПТУ ”Кузман Јосифоски – Питу”

DSC_0187

На ден 25.02.2016 г. со почеток во 13:00 часот во театарот “Војдан Чернодрински” се одржа свечената приредба по повод патрониот празник на нашето училиште СОЕПТУ ”Кузман Јосифоски – Питу” . Учениците и професорите го одбележаа овој ден на особено поучен, забавен и интересен начин. Благодарение на долгите подготовки од страна на учениците, оваа приредба изгледаше прекрасно и раскошно. Различни музички настапи беа изведени од страна на нашите музички таленти, се разбира не смееме тука да го изоставиме и хорот при нашето училиште. Рецитаторите исто така добро ја завршија својата работа, како и нашите драмски актери кои успеаја до солзи да ја насмеат публиката. Tука беа и точките на Француската и Германската секција, балетите и македонското оро, кои со весела музика и игра не воодушевија и ни го разубавија денот.

Но, она што ја направи оваа свечена академија да остане засекогаш запаметена, се изведбата на химната на нашето училиште од страна на сите учесници, во придружба на целата публика, а особено важни за ваквите настани се забавата, смеата и дружбата, без кои истите не можат да поминат.

Новинарска секција на СОЕПТУ ”Кузман Јосифоски – Питу”

ВИДЕО – Руско торпедо кое може и под вода и над вода

12121

Русите се гениј кога се работи за воената технологија. Ова е уште едно видео кое покажува дека постојат страшни изуми во воената индустрија. Руското торпедо кое е прикажано во видеото се лансира под вода, а потоа се дига во облаците како ракета. Вистински предизвик за Американската воена морнарица.

 

А.Г.

Што значи да си еден од 4 милиони луѓе родени на 29 февруари: Еве што велат астролозите и нумеролозите

Во светот има околу 4 милиони луѓе родени во последниот ден од февруари во престапна година.

29fevruari

Тоа е еквивалентно на околу 0,0686% од населението на Земјата, а обично тие го слават својот роденден или претходниот ден, на 28 февруари, или на 1 март.

Шансите да се родиш на престапна година се приближно 1 на 1.500, а многумина веруваат дека родените во престапна година се избрани, среќни, различни од останатите.

Обично се вели дека тие носат силна интуиција, имаат остар талент и способности. Често се слушаат и обратни предвидувања – дека родените на овој датум се осудени на лоша среќа. Често многу родители сакаат да го запишат како датумот на раѓање на детето од претходниот или следниот ден.

Во Гинисовата книга можете да ја најдете историјата на норвешко семејство, поврзано на посебен начин со овој датум. Три од нивните деца се родени на 29 февруари во различни Престапни години.

Познати личности родени на 29 февруари, се Мел Гибсон, Сандра Булок, Кристина Агилера, Скарлет Јохансон, композиторот Джоакино Росини, актерот Џејмс Мичел, бугарскиот актер Христо Чешмеджиев.

Според традицијата, на овој ден и таа година која е престапна не се склучуваат бракови, не се купува имот, не се гради куќа…

Да си роден на 29 февруари е особен благослов предвидуваат и нумеролозите.

Тоа е единствениот ден во годината, кој е надвор од времето и просторот, карактеристичен, постои на секоја четврта година, посебен се само за избраници.

Родените на овој датум секогаш се одликуваат со невообичаено висока склоност кон креативност и уметноста. Од нив стануваат идеални актери, писатели, музичари. Овие личности имаат креативна акција, енергија и силно развиено шесто сетило.

Според нумерологија енергијата на 29-ти е 11. Оваа бројка е апотеоза на инспирацијата, алтернативниот поглед на сè што нè опкружува.

7 медали за ЏК Сеишин од Државното првенство за џудо во Кавадарци

Grupna seniori Kav.

На 28.02.2016 во Кавадарци, во спортската сала „Јасмин“, во организација на Џудо Федерација на Македонија и Џудо Клуб „Кожувчанка“- Кавадарци,  се одржа Државно првенство во џудо за сениори во машка и женска конкуренција. На ова Првенство настапија вкупно 8 клубови со околу 60 натпреварувачи.  Џудо Клубот Сеишин – Прилеп зеде учество со 9 натпреварувачи (8 во машка и 1 во женска конкуренција), а освоени се 7 медали (3 златни, 3 сребрени и 1 бронзен медал).

Поединечно резултати:

Сениори:

  1. Мартин Тодорчески кат. – 60 кг. 1-во место
  2. Даниел Велески кат. -60 кг. 2-ро место
  3. Диме Ивчески кат. – 66 кг. 2-ро место
  4. Христијан Ѓураков кат. – 73 кг 2-ро место
  5. Владимир Талески кат. – 81 кг. 1-во место
  6. Јове Божиноски кат. +100 кг. 1-во место

Сениорки:

Александра Најдоска кат. +78 кг. 3-то место

На ова Првенство клубот СЕИШИН беше најефикасен во машка конкуренција со освоени 3 златни медали, од 7 тежински категории.

Џудо Клубот Сеишин продолжува со подготовки , веќе за следното Државно Првенсто за пионери и јуниори кое треба да се одржи во Битола на 20.03.2016.

Kolona

Pocetok seniori Kav.

Seishin postroeni Kav.

Интервју со Јане Јанески, фуриозното крило на РК Прилеп

12767287_1265570193459013_808809258_n

Прилеп изобилува со спортски квалитет. Градот едноставо живее за спорт и е гладен за натпревари, спортска борба и жар. Она што недостасуваше изминатите години, денес е реалност, имајќи ракометен клуб кој изобилува со квалитет, младост и кој пред себе има убава иднина. Говорејќи за младоста и квалитетот, ракометниот клуб Прилеп, не би бил тоа што е, а да го нема Јане Јанески, разорното и брзо крило на клубот, кој плени со визијата на теренот и со фуриозноста во нозете, што го прави огромен проблем, како за противничката одбрана, така и за противничките голмани. Јане е млад ракометар и веруваме дека му претстои блескава кариера. Денес го имаме за гостин на маркукуле.мк и разговараме за неговите почетоци, раст и напредок во ракометната кариера.

Здраво Јане и добредојде на маркукуле !

Јане ти си млад ракометар со многу иднина пред тебе. Кога се роди љубовта за ракометот, кој ти ја дава главната поддршка и како започна да тренираш на професионално ниво?

Љубовта за ракометот ја имам од кога знам за себе. Уште од најрана возраст заедно со мојот татко, бев присутен на секој натпревар во Универзалната сала на тогашен Тутунски Kомбинат. Сум присуствувал и на други спортски натпревари, но само ракометот го исполнуваше моето срце, па така на 10 годишна возраст започнав со тренинзи во ракометната школа „Филип“. Таму се стекнав со основите на ракометната игра, а со формирањето на „РК Прилеп“ започнав со професионално да се занимавам со ракометот.

Како ја откри својата позиција на теренот, односно како откри дека најдобро се снаоѓаш на крилната позиција?

Кога започнав да тренирам во помалите категории, играв на позиција центар, а со оглед на тоа што немам висина, од страна на тренерот бев преместен на крилната позиција и со текот на времето ги усовршував, и сеуште тоа го правам, специфичните техники за таа позиција.

12782479_1265570150125684_1546890447_n

Моментално настапуваш за РК Прилеп, клубот одлично котира на првенствената табела и добро напредува. Ги имате ли потребните услови во клубот, услови кои овозможуваат напредок на играчите и подем во формата и квалитетот?

Можам слободно да кажам дека имаме добри услови, имаме сала за тренирање, тренираме секој работен ден, имаме одличен тренер и стручен тим, добри соиграчи, соработуваме одлично, настапуваме тимски. Сето тоа придонесува за напредување и во нашата лична кариера, а и за тимот воопшто.

Твојот квалитет е врвен, имаш одлична брзина и добро снаоѓање на теренот. Што е тоа што те мотивира да дадеш се од себе, да истрчаш најсилно што можеш пред противничката одбрана и да постигнеш гол?

Она што ме мотивира пред се, е мојата љубов кон ракометот, желбата да се победи противникот и да се остави добар впечаток. Во овој спорт се пронајдов себе си. Едноставно живеам со ракометот. Во таа смисла ќе го цитирам амбасадорот на македонскиот ракомет Кирил Лазаров: „Кога нешто се сака со сето свое срце и кога се сака нешто со чиста искрена и неприкосновена, безусловна љубов, не постојат препреки да се живеете сонот“

12782301_1265570243459008_899386013_n

Дали постои интерес од други клубови за тебе?

Сега за сега не.

Кои се твоите планови, визија за во иднина? На каков начин гледаш на твојата иднина во ракометот?

Со оглед на тоа што сум релативно млад, ќе продолжам упорно и посветено да работам на мојата надоградба, да учам од повозрасните и поискусните. Мојата цел е да бидам успешен во тимот во кој ќе играм и да придонесувам за неговиот успех. А моја најголема желба е еден ден да го носам националниот дрес и да придонесувам за развој на македонскиот ракомет.

12788120_1265570360125663_670409433_n

Кои се твоите ракометни идоли, во однос на позицијата на која играш?

Да бидам искрен мој идол, иако не е моја позиција е македонскиот ракометен виртуоз Кирил Лазаров. Тој е човекот кој ми дава мотив да бидам се подобар и поуспешен. Тој е прототип како треба да се живее, работи, напредува и како се надградува еден спортист, се со цел да се биде успешен и врвен во својата област. Отсекогаш му се восхитував и тој ми беше пример дека треба да се верува во себе за да се успее, и дека секогаш можам да бидам уште подобар отколку што сум. И токму затоа, го носам дресот со број 77. Инаку ракометен идол во однос на позицијата на која играм е: Uwe Gensheimer, кој отсекогаш ме восхитувал со неговата техника.

Што е она што е потребно за развивање на повеќе таленти во нашиот град, на што треба да работат спортските работници во ракометот, за да го добиеме стариот сјај на бившиот ракометен клуб Тутунски Комбинат?

Мислам дека ракометните работници треба да посветат поголемо внимание и на помладите категории за нивен развој, но и желбата кај секое дете да вложува во себе.

Минатото лето беше во летниот камп на нашата ракометна икона Кире Лазаров. Какви искуства понесе од таму, што значеше сето тоа за тебе и дали научи нови работи?

Кампот „Кирил Лазаров 7“ за мене ќе биде незаборавно доживување. На кампот гостуваа еминентни имиња од домашната и меѓународната ракометна сцена, меѓу кои Тимур Дибиров, Дејан Манасков, кои ми пренесоја лично искуство и најразлични техники за најдобро да се снајдам на крилната позиција. Исто така, и Кирил Лазаров на секој тренинг го пренесуваше своето животно и ракометно искуство,  заедно со своите гости и најдобриот стручен, тренерски кадар за млади категории, работеше на запознавање со ракометната игра, но и на усовршување преку индивидуален пристап со секој учесник. Со реализацијата на овој проект, јас и останатите учесници добивме надоградба, квалитетно школување, спортска култура, начин на исхрана, спортска психологија, квалитетен тренинг. Целта на овој проект беше да бидиме врвни ракометари, кои во иднина со гордост ќе го носат дресот со националните обележја.

12781947_1265570410125658_907961989_n

Освен ракометот што друго е твоја опсесија, на што друго го трошиш твоето слободно време?

Со оглед на фактот што уште сум средношколец, ми останува малку слободно време. Но како и секој млад човек, секогаш наоѓам време за дружење со моите другари, слушам музика, и секако одделувам време и за моето семејство, кое, како што кажав, секогаш ме подржува.

Она што сите би ги интересирало, дали сегашниот клуб каде што настапуваш има иднина, дали се работи за долгорочен план, кој стои добро финансиски и кој дополнително ќе напредува од сезона во сезона?

РК Прилеп каде што сега настапувам, би рекол не само дека има иднина, туку блескава иднина од аспект на стручниот тим, од аспект на тоа што имаме многу добри играчи, кои даваат се од себе, како на тренинзите, така и на утакмиците. Но, познато е дека денес тешко се обезбедуваат финансии, а тоа е услов број еден за еден тим да напредува на долгорочен план.

Кој е патот до успехот според тебе?

Според мене, патот до успехот е долг. Патот до успехот води чекор по чекор, скалило по скалило Само со огромна посветеност, работа и дисциплина може да се стане врвен ракометар.

Порака до твоите фанови на трибините и читателите на маркукуле.мк

Да бидат дел од трибините на ракометните натпревари на „РК Прилеп“, нивното присуство да биде што помасовно, да го подржуваат ракометот и на тој начин да се врати ракометниот сјај на поранешниот Тутунски Комбинат.

Дали треба да пиете вода за време на оброк?

voda-1-640x396

Многумина имаат навика да пијат вода за време на оброкот меѓутоа новите истражувања покажуваат дека тоа не ездраво и дека нови повеќе штета отколку корист.

-Пиењето вода за време на оброк може повеќе да ви наштети отколку да ви помогне. Преголемата количина течност за време на оброкот може да предизвика надуеност, проблеми со варењето и да ја спречи правилната апсорпција на хранливите материи, велат нутриционистите.

Водата, имено, не би требало да се пие барем половина час пред и еден час по јадењето. Доколку сепак мора да се напиете, пијте мали голтки. Големите голтки и големата количина вода за време на јадењето оже да ги разреди резервите на хлороводородната киселина во желудникот, а таа е клучна за правилна разградба на хрната.

Доколку сакате да го подобрите процесот на варење, поработете на подолго џвакање на храната, јадете кога сте опуштени и конзумирајте повеќе горки и кисели намирници.

-Овие навики ги стимулираат жолчката и протокот на ензими и така создаваат идеални услови за разградување на храната и максимална апсорпција на хранливите материи, додаваат нутриционистите.

Кои се добитниците на престижната награда Оскар?

На 88. издание на Оскарите кое се одржуваше до раните утрински часови во Долби театарот во Лос Анџелес Леонардо ди Каприо ја доби најпрестижната филмска награда во категорија најдобар главен актер за улогата во филмот “Повратник” (The Revenant) во режија на Алехандро Ињариту кој, пак, ја доби статуетката за најдобар режисер.

1oskari

Сепак, во до самиот крај неизвесната трка, Оскарот за најдобар филм го освои “Разоткривање” (Spotlight).

За најдобра главна актерка е прогласена Бри Ларсон, за нејзината улога во емотивниот филм “Соба” (Room).

Инаку, oва беше шестата номинација на Ди Каприо која конечно му донесе признание од Американската филмска академија.

Лео првата номинација за Оскар ја доби во 1994 година за улогата во филмот “Што го јаде Гилберт Грејп”.

Следната негова номинација дојде во 2005 година, кога беше номиниран за најдобар актер во “Авијатичарот”, а истото се случи и во 2007 година со “Крвави дијаманти”.

Минатата година тој беше номиниран за Оскар како продуцент и главен актер за филмот “Волкот од Вол стрит”, но беше “поразен” од Метју Меконахи.

Неговата актерска кариера на големото филмско платно трае долги дваесет и пет години, а првиот филм Critters 3 го сними во 1991. година.

Најдобра машка улога Марк Рајленс за улогата во “Мостот на шпионите”

Најдобра женска улога Алиша Викандер за нејзината улога во филмот “Девојката од Данска”

Најдобар режисер Алехандро Гонзалес Инриту за “Враќањето”. Тој освои “Оскар” за режија за втора година по ред. Минатата година тој ја грабна престижната статуетка за филмот “Брдмен”. Лентата триумфира и со други важни награди – за филм, оригинално сценарио и кинематографија.

Најдобро адаптирано сценарио Чарлс Рандолф и Адам Меккеј за “Големиот залог”

Најдобро оригинално сценариоТом Макартни и Џош Сингер за “Спотлајт”

Најдобро странско говорно подрачје филм Унгарската лента “Синот на Саул”, а најдобар документарен филм “Ејми”

Најдобра филмска музика Легендарниот филмски композитор Енио Мориконе го освои “Оскар” за музиката “омразена осморка”, со што стана најстариот носител на наградата. Само пред неколку месеци тој наполни 87 години.

Најдобра песна од филмот “Writing’s On The Wall”. За тематски парче од “Спектар” – најновата лента за авантурите на Џејмс Бонд, британскиот пејач и текстописец Сем Смит веќе освои награда “Златен глобус”.

Најдобри визуелни ефекти “Ex Machina: Бог од машината”

Најдобар анимиран филм “Внатре надвор”.

КОНЕЧНО: Оскар во рацете на Леонардо ди Каприо

Леонардо ди Каприо ја доби наградата Оскар за најдобар актер. Тоа е негова прва победа по пет номинации во оваа категоријата.

oskar-leonardo-di-kaprio

На 88 церемонија на доделувањето на годишните награди на Академијата која се одржа во Лос Анџелес, 41 годишниот Ди Каприо конечно доби Оскар.

Тој ја доби наградата за главна улога во филмот The Revenant (Повратник).

1oskar-leonardo-di-kaprio

– Да не ја земаме нашата планета здраво за готово. Јас не ја земам оваа вечер здраво за готово – рече актерот во својот говор.

Режисерот на The Revenant, Алехандро Ињариту, ја освои престижната статуетка за најдобра режија, додека филмот Spotlight освои Оскар за најдобар филм.

Која ви е омилена боја и што кажува таа за вашиот карактер?

boja-640x426

Било да се работи за енергична портокалова или смирувачка сина боја, изборот на бои може да ни помогне во откривањето на нечиј карактер.

Бети Вуд, авторка на книгата The Healing Power of Color, (Исцелителна моќ на боите), открива дека нашите омилени бои зборуваат за нас самите.

Бела

Белата е симбол на чисто, невиност и наивност, често се поврзува со младоста. Ако сте постаро лице, вашиот избор на бела боја може да значи дека копнеете по совршенство и неостварени идеали. Можеби дури и сакате повторно да ја вратите изгубената младост и свежина. Исто така, белата боја симболизира желба за едноставност.

Црвена

Оваа боја претставува сила, здравје и виталност. Често ја избираат екстровертни, агресивни и импулсивни лица, или пак лица кои би сакале да ги постигнат тие особини. Се поврзува со амбициозен карактер, одлучни да искористат се што им пружа животот. Можат брзо да ги оценат луѓето и да одберат страна на која ќе се приклонат. „Црвените лица“ обично се оптимисти кои тешко поднесуваат монотонија, немирни се и можат да бидат несвесни за сопствените недостатоци. Тешко постигнуваат објективен став, а поради тоа можат да обвинуваат други за какви било  непријатности, иако можеби и самите се дел од проблемот. Тивките лица кои преферираат црвена боја можат да имаат потреба за топлина, сила и останатите карактеристики на оваа боја. Црвената обично е боја на тие со отворен и едноставен карактер кои го сакаат животот.

Костенлива

Тешките искуства веројатно ги обликувале овие лица во дарежливи и симпатични луѓе. Обично оваа боја ги краси луѓе кои поминувале тешки борби низ животот, но сепак успеале да се извлечат. Може да означуваат дисциплинирани лица, кои созреале покрај разните животни искуства.

Розова

Оваа боја е понежна карактеристика на црвената, симболизира љубов и чувства без страст. Жените кои сакаат розова боја имаат мајчински склоности. Розовата означува заштита, посебно внимание и ситуиран живот. Исто така розовите лица бараат љубов и сакаат да се чувствуваат сигурно, можеби дури сакаат да се сметаат за деликатни и слаби. „Розовите лица“ сакаат да бидат шармантни и меки, можеби помалку и недефинирани.

Портокалова

Ова е боја на луксуз и луѓе кои сакаат да си угодуваат. Портокаловата обично ја бираат социјални лица кои сакаат да се забавуваат. Портокаловите лица обично се многу популарни и имаат добар карактер, иако понекогаш можат да драматизираат. Понекогаш можат да бидат помалку превртливи и неодлучни, но сепак се трудат да се согласат со останатите околу нешто. Портокаловата е боја на младост, сила, храброст, љубопитност и немир.

Жолта

Боја на среќа, мудрост и имагинација. Често ја бираат авантуристи кои сакаат нешто ново и сакаат самите да се исполнат. Обично добро оди со весели лица кои имаат добра смисла за хумор, но и чувство за работа. Жолтата означува интелект и се што е поврзано со умот, поради тоа жолтите лица најчесто се прецизни мислители кои имаат свој став за се, како и ум полн со многу идеи. Понекогаш дури можат да се сметаат за неодговорни бидејќи често бираат слобода на своите мисли и делување.

Зелена

Боја на хармонија и урамнотеженост, зелената симболизира надеж, обнова и мир. Често ја сакаат лица со мирен и искрен карактер. Зелените лица најчесто размислуваат за заедница, друштвени се, но сеедно преферираат мир по секоја цена. Понекогаш лесно можат да бидат искористени бидејќи се скромни, трпеливи и не се ставаат на прво место. Обично се цивилизирани, фини и со добар углед.

Сина

Мека, сочувствителна и грижлива боја. Означува лишеност од слободата и интроспекцијата, конзервативноста и обврските. Сините лица често се предмет на восхитување поради својот цврст карактер и мудроста. Нивни особини исто така се трпеливост, истрајност, совесност и самоконтрола. Обично се многу верни и лојални лица, но понекогаш можат да бидат сомнителни и да влезат во конфликти поради своите нефлексибилни ставови.

Сиво-зелена

Дискриминаторска, сталожена и атрактивна, боја која бара многу. Сиво-зелената ги краси лицата кои се чувстителни, со изразен интелект, стабилен карактер и цврста личност. „Сиво-зелените“ лица имаат одличен вкус и обично се средени, љубезни и способни. Често одбиваат какво било  водство па дури и совети.

Тиркизна

Комплексна, фантазерска и оригинална боја. „Тиркизните лица“ обично го бираат потешкиот начин па од надвор можат да остават впечаток на студени лица, додека всушност внатре во нив се одвиваат разни превирања.

Боја на лаванда

Оваа боја обично ја бираат лица кои живеат на висока нога, никогаш не забележуваат ништо лошо и не се приземни, секогаш се бескомпромисни и убаво облечени. Лицата кои ја сакаат оваа боја секогаш избегнуваат да ги извалкаат рацете иако имаат возвишени и племенити намери. Обично се креативни, шармантни, цивилизирани и вицкасти.

Виолетова

Луѓето кои ја сакаат оваа боја можат да се опишат како индивидуалци, а ги красат досетливост, чувствителност и желба да бидат единствени и поинакви од другите. Темпераментни се и обично талентирани за уметност. Кога погрешно се сфатени можат да станат саркастични. Ако бирате волетова боја, се стремите кон тоа да бидете нековенционални, толерантни и достоинствени и да постигнете високи позиции во општеството.

Кафена

„Кафените лица“ ги красат издржливост и трпеливост. Се трудат да бидат со цврст карактер, совесни, независни, лојални и конзервативни. Не се импулсивни и понекогаш дури им недостасува малку тактичност. Сакаат одговорност, љубезни се и на нив можете да сметате. Ако бирате кафена боја внимавајте да не станете премногу непопустливи и тврдоглави.

Сива

Сивата боја е внимателност и компромис. „Сивите лица“ обично се мирни и прибрани и често тешко работат дури и без награда за тоа. Младите лица кои бираат сива боја како да се повлекуваат од животот, притоа потиснувајќи ја својата способност. Во постари години „сивите лица“ сакаат животот да им тече со вообичаен тек, со неколку помали подеми и падови. Лицата кои бираат сива боја често можат да бидат работохоличари, кои многу се оддаваат на работата.

Црна

Црната е достоинствена и импресивна без наметнување. Лицата кои бираат црна боја сакаат да остават помалку таинствен впечаток, а нивниот избор на црна боја може да значи потиснување на желбите и животните цели, што упатува на нивната внатрешна длабочина и неоткриени желби.