дома блог страница 5426

Од љубовта се живее, а од парите се преживува

ljubov-360x360

Една жена од Србија објавила Фејсбук статус за љубовта и очекувањата кој допре до срцата на многу луѓе и ги разбранува социјалните мрежи.

Еве што вели таа:

„Што ако ве лажеле дека од љубовта не се живее? Мене мајка ми еднаш ми рече дека од љубовта се живее, а од парите се преживува. Јас ѝ верувам. Затоа што никаде на друго место не сум видела толку љубов како што сум видела во становите од 30 квадрати и болничките постели.

Ниту една наша млада рака не држи толку цврсто туѓи раце како што ги држи оние двете старечки раце. Што ако ве излажале дека треба да најдете некој кој ви е на вас рамен? Мене не успеаа да ме излажат за такво нешто, бидејќи јас никогаш не сум видела толку силни, пркос и борба, како оние на љубовта која соседите ја осудуваа.
По списанијата и приказните ги дефинираат како пропаднати, а јас со свои очи ја гледав најголемата љубов која постои, најубавите деца, најголемото откажување и жртва. И да, среќни се.

Што ако ве лажеле дека морате да стапите во брак до 25-те? До 35-те? До 40-те? Мене не успеаа, бидејќи никој не ми зборуваше така за љубовта, а мојата ја пронајдов на моите 50 години. И сега трчам во прегратка како 15-годишна девојка. Што ако вас цело време ве лажеле? Што ако се обидуваат да ве уверат дека љубовта е она што тие некогаш го имале, а сега веќе го немаат, бидејќи со текот на времето истата умира?

Не ми верувајте ниту на мене. Само на себе.

Бидејќи љубовта никогаш нема да престане, туку ќе се засили, баш тогаш кога доаѓаат децата, кога се соочувате со болест кога доаѓаат сите оние препреки за кои другите ви велат дека ја убиваат љубовта.

И можеби не се сите создадени за љубов. Можеби не сте создадени за деца и брак, но не дозволувајте другите да ве лажат. Другите ни се мешаат во платите, во образованието, во работата, во здравјето, облекувањето, исхраната, влијаат на половина од нашиот живот, но својата љубов не ја давајте на никого. Бидејќи љубовта е најдоброто нешто што ќе го постигнете во животот.

Што ќе ви е таа плата од илјадници евра, ако на крајот од денот влезете во празен стан со кеси од најновата брендирана облека и сите пари на светот, а немате со кого да ги поделите?

Бидејќи од љубовта се живее, а од парите се преживува и со парите се изживува.“

Традиционално одбележан Февруарскиот поход

IMG_1084

Достоинствено и традиционално беше одбележан Февруарскиот поход кој за македонската историја е од големо значење. На одбележувањето свое учество земаа градоначалникот Марјан Ристески, Сојузот на борци, нивни колеги, гости од Битола и Неготино како и над 200 граѓани од Прилеп и од поблиските населени места.

Импозантно изгледаше организираното присуство на голем број членови на четирите планинарски друштва кои носеа развиорени знамиња на РМ и повеќе транспарентни со испишани пораки: „Да не се заборави Февруарскиот поход“, „Да им благодариме на хероите од Февруарскиот поход“ и др. Во текот на одбележувањето се пееја народни и патриотски македонски песни, што на настанот му даваше посебен белег.
Присутните се потсетија кон спомените за Февруарскиот поход и за настанот што се случил кај манастирот „Прилепец“ во декември 1942 година.

ВИДЕО – Руски авион и руски пилот и се е можно !

212121

Погледнете го ова спектакуларно вертикално полетување на рускиот МIG – 29. Руска машина во комбинација со руски пилот и се е можно. Изгледа неверојатно и магично, но ова летало е врв на технологијата.

 

A.Г.

Ако имате ваков телефон криминалците ќе ви платат цело богатство за него!

Дилерите на дрога не сакаат да користат смарт телефони, туку оние постарите, а наводно омилен мобилен телефон им е Nokia 8210.

tel-1-640x320

Британските медиуми тврдат дека криминалците во Бирмингем се свртеле кон обичните телефони за да и избегаат на полицијата. Не е ретко да се продава крек во замена за овој телефон наместо пари.

– Имам три Нокии 8210 и преку нив полицијата не може да лоцира, а и долго ми трае батеријата. Верувам во старата Нокиа, вели еден дилер.

Овој телефон не поседува GPS кој се наоѓа во смарт телефонот, како и Bluetooth, NFC ili WiFi. Затоа овие телефони се толку популарни, па и ден денес се продаваат како алва.

Интересно е тоа што овој телефон чини околу 30 фунти, што е многу за технологија стара 16 години.

Ноќен живот Крушево – 27.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”161″ gal_title=”Крушево27022016″]

Груевски: Донесени измените за стипендирање на наставниците кои ќе се доусовршуваат во странство

Реализацијата на мерката за наставниците што ќе се запишат на некој од првите 200 универзитети во светот на постдипломски студии и притоа да добијат стипендија и да им се зачува работно место е практично завршена во Парламентот, рече денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

gruevski.jpg-700-640x386

Тој посочи дека пред околу десетина дена биле усвоени измени и дополнување на законот со што е овозможено како што било ветено во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, секој наставник кој што ќе се запише и ќе биде примен од некој од првите 200 универзитети во светот да добие државна стипендија и да му мирува работно место.

-Тоа значи целосно да му се покрие школарината, месечните трошоци за престој и повратен билет за одење и враќање. Тоа што го ветивме го исполнивме и сега следува огласот на кој што ќе има јавен повик до секој кој што ќе се запише да може да аплицира и да добие ваква можност, рече Груевски.

Печен компир со сусам

kompirrrrrr

Компирот подготвен на овој начин може да се сервира како прилог, но и како главно јадење (заедно со младо сирење или салата).

Состојки:

1 кг бел компир;

150 г сусам;

2 лажици толчени пиперки;

1 дл масло за јадење;

125 г маргарин.

Подготовка:

Исчистете го компирот и преполовете го, или исечете го на четвртини, а потоа секое парче извакјате го во толчените пиперки, а потоа во сусамот.

Наредете го во плех, положен на сечената страна.

Врз компирот изрендајте маргарин и ставете го во умерено загреана рерна да се испече.

Кога ќе омекне извадете го од рерната и послужете.

Караванот „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, утре во Битола, Демир Хисар и Ресен

kupi-kuka-za-mladi-650x310

Во рамки на Караванот посветен на проектите „Купи куќа за млади“ и „Купи куќа, купи стан“, утре ќе се одржат презентации во Битола, Демир Хисар и Ресен.

Презентацијата во Битола ќе биде во Домот на културата, во Демир Хисар во средното училиште „Крсте Петков Мисирков“, а во Ресен во Општината. Почетокот на презентациите е во 17 часот.

Планирано е караванот да одржи презентации во вкупно 30 општини. Следните презентации се во Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Штип, Кочани, Делчево, Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Прилеп, Крушево, Македонски брод, Берово и Дебар.

Ноќен живот Прилеп – Art Caffe & Caffe Virus – 27.02.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”160″ gal_title=”NokenzivotPrilep_27022016″]

Морничава секта од која никој не успеал да избега

sekta (1)

Приказната е за едно од најморничавите места во Чиле од периодот на диктаторот Аугусто Пиноче. Југот на Чиле, поточно 35 километри оддалечено од градот Парал е место на едно од најбизарните поглавја на ерата на диктаторот Аугусто Пиноче. Во тој дел на Чиле се населил самопрокламираниот свештеник и поранешен нацист Пол Шефер, кој во 1961 година побегнал од Германија со уште стотина осомничени за соработка со нацистите и тука ја основал оваа морничава секта.

Местото обиколено со Андите било идеално за монструозниот проект на Шефер за основање на секта која функционирала како држава во држава, а во која се случиле страшни злосторства. Таа колонија на секташи и нацисти била позната под името Колонија Дигнидад.

Чилеанската влада ги игнорирала настаните во Паралу, но потоа следела соработка со режимот на Пиноче, па во колонијата почнала пракса која може да се опише како вистински терор. Децата при раѓање ги одвојувале од родителите и биле воспитувани и растени во т.н. градинка сместена во колонијата. Мажите и жените исто така биле одвоени и често дрогирани, додека Шефер сексуално ги злоставувал машките, а повремено и девојчињата.

Местото служело за криење на нацистите кои избегале од Германија, како што биле Валтер Рауф, злогласниот Јозеф Менгеле, а поради тоа меѓународната заедница често во Чиле праќала барања за нивно предавање кое Пиноче редовно ги игнорирал. Сето тоа имено се одвивало со знаење на Пиноче, но и со благослов, а неговиот шеф на тајната служба, генерал Мануел Контрерас често ја посетувал колонијата.

Инаку тоа е приказна од филмот „Колонија‟ во кој главна улога има Ема Вотсон, а кој во кината ќе стигне во април. Темата се случува во 70-тите години, додека колонијата се уште постоела, а Вотсон глуми девојка чиј вереник го киднапирале агентите на Пиноче, а за да го спаси таа се одлучила да се приклучи на сектата, која ја бие глас дека од таму никој не излегол жив. Во колонијата трпи разни тортури, секој ден ја тепаат, додека таа секојдневно обработува земја, готви, чисти…

И вистинската колонија Дигнидад живеела главно од земјоделие со кое се занимавале членовите на сектата. Местото било заградено со бодликава жица, имало дури и кула за надзор, рефлектори по целиот имот, како и хангар со оружје во кој се наоѓал дури и еден тенк.

Шефер во колонијата вовел строга дисциплина, со цел да се воспостави целосно чиста духовност, а тие кои не се придржувале на таа дисциплина биле претепувани, мачени и дрогирани. Но, самиот Шефер не се придржувал на таа дисциплина.

Пред се тоа се однесувало на тоа како гледал на сексуалноста, ги силувал и мачел машките деца, а по распуштањето на колонијата 11 семејства го тужеле поради сексуално злоставување.

Освен што во колонијата биле затворени изманипулираните членови на сектата, додека траела диктатурата на Пиноче, тоа бил и центар за мачење на чилеанските тајни служби.

Американецот Мајкл Таунли, син на еден од шефовите на Форд кој работел за ЦИА во Чиле и Венецуела, за Колонијата Дигнидад дизајнирал соба за мачење. Таунли бил и платен убиец на Пиноче, а во 1976 година бил обвинет за убиство на поранешниот чилеански министер за надворешни работи Орландо Летелиера. Таунли денес живее во Америка во програма за заштита на сведоци.

Членовите на сектата живееле по соби, а во секоја соба биле пет до шест луѓе. Немале никакви посебни лични предмети, освен пижами, една облека за работа, една за одмор, како и неделна резерва на долна облека. Се друго, вклучувајќи чевли, било заклучувано во шкафови.
Секое утро заедно доручкувале, секогаш млеко и леб намачкан со мармалад, а потоа оделе да работат. Мажите работеле тешки физички работи, а жените наводно полесните, како готвење, чистење и спремање на шталите, додека некои работеле и како медицински сестри.

Во заедницата немало телефони, телевизија и календари, а на членовите им бил забранет сексот. Ни денес не се знае точно што се случило со 1100 луѓе, кои исчезнале во колонијата.

Колонијата се распаднала по падот на режимот на Пиноче, иако всушност постоела уште некое време, но под името Вила Бавиера. Под тоа име постоела се до 2013 година.

Шефер во 1997 година побегнал од Чиле кога покренале обвиненија за сексуално злоставување, а бил уапсен во 2005 година во Аргентина и предаден на Чиле. Добил 20 години затвор, но умрел во затворот во 2010 година од срцеви болести. Во моментот на смртта, имал 88 години.