Свечена академија по повод патрониот празник на СОЕПТУ ”Кузман Јосифоски – Питу”

DSC_0187

На ден 25.02.2016 г. со почеток во 13:00 часот во театарот “Војдан Чернодрински” се одржа свечената приредба по повод патрониот празник на нашето училиште СОЕПТУ ”Кузман Јосифоски – Питу” . Учениците и професорите го одбележаа овој ден на особено поучен, забавен и интересен начин. Благодарение на долгите подготовки од страна на учениците, оваа приредба изгледаше прекрасно и раскошно. Различни музички настапи беа изведени од страна на нашите музички таленти, се разбира не смееме тука да го изоставиме и хорот при нашето училиште. Рецитаторите исто така добро ја завршија својата работа, како и нашите драмски актери кои успеаја до солзи да ја насмеат публиката. Tука беа и точките на Француската и Германската секција, балетите и македонското оро, кои со весела музика и игра не воодушевија и ни го разубавија денот.

Но, она што ја направи оваа свечена академија да остане засекогаш запаметена, се изведбата на химната на нашето училиште од страна на сите учесници, во придружба на целата публика, а особено важни за ваквите настани се забавата, смеата и дружбата, без кои истите не можат да поминат.

Новинарска секција на СОЕПТУ ”Кузман Јосифоски – Питу”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.