дома блог страница 5424

ВИДЕО: Човекот кој кршеше крст почина во најтешки маки

Со опис „Го стигна Божјата казна“, медиумите од регионот објавуваат сторија за неверникот кој уништуваше верски симболи.

krsi-krst

Албанецот Алем Курти човекот кој ги кршеше крстовите во српскиот манастир во Косово во 2004 година, почина во тешки маки.

Тој се борел со ракот кој му ги уништил црн дроб и белите дробови.

Курти почина минатата година во болницата во Приштина.

“ПРИЛЕПСКА ВЕЧЕР” за доизградба на светиот храм Св. Петка

PRILEPSKAVECER-SKOPJE-zaWeb3

На 03.03.2016 година, со почеток од 20:30 часот, во ресторанот Македонска Куќа во Скопје ќе се одржи манифестација насловена како “Прилепска Вечер”. Средствата собрани од продажбата на влезниците ќе се искористат за доизградба на светиот храм Св. Петка во Прилеп. Цената на влезниците е 1000 денари, во кои е вклучено комплетно мени и пијалок, а за забавата ќе се погрижи музичката група Тајфата. Дадете мал придонес со купување на влезница, вградете ваш дел во овој преубав свет храм.

PRILEPSKA-VECERSKOPJE

Стевананџија до Пимен: Не бива да си истовремено и политичар и владика, созреј за улогата која треба да ја имаш

Пратеникот Димитар Стевананџија преку социјалната мрежа Фејсбук упатува како што вели, неколку добронамерни пораки до владиката Пимен.

dimitar-stevanandzhija

Прво, не ти личи како свештено лице, а најмалку како владика секојдневно да се препираш со кој ќе стигнеш. Едно време се препираше со ВМРО-ДПМНЕ, сега со Тодор Петров, а попат и со илјадници граѓани кој не мислат како тебе. Свештено лице си, плус владика, а не си ни новинар, ни политичар, ниту аналитичар. Ако не си задоволен од работата како владика чесно е да ја соблечеш мантијата и да отидеш во политика, искажувајќи политички ставови, секој ден, па може да се пробаш и на избори, и доколку те изберат смени нешто, тогаш ќе имаш легитимитет за тоа. Ако сакаш може да отидеш и во СДСМ, или некоја друга партија, ама и владика и политичар не бива истовремено. А јавно се збори дека пред да се запопиш си бил во некој месен комитет на ВМРО ДПМНЕ во Ресен или таму некаде, пишува Стевананџија.

-Ако повторно се одлучиш за политичар, ќе видиш колку луѓе ќе те следат и ќе гласаат за тебе. Да се соочиш со реалноста, со твојот личен авторитет. А ваков каков си сега, потсеќаш на оние дедовците, старите од Мапед Шоу кој се нешто се расправаа, не правеа и не менуваа ништо. А Владика си. МПЦ-ОА има многу проблеми. Од непризнаена црква, до внатрешен раскол во синодот кој стана и јавен преку јавните препукувања и обвинувања на владиците меѓу себе, од аферите за финансиски проневери, до изгубеноста на МПЦ во општеството. Од скандал во скандал влегувате. Твоето однесување е како да ги решивте сите проблеми кај вас во сопствениот двор, па сега државата и политиката ќе ја оправате. Секој ден се повеќе со таквите изјави ја рушиш сопствената и колективната слика за она што им е значајно на граѓаните. Ако толку сакаш да си актуелен по медиумите, ако си станал зависен од тоа да те има во јавноста секој ден смисли нешто попаметно што му лични барем на едно свештено лице, ако веќе не можеш да смислиш нешто достојно за владика.
И на крај, гледам многу си мераклија да се правиш со сила жртва. Демек крстот си го носел, те плукале, а ти демек не си возраќал…прилично инфантилно. Ниту некој те доживува како жртва, ниту со овие смешни обвини за глумење на жртва и светец некој те зема за сериозно. Ќе се закачиш со пола, ако не и со цел народ, ќе кажеш нешто недоветно, па ќе те распукаат повратно еден куп на луѓе со одговори на твоите неотесани ставови, па кога немаш каде, ајде правење на жртва како најсигурно засолниште. Дај те молам порасни созреј за улогата која треба да ја имаш и носиш. За ова има одговорност и Архиепископот што вакви недоквакани незрели личности ги намести за владици. Дали за да може полесно да си ги мота како што сака, и да е интелектуално надмоќен над нив, дали му се некоја негова нова погрешна проценка не знам, ама треба да знае дека јавните настапи на ова дереџе одат и на негова штета. Тој ги донесе во синодот на МПЦ и никој друг. И така свој простор добиваат егзибиционисти како Пимен кој заради експонираност во јавноста е спремен на се, па и гол да претрча ако треба, а камо ли да се прави мудар за да ги воодушеви тие кои сака да му се воодушевуваат, оние кои се нарекуваат интелектуалци од левицата. Пимен е реакција на реакцијата, додава пратеникот во својот статус.

stevanandzija-pimen

ФОТО – Пристигна и третиот ултра-модерен воз од Кина!

patnicki-voz-kina2-640x360

Третиот патнички воз од Кина пристигна во Македонија. Ова е втора дизел гарнитура која пристигна во Македонија. Четвртиот воз се очекува во Македонија да биде за околу еден месец.

patnicki-voz-kina-640x360

До првата половина на оваа година во Македонија треба да пристигнат сите шест патнички возови, четири дизел и два со електроморот, инвестиција вредна 25 милиони евра.

Првиот патнички воз кој пристигна во Македонија веќе сообраќа на Коридорот 10 од Табановце до Гевгелија, вториот многу скоро ќе биде пуштен во сообраќај кон Битола, а третиот кој денес пристигна ќе сообраќа по техничко-безбедносните контроли.

patnicki-voz-kina1-640x360

Директорот на МЖ „Транспорт“ Никола Костов вели дека возовите се безбедни за сообраќај по македонските пруги, а цената на билетите останува непроменета.

patnicki-voz-kina3-640x360

Јувентус ќе доведе 2 светски аса во својот тим

image

Јувентус преку зимскиот прелазен рок ги доведе најталентираните италијански млади играчи, а медиумите на Апенинскиот Полуостров пишуваат дека клубот од Торино в лето ќе се обиде да доведе уште 2 врвни играчи во своите редови.

Доаѓањето на овие двајца играчи не е поврзано со заминувањето на Погба, кој ќе биде пуштен само за понуда над 100 милиони евра.

Наводно Јуве нема многу да купува, можно е заминување на Мората, кој би се вратил во Реал Мадрид и тоа ако црно белите успеат да го доведат Кавани од ПСЖ. Уругваецот е прва мета, додека исто така ќе се обидат да го доведат и Марио Геце од Баерн.

Со овие двајца светски асови ќе заврши приказната во офанзивата, доаѓа и Берарди, а што се однесува до одбраната, тука нема да има големи промени. Ако замине Касерес, мета е Вршаљко од Сасуоло, на Барзаљи и Евра ќе им биде понуден нов договор, а наредната година поголем простор во одбраната ќе добива и младиот Ругани.

Клубот одлично работи на маркетот, спремни се да потрошат нови 100 милиони на засилувања, како што пишува Тутаспорт, а со тоа и да направат нов чекор во доминацијата во италијанскиот и европскиот фудбал

Никогаш нема да ослабете доколку продолжите со овие навики

dieta-650x396

Држите диети, вежбате упорно, но килограмите никако да заминат. Можеби правите нешто погрешно? Ви откриваме неколку навики кои сериозни ги саботираат вашите планови до лето да изгледате како извајани.

1. Не пиете доволно вода

Дехидрацијата го забавува метаболизмот, а тоа го отежнува слабеењето. Не чекајте грлото да ви се исуши. Наместо тоа често пијте вода.

2. Често јадете надвор

Храната во рестораните е полна со мрснотии, сол и шеќер – три работи кои даваат вкус на храната и ја продаваат. Поради тоа јадете повеќе и често внесувате повеќе калории отколку што е потребно. Се’ што ќе подготвите дома најчесто би имало помалку калории. Сетете се само на разликата меѓу вашата и салата со дресинг која ја купувате во ресторан.

3. Не спиете доволно

Многумина ги мачи несоница, но сепак и по ручекот пијат напитоци полни со кофеин. Три часа пред заминувањето в кревет не е добро ниту да се јаде, помирно и полесно ќе заспиете, а ќе внесете и помалку калории.

4. Мислите дека брзото темпо на живот ги топи калориите

Стресот всушност гои. Со појавата на стресот се лачи коризол, а хроничниот стрес предизвикува хронично зголемување на нивото на хормонот кортизол во крвта. Ова го забавува метаболизмот и доведува до желба за храна (емоционално прејадување). Се поврзува со насобирање на маснотии во делот на стомакот.

5. Секогаш вежбате исто

Секојпат кога вежбате изведувате едни исти вежби. Користите исти справи, ист ритам, подеднакво долго. Поради овие рутини напредокот ќе се забави или ќе стагнира. Телото се навикнува на напорот и престанува да слабее. Не е потребно долго да вежбате, доволно е да го забрзате ритамот и интензитетот на вежбите. Непрекинато менувајте ги брзината и интензитетот , така што мускулите постојано ќе се прилагодуваат. Или изведете нешто сосема ново – на интернет ќе најдете еден куп нови вежби.

Детали од злосторството во Москва: „Доаѓа крајот на светот… Јас сум вашата смрт“

moskva_1028678S1-650x326

Руската полиција соопшти дека е уапсена жената која го уби четиригодишното дете, откако локалните медиуми објавија снимка од жена облечена во црно која во раце ја носи отсечената глава на детето. Таа била негова дадилка.

„Доаѓа крајот на светот… Јас сум вашата смрт. Мразам демократија. Јас сум терорист“, викала жената, која е идентификувана како Гулчекра Бобокулова, од Узбекистан.

Дадилката чекала родителите да излезат од станот со постариот син, а поттоа го убила девојчето и го запалила станот, стои во соопштението на руската полиција.

Откако ја слушнала страшната вест, мајката на убиеното девојче изгубила свест.

Порталот LifeNews  јавува дека Бобокулова го убила детето бидејќи нејзиниот сопруг ја изневерил, но не можела да објасни како девојчето е поврзано со нејзиниот сопруг.

Локалните медиуми, повикувајќи се на информации од полицијата, јавуваат дека дадилката, наводно,  била дрогирана.

ВИДЕО: Чудо – НАСА откри жива икона со човечка температура и пулс

ikona

Научниците од НАСА открија жива икона на која е прикажана Божјата мајка. Експертите се изненадени од температурата на иконата, која е 36,6 степени – како на живо човечко суштество.

Научниците ја истражувале иконата на Богородица од Гвадалупе која според локалните жители има чудотворни својства. Сензационално за научниците е тоа што како резултат на оптичката анализа е откриена тајната на мрежницата на окото на иконата. Имено, ретината од окото на сликата ја намалува својата големина, кога кон неа е насочена светлина, а се зголемува кога светлината се намалува! Со други зборови – очите реагираат на светлина, како жив човечки организам.

Температурата на платното, на која е насликана иконата одговара на нормална температура на живо човечко тело и таа е 36.6 степени Целзиусови. Уште повеќе зачудувачки е фактот што иконата има пулс, како на човечка крв.

По слушањето на сликата со стетоскоп, било утврдено дека пулсот на иконата е 115 удари во минута. Толку е и пулсот на фетусот во мајчината утроба.

Уште еден неверојатен факт е тоа дека боите на иконата не им се познати на научниците и на модерните сликари – тие не се од минерално, животинско или природно потекло – ништо слично нема на Земјата.

Познато е дека Дева Марија од Гвадалупе е почитувана икона во Латинска Америка. Католичката црква ја признала за чудотворна, а според податоците е насликана во 1531г.

РУСИТЕ ГИ ЗЕМАА МЕРКИТЕ НА АМБАСАДАТА НА САД: Американците имаат најголема амбасада во светот токму во Скопје!

Амбасадата на САД во Скопје, Македонија зафаќа несразмерно поголема површина од амбасадите кои САД ги има во многу поголеми земји, и со сигурност е најголемата амбасада на Балканот. Претходно информиравме за тајните кои ги крие оваа амбасада, а мерките очигледно им ги земале и Русите

ambasada_SAD

Рускиот портал „Катехон“ ги објави координатите на Амабсадата на САД (42°0’35″N 21°25’38″E), а според нив токму оваа локација е најважната на Балканските простори.

„Катехон“ пишува дека комплексот на згради на амбасадата на САД се наоѓа на стратешки погодно место во предградието на Скопје на рид од кој има чист и непречен поглед на градот, но и чиста и непопречена ширина за радио-телекомуникациите.

– Освен видливите структури, главната зграда на комплексот води и четири ката под земја, каде што се сместени просториите во кои се наоѓаат канцелариите на различните департмани на администрацијата на САД, но и ИТ секторот задолжен за следење на комуникациите на целиот Балкан – пишува „Катехон“.

Очигледно е дека Стејт Департментот ги следи прописите на германскиот канцелар Ото фон Бизмарк кој своевремено изјави дека „Оној кој ја контролира долината на реката Вардар, е господар на Балканот“, пишува рускиот портал, и додава дека басенот на реката Вардар во две третини се наоѓа на територија на денешна Македонија, или целокупниот тек тече во рамки на историските граници на Македонија.

Инаку, Бранко Црвенковски и СДСМ во 2004 година потпишаа договор со САД за непречен пристап до комуникациските линии кои поминуваат низ Македонија, за непречен пристап и контрола на целокупната комуникација на Македонските но и на сите жители на Балканските земји!

Предлог филм – Шивачката (Тhe Dressmaker)

1456574834_wtdre

Гламурозна жена се враќа во нејзиниот мал град во Австралија. Со нејзината машина за шиење и висок моден стил, таа ги трансформира жените и ја наплаќа одмаздата на оние кои и згрешиле.

Режисер:Јоcelyn Moorhouse

Глумат: Каte Winslet, Liam Hemsworth, Sarah Snook

Времетраење: 119 минути

Година: 2015

Потекло: Австралија

1456574844_wtdre.mkv_015129.558
1456574837_wtdre.mkv_012311.695
1456574839_wtdre.mkv_012907.133