дома блог страница 5362

Пет возила се судрија на патниот правец Битола – Прилеп: Еден загинат – повеќемина повредени

zaginaa-bitola-neoficijalno-nzaginati-vo-nesreka-1

Во тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Битола – Прилеп загина едно лице.

Сообраќајната несреќа се случила во 02:50 на патниот правец Битола – Прилеп, кај мостот во близина на реката Шемница. Во сообраќајната несреќа учествувале две возила. Едното Хjундаи пони со битолски регистарски таблички, управувано од Пеце К. (32) кој починал на лице место од ударот, а другото возило марка Ауди со битолски регистрски таблички во кое се наоѓале две лица кои се здобиле со телесни повреди.

Поради лошите временски услови на патот настанал верижен судир во кој се судриле пет возила, а две од лицата кои се наоѓале во автомобилите се повредени.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата.

СООПШТЕНИЕ

123
Почитувани граѓани,
Со оглед на временските услови, Општина Прилеп Ве поканува да ја проследиме празничната програма и тоа:
19.45 свечено обраќање на градоначалникот Марјан Ристески и
огномет на Платото пред ЦК Марко Цепенков.
20.15 настап на Ѕвездички и концерт на Сара Мејс во големата сала на ЦК Марко Цепенков.

Прилепчани добија Скејт парк

1

Со забава на отворено и со настапот на двете прилепски рап групи “Станица 048“ и „Tha Titanium“ и велешките рапери “Avtorizacija” и DJ “Popeye”, градоначалникот Ристески го отвори новиот Скејт парк.

2

Скејт паркот е со површина од 1331м2 и ќе може да се користи за возење на скејтборд, ролери или BMX велосипеди. Исто така просторот ќе може да се користи и за разни други културни случувања или спортски натпревари.

3

Внатрешноста на скејт паркот и неговата околина наскоро ќе бидат збогатени со интересни графити, а градоначалникот Марјан Ристески посочи дека овој проект е реализиран како идеја која беше предложена на денот на идеи од група млади луѓе.

5

4

6

7

ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Ужас во Анкара, крвави тела по улиците – бројот на жртви расте (ФОТО)

eeksplozii

Две експлозии утрово одекнаа на крстосница во центарот на турската престолнина Анкара, предизвикувајќи огромна штета и човечки жртви, јави турската агенција Доган.

Засега не е познат точниот број на жртвите, ниту обемот на причинетата штета, како ни ивршителот на злосторничкиот чин.

Едната експлозија се случила во близина на градскиот железнички терминал, јави РТ, повикувајќи се на локални медиуми.

Фотографиите што кружат по друштвените мрежи прикажуваат многу крвави тела што лежат по улиците.

Си-Ен-Ен Турк јави дека екслозиите се случиле непосредно пред почетокот на планираниот „мировен“ марш кој имал за цел да искаже протест против конфликтот помеѓу државата и курдските милитанти во југоисточна Турција.

Маршот имал за цел да искаже протест против конфликтот меѓу државата и курдските милиции, пренесува Индипендент.

untitledpnguymk76ti67i67i67

ВИДЕО: Како да излупите пиперки без да ги извалкате рацете?

aj500

Како што завршува септември, така почнува да се чувствува мирисот на печени пиперки.

Ако и вие сте вредни домаќини кои секоја година подготвуваат домашен ајвар, вреди да го откриете и запаметите овој трик.

Полицијата останала шокирана по алкотестот на Перица

alkotest-620x350

Хрватската полиција останала во шок кога го запрела 43 годишниот Перица Чудини, на плажата во близина на Задар. Кога тој дувнал во алкотестот, апаратот покажал неверојатни 2,32 промили алкохол во крвта. Перица дивеел со автомобилот на плжата, па луѓето во близина повикале полиција.
Кога полицијата го внела неговото име во системот, се и станало јасно. Перица пред 20 години бил осуден за трикратно убиство на тројца полициски службеници. Тие го пресретнале за време на грабеж, а тој во нив испукал повеќе од 100 куршуми.

ШОПИНГ ДЕСТИНАЦИЈА ЗА ПРЕСТОЈНИОТ ВИКЕНД

1

Од неодамна во Прилеп се отвори најголемиот маркет Стибера. Сместен на излезот од Прилеп кон Македонски Брод, маркетот Стибера е местото каде можете да најдете се за сечиј вкус. За одличен шопинг во престојниот викенд ви го препорачуваме токму овој маркет за да ги задоволите сите ваши потреби.

2

Мега маркетот Стибера се состој од два ката од кои првиот изобилува со огромен асортиман на производи за домашна потрошувачка. Вториот кат е наречен home centar и нуди секакви производи за домаќинството, порцеланска програма, пластика, детски играчки и што ли уште не.

5

На прв план впечаток остава огромниот паркинг простор, како и детското катче за занимација на вашите деца додека пазарите. Внатре во маркетот ќе се изненадите од гостопримството на вработениот персонал и нивната љубезност, што со сигурност ќе ве натера да се вратите пак.

3

Инвеститорот мислел на добриот амбиент во овој би го нарекле шопинг центар и прекрасно ја уредил внатрешноста, сакајќи да ви овозможи да се чувствувате прекрасно и со насмеани лица да ги наполните корпите за пазарење.
Маркетот Стибера е вистинска реткост во целиот регион, а ниските дисконтни цени и дел од производите кои можат да се најдат само на ова место го прават примамлива дестинација целото население во Прилеп и околијата.

4

6

7

8

9

10

12

11

Нова современа авенија ќе никне на улица 11-ти октомври кај Солидност

1

Со започнување на градежните активности на улицата „11 Октомври“ која треба да прерасне во булевар со четири коловозни ленти, зелен појас на средина, беше означен почетокот на настаните во пресрет на празникот. Булеварот кој ќе прерасне во убава и современа авенија ќе биде во должина од 200 метри и инвестиција од седум милиони денари.

2

 

 

Шести по ред Фестивал на медот во Прилеп

1

По шести пат вчера во Прилеп се отвори традиционалниот Фестивал на медот кој е во организација на прилепското пчеларското здружение „Братство“. Овој фестивал годинава е лоциран пред старата прилепска чаршија, и е своевидна промоција на здравата еколошка храна која за жал е се помалку присутна на трпезиите и преставува одлична можност за избор и дегустација на пчелните производи кои се своевидна лек – исхрана. Фестивалот свечено го отвори градоначалникот Марјан Ристески кој уште еднаш ја подвлече важноста од здравата исхрана како основен предуслов за правилен психофизички развој и ги покани граѓаните да дегустираат и изберат од широката понуда на мед .

2

3

4

5

6

7

Промоција на алати од германската фирма Bosch

На ден 10.10.2015 година пред ЕЛЕКТРОЕЛЕМЕНТ кај старата автобуска станица во Прилеп, ќе се одржи голема промоција на производите од марката Bosch. Посетителите ќе имаат можност да набават алати и до 30% пониски цени. Се покануваат сите заинтересирани да дојдат и да ги пробаат сите професионални алати на реномираната германска фирма Bosch и да се уверат во нивните квалитети. Настанот ќе трае од 10 до 16 часот