дома блог страница 5354

ВИДЕО – Сириска убавина: 100 години мода во само 60 секунди

121

Стандардите на женската мода и изгледот се менуваат со текот на времето, дури и во конзервативните општества како што се оние во Средниот Исток.

Низ ова видео ќе имате можност да ја видите промената на фризурата и шминката кај сириската жена во изминатиот век.

Вистинска сириска убавина. Погледнете:

А.Г.

Македонец остана без своeто БМВ откако заборавил да крене рачна

Возило БМВ, пропаднало во водите на браната Калиманци пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.

bmw-tone

Според очевидци на настанот, возачот отишол да им однесе храна на рибарите кои вчера ловеле риби во делот кај село Тодоровци, но најверојатно не го „закочил“ добро автомобилот. Останатото е лесно за реконструкција: возилото тргнало само и завршило во езерото.

Сопственик на БМВ-то е жител на Каменица кој веднаш ангажирал чамец од риболовното друштво, но потрагата по автомобилот завршила без успех. Претпоставка е дека автомобилот, потонал на дното, зашто во моментот на падот прозорците биле отворени што овозможило, истото брзо се наполнило со вода и потонало.

Потрагата по автомобилот ќе оди тешко, зашто според рибарите во делот кај што потонал автомобилот, езерото е со длабочина од околу 10 метри, пренесува „Старплус“ на ТВ Стар.

„Фејсбук“ има скриено сандаче за пораки кои не сте знаеле дека ви се пратени

fejsbuk

Веројатно не сте знаеле досега, но постојат скриени пораки во вашето сандаче на социјалната мрежа „Фејсбук“ за кои не сте знаеле дека постојат. Досега веројатно знаете дека постои место во сандачето кадешто ги добивате барањата за пораки од луѓе кои не се во листата на ваши пријатели.

Излегува дека социјалната мрежа прави „пречистување“ за да одлучи кои пораки ќе се појават во вашето сандаче, а кои нема. Ова значи дека постојат потенцијално многу пораки кои воопшто не стигнуваат до корисниците, односно кои не биле испратени како барања за пораки.
Како да ги пронајдете овие пораки?

Одете во апликацијата „Messenger“, па одете во подесувањата на врвот.

1fejsbuk-1

Потоа одете во луѓе, односно „people“.

2fejsbuk

Потоа, одете во „message requests“.

3fejsbuk

Прилепчанец тешко повреден во сообраќајка

Во 17:45 часот на патот Прилеп-Македонски Брод, вчера се случила сообраќајна незгода.

policija-650x396

В.Т. (27) од Прилеп управувајќи возило „Фиат Брава“ со прилепски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и удрил во дрво.

Во незгодата, сопатникот А.С.(29) од Прилеп, се здобил со тешки телесни повреди, фрактура на ребра, кој е пренесен и задржан на лекување во општата болница во Прилеп. Увид на лице место извршила екипа од полициската станица во Прилеп.

СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВНИОТ ГРАДСКИ ПРЕВОЗ

4385-pristignaa-pette-novi-avtobusi-za-gradski-prevoz-960x600-12

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП на сите граѓани  им го честита големиот христијански празник Велигден.

Воедно ги информираме граѓаните дека:
Автобусите на Јавниот Градски Превоз ќе го имаат следниот возен ред на сите линии за време на престојниот празник Велигден .

29.04 (Петок)     –  Од 6.30 h до 15.30 h ќе сообраќаат сите три линии

30.04 (Сабота)   –  Полно работно време од 6.30 h до 20.30 h

01.05 (Недела)  –  Неделна (вонредна) линија со зголемен број автобуси  од 6.30h (хотел Салида) до 15.30 h од (нови гробишта)

02.05 (Понеделник) –  Неделна (вонредна) линија со зголемен број автобуси  од 6.30h (хотел Салида) до 15.30 h од (нови гробишта)

Откриена нова подводна пештера на Матка (ВИДЕО)

Македонските нуркачи предводени од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Акватек” пронајдоа нова подводна пештера во езерото Матка.

matka-vrelo

За време на изведување редовни активности во езерото и пештерата Врело, домашните нуркачи го забележале влезот од новата подводна пештера и решиле да го истражат пределот во кој се наоѓа. Влезот не се забележува лесно бидејќи е премногу скриен во околниот карпест предел и е многу тежок за влегување бидејќи отворот за влез е премногу тесен, се посочува во информацијата од спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ и нуркачкиот клуб „Акватек”.

– И покрај тешкиот пристап успеавме да го совладаме и да влеземе во подводната пештера каде што се отвара голема галерија која се двои во два правци, односно два канали, изјави Гоце Димитриевски, сертифициран пештерски нуркач од Врело.

Нуркачите претпоставуваат дека постои меѓусебна поврзаност со Врело, поради непосредната близина на двете подводни пештери. Тие сметаат дека некој од внатрешните канали кои ги забележале при експедицијата е можно да водат токму до некоја од галериите на Врело.

– Во галеријата забележавме многу жив свет и подводна флора, што само ни налага натамошно истражување и документирање, вели Даниел Атанасовски, сертифициран инструктор по нуркање од клубот „Акватек“. Домашните нуркачи, додаде тој, ќе подготват нова експедиција во која систематски ќе ја истражат структурата на формации и ќе документираат се што ќе пронајдат во новооткриената пештера.

Подводните пештери претставуваат природно богатство и привлекуваат како домашни така и странски посетители, а воедно носат и големи научно-истражувачки резултати и сознанија. Подводните пештери се често извори на чиста вода, којашто претставува само 2.5 проценти од вкупната водна површина на Земјата. Затоа водата во новата пештера ќе биде дополнително истражувана со натамошните експедиции на нуркачите од „Акватек“ и од „Врело“, се наведува во информацијата.

Титулата 5-ти пат по ред останува во Торино, Јувентус продолжува да доминира (видео)

juventus-2016-520x292

Јувентус вечерва во гости ја совлада Фиорентина со 1-2 и со тоа стигна на недостижни 12 бодови предност во однос на Наполи кој има за играње уште четири натпревари до крајот, но послаб меѓусебен дуел со Јувентус.

„Старата дама“ освои нова титула, 32. во историјата на италијанскиот фудбал, а дури петта по ред потврдувајќи ја уште еднаш својата доминација на апенинскиот полуостров.

Генерално гледано, Фиорентина можеби денес беше подобар ривал од Јувентус, поништен им е регуларен гол, но сето тоа ќе биде заборавено.

Прво напаѓаше Јувентус, поништен е гол на Кедира, но оправдано, беше во офсајд, а само неколку минути подоцна и на Фиорентина им беше поништен гол поради слична ситуација, но со една голема разлика – Бернардески постигна гол кој е поништен поради досуден офсајд, иако фудбалерот на Фиорентина не беше во недозлолена ситуација, судиите погрешија во нивната одлука и резултатот остано 0-0.

Во 39. минута ја имаше најубавата акција на мечот. Одлично се движеше топката од едниот крај до другиот, фудбалерите на Јувентус ни покажаа како се игра фудбал, а на крајот топката стигна до Погба кој со глава ја спушти до Манџукиќ, кој без проблем ја спроведе во противничката мрежа од голот.

Четириесетина минути имаше шанси на двете страни, но без погодок. Следува 80. минута, кога Калиниќ од дваесетина метри упати феноменален шут и погоди за израмнување, 1-1.

Сепак, радоста на домашниот тим траеше само минута ипол, кога Јувентус стигнува до вреден гол, Алваро Мората е јунакот кој го постигна „голот за титула“ и конечен резултат од 1-2.

Но, не беше тоа се, Калиниќ е соборен во шеснаесетникот во 90. минута, судијата досуди дискутабилен пенал и покажа на белата точка, а непишаното правило се докажа на дело – Калиниќ го изведе пеналот, но Буфон одбрани, покажа колку вреди по кој знае кој пат во кариерата.

Калиниќ имаше дури и уште шанса, кога упати удар но успеа да ја погоди само пречката и тогаш веќе беше готово.

„Скудетото“ останува во Торино.

http://www.dailymotion.com/video/x46ph0h_all-goals-hd-fiorentina-1-2-juventus-24-04-2016_sport

Предвелигденски концерт на градскиот хор “Св. Петка”

Predveligdenski koncert na crkovniot hor

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово во вторник 26 април од 19.30 часот во салата од кино Мис Стон  градскиот хор ,,Света Петка,,  ќе одржи Предвелигденски рецитал.  На програмата ќе се најдат дела од православни композитори од Македонија и ширум православниот свет, тематски поврзани со смислата на Воскресението. Ќе се чујат композиции од Корсаков, Архангелски, Валјаев, Бадев, Кирил Македонски, Гоце Секулоски.

Ова ќе биде осми јавен настап на хорот од неговото формирање и делување при новоизградениот храм Света Петка во населбата Точила, а под раководството на м-р Гоце Секулоски.

Во предстојниот период, покрај духовната програма, прилепската публика ќе може да очекува од хорот и концерти со познати дела од останатите музички жанрови – класичната музика, делата на македонските композитори, како и аранжмани на познати поп песни од англиското говорно подрачје.

СТРАСТ КОЈА ЗРАЧИ СО МАГИЈА – Интервју со Александар Јованоски, колекционер на стрипови

 

Aлександар Јованоски од Прилеп е колекционер на стрипови. Полиците во неговиот дом оживуваат стотици и стотици броеви на легендарните Загор и Алан Форд. Страста започнала од најмала возраст, а прераснала во вљубеност во оваа магија која денес се третира и како уметност. Низ нашиот разговор, Александар ни открива за развојот на оваа култура во нашата средина, влијанието на стриповите врз карактерот и личноста и за растот на неговата навистина огромна колекција, која моментално опфаќа 2800 изданија.

13078378_10207642898964115_1099810015_o

Koга започна да се развива љубовта кон стриповите и како прерасна таа љубов во колекционерство?

Не знам зошто, но се сеќавам на тој момент кога имав 6 години и го прочитав првиот стрип кој го најдов дома зафрлен во некоја фиока. Стрипот беше со Загор и немаше корица. По дваесетина години се сетив дека се работи за епизодата “Пат до смарагдите“ или бројот 95 на легендарната едиција Лунов Магнус Стрип на издавачот Дневник од Нови Сад. Претпоставувам дека стрипот го купил мојот татко кој пред некоја година ми кажа дека ги купувал сите изданија на Дневник од 1968 година во првите неколку години, но подоцна се откажал бидејќи ги позајмил на некој пријател кој никогаш не му ги вратил. Исто така, и мојот помал вујко беше љубител на стрипови. Тој позајмуваше стрипови од друг колекционер, а тоа беше неговиот другар Илчо Башески кој во тоа време ја поседуваше целата колекција на Златна серија и Лунов Магнус Стрип. Неколку пати бев во неговиот дом да ја гледам уредно средената колекција од преку 1200 стрипови, а откако мојот вујко замина на отслужување на воениот рок во ЈНА, Баше ми дозволуваше да земам по 10 стрипови на две недели. Тоа беше налик на вистинска стрип книжара со оглед на фактот дека повеќето од неговите пријатели позајмуваа стрипови од истата колекција, а овој имаше тетратка и ги запишуваше “позајмените“ броеви. Во таа одвоена просторија, Илчо Баше имаше и други изданија и разни списанија, а се сеќавам дека беше колекционер на различни кутии од цигари.

13045672_10207642921404676_1024174643_n

Раширено беше ли таквото хоби во минатите декади кај нас?

Во тоа време, никогаш не сум купил стрип од трафика бидејќи стрипови имаше насекаде.  Стриповите се разменуваа и на улица. Имаш дваесетина дома, си ги прочитал, па бараш нови и непрочитани броеви. Неретко разменувавме помеѓу два натпревари на баскет или познатиот фудбал на “мали“ голови. Претпоставувам дека постарите купуваа повеќе, но ретко ги задржуваа и ги разменуваа за други. Имаше во оптег доста ралични изданија и тогаш беше битно да прочиташ нешто и затоа купувањето не беше толку важно се до 1990 година кога постарите броеви полека изчезнуваа или беа во полоша состојба, па со текот на времето, стануваа понедостапни и поскапи.

13059767_10207642907484328_2143359427_n

Дали стриповите можат да развијат еден посебен карактер, поуникатен, односно дали стриповите се еден начин на живот?

Мислам дека не е лесно да се одговори на ова прашање од повеќе причини. СУбјективно, сметам дека жанрот авантура е најбитен за читателите од помалата возраст кога низ приказните се учи за победата на доброто врз злото во најразлични форми и варијанти. Битна е авторската слобода на авторите, нивниот пристап кон материјата и концептот за што помала доза на насилство во полза на еден микро универзум исполнет со креативна фантазија кој на крајот мора да има единствено позитивна поента. Од друга страна, насилството е некој вид предупредување, неизбежна сила што може, но не мора да се избегнува или да се потисни во свеста во период кога децата поинаку го доживуваат својот свет. Поради ова, многу издавачи како Дизни, преку своите стрип ликови опстанаа во концептот на умерена фантазија, вешто избегнувајќи ја човечката фигура со замена на животински ликови со човечки карактер. Лично сметам дека Дизниевиот пристап е најбезболен и најприфатен. Ова лесно можете да го проверите со една мала прошетка низ прилепската чаршија и набрзина да ги преброите дизниевите ликови по излозите кои преовладуваат во детските продавници. Секако, ова не е случај само кај нас туку и низ целиот свет. Дизни е компанија која има обрт од 30 милијарди долари годишно или 10 милијарди помалку од јапонската Манга. Подоцна низ животот, читателите наидуваат и на сатирчни, политички, хорор, детективски и еротски стрипови. Оние стрипови кои беа потешки за читање во тие детски денови беа ликовите со Алан Форд, Кен Паркер и Мартин Мистерија. Нешто подоцна се појави и стрипот Дилан Дог од жанрот трилер – хорор. Америчките стрипови беа потешки за следење бидејќи немаа своја сопствена и редовна едиција, но затоа беа познати поради филмуваните стрипови со Супермен и Бетмен кои и денес имаат големо  влијание, иако е забележителна “црната“ трансформација“ на основниот концепт и америчкиот начин на комерцијализација, особено преку филмувањето на марвеловите стрип ликови. Ако тука ги додадеме филмуваните стрипови на Алан Мур како Пекол (за Џек Мевосек), В за Вендета и Чуварите, тогаш сигурно не е тешко да се заклучи дали и колку се стриповите влијателни во денешницата.

 Александар со колкава колекција располагаш моментално и како ги заштитуваш сите тие списанија од влијанието на времето?

Бројот на стриповите варира. Мислам дека најголемата бројка беше 4300 стрипови, а сега се околу 2800. Ова е така бидејќи се откажав од некои стрип јунаци за кои сметам дека ќе беше тешко да се комплетираат  во наредниве 10 години. Ова ми е втора стрип колекција. Првата ја продадов во 2005 година и тоа беше огромна грешка. Што се однесува на прашањето за заштитата, стриповите се сместени во специјални полици во комбинација на  дрво и стакло изведени од локален изработувач на мебел од Прилеп кој исто така е голем стрип колекционер.

13059808_10207642921004666_1129217829_n

Кои беа омилените стрип јунаци тогаш и колку таа стрип индустрија е променета денес, дали сеуште живеат хариените изданија, имајќи во предвид дека модерната технологија си го прави своето?

Хартиените изданија се вистинските стрип изданија. Оние што собираат стрипови во дигитална форма сигурно не можат да се наречат стрип колекционари. Модерната технологија повеќе помогна во популизацијата на стрипот и тоа најмногу преку интернетот, особено со списоците на едициите, насловните страници на изданијата, аукциите и стрип берзите, размената на стриповите итн. Со интернетот се забрзаа неколку процеси во издаваштвото, а фановите се зближија на некој начин со авторите и тоа е одчична работа. Намалувањето на тиражите е процес кој започна пред масовната употреба на интернетот поради се послабата понуда на квалитетни изданија која се должи на таканаречена смена на генерации, особено кај авторите и издавачите низ светот. Тоа не значи дека и денес нема квалитетни стрип автори, но се претпоставува дека модерниот начин на живот ги преориентира кон поприоритетни дејности за нив.

 Дали може добро да се заработи кога една голема колекција како твојата би се продала?

Само во случај на целосни колекции на поединечни стрип јунаци или целосни едиции. Доколку имате колекција од стрип јунак од 200 броеви, а ви недостасуваат уште 180 да го комплетирате ликот, тогаш нема многу да заработите.

 Планираш ли нешто да направиш во врска со оваа тематика, си пробал ли некако да ја прошириш таа магија која ја носат стриповите?

Да. Во 2008 година ја основав фирмата Варм Комикс и ги купив правата за стрипот Алан Форд од извачот Макс Бункер Пресс од Милано. По неколку месеци ги откупив и правата за стриповите Загор, Дилан Дог, Мартин Мистерија Мистер Но и Текс Вилер од издавачот Серџо Бонели Едиторе. Иако на почетокот имав пари за 6 изданија, во период од 3 години издадов 24 броеви. Претходно, кон крајот на 2006 година го основав веб сајтот www.stripovimk.com. Тоа беше првиот Македонски стрип сајт и форум за стрипови кој беше мал предвесник за стрип издаваштвото, стрип салоните и стрип книжарите што подоцна се појавија благодарејќи на овој сајт кој ги собра поголемиот број на фановите на стрипот кај нас, а се појавија и неколку цртачи аматери. Поради приватни причини и презафатеност, го стопирав сајтот во 2014 година, но оваа година повторно ќе биде рактивиран и ребрендиран со далеку поголема база на податоци. Се надевам дека во наредниве години повторно ќе се навратам и на издаваштвото.

 

А.Г.

Каков чај треба да пиете според крвната група?

caj

Чајот се смета за здрав напиток, а неговото влијание зависи и од тоа која крвна група сте. Погледнете ги најдобрите комбинации од чаеви за поедина крвна група.

КРВНА ГРУПА НУЛТА

Лицата кои имаат крвна група нулта се „месари“ и би требало да одбегнуваат млеко, мешунки и глутен. Иако добро поднесуваат стресни ситуации, ги мачи желудечна киселина. Чаевите кои се препорачуваат за лицата со крвна група 0 се на база од ѓумбир, гинсег, зелен чај Сенча и чај Мате.

-Идеален избор на чаеви за нив е мешавината Сенча, гинсенг и ѓумбир, а наместо кафе чајот Мате или чист јапонски зелен чај Сенча- пишува Самовар.

КРВНА ГРУПА А

Тоа се многу емотивни и аналитични лица со изразена склоност кон стрес, поради што имаат трајно високи вредности на кортизол, хормон на стресот. Иако кафето не им пречи, потребата за растителна храна, медитација и јога ќе ја надополнат со секојдневно пиење на соодветен чај. Чаевите за лица со крвна група А се тајванскиот зелен чај Gunpowder, чај од јасмин, комбинација од сребрен јасмин и зелен чај, и машавина од ајдучка трева, невен и мајчина душица.

КРВНА ГРУПА Б

Лицата со крвна група Б најчесто имаат спор метаболизам, склони се кон автоимуни заболувања, дебелеење, летаргија, хроничен умор и неуреден сон. Имаат отпорен дигестивен систем, но слаба одбрана од бактерии, на прво место ешерихија коли. Би требало да пијат врвен млад зелен чај, органски зелен или црвен руибос без додатоци, ханејбаш, и имуно-мешавина од бозел, руибос, жалфија и маточина.

КРВНА ГРУПА АБ

Припадниците на оваа крвна група се интуитивни, не се склони кон стрес, но имаат намалено либидо. Би требало да се фокусираат на посебни видови зелен чај и сродни препарати, мента, божур, сандаловина и напитоци од ориз. Идеален избор чаеви за нив е природниот жолт чај, врвен зелен чај и мента со пржен ориз. За мажите со крвна група АБ посебно се препорачува мешавина од коприва, мента, катаубе и руибос.