дома блог страница 5355

Барселона се врати на врвот во Примера

barsa-640x360

Со убедлив триумф од 6:0 остварен на свој терен против Спортинг Хихон, екипата на Барселона се врати на чело на табелата во шпанската Примера, оставајќи ги зад себе мадридските конкуренти Атлетико и Реал.

Четири погодока постигна Луис Суарез, а по еден Лионел Меси и Нејмар.

На вториот синоќешен дуел од 35.коло немаше победник.

Постигнати резултати на петте завршени натпревари:

Лас Палмас – Еспањол 4:0,

Рајо Ваљекано – Реал Мадрид 2:3,

Атлетико Мадрид – Малага 1:0,

Барселона – Хихон 6:0 и

Еибар – Депортиво Ла Коруња 1:1.

Двојките за денес се:

Леванте – Атлетик Билбао,

Севиља – Бетис,

Хетафе – Валенсија и

Виљареал – Реал Сосиедад.

Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Селта и Гранада.

Табела: Барселона 82 бода, Атлетико Мадрид 82 бода, Реал Мадрид 81, Виљареал 60, Атлетик Билбао 54, Селта 54, Севиља 49,…

Србија во шок после гласањето на Шешељ

glasanje (1)

Војислав Шешељ не гласаше за себе или за некоја друга десничарска партија, веќе за коалицијата СДС-ЛСВ-ЛДП, предводена од Тадиќ, Јовановиќ и Чанак, кои ги предводат неговите лути идеолошки и политички противници.

Лидерот СРС кој важи за еден од најтврдите српски националисти, ја изненади јавноста со своето гласање на парламнтерните избори.

Шешељ инаку е познат како мајстор за политички маркетинг, а со овој потег, направи уште еден гест за кој ќе се зборува многу долго.

ВИДЕО: Го снимаше страшното невреме, но обратете внимание на базенот!

nevreme (1)
Се обложуваме дека ваква бура никогаш не сте виделе. Видеото е снимено во Оклахома Сити и е навистина застрашувачко.

Ледот е толку голем што како метеорит удира во водата.

Природата уште еднаш ја покажа својата сила.

Ќе се изненадите: Еве што часот на раѓање говори за вас

Не е сеедно дали сте родени наутро, попладне или доцна навечер. Како што секој ден во месецот има своја нумеричка вибрација, така и секој час во денот има одредена астролошка важност, која многу влијае на осцилациите во нашиот биоритам. Кругот од 24 часа поделен е на шест нумерички станици.

rodjenje-sat

Првата нумеричка станица е помеѓу полноќ и 4 часот наутро, втората помеѓу 4 и 8, третата помеѓу 8 и 12, четвртата се наоѓа помеѓу 12 и 16, петтата помеѓу 16 и 20 и последната помеѓу 20 и полноќ.

За родените помеѓу полноќ и 4 часот наутро

Вие сте тивки и смирени по природа. Сакате да сонувате и градите кули во облаците. Имате бујна фантазија и понекогаш тешко се снаоѓате во светот на физичката стварност. Имате интересна распеана душа и луѓето често не ве разбираат, затоа што вашиот начин на размислување е поинаков и единствен. Понекогаш делувате расеано. Имате многу племенити навики и секогаш сте спремни да им помогнете на другите.

За родени помеѓу 4 и 8 часот

Вас ве одликува брзина и снаодливост. Упорни сте и истрајни во сите работи, а особено во практични нешта. Како малку кој, вие одлично се снаоѓате на реалноста. Тежнеете кон тоа да на другите им бидете пример, од момент во момент се докажувате и потврдувате.

За родени помеѓу 8 и 12 часот

Вие сте човек од верност, надеж и оптимизам. Жилави сте, ведри и секогаш во одреден немир. Секаде зрачите со несебична љубов и магнетна топлина. Емпатични сте и духовите. Имате склоност кон уметност и филозофија. Вие се особа со многу таленти.

За родени помеѓу 12 и 16 часот

Вие сте енергични, снаодливи и жилави. За вас деновите се практична работа. Добри сте како говорници, математичари и физичари, а ништо не би биле лоши и како книжевници, кога својата енергија би ја насочиле во тој правец. Накратко- вие сте надарена особа која може во многу професии и занаети успешно да го истражи својот креативен дух.

За родените помеѓу 16 и 20 часот

Вие сте личност со немирен, лутачки дух и по малку нервозни. Чекорите ви се динамични, зборовите остри и снажни. Вие брзо мислите и дејствувате. Сакате повеќе да проживеете и го сакате животот во сите видови и облици. Чести ги менувате одлуките и ставовите и неретко истовремено превземате различни зафати. Кој не ве познава добро, може да помисли дека сте брзоплети, но вие итоа како сте свесни што правите.

 За родени помеѓу 20 и 24 часот

Умерени сте, рационални и упорни личности. Сакате да доминирате над нештата и ситуациите. Имате склоност кон филозофија и книжевност. Вие сте уште и духовити личности кои, кога би сакале, би можеле да имаат големо влијание на луѓето околу себе. Авторитетот сте во семејството и друштвото, помеѓу пријателите и на работа. Понекогаш делувате помалку воображено, но тоа е поради тоа што сте полни со самодоверба, како и со животна и креативна енергија.

A.Г.

ВИДЕО – Кога автомобилот е непослушен и те вози како сака

121212

Посмешно нешто не сте виделе одамна. Ситуација снимена некаде во Русија. Човеков е на тешки маки. Неговиот автомобил решил да му откаже послушност поради несоодветен третман. За среќа на крајот нема повредени !

Погледнете:

А.Г.

ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп, домаќин на Државниот натпревар по Македонски јазик

13059353_10207755539900896_1971280699_n

Вчера 23.04.2016 година во ООУ “Кочо Рацин” – Прилеп се одржа Државниот натпревар по Македонски јазик.  Првото место остана во училиштето домаќин и по трет пат го доби ученичката Фросина Николоска. Натпреварот беше одбележан и со музичка програма. Честитки за Фросина и за ООУ “Кочо Рацин”, кое е расадник на таленти и наградени ученици.

13059357_10207755540020899_264726912_n

13059377_10207755539700891_2008043472_n

13059751_10207755539660890_363753891_n

13077158_10207755539740892_449216707_n

13090031_10207755539300881_912353545_n

Ноќен живот Крушево – 23.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”222″ gal_title=”КрушевоНоќен23042016″]

Уште една во низата – падна и Кожув – Победа на чекор од Првата лига

13071791_10209298866492654_9137502033113884450_o

Фудбалерите на Победа вчера попладнето на стадионот во Миравци го совладаа домашниот Кожуф со 2-0, полувреме 2-0, и со тоа направија значаен исчекор кон пласманот во Првата лига. Победата резултатски изгледа убедлива, но како и што се претпоставуваше до неа не се стигна нималку лесно, туку напротив требаше максимално залагање против противникот, кој според играта не само денес, туку и во текот на сезоната, многупати покажа дека не го заслужува последното место на табелата. Патот кон победата фактички беше трасиран со раниот гол на Шаркоски веќе во 3-тата минута, кој го искористи киксот на домашниот голман Истатов и неговото лошо(кратко) исфрлање на топката, што напаѓачот на Победа умешно го казни пласирајќи во домашната мрежа.

13086823_10209298869492729_5556344560660916185_o

Раното водство донесе сигурност и стабилност во играта на прилепчани, кои одиграа рутинирано, со максимално залгање и полна концентрација знаеа и што е позначајно умееа да ги спроведат на дело сите зададени и поставени задачи од Стручниот штаб, на чело со шефот Дарко Крстески. Печат на победата стави Дунимаглоски во 38-ата минута со топовски и милиметарски прецизен удар малку откосо изненадувајќи го Истатов, кој повторно како да задоцни со својата интервенција. До крајот на првиот дел домаќините ја имаа единствената шанса, кога по мешаницата пред голот на Манчевски, штоперот на Победа Колевски од гол-линијата ја расчисти опасноста.

13082625_10209298869772736_2499163661687622146_n

13063032_10209298868452703_5745286262950538720_o

Во вториот дел Победа со мирна игра рутинирано го одработи остатокот од натпреварот, а секако најзаслужен што до крај остана резултатот од првиот дел е голманот Манчевски, кој му одбрани пенал на домашниот напаѓач Штерјов. Треба да се одбележи и една невнимателност на Гешоски кој заработи жолт картон, вкупно 5-тти, па ќе мора да паузира на следниот меч со Љубанци. И на овој меч 12-тти играч на Победа беа навивачите, кои фактички беа и единствените гледачи на стадионот во Миравци, па од таа страна фудбалерите на Победа се чувствуваа како дома на одличниот терен во Миравци. Ова беше шестиот последователен триумф на црвено-белите, 7-ма победа на гостински терен, а вкупно 11-тта во првенството. По резултатски скромната есен кога на 14 натпревари беа остварени 4 победи и освоени 19 бодови, пролетва со смената на раководството и под претседателската палка на Гоце Ингилизов и спортскиот директор Јовица Обрадовиќ, на досегашните 10 натпревари освоени се 22 бода, со 7 победи, 1-но реми и само 2 порази.

13015372_10209298867532680_6561830126529469360_n

13047866_10209298869052718_1427820356517065868_o

Со вчерашниот триумф Победа не само што ја зачува лидерската позиција, туку и ја зголеми предноста во однос на второпласираната Македонија од 2 на 4 бода. Останува во преостанатите 3 кола (од кои 2-пати играме дома со Љубанци и Велазерими и само еднаш на гости-со Скопје) и теоретски да за завери и потврди прволигашкиот статус. Првата прволигашка меч топка Победа ќе ја има веќе во сабота на 30-тти април, кога по скоро 7-месечна пауза црвено-белите ќе играат на својот стадион ,,Гоце Делчев”, а противник ќе биде тимот на Љубанци. Ова беше доста напорна клучна недела за фудбалерите кои извлекоа максумум и треба да им се честита на максималниот учинок од 9 бода, во решавачките по пласманот 3 натпревари, во кои беа победени Пелистер 4-1, Гостивар 3-0 и денес Кожуф 2-0. Со тоа ги демантираат скептиците и им ги затворија устите на сите оние злобници и ,,зли јазици,, кои есеноска со доза на потсмев и неверување во нивните можности, квалитети и потенцијали коментираа по секој неуспех…Но тоа е веќе зад нас и е заборавено, а сега сите мисли се свртени кон натпреварот меч-топка за пласман во Првата лига…. Во сабота не само што треба да се очекува туку и треба да се случи рекордната посетеност во Македонија сезонава на еден фудбалски натпревар. Мечот со Љубанци е шанса за потврда на фактот дека ПОБЕДА се враќа на голема врата во елитата и на неа треба да се смета најсериозно……Во сабота сите патишта, без изговори и алиби, треба да водат на трибините на Градскиот стадион Гоце Делчев…

13055130_10209298871572781_6066378378665971926_o

13096160_10209298872092794_6497210749397506791_n

ФОТО ГАЛЕРИЈА – Музичкиот фестивал „ГИМФЕСТ“ по шести пат во Прилеп

IMG_6750

Прилепската Гимназија „Мирче Ацев“ и оваа година по шести пат, синоќа во Центарот за култура „Марко Цепенков“ го организираше големиот музички фестивал Гимфест 2016.

[Best_Wordpress_Gallery id=”221″ gal_title=”GIMFEST2016″]

Гимфест е средношколски музички фестивал, единствен од ваков тип во Република Македонија каде преку натпреварувачки карактер, се презентираат најдобрите музички способности на средношколците.

Оваа година специјален гостин беше познатата македонската група „Љубојна“.

IMG_7515

Фестивалот е од хуманитарен карактер, а приходот кој е собран од влезниците ќе се донира за 3 – годишното дете Немања Петрески од Прилеп кој боледува од еквиноварус (вроден деформитет на двете нозе).

Имено фестивалот е посетен со повеќе од 800 посетители и голем број на видни гости.

IMG_6737

Стопете ги вишокот килограми со цитрон

sok-od-citron

Освен тоа што изобилуво со витамини и минерали, цитронот ги прочистува цревата, помага при тегоби со крвните садови, го забрзува метаболизмот и е одлучен сојузник при слабеењето.

Еве три причини поради кои треба да се јаде цитронот кога сакаме да ги намалиме килограмите:

1.Го нормализира шеќерот во крвта

Во ова магично овошје се наоѓаат некои состојки кои можат да го намалат нивото на инсулинот. Помало количество на инсулин значи дека организмот ќе ја користи храната повеќе за енергија а помалку за складиштење на залихи како масно ткиво. Чоколадото за „енергија“ тоа сигурно не го прави!

2.Долго ве одржува сити

Цитронот е полн со влакна поради што долго ве одржува сити, и ја намалува можноста од непотребно грицкање. Пола цитрон содржи околу 50-тина калории и 2 грама влакна. Ако јадете еднаш дневно по половина цитрон, докажано е дека побрзо ќе ги губите килограмите, особено ако го јадете наутро за појадок.

3.Мирисот го намалува апетитот

Ако сакате цитронот да ви помогне во слабеењето, тогаш пред да го изедете, треба некое време да го мирисате! Имено, неговиот мирис го намалува апетитот, а се верува дека за ова негово својство е заслужно маслото од цитрон чиј мирис делува врз ензимите на црниот дроб со што се намалува желбата за храна.