Петгодишно дете се бори за живот по пожарот на куќа во улицата Мукос во Битола.
Како последица од огнената стихија детето се здобило со изгореници по рацете, нозете и лицето.
Секторот за внатрешни работи Битола ги испитува причините за пожарот.
Леонардо ди Каприо подеднакво е познат по својата љубов кон забавите и кон жените, а понекогаш и ги спојува двете.
Познатиот актер е снимен како излегува од клуб, односно обезбедувањето го изнесува од клубот, затоа што не изгледал дека е способен сам да оди. Тој се обидувал да се маскира со дебела јакна и капа, но не преногу успешно.
Ди Каприо и покрај тоа што е пијан, се уште е магнет за жените, па тој завршил во автомобил со две русокоси на задното седиште иако изгледал дека не е свесен за ништо.
Оваа забава се случила еден ден откако пред Обединетите нации одржа говор за климатски промени на Земјата, на која за среќа изгледаше многу професионално.
На почетокот на оваа година социјалната зграда во Прилеп со 76 стана беше предадена во употреба, а во февруари се изврши преелиминарната распределба на становите. И по два месеци и извршени контроли становите се уште се празни. Оние кои беа извлечени како потенцијални добитници стравуваат за својот кров над главата, бидејќи немаат информација зошто се уште не ги добиле клучевите.
-Јас како што слушнав госпоѓата Ременски изјави дека додека на некој човек не му се додели станот, нема да се доделат становите во Прилеп, тоа го слушнав. Контрола дојде, целата Комисијат помина, жалбите си поминаа, се е решено. Не знам утре што ќе биде, дали јас ќе го добијам тоа што извлечен или може да останам пак на улица. Нема никаква сигурност. Додека не добијам клучеви, сигурност немам.
-Сите три деца се кај мајка ми. Газдарицата куќата ја пушти на продажба не знам и со тоа како ќе биде. Струјата и водата се исклучени. Треба да се каже вистина дали да се бара нова куќа под кирија или ќе се дадат становите за да се вселиме, велат добитниците на станови.
Неофицијално, Ременски побарала од прилепскиот центар за социјална работа да направи Комисија и да го провери социјалниот статус на еден кандидат. Наводно се работело за самохрана мајка која била во роднински врски со поранешна пратеничка на СДСМ која според шпекулациите и по разводот престојувала во куќата на поранешниот сопруг, а работела во УЈП.
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски го врска со овој случај во гостувањето во Сител истакна дека Ременски по секоја цена сака нивни сопартијци да дојдат до социјален стан иако не ги исполнуваат условите.
-Се изградија становите, направивме прва распределба, а потоа Комисијата составена од Министерство за транспорт и врски и од МТСП, одат на лице место и ги проверуваат сите оие кои добиле станови. Доколку се утврди дека некој од нив не заслужува нема да го добие станот. Тоа е правилно, така треба и мора да биде. За жал, еден од становите што треба некој да го добие, мора да го добие по секоја цена иако не ги исполнува условите. Дури наредено и е на Комисијата да не го потпишува записникот. Тоа значи стотици фамилии да не можат да добијат стан. Тоа е проблем во Прилеп, во Демир Хисар, во Ресен. Се работи за нивен близок припадник од партијата што според нив мора да биде згрижен, но ако не ги исполнува условите нема да добие стан, вели Мисајловски.
Министерот уредно повикал МТСП да изврши контрола преку свои комисии за да ја утврди фактичката состојба на терен, но до денес таква контрола не е извршена.
Со ова вселувањето на овие кои добија станови останува неизвесно.
Традиционална храна, познатиот крушевски локум, македонски везови и рачни изработки, како и многу други производи карактеристични за Пелагонискиот регион се дел од саемот „Запознајте ја Пелагонија“ што денеска и утре се одржува во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ во Скопје.
На саемот се присутни околу 20 претставници на малите бизниси од овој регион, а организаторите очекуваат саемот во иднина да добие традиционален карактер.
– Се надеваме дека ова би прераснало во традиција и секоја година да имаме што поголем број изложувачи, изјави Марина Тошевска од локалната акциска група „Агро лидер“ од Кривогаштани, која е еден од организаторите на саемот.
Саемот се одржува со поддршка од УСАИД и Швајцарската амбасада, а целта е да се промовираат малите бизниси од оделни региони.
Утре, (среда) 27.04.2016г. во 19:00 часот, по 23-ти пат ќе се вози низ улиците на Прилеп во организација на градската иницијатива “Прилеп на точак”.
Овој пат акцентот е ставен на осветлувањето на велосипедите. Во вечерните часови секогаш има велосипедисти кои возат неосветлени, а со тоа го загрозуваат својот и животот на останатите учесници во сообраќајот.
“Прилеп На Точак” е градска иницијатива, која постои скоро две години и која има за цел подигање на јавната свест на љубителите на велосипедизмот, возачи, пешаците, децата, родителите, јавните институции и сите други во Прилеп, за користењето на точакот како урбано, модерно и еколошко превозно средство.
Почетокот на турата е закажан од споменикот на Александар Македонски во центарот на градот.
Медицинските експерти постојано упатуваат на позитивното дејство на чоколадото на човековото здравје. Освен тоа што ја спречува депресијата, затоа што поттикнува среќа, чоколадото ја зголемува и мозочната активност, а најважно е паметењето и концентрацијата.
Луѓето кои јадат чоколадо барем еднаш неделно се покажале подобро на тестовите за когнитивни способности од оние кои ретко уживаат во него, докажала новата студија која ја спровеле научници од Универзитетот во Мејн, Универзитетот Јужна Австралија и Институтот за здравје во Луксембург.
Во студијата, објавена во списанието “Аppetite”, учествувале 968 луѓе со возраст помеѓу 23 и 98 години.
Научниците, исто така истакнуваат дека ризиците од повишен крвен притисок и дијабетес од типот 2, е понизок кај оние кои редовно внесуваат чоколадо во својот организам.
Заклучокот на научната работа е дека идните истражувања ќе бидат пресудни за детални увиди во поврзаноста на чоколадото богато со какао flavanol и невропсихичкото здравје, како и механизмите кои ги поврзуваат.
Најважно е во идните студии прецизно да се утврди оптималната количина на flavanol од какао која треба да се внеси, за да се одреди краткорочниот и долгорочниот ефект.
А.Г.
На три кола до крајот на натпреварувањето во Втората фудбалска лига, победашите се на врвот со четири бода предност пред второпласираната Македонија Ѓорче Петров. Заслуга за тоа има импресивната серија од 6 победи со ред, и новото раководство на клубот. После долга пауза Победа се враќа дома во Прилеп.
Во сабота, 30.04.2016 година, со почеток од 16:00 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ќе го пречека Љубанци, кој е шанса да се запечати пласманот во Првата фудбалска лига.
Интересот за средбата е огромен и се очекува полн стадион и голема поддршка. Да бидеме сите дел од овој натпревар и да ја “испратиме” нашата миленичка ранг погоре, таму каде што припаѓа.
А.Г.
Според градоначалникот Ристески наскоро жителите од населеното место Големо Коњари, ќе добијат асфалт на две улици во должина од 700 метри.
Овие два проекти ќе бидат реализирани преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој за 2015 година.
Со нивна реализација, која е од суштинско значење за стопанството ќе се подобри и квалитетот на животот на граѓаните.
Македонската полиција трага во лицето што ја демолираше канцеларијата на Претседателот Иванов и од неа украде лаптоп.
Како што дознава Press24 од полициски извори, хулиганите кои заедно со него учествуваа во насилните протести организирани од СДСМ и СОРОС го прикриваа неговиот идентитет и го заштитиуваат.
Затоа, полицијата апелира до граѓаните, секоја информација која ќе и помогне да го идентификува ова лице кое крадеше од канцеларијата на Претседателот ќе биде добредојдена.