дома блог страница 5352

Изложба ,,Oткривање на нови светови,, или Андромеда галаксија,, од уметникот Стојан Дурланов

durlanov pokana

Во четврток 28 април 2016 во 20 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп ќе биде отворена изложбата ,,Oткривање на нови светови,, или Андромеда галаксија,, од уметникот Стојан Дурланов.

На првата самостојна изложба Стојан Дурланов презентира 23 дела – објекти, скулптури, слики и графики, дела што ги создал во последните години и ќе дозволи како што самиот потенцира публиката да се соживее со нив односно да се втопи во нив.

1

-Во Андромеда галаксија секое дело е како прозорец кон некоја друга реалност. Секој ќе може  различно да доживее, да го осети. Инспирација за создавањето на творбите ми беа девојката, галаксијата, непознатото, напредокот на технологијата, како и речиси се што имам причитано или гледано за НЛО и проследено од научна фантастика – вели тој.

durlanov

Податоци за авторот

Ликовен педагог во основно образование

Унервизитет ,,Св.Кирил и Методиј,, Факултет за ликовни уметности – Скопје

Стекната квалификација : Графичар со графички дизајнер и педагог

Класата на професор: Зоран Јакимоски

Професионални достигнувања:

Учество на :

Интернацијоналната колонија во Прилеп во 2009 година

Графичката колонија во Македонски брод 2009 година

Колонија  Пелинце – Куманово 2010 година

Ликовна колонија Накучани Стбија 2013

Групни изложби во Македонија учество :

Нацијонална галерија на Македонија Чивте амам.

Галерија 7.

Нацијонална галерија на Македонија  Мала станица – Young art.

КИЦ- Скопје – ” Мал формат ”

Културно информативен центар – Скопје – Годисна Ревијална Изложба

Македонски културен центар Македонски брод

НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп изложба “уметниците во чест на Свети Никола”.

4

3

Групни изложби во Странство учество :

Galerija Bogić Beograd.

Изложба ликовне колоније Накучани – “Osvrt”

Хол Библиотеке Шабачке – “V Сазив”

Dom kulture Obrenovac

Saborna crkva Svetih apostola Petra i Pavla u Sapcu.

Siroka staza – “ZAJEDNO”

Биенале :

Биенале во МКЦ – зимски салон 2013 – Тело што помни со делото – “Иднина ” објект комбинирана техника.

Освоено награди:

Прва награда за најдобра колекција на детски цртежи три години по ред од 2013 до 2015 од НУ Центар за култура Битола – Државна изложба на детски ликовни творби на тема “Народата култура како трајна инспирација во моето творештво”

Диплома од 15 -та Интернацијоналната детска ликовна изложба во Финска “15th International Art Exhibition for Children and Young piple “Let’s Eat”

Членство:

Член во Друштвото на ликовни уметници во Македонија – ДЛУМ

Член и учество во уметничкиот одбор на Ликовни уметници во Прилеп – ДЛУП

Книги:

Изработка на корицата на книгата “Приказни за тревите и другите приказни” од Живко Грозданоски

5

Годишен концерт на танц студиото Зодијак

zodijak

Во четврток 28 април 2016 во 20 часот во големата сала од ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп годишен концерт ќе одржи танц студиото Зодијак. Концертот е по повод 17 години постоење на Зодијак  и  одбележување на интернационалниот ден на танцот 29 април.
Стотина танчери на најразлична возраст ќе се претстават со кореографии од класичниот балет, модерниот балет, современиот танц, а воедно ќе биде прочитана и итернационалната порака за оваа година која ја напиша кореографот Lemi Ponifasiо,а ќе биде  и промовиран видео спотот за ЗОДИЈАК во авторство на Љупчо Атанасоски.

Манифестацијата што ќе биде празник за очи, е поддржана од Општина Прилеп и повеќе  фирми од Прилеп.

-Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето на таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред се, со танцот, како универзално средство за разбирање меѓу различните култури велат од студиото Зодијак.

Генијалец: Вака Никола Тесла го проценувал човекот

nikola-tesla_620-620x396

Никола Тесла е еден од најголемите светски научници и пронаоѓачи. Тој работел и се борел, затоа што верувал дека неговите изуми ќе го променат човештвото – и бил во право!

Вежбал самоконтрола за да ги одржува млади своето тело и ум, во надеж дека работата и заслугите ќе говорат за него во иднината. Неговата љубопитност го водела во различни области на науката. Бил интелигентен и духовит и поради тоа пријателите го ценеле и сакале, но бирајќи помеѓу општествениот живот и работата секогаш ја одбирал работата.

-Нашата доблест и нашите неуспеси се недвоиви, како силата и материјата. Кога ќе се одвојат, повеќе го нема човекот.

-Нека иднината ја каже вистината, проценете го секој човек според неговата работа и заслуги. Сегашноста е нивна, но иднината е моја, за неа толку напорно работев…

-Човек мора да вежба умереност и надзор на своите сетила за да се одржи себеси во младо тело и ум. Воздржувањето не ми е секогаш по вкус, но моите искуства се голема награда.

-Човекот е роден да работи, да трпи и да се бори. Кој не прави така, мора да пропадне.

-Учев многу јазици, проучував литература и уметност, најубавите години ги поминав во библиотеки читајќи се што ќе ми дојдеше при рака и почувствував дека го трошам времето, но набрзо сфатив дека тоа е најдоброто нешто што некогш сум го сторил.

-Незнаењето го забавува напредокот начовекот, она што Буда го нарекува „најголемо зло во светот“.

-Најважниот продукт е изумот. Неговата крајна цел е владеење со умот на природата и искористување на нејзината сила за потребите на човештвото.

-Ако се обидам да го продолжат прекинатиот тек на мисли, чувствувам вистинска духовна мачнина. Тогаш преминувам на друга работа, изненаден од свежината на умот и леснотијата со која ги совладувам препреките, кои ми ги расипуваа сметките. И редовно наоѓам одговори на тешките прашања со најмал напор.

-Ако не знаете како, набљудувајте ги појавите на природата, таа ќе ви даде јасни одговори и инспирација.

Мајката на Кристијано откри нешто шокантно за него – нема да верувате

ronaldo (1)

Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо, во својата автобиографија на јавноста и откри непознати детали од животот на нејзиниот син.

Во книгата со име „Мајка храброст“ пишува дека фудбалерот на Реал Мадрид имал операција на срцето кога имал 15 години, во времето додека бил член на Спортинг Лисабон.

„Ме повика докторот на Спортинг и ми кажа дека Роналдо има болно срце и дека мора да оди на итна операција. Нозете ми се отсекоа“, пишува во книгата.

На Кристијано му била дијагностицирана тахикардија.

„Неколку дена подоцна имаше оперативен зафат. Се заврши за само неколку часа. Утрото беше примен во болница, а после пладне се беше готово. Не му беше страв, цело време се шалеше на своја сметка, но јас бев шокирана“, открива Долорес.

Пилот со четири нозе: Погледнете како изгледа кога куче управува со авион (ВИДЕО)

kuce (1)

Веројатно мислите дека сте наполниле доста години кога веќе сте виделе доста работи, ако не и се. Ова видео е доказ дека не сте во право.

Тим на тренери со месеци обучуваше кучиња во симулатор да управуваат со мали спортски авиони, а најдобриот кандидат доби можност да се проба и реалност.

Човекот кој стои позади ова чудо е Марк Вете од Нов Зеланд, кои претходно оствари успех во обуката на животна за возење на автомобил.

Секако, летањето е многу поопасно, но ова куче покажа дека е достојно на задачата.

ФОТО – Хулиганството во Прилеп продолжува, уништена општинската зграда!

image-efb47d8b011f8c684b6a72754d6386516e4d929032c40a3e7f678260a3f08e10-V

Протестите на СДСМ веќе пет дена се одвиваат и во Прилеп. По примерот на нивните наредбодавачи од Скопје, и прилепските социјалдемократи дивеат и го уништуваат она што не го создале во градот под Марковите Кули. Новата општинска зграда која е гордост на прилепчани е мета на напад во изминатите денови.

image-b6d55f02ef0ff923cfad8e9e852664a8feec68f561d6ae28883df59351c9f73b-V

Со боја и јајца хулиганите од  СДСМ уништуваат нешто што е ново, што е вредно и најважно од се, нешто што го краси градот како градба.

image-f59ee26afb9c80caf048da7379787c363d90b466a408d8a12b39a132ff3cde63-V

Ваквото дивеење предизвика бура на реакции кај јавноста во градот и беше осудено освен од граѓаните и од голем број на здруженија на граѓани и организации.

Притоа граѓаните коментираат дека се што е направено треба да се чува и почитува, а ваквиот вандализам  да го прават на старата општинска зграда.

Засрамени од постапките на своите сопартијци од СДСМ, се помалку граѓани се огласуваат на стратегијата на овие стотина членови.

image-3b2a0ed4914cc739ec7d40986e294f88e96f0bb05a8916b5d956f6bf8947b520-V

Ваквиот колор потфат треба да го насочат кон својата црно-бела безидејност, немањето на програма и на екипирањето со достоен кадар, кој очигледно недостасува во редовите на СДСМ во Прилеп, а тоа многу пати го потврдија и опозициски настроените портали во градот.

 

Александар Георгиоски

КОЈ ЌЕ ГО ОФАРБА СКЕНДЕРБЕГ ЌЕ ЈАДЕ ЌОТЕК: Албанците од „БЕСА“ забранија да се фарба Скендербег, само македонските може!

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Албанците протестанти од здружението БЕСА кои даваат поддршка на насилните протести организирани од СДСМ и СОРОС жестоко се спротивставиле на идејата споменикот на Скендербег да биде офарбан и сквернавен при налетот на толпата опозициски вандали.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Информациите од терен говорат дека меѓу протестантите некој спомнал дека и споменикот на „Скендербег“ е дел од проектот Скопје 2014, но кога било предложено истиот да се офарба, предлогот бил одбиен од членовите на албаснското движење БЕСА.

Според информациите, протестантите на СДСМ и СОРОС дури биле и предупредени да не си играат со албанското наследство, како што тоа го прават со сквернавењето на македонските културни споменици и спомен-обележја.

Сведок кој е дел од протестите и кој го слушнал ваквиот предлог вели дека имало жестока реакција од Албанците, кои порачале дека можат да се фарбаат и сквернават само македонските спомен обележја, а не и албанските.

Од нивна страна било сугерирано по втор пат да се нападне Порта Македонија и спомен- обележјето на Илинденците, но по никоја цена не смеело да биде нападнат споменикот на Скендербег. Протестантите Албанци коментирале дека нападот врз Скендербег ке значел директен атак врз историјата на Албанците и тоа ќе влијаело на хомогеноста на тие што протестираат.

Тие јасно порачале дека Албанците не само што категорично ќе се спротиставеле и не само што Заев ќе ја изгубел нивната поддршка, туку можело да дојде и до физичка пресметка.

Извор: инфомкс

Скриена камера снимила како продавачка ги лаже своите муштерии. Ова морате да го видите!

Кога луѓето одат да купат храна од локален маркет, тоа го помага растот на средствата за живеење на луѓето кои продаваат. Токму на тие луѓе би требало безусловно да им верувате, но нештата некогаш не се такви какви што би требало…

12121

Во следното видео погледнете како една продавачка во Кина ги лаже своите муштерии. Очигледно е дека на оваа жена не и е важно потрошувачите да бидат задоволни…

А.Г.

 

ВИДЕО – Туна ќе проголта галеб, но крајот е сосема неочекуван

12121

Во сосем случаен сплет на околности, галеб се бори за храна со туна, но случајно ќе биде проголтан од големата риба.

За среќа на прицата, рибата ја испушта некако и галебот останува жив.

Погледнете го видеото:

А.Г.

 

Ставрески: Вратите за финансирање од меѓународните институции ни се отворени

fweogpkaeropkhpotrkh (1)

Вратите на меѓународните финансиски инсутуции за Македонија не се затворени, иако некои медиуми тоа го тврдат, вели министерот за финансии, Зоран Ставрески во разговор за ТВ Нова.

Македонија има добри односи со сите меѓународни финансиски институции, како со Светска банка, така и со Европската банка за обнова и развој, ММФ и Европската инвестициска банка, изјави министерот Ставрески

„Сите врати за финансирање на добри проекти ни се отворени и немаме информација дека има била какви резерви од нивна страна во поглед на финансирањето на инвестициските потреби на Македонија“, уверува Ставрески.

Според него политичката криза која веќе долго време ја држи земјата во заложништво, очигледно е пропратена со пропагандна војна во која што се шират различни нецелосни информации и дезинформации.

„Таква беше и информацијата што пред некој ден излезе во јавноста, а се однесува на средствата што Светска банка ни ги одобри во јануари годинава. Вистината дека бордот на Светска банка на почетокот на јануари го одобри кредитот за поддршка на општините за Македонија во износ од 28 милиони американски долари. Во тој период изборите беа планирани за 24- ти април, а бидејќи 60 дена пред тоа настапува период на техничка влада, односно се распишуваат изборите, со Светската банка беше договорено, кредитот да стане ефективен веднаш по изборите. Истото го прави Светската банка и со други земји во слични ситуација“, објаснува Ставрески.

debata-stavreski-bogov-480x270

Според него, оваа информација била позната уште во јануари, и во некои медиуми беше објавена, а сега, со цел да се потенцира тоа дека наводно на земјата и се ограничуваат финансиските средства, се рециклира и добива поинаква димензија.

„Првите информации што излегоа на некои медиуми беа дека Светска банка го прекинува финансирањето на Македонија. Ова не е точно. Таа веќе го одобри кредитот кој требаше да биде ефективен по изборите. Потоа, ние ги одложивме изборите, а тоа е наш внатрешен проблем, од политички причини тие се одложија од април за јуни. Не се прекинати целокупните финансирања на Светска банка и ММФ“, појаснува Ставрески.