Мајката на Кристијано откри нешто шокантно за него – нема да верувате

ronaldo (1)

Долорес Авеиро, мајката на Кристијано Роналдо, во својата автобиографија на јавноста и откри непознати детали од животот на нејзиниот син.

Во книгата со име „Мајка храброст“ пишува дека фудбалерот на Реал Мадрид имал операција на срцето кога имал 15 години, во времето додека бил член на Спортинг Лисабон.

„Ме повика докторот на Спортинг и ми кажа дека Роналдо има болно срце и дека мора да оди на итна операција. Нозете ми се отсекоа“, пишува во книгата.

На Кристијано му била дијагностицирана тахикардија.

„Неколку дена подоцна имаше оперативен зафат. Се заврши за само неколку часа. Утрото беше примен во болница, а после пладне се беше готово. Не му беше страв, цело време се шалеше на своја сметка, но јас бев шокирана“, открива Долорес.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.