дома блог страница 5351

ХОРОР СЦЕНИ ВО ПРИЛЕП !!!

DSC_0057
Продолжува дивеењето во центарот на Прилеп и изживувањето врз новата општинска зграда. Протестите на СДСМ и СОРОС кои се одвиваат секојдневно во градот, предизвикуваат хаос, нереди и големи оштетувања на фасадата на општинската зграда.
Мета на напад во вчерашниот “револуционерен ден” беше и задната страна на општината.

DSC_0058

 

Иако во изминатите денови осуди стигнаа од многу граѓани, здруженија на граѓани и невладини организации, вандалското однесување продолжи во ист ритам, уште побрутално и поагресивно.

DSC_0060
Поради ваквите протести закочен е и градскиот сообраќај во овие предпразнични денови, кога граѓаните особено го користат, подготвувајќи се за големиот христијански празник Христовото Воскресение.
Прилепчани кои со тешки погледи секојдневно гледаат кон ваквото нагрдување и уништување, велат дека никој не им дава за право да го уништуваат она што не го ни создале. Се сомневаат во борбата за правда и еднаквост, бидејќи навикнати се во минатото, кога на власт беше СДСМ, работните места во градот да се наследуваат од татко на син, токму од страна на тие кои се наоѓаат во првите редови на протестите.
Можеби и тоа е целта на изразување на ваквиот гнев, можеби парите се пресудни.
Но, за среќа многу мал дел од граѓаните наседнуваат на ваквото сценарио и поддршката губи на масовност од ден на ден.
Едно е сосема сигурно, на ваков начин нема да и се помогне на државата, на ваков начин не се гради општествен консензус и подобро општество. На ваков начин СДСМ создава само една агонија и тортура врз населението, и гради привидна илузија дека работите ќе тргнат кон нешто подобро.

А.Г.

За вашата посна трпеза: Боранија на далматински начин

boranija-i-krompir-650x396

Пред нас е недела на големи пости. Ако и баш немате идеја што да подготвите за вашата посна трпеза, еве една идеја.

Состојки:

400 грама боранија
2 компири со средна големина
3 чешниња лук
Малку сол и бибер
Малку маслиново масло
Подготовка:

Далматинската исхрана ја препорачуваат сите лекари и нутриционисти. Стануа збор за тоа што таквиот начин на исхрана го чува срцето затоа што се користи маслиново масло што минимално технички се обработува. Во текот на посните денови можете да го пробате овој начин на исхрана и да го подобрите ашето здравје.

Компирот исечете го на коцкички и варете го на тивок оган. Кога компирот ќе омекне во истото тенџере додадете и боранија (жолта или зелена).

Варете уште 10 до 15 минути, па процедете ја водата.

Посолете, додадете бибер и лук во прав или ситно исечкани три чешниња лук. Сето тоа прелејте го со малку маслиново масло и уживајте.

Се укинува банкнотата од 500 евра

evra (1)

Управниот совет на ЕЦБ на седницата на 4 мај би можеле да донесат одлука за укинување на банкнотата од 500 евра, пишува весникот „Ханделсблат“, повикувајќи се на информации од финансиските кругови.

ЕЦБ сеуште не сака да ги коментира претпоставките, но со самото тоа што сеуште не стигна демант од нивна страна, голема е веројатноста банкнотата од 500 евра да замине во историја.

Во Управниот совет на ЕЦБ во кој покрај шест членови на Централната банка седат и банкари од 19 земји на еврозоната, се разгледуваат неколку сценарија.

Сите сценарија ќе овозможат банкнотите од 500 евра да бидат разменети на неодредено време кај централната банка, а предлозите се разликуваат по тоа како ќе се организира процеост на размена.

Претседателот на ЕЦБ, Марио Драги истакна дека банкнотата од 500 евра е користена за криминални цели, додека претседателот на Бундесбанка, Јенс Вајдман оценува дека криминалните активности не можат да се спречат со укинување на банкнотата.

Нетпрес демантира: Не се точни информациите дека се самоубил сопственикот на Нетпрес

Во врска со информацијата која попладнево беше објавена на одредени интернет портали дека сопственикот на Нетпрес се самоубил, од порталот информираат дека станува збор за неточна информација.

netpress-logo

-Лицето за кое се објавува информацијата воопшто не е сопственик на Нетпрес. Сопственик на Нетпрес не е физичко, туку правно лице.

Нетпрес изразува искрено жалење за немилиот настан и упатува сочувство до семејството за нивната загуба.

Нетпрес апелира сите медиуми и интернет портали кои објавиле информација дека се самоубил сопственикот на Нетпрес, да ја повлечат информацијата, стои во текстот на Нетпрес.

Светска банка: Ги продолжуваме своите активности во Македонија

Од 1994 година, Светска банка е силен партнер на Македонија, кој заедно со земјата работи кон креирање на подобри животни стандарди за сите македонски граѓани и ги поддржува аспирациите на земјата за пристап кон Европската унија, се вели во соопштението од Светска банка.

 

svetka-banka

-Во текот на овој период, Светската банка обезбеди техничка помош и финансираше 63 проекти во Македонија во вредост  од  над 2 милијарди долари. Светска банка ги продолжува своите активности во Македонија во текот на политичкиот циклус, работејќи заедно со сегашната техничка влада во рамките на нејзиниот мандат. Сегашното портфолио се состои од осум инвестициски проекти, кои се во процес на имплементација, во изност од 378 милиони долари. Сите проекти финансирани од Светска банка, вклучително и првиот Проект за подобрување на општинските услуги, Проектот за развојн на вештините и поддршка на иновациите, Проектот за условени парични трансфери, Проектот за надградба на патиштата, Проектот за рехабилитација на патиштата, како и енергетскиот проект (ECSEE APL3) се во тековна имплементација, исплатата е на задоволитено ниво и се на пат да ги постигнат планираните резултати, стои во соопштението.

Дополнително, во јануари 2016 година, Светска банка одобри проект во износ од 28 милиони долари за поддршка на вториот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2). МСИП2 ќе обезбеди подинечни заеми на општините за инфраструктурни инвестиции, како што се снабдување со вода, канализација, управување со цврст отпад, локални патишта, подобрувања во енергетската ефикасност на општинските згради и друга општинска инфраструктура со висок приоритет која влијае врз добросостојбата на жителите и ефикасноста на услугите. Овие заеми се поврзани со буџетската транспарентност и одговорноста на локалните власти кон нивните граѓани.

-Исто така, со проектот ќе се воведе грант компонента за подобрување на испорака на услугите и инфраструктурата за сиромашните и маргинализирани заедници  во општините во Македонија. Средствата наменти за првиот Проект за подобрување на општинските услуги (МСИП) моментално се исплатуваат на општините во Македонија, вклучително и компонентат од ИПА Руралниот инвестициски фонд, потпишан со Европската Унија во 2014 година. Вториот проект за подобрување на општинските услуги (МСИП2) ќе стапи на сила по завршувањето на парламетарните избори во земјата, се наведува во соопштението на Светска банка.

УНИШТУВАЊЕ НА ШУМИТЕ – УНИШТУВАЊЕ НА ГРАНКАТА НА КОЈА СЕДИМЕ – истражување на младите репортери од СОУ “Mирче Ацев”

Во непосредна близина на градот Прилеп, лоцирано во месноста Гладно Поле се наоѓа вештачкото прилепско езеро. Езерото кое е изградено уште од далечната 1967 година се користи за наводнување и како технолошка вода. Честопати тоа е место за излет и разонода на жителите на овој град.

image001

Покрај убавините со кои располага овој локалитет, како главен еколошки проблем со кој се соочува градот Прилеп е постојаното нелегално сечење на дрвјата и уништувањето на шумите. Проблемот е предизвикан од жителите на градот Прилеп, кои по нелегален пат ги сечат шумите во оваа област, а на ваков начин ја уништуваат природата. Главната причина за оваа несовесна постапка се парите. „Дрвокрадците” на ваков начин без ни трошка еколошка совест го избираат најлесниот начин за заработка и снабдување на основните животни потреби. Најчесто сечењето на дрвјата настанува во доцните ноќни часови. Вистинското решение за овој проблем е преземање на соодветни мерки и тоа:подигнување на еколошката свест кај граѓаните кои живеат во оваа област, поставување на безбедносни камери со цел да се покажат сторителите на ова дело,изрекување на соодветни казни за секој оној којшто ќе направи прекршок. Исто  така нелегалното уништување на шумите може да се регулира со засиленa контрола на  шумската полиција и да се обезбеди повеќе кадар на обезбедување на ова место.

За овој еколошки проблем поразговаравме со надлежните и дознавме дека свесното уништување на шумите не е проблем само во областа кај вештачкото езеро туку и пошироко во прилепската околина.

Во интервјуто со заменкот командир на Шумско-полициската станица, Прилеп, Петреска Оливера кажа дека „дрвокрадството” односно  уништувањето на шумите започнало многу одамна, но во последните неколку години преминало во  пустошење и проблемот кој е предизвикан на ваков начин е заеднички за сите правни субјекти од оваа област. Дрвокрадците сега веќе се добро организирани и нанесуват неповратна штета на природата. За да се спречи овој проблем  преземени се ригорозни мерки како на пример: одземање средства за работа, запрежни возила, коли, камиони и секаков вид на превозни средства со кои се врши превоз на огревни дрва. Но тоа многу често не ги спречува сторителите на овие незаконски дејствија и пак продолжуваат. Главна причина за ова е ниската еколошка свест и брзиот начин на заработка на пари. Мерки кои ни ги предложија беа: огранизирање на предавања за подигнување на еколошката свест и спроведување на поинакви казнени мерки.

За овој проблем разговаравме со претставник од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ кој смета дека за да се подобри состојбата, потребно е да се подобрат и условите за работа во шумската полиција и јавното претпријатие, да  имаат постојано достапни возила според потребите и да се обезбеди поголема присутност и покриеност на теренот, бидејќи според статистички податоци во Долненската општина повеќе од 15 години населението се снабдува со огревно дрво преку дрвокрадство. Јавното претпријатие располага со  шумочувари, но тие неможат секогаш да одговорат на потребите затоа што не се во доволен број за да го покријат теренот, немаат секогаш возила на располагање и можат само да дојават на шумската полиција и на МВР за понатамошни активности.

image002

Еден од начините за обновување на шумскиот фонд е пошумувањето на оголените површини. За ова поразговаравме со раководителот на Одделението за јавни дејности во Локалната самоуправа Прилеп и координатор на акцијата „Ден на дрвото“ за училиштата, Марјан Матракоски кој нè запозна со акцијата „Ден на дрвото“. Годишно во оваа акција се вклучуваат 2000 ученици кои засадуваат различни дрвца во зависност од местото. Најчести локации се оголените места и тоа: Вештачкото езеро, Алинци, Селце, Песјобрдце, Плетвар и Лениште. Секоја година се засадуваат голем број на дрва како багрем, јасен, чемпрес и бор. Главна цел на оваа акција е да се спроведе масовно пошумување и да се подигне еколошката свест кај учениците.

При разговорот со поранешениот координатор на оваа акција Ден на дрвото, а сега инспектор  за заштита на животната средина во Локалната самоуправа, Цветанка Николоска воочивме дека со уништувањето на шумите се појавуваат еколошки проблеми и неповратна загуба на еден еко систем. Причина е недоволно развиената еколошка свест. Уништувањето на шумите го предизвикува и глобалното затоплување. Зајакнувањето на контролите во однос на сечењето е начин кој може да ја спречи оваа сериозна појава. Денот на дрвото првпат бил спроведен во 2008 година, а Гимназијата „Мирче Ацев” била првото училиште каде што биле засадени првите дрвца.

Засадувањето на едно дрво е благородна работа.

Младинската организација во СОУ Гимназија „Мирче Ацев“ активно е вклучена во разрешување на овој проблем, најчесто преку засадување на нови садници на акциите како што се „Ден на дрвото“ Меѓутоа и покрај тоа, дел од овие садници не успеваат најчесто поради недоволно обработена почва, дел од овие површини каде се пошумува воедно се и пасишта, па дел од засадените дрвца се уништуваат од страна на стоката или преку палење на стрништата на земјоделските површини.

image003

Од сите овие интервјуа со надлежните заклучивме дека уништувањето на шумите е поголем еколошки проблем отколку што мислевме. Сметаме дека главен фактор за ова уништување е недоволно развиената еколошка свест, затоа треба да се работи на едукација и вклучување на млади и повозрасни во овие активности. И ние како млади новинари-репортери активно се вклучуваме во разрешувањето на овој проблем. Како еден од начините кои го предлагаме е забрана за сечење на шумите, каква што има во Албанија и забранува сечење на шумите во период од 10-15 години. Сечењето на дрвата не само што ја нарушува убавината на овој локалитет, туку и директно влијае врз екосистемот кој овде егзистира. Бидејќи езерото се наоѓа над градот Прилеп, опколено со ритчиња сечењето на дрвјата придонесува за зголемување на ерозијата на земјата, а со тоа се  нарушува самата конфигурација на теренот. Но, она што е најважно и што најпрво можеме да го почувствуваме тоа е чистиот воздух, бидејќи овој локалитет можеме да го наречеме „бели дробови” на нашиот град.

Она што им го правите на шумите е ништо друго освен рефлексија на она што си го правите самите себе си, бидејќи најчистиот пат до универзумот е откривањето на убавините на сопствената земја.

Со уништувањето на шумите си ја уништуваме гранката на која седиме.

Истражувањето е наменето за конкурс за млади репортери, а е спроведено од учениците Ивана Дукоска и Верица Христоска од I – 3 клас, од гимназијата “Мирче Ацев” – Прилеп, со менторство на професорката Весна Михаиловска.

ВИДЕО – Немојте да се смеете на овој мини автомобил – ќе ве изненади !

12121

Можете ли да замислите како ова мини превозно средство работи?

Сигурно мислите  дека се работи за мини автомобил, но всушност тоа е велосипед на четири тркала со мотор и обложен со кров, за може да се вози на сите временски услови.

Возилото е дизајнирано од Mikael Kjellman од Шведска и е наречено PodRide. Ова интересно откритие може да достигне брзина до 25km/h.

A.Г.

Костадин Керпичоски: СДСМ ПРИЛЕП КОНЕЧНО СО НОВИ ПРАТЕНИЦИ

941425_575944535790946_2091595457_n

Следејќи ги последните случувања во ОО СДСМ Прилеп, очигледно се случува тоа што се очекуваше подолго време. Разединетоста меѓу функционерите во три табори резултираше со огромна нетрпеливост и меѓусебни тензии кои ескалираа во текот на протестите на т.н НВО во Прилеп. Успешно за едни, трагично за други, а како и секогаш кога се караат двајца, користат други двајца. Имено по расправиите и кавгите кој да им се обраќа на присутните во малобројната толпа, надвладеале најекспонираните и најквалитетните во моментов претставници на опозицијата на СДСМ во Прилеп.

Тука настанува и проблемот! Старите искусни социјалдемократи кои не ја поддржуваат ваквата уништувачка стратегија од првиот ден, реагираат кај Зоран, со познатиот стил на кодошење -“од каде овие сумливи типови да не водат”? Зарем до овде стаса СДСМ Прилеп? За нас е понижување ова друштво”!? Но, сепак до ден денешен преовлада “струјата” на младите прогресивни бизнисмени и луѓе со” чисто” минато, лично и фамилијарно.

Како искусен колумнист и јас сум зачуден од овој развој на настаните и сум убеден дека овие дечки ќе издржат до крај! Дека ќе ја добијаат битката со старите и искусни функционери и дека ќе ја остварат целта!  ТИЕ ДА НЕ ПРЕТСТАВУВААТ ВО ПАРЛАМЕНТОТ, како гласноговорници од Прилеп. Чао ХАРИ  чао ГОКИ!!! Идат нови дечки – бизнисмени и експерти!

П.С. Впрочем за тоа служат КВАКИТЕ – “ЕДНИ ДА ВЛЕЗАТ – ДРУГИ ДА ИЗЛЕЗАТ”. Само лошо ако “стариве сдсмовци прилепски” се заклучени од внатре”.

 

Германците бараат работници, плата од 3.500 до 6.500 евра!

Германскиот гигант Kontech GmbH бара работници кои ќе одржуваат машини, со задолжително познавање на германскиот јазик, а платата е од 3.500 до 6.500 евра.

njemacka-zastava

Kontech GmbH е претпријатие основано во 1997 година, се занимава со машинство, електротехника, индустриски постројки, равоен софтвер и развоен хардвер, и претставува едно од најјаките претпријатија од оваа врста во Јужна Германија.

Претпријатието е моментално во потрага по работници за одржување на машини, мажи и жени, а на огласот може да се јават исклучиво машински инжењери, електротехничари и кандидати од слична дејност, кои имаат поврзаност со градење и прилагодување на машини.

Важен предуслов е добро познавање на германскиот јазик, работно искуство во слични работи барем две години и завршено факултетско образование од наведените области за работа.

Претпријатието нуди здравствено осигурување, пензиско осигурување, смештај, платен годишен одмор со бонус, како и додаток на плата.

А.Г.

„Од децата – за децата“ – традиционален проект на Детска Амбасада за сите деца во светот – Прилеп

CIMG3236

Денес, 27.04.2016г. во 11 часот, Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го реализира традицоналниот Проект „Од децата – за децата“, кој што е во координација со седумте Основни Општински Училишта од Прилеп, на знаење на Раководителот на Сектор за Општи и Административни работи на Општина Прилеп, г-дин Марјан Матракоски, но и во соработка со Центарот за Социјална Работа од Прилеп.

CIMG3234

Целта е да се разбуди духот на јасен придонес на секој ученик во градењето на хуманистичкото општество. При тоа децата донираа средства (пари, храна, облека, играчка или материјал за лична хигиена) за деца, но и за возрасни. При секоја донација учениците напишаа и своја порака за овие деца по повод престојните Велигденски празници, со надеж дека ќе придонесат достојно да се поминат истите. Донациите лично беа предадени во просториите на Детската Амбасада, на пет семејства, од страна на Дете Амбасадорот Н.Е. Јана Неделкоска и Генералниот Секретар, г-дин Петар Стојаноски. Детската Амбасада во соработка со Центарот за Социјални Работи од Општина Прилеп ги избира семејствата на кои им беше доделена донацијата.

CIMG3243

CIMG3232

CIMG3242

Овај проект покрај донациите од Основните Општински Училишта, го помогнаа и пријателите на децата, Дисконт за маслинки „Иво“ од Прилеп и Живинарска фарма „Јоки комерц“ од Долнени, за кои Детската Амбасада во знак на благодарност ќе им додели Благодарница.

CIMG3255

CIMG3245

CIMG3246

CIMG3251

CIMG3252

CIMG3253

CIMG3254

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот на сите православни христијани им ги честита Велигденските празници, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ – НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ!